Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Групацијата Лимак го назначи Санџак Курт за нов генерален директор на Лимак Скопје. Како долгогодишен професионалец и носител на раководни позиции во интернационалната групација Лимак, тој ја презема оваа функција по повеќе од две децении богато искуство во управување со комплексни инфраструктурни, енергетски и градежни проекти, реализирани во Туркије, Албанија, Северна Македонија и Саудиска Арабија. Санџак Курт е дипломиран градежен инженер ...
Советот на Народната банка го усвои Кварталниот извештај, според кој најновите макроекономски показатели главно се движат во согласност со априлските проекции. Во Извештајот се наведува дека надворешната позиција на земјава е стабилна, а девизните резерви се одржуваат на соодветното ниво за зачувување на стабилноста на курсот на денарот во однос на еврото. Домашната инфлација очекувано забрза во вториот квартал, и натаму е на релативно ...
Зголемената финансиска поддршка во земјоделството со ребалансот на Буџетот предвидува директни плаќања наследени од претходната Влада, информира премиерот Христијан Мицкоски. По извршениот увид во тековните градежни активности на неколку инфраструктурни проекти во Делчево, одговарајќи на новинарски прашања, посочи дека наследиле неисплатени двегодишни програми како директна поддршка за земјоделците, како и неисплатени плати во АД ...
Општина Центар го објави Јавниот повик за доделување еднократна парична помош за граѓаните и правните лица кои претрпеа штети од силното невреме што го зафати подрачјето на општината на 21 јули 2026 година. Физички и правни лица со недвижен имот на територијата на Општина Центар, ќе бидат обештетени согласно донесениот Правилник, исклучиво за оштетени кровни конструкции и фасади на индивидуални и колективни објекти за домување. „Уште од ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на обвинувањата од страна на опозицијата дека Владата ништо не направила во врска со Гостивар, изјави: „Видете, тоа го поставува прашање или обвинувањата ги адресира човекот на којшто живи луѓе му гореа во модуларната болница во Тетово. Човекот којшто ќе остане забележан како рекордер по бројот на починати за ...
Министерот за здравство Сашо Клековски денеска на прес-конференција соопшти дека Владата донела одлука да го откочи процесот за вработување на уште 300 од вкупно 600 специјализанти, чие вработување е предвидено со одлука од 2024 година. Тој посочи дека процесот за нивно вработување треба да заврши до крајот на годинава. – По одреден застој се откочи процесот за вработување на 600 специјализанти. Тоа е одлука на Владата од 2024 година. Се ...
Премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на Делчево истакна дека во општината во моментов се реализираат 16 проекти, нагласувајќи дека Владата останува посветена на поддршката на локалните самоуправи и покрај предизвиците со кои тие се соочуваат. Тој упати честитки до градоначалникот за, како што рече, посветената работа и напорите што ги вложува во развојот на општината, и покрај финансиските проблеми, меѓу кои и блокираната ...
Признанието за квалитет „Сино знаме“ им е одземено на девет грчки плажи лоцирани на островите Хиос и Парос. Ова се случува поради недоволна подготвеност за актуелната сезона или бидејќи при спроведените проверки биле констатирани пропусти во исполнувањето на строгите барања на програмата. Сепак, важно е да се потенцира дека квалитетот на водата за капење и натаму е одличен, во согласност со меѓународните стандарди, извести дописничката на МИА ...
Министерот за здравство, д-р Сашо Клековски, заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Златко Перински, градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами, и директорот на Клиничка болница Тетово, д-р Ерзен Елези, заедно со делегација на Светска банка и претставници на Министерството за здравство, денеска ја посетија КБ Тетово. 4,56 милијарди денари, односно приближно 74 милиони евра ...
Со два милиони евра грант од Европската Унија се воведуваат паметни граници – граничните терминали ќе бидат целосно автоматизирани, најавија денеска од Царинската управа на Република Северна Македонија. – Царинската управа започнува со имплементација на еден од најзначајните проекти за модернизација на граничната инфраструктура со што се воведуваат паметни системи за автоматизација на граничните терминали, за што се обезбедени грант средства ...
Заменик-министерот за јавна администрација, Лазе Јаќимоски, денеска учествуваше на работен состанок посветен на реализацијата на Реформската агенда и процесот на европската интеграција, предводен од претседателот на Владата на Република Македонија, проф. д-р Христијан Мицкоски, и директорот на Генералниот директорат на Европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман. На состанокот беа разгледани досегашниот напредок ...
Многу компании сè уште сметаат дека промената на снабдувач со електрична енергија е сложена постапка која може да предизвика прекин во работењето. Во реалноста, процесот е едноставен, брз и целосно административен, а придобивките можат значително да ги намалат трошоците за електрична енергија. При промената на снабдувачот нема прекин во снабдувањето со струја, нема технички интервенции, нема промена на броилото и нема никакви измени на ...
Рударството и натаму е еден од секторите со највисоки примања во Македонија. Според Државниот завод за статистика, просечната нето-плата во секторот „рударство и вадење камен“ во мај изнесувала 61.228 денари, што е зголемување од 5,8 проценти во споредба со претходниот месец. Сепак, високите плати не се доволни сами по себе за развој на секторот. Поради застојот на новите инвестиции, не се отвораат нови работни места, а бројот на рудари ...
Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и Телеком договорија соработка по што големата спортска сала е ребрендирана во „Т Арена“. Целиот Спортскиот центар „Борис Трајковски“ доби нов изглед со препознатливата магента боја на „Т“ брендот. – Ова е убав момент за нас СЦ „Борис Трајковски“ и за Македонски Телеком кој повторно е застапен овде во Арената. Покрај визуелното разубавување и на надворешниот и во внатрешниот простор ова партнерство ќе ги ...
Maglaj Spirit Weekend не е само фестивал. Тој претставува платформа што преку културата ги обединува младите лидери, уметниците, активистите, претставниците на институциите, меѓународните организации и локалните заедници, создавајќи простор за нови пријателства, идеи и регионална соработка. Кога минатиот петок вечерта се изгаснаа светлата над средновековната тврдина во Маглај и на платното се појави првиот кадар, стотици посетители седеа ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат директна финансиска поддршка за граѓаните и ги поттикнува инвестициите во поекономично, поефикасно и почисто греење. Во тек е јавниот повик за доделување субвенции за приклучување на природен гас и за набавка на котел на гас, преку кој домаќинствата можат да добијат финансиска поддршка до 30.000 денари, односно до 70 проценти ...
Премиерот Христијан Мицкоски информира дека денеска одржале работен состанок посветен на Реформската агенда и процесот на европска интеграција, на кој преку онлајн обраќање учествувал директорот на Генералниот директорат на Европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман. работен состанок Мицкоски реформска агенда На состанокот, како што посочува премиерот во објавата, разговарале за досегашниот напредок, следните ...
По повод Илинден, книжевната програма „Зад датумот“ ќе ги поврзе историското паметење, јазикот, културното наследство и книжевноста, а ќе отвори и две јавни иницијативи за читателите и библиотеките Го знаеме датумот. Но зад 2 Август стои многу поширока приказна – луѓето што ја живееле историјата, зборовите со кои ја именувале Македонија, идеите со кои ја замислувале нејзината слобода и книгите во кои го запишале своето време. Под мотото ...
Сообраќајот надвор од урбаните центри е поинтензивен, со највисок проток на автомобили забележан на граничниот премин Богородица. Според податоците на Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), времето на задржување за преминување на границата достигнува околу 40 минути. На другите гранични премини од македонска страна не се евидентирани значителни застои за влез и излез од земјава. АМСМ упатува порака до возачите да се воздржат од ризично ...
Глобалните финансиски пазари повторно се најдоа под притисок по новото заострување на ситуацијата на Блискиот Исток. Откако во изминатите денови се појавија сигнали дека тензиите меѓу САД и Иран би можеле да се намалат, новите воени случувања повторно ја активираа загриженоста кај инвеститорите. Цените на енергенсите веднаш реагираа на зголемениот ризик. Северноморската нафта „брент“ забележа раст од околу 3,8 проценти и се искачи до ...
Во оваа фаза најважни се засилениот епидемиолошки и ентомолошки надзор, следењето на активноста на вирусот, систематската контрола на комарците и личната заштита од убоди, напиша на Фејсбук, доктор Драган Даниловски за случаите на Западнонилска треска во државата. Во државава досега се евидентирани осум случаи на Западнонилска треска. -Сите регистрирани пациенти имале тешка, невроинвазивна форма на болеста, со зафаќање на централниот нервен ...
Во државава нема активни пожари заклучно со 7 часот утрово. Изгаснати се 16-те пожари кои биле активни на отворен простор во 10 општини, покажуваат податоците на Центарот за управување со кризи. Според ЦУК, се интервенирало на гаснење на два пожара во општина Прилеп, со кои под репетиторот на „МТВ“ и Манастирот „Трескавец“ биле зафатени ниска вегетација, шипови и леска, како и ниска вегетација на местото викано Заград – Десовски пат. Во село ...
Здружението на професори по економија на Северна Македонија беше официјално основано на Основачкото собрание, одржано во кампусот на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) во Скопје. Основачите го потпишаа Основачкиот акт и го усвоија Статутот на Здружението, одбележувајќи го основањето на професионална организација посветена на унапредување на наставата по економија и зајакнување на економската писменост во Северна Македонија. ...
Џонсон Мети („Johnson Matthey“) го финализираше купувањето на компанијата Koрметех („Cormetech“), како што првично беше најавена на 28-ми мај 2026 година. Заедно со продажбата на „Catalyst Technologies“, финализирана на 17 јули 2026, ова претставува значајно преобликување на портфолиото на Џонсон Mети. Како што компанијата се трансформира во ефикасна и фокусирана компанија што генерира готовина – изградена врз основа на своите водечки ...
Два заеми на земјава кај Светска банка, Предлог на законот за спроведување на проектот „Скопје – европска престолнина на културата 2028 година“ по скратена постапка и изборот на нов уставен судија се на дневен ред на денешните 97. и 119. седници на Собранието. На 97. собраниска седница пратениците ќе треба да се произнесат за предлогот за уставен судија да биде избрана судијката од Апелациониот суд Скопје, Мери Дика Георгиевска. На дневен ...
Поради уличен дефект на водоводна цевка на улицата „Ѓорче Петров“ со булевар „Македонска Војска“ прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата „Ѓорче Петров“, булеварот „Македонска Војска“, „Виа Игнатиа“, „Мице Козар“, „Стоби“, „Александар Мутурков“, „Крсте Гермов-Шакир“ и дел од „Шидска“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 07:40 часот до завршување на работните активности. Извор: МИА Поради уличен дефект на водоводна ...
Министерството за локална самоуправа и Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво (ИНОВА) денеска во Скопје официјално ќе го промовираат проектот „Месеци на практикантство“, чија цел е да им овозможи на студентите да стекнат практично работно искуство во своите матични општини. Отворањето на проектот ќе се одржи во хотелот „Холидеј Ин“ со почеток во 11:30 часот, во присуство на претставници на локалната самоуправа, ...
Настанот „Resilient AI & EU Opportunities“, посветен на примената на вештачката интелигенција во деловниот и јавниот сектор и можностите што ги нудат европските програми за поддршка на дигиталната трансформација и иновациите, ќе се одржи денеска во Europe House Skopje. Во организација на „Силајз“ ДООЕЛ, настанот ќе трае од 11 до 13 часот и ќе ги претстави актуелните трендови и практичните решенија од областа на вештачката интелигенција. ...
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе ја одржи 37-та седница, на чиј дневен ред е изборот на заменик-претседател на Комисијата. Покрај изборот на заменик-претседател, членовите на ДКСК ќе разгледуваат и предмети од нивна надлежност, како и прашања и предлози. На дневен ред е и постапување по предмети поднесени од укажувачи. Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе ја одржи 37-та седница, ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе престојува во работна посета на Општина Делчево, каде што ќе изврши увид во тековните градежни активности на неколку инфраструктурни проекти. Како што информираат од владината прес-служба, Мицкоски ќе изврши увид на градежните активности на реконструкцијата на улицата Индустриска кај Градскиот пазар, покрај мостот на реката Брегалница, како и на реконструкцијата на улицата Видео Смилевски Бато во ...