Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
По неколку месеци континуиран раст, цените на бензинот и дизелот во Европската Унија во јуни забележаа прво позначајно месечно намалување. Сепак, и покрај ова олеснување, горивата остануваат значително поскапи отколку во истиот период минатата година. Според најновите податоци на Евростат, цените на горивата и мазивата за личен транспорт во јуни биле во просек 13,7 проценти повисоки во споредба со јуни 2025 година. Тоа е понизок годишен раст ...
Соединетите Американски Држави денеска воведоа нова глобална политика на визни ограничувања насочена кон лицата одговорни за интернет-измами, кибер-криминал и сексуални уцени преку интернет, оценувајќи дека овие активности претставуваат „закана без преседан“ за американските граѓани. Американскиот државен секретар Марко Рубио во соопштение наведе дека новата политика е насочена кон лицата кои се одговорни или се соучесници во кибер-криминал ...
Министерот за здравство Сашо Клековски ги повика лекарите кои не се специјалисти по епидемиологија и инфектологија да се воздржат од јавни коментари за состојбата со загадената вода во Гостивар, оценувајќи дека во вакви ситуации граѓаните треба да се потпираат исклучиво на официјалните информации од надлежните институции. „Би замолил да нема слободни јавачи на епидемијата. Гледам доктори кои не се епидемиолози и инфектолози како даваат ...
Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески денеска оствари работна средба со новоизбраниот министер за локална самоуправа Иван Стоилковиќ. На работната средба беа разменети мислења и идеи за повеќе значајни теми поврзани со состојбите на општините, локалниот економски развој, поддршката за домашните компании и значењето на инфраструктурните инвестиции на општиот економски развој на Република Македонија. Заменик-министерот ...
Проектот за обновување на јавниот превоз влегува во завршна фаза, откако беше избран најповолниот понудувач за набавка на 150 електрични автобуси наменети за градскиот превоз во Македонија. Најголемиот дел од новите возила – 100 електрични автобуси – ќе бидат испорачани на ЈСП „Скопје“, додека останатите 50 ќе бидат распределени во други општини и градови во земјата. За реализација на проектот е избрана понудата на унгарската компанија ...
Емилија Јанеска која е дел од лабораториско – експертски тим и доаѓа од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје на прес-конференцијата на кризниот штаб во Гостивар даде стручно појаснување за текот на испитувањата на водата од гостиварскиот водовод. Таа посочи дека пред два дена биле земени 9 примероци, од кои 3 примероци биле земени од самите каптажи за да се види квалитетот на водата. Јанеска рече кажа дека шесте примероци земени од повеќе ...
Општина Виница ги повикува сите граѓани кои имаат поднесено барање за легализација на бесправно изградени објекти до надлежните служби, а чија постапка е во прекин, да ја искористат законската можност за комплетирање на документацијата и завршување на постапката. -Иако рокот за постапување согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти е продолжен за уште 5 години, односно заклучно до 3 март 2031 година, сите засегнати лица ...
Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и оваа година ја обнови лиценцата на Пакомак за постапување со отпад, откако уште еднаш, 15-та година по ред го одобри годишниот извештај на компанијата. Министерството позитивно ја оцени работата на Пакомак во изминатата година и потврди дека компанијата ги остварила, па дури и ги надминала поставените национални цели. Позитивната оцена за годишниот извештај на Пакомак за 2025 ...
Жителите на Крушево добија препорака до понатамошно известување да не ја користат водата од градскиот водовод за пиење, откако анализите покажале дека таа не ги исполнува бактериолошките стандарди за безбедна употреба. Од јавното комунално претпријатие „Комуна“ информираа дека најбезбедна опција во моментов е користење пакувана вода за пиење, додека за подготовка на храна, лична хигиена, миење садови и перење, водата може да се употребува ...
Цените на суровата нафта денеска ја надминаа границата од 100 долари за барел, за првпат од мај, поради зголемените тензии на Блискиот Исток и растечките стравувања дека конфликтот може да го загрози глобалното снабдување со енергенси. Цената на северноморската нафта брент забележа раст од повеќе од пет проценти, продолжувајќи го трендот на поскапување во последните денови. Инвеститорите реагираат на новата ескалација меѓу САД и Иран, како и ...
Цените на гасот во Европа денеска го достигнаа највисокото ниво за 3,5 години, во екот на летната сезона на полнење на складиштата во ЕУ за претстојната зимска сезона на греење и ескалацијата на конфликтот на Блиски Исток. На берзата во Холандија (ТТФ) мегават-час гас за испорака во август кратко време се тргуваше за 63,94 евра, што е за 2,2 отсто повеќе од вчера. Околу пладне цената се стабилизира на 62,09 евра што е највисоко ниво од ...
Во Битола се одржа регионална работилница за Пелагонискиот плански регион со која Министерството за култура и туризам го продолжува процесот на изработка на Стратегија за развој на туризмот на Македонија за период 2027 – 2032 година. На работилницата учествуваа претставници на општините од овој регион, како и претставници од јавниот, невладиниот и приватниот сектор. -Како град со големо културно и историско наследство, Битола има капацитет ...
Општина Делчево го објави јавниот повик за учество на првиот натпревар во косење трева со рачна коса, кој ќе се одржи на 4 август во Делчево, на локација што дополнително ќе биде соопштена. Како што информираат од Општината, целта на настанот е да се избере највештиот косач на трева, но и да се зачува и промовира традиционалниот начин на косење, да се негуваат старите занаети и да се поттикнат дружењето и натпреварувачкиот дух. Право на ...
Вклучување на сите засегнати страни во дијалогот и пронаоѓање оптимален баланс меѓу потребата да се намали бирократијата и потребата да засилат контролите на местата каде има ризик од можни злоупотреби на боледувањата и примена на искуства од други земји, е целта на работилницата „Зајакнување на управувањето со боледувањата“, што се одржува денеска во Владата, а која ја организираат Министерството за здравство и Фондот за здравствено ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски денеска оствари средба со амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер. На средбата се разговараше за унапредување на билатералните односи во земјоделството и руралниот развој, фитосанитарната политика и безбедноста на храната. -Австрија е значаен партнер од кој можеме да добиеме вредни искуства во развојот на модерно, одржливо и конкурентно земјоделство. Целта ни ...
Министерството за здравство на Хрватска со цел да го заштити јавното здравје донесе одлука сите граѓаните на земјите на кои им е потребна виза за влез во Хрватска, односно во Шенген зоната мораат да извршат лекарски прегледи за откривање на акутни и хронично заразни болести и за утврдување на нивниот статус на вакцинација. Меѓу нив се државјани на Индија, Непал, Бангладеш, Пакистан, Филипини и Египет на кои им е одобрен привремен престој во ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на изјавите на опозицијата дека нема резултати во земјоделството и што покажуваат бројките, изјави: „Видете, јас ги слушам од опозицијата најчесто, посебно од коалицијата СДСМ, Демократска унија за интеграција и Левица. Овие претходниве беа во Влада 7 години, ќе ве потсетам како да заборавивме каква катаклизма се ...
Кафулињата, пицериите, пекарниците, слаткарниците и други оператори со храна во Гостиварско ја почитуваат забраната за употреба на водата, покажаа вонредните надзори на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) спроведени во вторникот. Извршени беа 70 вонредни надзори кои беа опфатени кафе барови, пицерии, пекарници, слаткарници, сендвичарници, ќебапчилници, производство и пакување на овошје и зеленчук, промет и други оператори со храна. ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата ќе интервенира со дополнителни мерки по продолжувањето на растот на цената на горивата. Се анализира дали мерките ќе бидат таргетирани или генерални како претходно. Една од опциите е и повторно намалување на ДДВ за горивата. За преземање на овие чекори, како што изјави денеска Мицкоски, има правни механизми по прогласената кризна состојба. – Ја следиме состојбата, како Влада веќе донесовме ...
Европската Унија му изрече казни во вредност од 890 милиони евра на американската технолошка компанија „Гугл“ (Google) за кршење на дигиталните правила на ЕУ. Како што соопшти Европска комисија, казната е изречена за давање предност на сопствената услуга на „Гугл срч“ (Google Search) и за ограничување на изборот на потрошувачите на „Гугл плеј“ (Google Play). – Откривме дека „Гугл“ им штети на бизнисите што нудат слични услуги, како што се ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница според член 133 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 30-годишник со нож се заканувал на двајца сопружници во чија фирма работел, барајќи да му ги исплатат последните неисплатени дневници. На 21 јули попладне, кога мажот и жената со нивниот ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на неделава водата во Гостивар технички да биде исправна, а кон крајот на следната недела и безбедна за пиење, доколку сите активности се реализираат според предвидената динамика. Одговарајќи на новинарско прашање при пуштањето во употреба на реконструираниот градски базен во Кавадарци, Мицкоски изјави дека во решавањето на проблемот се вклучени екипи од ЈП „Водовод и канализација“ од Скопје и ...
Пратениците денеска го изгласаа дневниот ред со четирите закони од областа на образованието и научно – истражувачката дејност на 116. седница на Собранието. По гласањето претседателот на Собранието Африм Гаши ја прекина седницата, а за нејзино продолжување најави дополнително известување. На дневен ред на седницата се Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, по скратена постапка и Предлог-законите за ...
Општина Бутел денеска распиша јавен повик за доделување финансиски средства од буџетот на општината во износ од 4.000.000 денари, информираат од локалната самоуправа. Како што прецизираат, средствата се наменети за финансирање на програмските активности на спортските клубови кои функционираат на територија на општина Бутел. -Спортските клубови кои ќе изразат интерес за доделување на финансиски средства треба да ги исполнат критериумите ...
Македонските дебатери, претставници на Младинскиот образовен форум (МОФ), постигнаа историски успех на Prague Debate Spring 2026, освојувајќи го првото место во почетничката категорија и остварувајќи уште еден врвен резултат во отворената конкуренција на еден од најпрестижните меѓународни турнири во компетитивна дебата. Турнирот се одржа од 10 до 13 јули во Прага, како дел од IDEA Youth Forum, меѓународен младински форум организиран од ...
EOS Group ја заврши деловната 2025/26 година со силни финансиски резултати, рекордно ниво на инвестиции и значајни достигнувања во областа на одржливоста, потврдувајќи ја својата позиција како еден од водечките европски инвеститори во професионалното управување со побарувања. Компанијата во текот на годината инвестираше една милијарда евра во портфолија на побарувања, го зголеми оперативниот профит и доби златен медал од EcoVadis за своите ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Струга поднесе кривична пријава против едно физичко лице – сопственик и управител на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело даночно затајување од член 279 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија. Како што УФП соопшти денеска, првопријавениот С. З., во својство на сопственик и управител на ...
Времето утре ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни. Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 50 km/h), соопшти УХМР. За време на викендот времето ќе биде стабилно. Нови врнежи од дожд проследени со локална нестабилност ќе има во понеделник, а од вторник повторно ...
Недостатоците во законската регулатива, недоволните човечки ресурси и слабиот фискален напор значително го ограничуваат фискалниот капацитет на единиците на локалната самоуправа (ЕЛС), покажува ревизијата на успешност што ја спроведе Државниот завод за ревизија (ДЗР) за периодот 2020–2024 година. Ревизијата, изработена во рамки на Годишната програма за работа за 2025 година, ја анализирала ефикасноста на мерките и политиките за ...
Законот за студентски стандард предложен од ДПМНЕ е уште еден набрзина скроен производ на власта кој под благородни фрази протнува правна конфузија, прекумерна репресија и речиси неограничено самоволие на управите и министерот, с евели во соопштението од ПП Левица, што МИА го пренесува интегрално. Наместо да понуди решенија за вистинските проблеми со кои секојдневно се соочуваат студентите, како партизацијата при распределбата на местата во ...