„Макпетрол“ АД Скопје во првите шест месеци од 2026 година оствари значителен раст на приходите и позитивен финансиски резултат, и покрај сложените услови на енергетскиот пазар и зголемените трошоци, според податоците на Македонска берза. Според консолидираните податоци, вкупните приходи на Групацијата достигнале 17,83 милијарди денари, што е раст од 22,96 отсто во споредба со истиот период лани, кога изнесувале 14,5 милијарди денари. ...
Патнички сообраќај Транскоп АД Битола во првите шест месеци од годинава остварил вкупни приходи од 63.293 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи во истиот период претходната година, истите бележат зголемување од 8.54%, соопшти Друштвото преку Македонската берза. -Од овој приход, на основната дејност на Друштвото отпаѓа најголем дел, односно 63.193 илјади денари или 99,84%. Оперативните приходи во износ од 63.193 илјади ...

