Нотирано е во одредени маркети зголемување на бруто маржата, споредбено со минатата година од 2 до 5 отсто и тие ќе бидат повикани на состанок и јасно ќе им се каже дека тоа е недозволиво, истакна денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кој одговараше на новинарско прашање до каде се преговорите со маркетите и дали ќе има намалување на цените на прехранбените производи. -Да, да бидам конкретен со пример – ако минатата година во ...

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески денеска уште еднаш порача дека бизнисот бара отворање на границите, натамошна борба против корупцијата и сивата економија, гасификација, поддршка на извозот, како и континуитет на правните прописи. Како што истакна Азески во обраќањето на форумот што го организира Комората, регионот мора многу повеќе да соработува и да ги почитува европските вредности. – Го имам прошетано цел Балкан, нема ...

По еден од најразорните руски воздушни напади врз Киев во последниот период, во кој според украинските власти загинаа најмалку 27 лица, а десетици беа повредени, конфликтот меѓу Украина и Русија дополнително се заостри. Нападите предизвикаа големи оштетувања на станбени објекти, а илјадници жители ноќта ја поминаа во засолништа додека спасувачките екипи ги пребаруваа урнатините. Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека нападот ...

Без електрична енергија денеска ќе останат дел од општините Илинден и Ѓорче Петров. Од ЕВН Македонија информираат дека во периодот од 08:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Текија, Дељадровци и Миладиновци во општина Илинден, а во периодот од 09:30 до 14:30 часот, дел од корисниците од улицата Ѓуро Салај и улиците Алекса Демниевски, улица 19, Даутица како и објектот на основното училиште во општина Ѓорче Петров. Без ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Наместа се очекуваат поинтензивни атмосферски процеси со пообилен пороен дожд, над 15 литри на квадратен метар, грмежи, ветер со брзина над 60 километри на час и појава на краткотрајно невреме проследено со град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 ...

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја почне расправата по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2026 година, во второ читање. За ребалансот на Буџетот поднесени се 224 амандмани. Вкупните приходи се ревидираат на ниво од 379,2 милијарди денари, што е зголемување за околу 4,2 милијарди денари или за 1,1 проценти во однос на иницијалниот Буџет за 2026 година. Вкупните ...

Собранието денеска треба да ја продолжи работата по 104. седница, по чие завршување е предвидено да се одржи и продолжението на 108. седница. На дневен ред на 104. седница се Предлогот за избор на член на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Предлог-законот за соодветна и правична застапеност, во прво читање, како и Предлог-законот за изменување на Законот за судовите, по скратена постапка. По завршување на оваа седница, ...

Во Министерството за животна средина денеска ќе се одржи јавна расправа посветена на постапката за издавање нова А-интегрирана еколошка дозвола за Цементарница УСЈЕ, документ што ќе ги утврди условите под кои компанијата ќе работи во наредниот седумгодишен период. На расправата се очекува да учествуваат претставници на институциите, компанијата, стручната јавност, еколошките организации и заинтересирани граѓани, кои ќе имаат можност да ги ...

Германската влада подготвува измени во системот за боледување со кои се предвидува укинување на можноста отсуството од работа да се отвора преку телефонски преглед. Според најавите, работниците во иднина ќе треба да обезбедат лекарска потврда уште од првиот ден кога ќе отсуствуваат од работа. Мерката е дел од пошироките напори на Берлин за намалување на злоупотребите на системот и ограничување на економските загуби што произлегуваат од ...

Силното невреме што го зафати Скопје не предизвика штета само на инфраструктурата и домовите. Меѓу погодените е и издавачката куќа „Антолог“, каде што поплавените магацински простории резултираа со уништување на голем број книги, опрема, возило и друг инвентар. Иако материјалната штета е значителна, последиците за издавачката дејност се далеку пошироки. Секоја уништена книга претставува резултат на долг процес што вклучува авторска работа, ...

Јавниот долг во првиот квартал од 2026 година изнесува 58,9 проценти од БДП, што е под нивото при преземањето на мандатот со проекциите кои ги имаше претходната влада Тоа е суштинската разлика во начинот на кој ги водиме јавните финансии Ние не создаваме дефицит за тековна потрошувачка, создаваме простор за инвестиции што ќе генерираат нов економски раст, рече денеска министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска во отчетот за ...

Прашањето за идните реформи во пензискиот систем повторно е актуелно, но од Министерството за финансии уверуваат дека во овој момент не е донесена никаква одлука за промена на условите за пензионирање, ниту за евентуално зголемување на старосната граница. Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, појасни дека Владата дала согласност Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка да изработат детална анализа на состојбата во ...

Цените на суровата нафта продолжија да се намалуваат на меѓународните берзи, при што референтната цена на барелот повторно се спушти под границата од 71 долар. Аналитичарите оценуваат дека главна причина за ваквиот тренд се подобрените услови за испорака на нафта од Персискиот Залив и очекувањата за поголема понуда на светскиот пазар. На лондонската берза, барелот од типот „Брент“ се тргуваше за околу 70,8 долари, додека американската сурова ...

Заради зајакување на транспаретноста и градење на црвсти релации со јавноста и со сите засегнати страни, од денес е достапен новиот портал за животна средина на ТИТАН Усје https://envi-platform.usje.mk/mk/ . На платформата ќе бидат достапни податоците од работењето на компанијата, информации за активности поврзани со животната средина и други релевантни материјали. Дополнително, за да се овозможи подетален увид во работењето на компанијата, ...

Холандската европратеничка Тинеке Стрик, која ја предводеше мисијата на ЕП за утврдување факти во Албанија, изјави дека албанското раководство „си игра со оган“ инсистирајќи на проект вреден 1,4 милијарди евра, кој, според неа, дека ќе го уништи недопрениот брег Таа во интервју за „Гардијан“ изјави: „Ако премиерот Рама е навистина сериозен во врска со своите амбиции за влез во ЕУ, треба да се откаже од овој курс и да му каже на кланот Трамп: ...

Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, денеска објави дека во јуни е забележан нов врв во прибирањето на месечни царински приходи. На прес-конференција во Владата, Николовски нагласи дека приходите од царини во јуни се повисоки за повеќе од 20 милиони евра во споредба со истиот период лани. Исто така, кумулативно, приходите од царински давачки за првите шест месеци од годинава се одлични. „Во јуни поставивме нов рекорд од ...

Тел Авив, 2 јули 2026 (МИА) – Денеска се навршуваат 1000 денови од конфликтот во Појасот Газа, кој избувна по нападот на Израел од страна на палестинската вооружена група Хамас на 7 октомври 2023 година. Во досегашните борби загинаа над 73,000 лица. Во регионот се води војна во Иран и постојат непрестајни судири во Либан, а не е постигнато стабилно и целосно примирје. Често доаѓа до кршење на привремените договори. Неизвесната иднина на ...

На редовната седница, Советот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за првиот квартал од 2026 година. Според Извештајот, во првиот квартал од 2026 година, банкарскиот сектор ја задржа својата стабилност со високо ниво на солвентност и задоволителна ликвидност, и добар капацитет за справување со претпоставените шокови, како што покажуваат резултатите од спроведените стрес-тестови. Кредитирањето и депозитната ...

Во овој момент, забележавме рекордно ниска стапка на невработеност од осамостојувањето на Република Македонија, истакна денеска од Штип заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, одговарајќи на новинарски прашања во врска со актуелната состојба со невработеноста во државата. Ристески потенцираше дека кога оваа Влада дојде на власт, затекна околу 100,000 невработени лица, додека денес оваа бројка изнесува приближно 86,000. ...

Дурмиши пред реконструкцијата: Најважни се резултатите, а не функциите Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши изјави дека одлуките околу владината реконструкција се во надлежност на лидерите на коалициските партнери, нагласувајќи дека министерските позиции не треба да се гледаат како трајни функции. Одговарајќи на новинарски прашања, Дурмиши рече дека негов приоритет е реализацијата на проектите и исполнувањето на обврските кон ...

Врховниот командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа (SACEUR), генералот Алексус Г. Гринкевич, во присуство на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес ги посети припадниците на Армијата во касарната „Илинден“ во Скопје. За време на обраќањето пред присутните припадници на Армијата генералот Гринкевич го истакна нашето членство во најмоќниот сојуз во историјата. Нашиот придонес во спроведување на ...

„Пошта на Северна Македонија“ во соработка со Амбасадата на САД во земјава денеска промовираше поштенска марка по повод 250 години од независноста на Соединетите Американски Држави. Поштенската марка не е само филателистичка вредност, туку и симбол на пријателството меѓу Соединетите Американски Држави и Република Македонија, беше посочено на промоцијата. – Двесте и педесетгодишнината од американската независност не е само јубилеј на една ...

Поминаа две години од управувањето со јавните финансии, две години во тешки економски услови, глобални неизвесности и огромни фискалани предизвици Но, и две години во кои направивме свесен избор – избор за дисциплина, за фискална одговорност и за долгорочни решенија, наместо краткорочен популизам Во овие две години макроекономските резултати се повеќе од јасни: македонската економија во овој период бележи стабилно закрепнување и континуиран ...

Во 2025 година се регистрирани 911 бесправно изградени објекти, објави Државниот завод за статистика. Најмногу бесправно изградени објекти, 169, (18.6 проценти) се за домување. Од нив 128 се исклучиво станбени, 24 претежно станбени, а 17 за одмор и рекреација. Бесправно се изградени и 164 огради (18 проценти), 116 деловни објекти (12.7 проценти), 113 натстрешници (12.4 проценти), 110 доградби, надградби и адаптации (12.1 проценти), 106 ...

Македонското рударство се соочува со сериозен предизвик. Производството опаѓа, бројот на рудари се намалува, а дел од активните рудници веќе се приближуваат кон крајот на својот работен век. Според најновите статистички податоци, индустриското производство во секторот „Рударство и вадење камен“ во мај бележи пад од 3,6 проценти на годишно ниво. Наместо нов инвестициски циклус, државата останува без нови рудници што би ја замениле ...

Binance, водечката светска берза за криптовалути по обем на тргување и корисници, и Cineplexx лансираат нова активација во Македонија под името „Светла, камера, крипто!“, давајќи им можност на посетителите на киното да го откријат светот на криптовалутите на едноставен и достапен начин, а воедно да освојат и вистински награди. Станува збор за прва соработка од ваков тип меѓу Binance и кино-мрежата во Балканскиот регион, а кампањата комбинира ...

Советот на странски инвеститори изрази задоволство од вчерашното донесување на измените на Законот за царинска тарифа, со кои дополнително ќе се редуцираат царинските стапки за 70 артикли, кои се користат како сировини, репроматеријали и компоненти во преработувачката индустрија. Ова намалување на царините претставува синхронизација со стапките кои се применуваат во Европската Унија. Во изминатиот период, Советот на странски инвеститори ...

Скопје, 2 јули 2026 (МИА) – Одличната билатерална врска и заедничката одлучност за нејзино понатамошно зацврстување, со посебен акцент на енергетиката, инфраструктурните зафати и зелената трансформација, беа потврдени на денешната работна средба меѓу министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, и шведскиот амбасадор, Ола Солстром. Во центарот на дискусиите, информираат од МЕРМС, беа можностите за унапредување ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп вчера одби да го продолжи трговскиот договор на САД со Мексико и Канада, започнувајќи деценија долг период за укинување на северноамериканскиот трговски договор, додека бара промени за враќање на производството во својата земја. Одлуката, објавена по шестгодишна ревизија на договорот меѓу САД, Мексико и Канада, го одржува договорот на сила уште 10 години со годишни ревизии пред да ...

Лидерите на владејачката коалиција во Германија вчера постигнаа договор за пакетот реформи по 7,5 часа разговори, изјави доцна синоќа за ДПА извор запознаен со преговорите. Големината и обемот на пакетот засега остануваат нејасни. Лидерите на конзервативниот блок на канцеларот Фридрих Мерц – составен од Христијанско-демократската унија (CDU) и нејзината баварска сестринска партија, Христијанско-социјалната унија (CSU) – и ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
2.2
37%
1013
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
3.13
61%
1013
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
2.33
37%
1012
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
0.76
38%
1013
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
3.13
52%
1012
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
1.33
60%
1015
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
2.24
46%
1011
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.41
43%
1013
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.08
49%
1013
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 25ᴼ
3.13
47%
1013
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 29ᴼ
0.45
34%
1012
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
4.8
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Рутениум

53852.50

Сребро

1994.05

Паладиум

43499.96

Платина

56135.20

Алуминиум

3.25

Родиум

274085.11

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Бакар

13.51

Злато

136962.18

Калај

56.46

Иридиум

252383.36