Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски денеска имаше средба со Аврам Стојчевски, генерален директор на компанијата „ВДЛ Бус Македонија“. На средбата се разговараше за тековните активности на компанијата, реализирањето на третата фаза од инвестицијата која ќе изнесува повеќе од 5 милиони евра, со нови 150 висококвалификувани работни места во рамки на ТИРЗ Скопје 2. -Беше разгледан планот за реализација на третата фаза од ...

Владата на последната седница ја усвои стратегијата за борба против измами и заштита на финансиските интереси на ЕУ во земјата за периодот 2026 – 2030 година. Како што соопшти Министерството за финансии, стратегијата е подготвена во согласностст со преземените обврски во однос на Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА) во рамките на Поглавјето 32 – Финансиска контрола, кое опфаќа: јавна внатрешна финансиска контрола, ...

Во време кога квалитетните недвижности на атрактивни локации стануваат сè поретки, комплексот „Горица резиденс“ на брегот на Охридското Езеро претставува уникатна прилика на пазарот. Со 42 премиум апартмани во резиденцијалниот дел, секој со панорамски поглед кон езерото, овој урбан комплекс нуди ексклузивност не само во однос на модерниот дизајн и естетика, максималната функционалност и бројните придружни содржини, туку и во долгорочната ...

Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, која е во работна посета на Брисел, синоќа, на тркалезната маса организирана со учесници на високо ниво од Фондацијата Конрад Аденауер- Канцеларија за Европа, истакна дека проширувањето на Европската Унија денес претставува геополитичка неопходност и еден од најважните стратешки инструменти на Унијата – информираат од МЕП. Според неа, за Македонија европската интеграција останува ...

Република Бугарија одлучи да се повлече од групата на држави кои пружаат помош на Украина во нејзината борба против руската агресија, соопшти шефот на државата Румен Радев. Со овој чекор, Бугарија дополнително се оддалечува од мнозинството земји-членки на Европската Унија кои ја поддржуваат Украина, информира Блумберг. Радев, кој е познат како отворен противник на испорачувањето воена помош за Украина, постојано ги отфрла обвинувањата дека ...

Новата рунда геополитички тензии на Блискиот Исток предизвика негативно расположение на американските финансиски пазари, при што водечките берзански индекси ја започнаа трговската недела во минус, додека цените на нафтата забележаа силен раст. Индексот S&P 500 ослабе за околу 0,7 проценти, технолошкиот Nasdaq Composite се намали за 1,5 проценти, а Dow Jones Industrial Average загуби околу 0,3 проценти. Инвеститорите реагираа на новите ...

По долги години маргинализација во државните приоритети, под водство на ВМРО-ДПМНЕ, спортот повторно се наоѓа во централното внимание на Владата и ја добива заслужената позиција, истакна на прес-конференција пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Катерина Димитровска, во интегрален пренос од МИА. Спортот е сфера која бара непосредни инвестиции, чии позитивни резултати и ефекти ќе бидат видливи по извесно време, по години посветеност, труд и залагање ...

Домашната е-трговија продолжува да расте: 156 милиони евра потрошени кај македонските е-продавници во првиот квартал од 2026 Вредност на реализирани онлајн трансакции Според најновите податоци на НБРСМ за трансакции на места на продажба за е-трговија (без трансакциите со електронски пари), во првиот квартал од 2026 година вкупната вредност на онлајн трансакциите достигнала 16,355.96 милиони денари, односно 265.95 милиони евра, што ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против три физички лица, управители и сопственици на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот законик. Како што се наведува во соопштението на Финаниска полиција првопријавениот Д.П. во својство на управител, заедно со ...

Американската влада досега вратила 81 милијарда долари собрани преку царини, откако Врховниот суд поништи голем дел од дополнителните тарифи воведени по наредба на претседателот Доналд Трамп. Според официјалните податоци на американската даночна служба и буџетските извештаи, повратот на средствата значително се зголемил во фискалната 2026 година, која започна во октомври 2025 година. За споредба, во истиот период претходната година биле ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, ќе го поддржи усвојувањето на двопартискиот пакет санкции против Русија, чиј иницијатор беше починатиот сенатор Линдзи Греам, објави „Си-Ен-Ен“ повикувајќи се на претставник на Белата куќа. Поддршката на Трамп доаѓа неколку дена по ненадејната смрт на Греам и би можела дополнително да го олесни усвојувањето на предлог-законот за кој сенаторот од Јужна Каролина се залагаше со години. Греам и ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп е подготвена да поддржи законска иницијатива со која би можеле да се воведат исклучително високи царини за земјите што продолжуваат да купуваат руска нафта и природен гас. Предлог-мерката предвидува можност за воведување царини до 500 проценти за државите кои увезуваат руски енергенси, со цел да се намалат приходите на Москва од продажбата на нафта и гас – средства кои, според ...

Во рамки на владината реконструкција, Собранието го избра Ерџан Демир за нов министер без ресор. Одлуката беше донесена на 112. седница, на која пратениците гласаа за новиот состав на Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски. Со изборот на Демир, оваа функција добива нов носител, откако претходно беше разрешен Шабан Салиу. Пред именувањето за министер, Демир ја извршуваше должноста национален координатор за креирање и следење на ...

Собранието го избра Сашо Клековски за нов министер за здравство, како дел од владината реконструкција и кадровските промени предложени од владејачкото мнозинство. Клековски на министерската позиција доаѓа од Фондот за здравствено осигурување, каде што ја извршуваше функцијата директор. По професија е доктор по медицина, дипломиран на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а има и магистерски студии по бизнис ...

Иранските власти спасиле 23 странски членови на екипажот на танкер што се судрил со друг брод во Ормуската Теснина, северно од островот Кешм. Според информациите, товарниот брод претрпел сериозни оштетувања во сударот и почнал да тоне, по што капетанот наредил итна евакуација на екипажот. Сите 23 морнари биле успешно спасени и пренесени на островот Кешм. Извор: МИА Иранските власти спасиле 23 странски членови на екипажот на танкер што се ...

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека денеска (14 јули) дел од жителите на населбата Водно ќе се соочат со прекин во водоснабдувањето поради планирани работи на водоводната мрежа. Според соопштението на претпријатието, прекинот ќе ги опфати корисниците на дел од улицата „Партениј Зографски“, каде ќе се изведува нов водоводен приклучок со профил Ф-200 милиметри, кај објектот со број 51. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од ...

Од денеска на бензинските станици во Македонија важат нови, повисоки цени на горивата, согласно најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Најголемото зголемување е кај дизелот, додека бензините поскапуваат во помал износ. Според новиот ценовник, Еуродизелот БС (Д-Е V) се продава за 88 денари за литар, што е зголемување од 5,50 денари. Цената на Еуросупер БС-95 изнесува 87 денари за литар, а на Еуросупер БС-98 89 денари, ...

Жителите на дел од општина Аеродром денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа. Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), добиени од ЕВН Македонија, прекинот ќе ги опфати корисниците на улицата „Тодор Чангов“. Електричната енергија ќе биде исклучена во периодот од 08:00 до 15:00 часот, по што се очекува снабдувањето да биде нормализирано. Од ...

Агент на американската Агенција за имиграциска контрола (ICE) застрелал маж, за кого организациите за човекови права тврдат дека бил 26-годишен државјанин на Колумбија. Случајот дополнително го зголеми незадоволството во јавноста кон Агенцијата задолжена за спроведување на строгата имиграциска политика на претседателот Доналд Трамп. Инцидентот во кој бил убиен имигрантот се случил во Бидефорд, град со околу 22 илјади жители во ...

Власта и Народната банка ја отворија “пандорината кутија “, на маса се стави прашањето дали идните пензионери, сегашни вработени ќе имаат редовни и целосни пензии од државниот и од приватните пензиски фондови, пишува Порталб. Според аналитичарите, промени во сегашниот пензиски систем се потребни, но од каде треба да почнат реформите и кој ќе ја “плати“ сметката за нив. Повисока старосна граница или повисоки стапки на придонеси “Пензионерите ...

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе ја одржи 74. седница на чиј дневен ред меѓу другото е Предлогот на завршна сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година. На дневен ред на седницата се и Годишниот извештај за извршените ревизии и за работата на Државниот завод за ревизија за 2025 година, Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2025 година и Годишниот извештај ...

Со изборот на осум нови министри, Владата влегува во нова фаза од својот мандат, а владејачкото мнозинство очекува кадровските промени да донесат поголема динамика во реализацијата на владините политики. Премиерот Христијан Мицкоски, обраќајќи се пред пратениците, истакна дека министерската функција не смее да се сфати како привилегија, туку како обврска кон граѓаните. Тој порача дека новите членови на Владата имаат задача да работат ...

Црна Гора денеска го одбележува националниот празник – Ден на државноста, посветен на два историски настани. На 13 јули 1878 година на Берлинскиот конгрес, Црна Гора доби меѓународно признание како независна држава, а на истиот датум во 1941 година, Црногорците се кренаа на бунт против фашистичката окупација По повод празникот беше одржан официјален прием во претседателската резиденција во Цетиње Претседателот Јаков Милатовиќ истакна дека 13 ...

Трговците со трајни договори поврзани со SPCX преминуваат кон bStocks со стапка од 8,6%, наспроти 0,6% кај директното тргување со акции, додека bStocks преземаат 58% од обемот на тргување надвор од редовното берзанско време Binance Research, истражувачкиот оддел на Binance, најголемата светска берза за криптовалути, неодамна објави нов неделен пазарен осврт со наслов „Ран замав во прифаќањето на токенизираните акции“. Анализата ги разгледува ...

Извршниот потпретседател на Европската комисија Рафаеле Фито е новиот специјален претставник на Комисијата за Кипар, со цел, како што соопштија од ЕК, да придонесе во процесот на решавање на кипарското прашање во рамките на Обединетите нации, во тесна соработка со личниот претставник на генералниот секретар на ОН за Кипар, Марија Анхела Олгин Куељар, јави дописничката на МИА од Атина. Од Европската Комисија додадоа дека именувањето на Фито ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека Соединетите Американски Држави „воспоставуваат“ контрола над Ормушката Теснина, откако Иран објави дека протокот низ овој стратешки значаен воден пат е суспендиран поради, како што тврди Техеран, агресивни потези од страна на САД. „Ние ја ставаме теснината под наша надлежност. Тие немаат ништо“, истакна Трамп во телефонска врска со емисијата „Фокс енд Френдс“ на Фокс њуз. ...

Владата на Велика Британија ќе издвои повеќе од 250 милиони фунти во следните три години за подобрување на заштитата на еврејските заедници, по серијата неодамнешни антисемитски напади во земјата. Средствата ќе бидат наменети за ангажирање на повеќе од 500 дополнителни безбедносни службеници во Англија и Велс, како и за зајакнување на безбедноста околу еврејските населби, училиштата, синагогите и јавните собиралишта. Во Лондон изминатиот ...

Претставничката на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, во пресрет на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел, објави дека уште 250 лица и субјекти ќе бидат вклучени во рускиот режим на санкции. Калас: ЕУ санкционира уште 250 лица и субјекти поврзани со Русија Таа на мрежата Икс изјави дека одлуката ќе биде донесена со 21-от пакет санкции. „Ова е нашата најголема рунда индивидуални санкции од руската ...

Новите рударски технологии овозможуваат експлоатација со многу ниски емисии и значително повисоко ниво на заштита на животната средина отколку во минатото, смета геологот Ѓорѓи Димов. Тој посочува дека современите практики веќе се применуваат во новиот рудник „Скуриес“ во Грција, кој се наоѓа во истиот металогенски појас како и наоѓалиштето во Иловица. Според него, ова покажува дека технологиите што успешно функционираат во соседството можат ...

Македонија2025 објавува повик за апликации за македонски микро, мали и средни компании заинтересирани да добијат бесплатна експертска поддршка преку Битов програмата за претприемачи. Битов програмата за претприемачи се спроведува во партнерство со Catalyste+ (поранешна CESO – Canadian Executive Service Organization), канадска организација со повеќе од 50 години искуство во поддршка на економскиот развој и јакнење на приватниот сектор на ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
1.56
26%
1010
weather icon

Белград

31ᴼ / 31ᴼ
4.97
53%
1012
weather icon

Загреб

36ᴼ / 36ᴼ
1.67
23%
1011
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
1.72
33%
1012
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
8.25
39%
1011
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 29ᴼ
0.45
59%
1013
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
3.13
39%
1010
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
2.7
33%
1011
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
1.48
37%
1011
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 31ᴼ
3.58
39%
1012
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 36ᴼ
1.34
24%
1012
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
5.76
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Алуминиум

3.25

Рутениум

53852.50

Калај

56.46

Платина

56135.20

Злато

136962.18

Иридиум

252383.36

Бакар

13.51

Родиум

274085.11

Сребро

1994.05

Кобалт

56.29

Паладиум

43499.96

Цинк

0.00