Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при ОЈО ГОКК води кривична постапка против полициски службеник од Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување. Од досега прибавените докази ...
Без вода за пиење во текот на утрешниот ден ќе останат делови на скопската територија, соопштија попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Како што се појаснува во соопштението, поради уличен дефект, вода ќе немаат корисниците на дел од улиците Рајко Жинзифов, Владимир Полежиновски, Стефан Јакимов – Дедов и Борка Талевски. Предвидено е водоснабдувањето да биде прекинато од осум часот до завршување со работните ...
Доброволното противпожарно друштво од Кочани ги започна подготовките за oвогодишното издание на „Kochani Fire Challenge 2026“, кое ќе се организира по повод малиот јубилеј – пет години од формирањето на друштвото, прво во регионот. Минатата година настанот се одржа на СРЦ „Бавчалук“ во Кочани и привлече голем број учесници, доброволни противпожарни друштва и посетители од Македонија и опкружувањето. Преку повеќе натпреварувачки дисциплини и ...
Општина Македонска Каменица објави јавен повик за поставување продажни штандови за потребите на манифестацијата „Ден на дијаспората 2026“, која ќе се одржи на 9 август на улицата „Александар Македонски“. Како што информираат од Општината, повикот е наменет за сите заинтересирани правни и физички лица, како и самостојни вршители на дејност, кои сакаат да учествуваат со свои производи и услуги во рамки на традиционалната манифестација. ...
Секој шести жител на Европската Унија на возраст од 16 години и повеќе секојдневно користи тутунски и сродни никотински производи – покажуваат најновите податоци на Евростат, според кои во 2025 година е забележано благо намалување на нивната употреба. Според статистиката објавена денеска, 16,5 проценти од населението во ЕУ секојдневно користи тутунски производи, електронски цигари, никотински кесички или производи со загреан тутун, што ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) преку својата официјална фејсбук страница информира дека од 3 август 2026 година Бугарија воведе засилени официјални контроли при увоз на пратки со свежо овошје и зеленчук – домати, пиперки, праски и лубеници – преку граничните контролни пунктови Ѓуешево (Деве Баир) и Златарево (Ново Село). Мерката се однесува на пратки со потекло од трети земји, вклучително и од Македонија, кои се наменети за ...
Европската Унија официјално почна со примена на новите правила за транспарентност на содржините создадени со вештачка интелигенција. Од 2 август 2026 година, компаниите, институциите и јавните тела ќе мора јасно да означуваат кога текст, фотографија, аудио или видео е создадено или изменето со помош на AI. Новите обврски произлегуваат од европскиот Закон за вештачка интелигенција (AI Act), а нивната цел е корисниците секогаш да знаат дали ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски информира дека почнуваат со промотивна кампања за електронските услуги за компаниите. Андоновски преку објава на социјалните мрежи соопшти дека компаниите електронски можат да поднесат барање за издавање уверение од кривична евиденција од основните судови. -Само еден клик до потребната услуга. Една од најкористените е-услуги за правните лица е издавањето уверение од кривична ...
Европската Унија ќе употреби 1,4 милијарди евра камата заработена од замрзнатите руски средства за да ѝ помогне на Украина, објави денеска Европската комисија. Парите, префрлени во Унијата на 3 август, доаѓаат од каматата на дел од средствата на руската централна банка што беа замрзнати од ЕУ по инвазијата на Москва во Украина, додаде комисијата. „Русија мора да плати за уништувањето што го предизвика. И ние ги користиме приходите од ...
Најновите податоци покажуваат дека во источниот дел на Конго има речиси 4.000 потврдени случаи на ебола, а генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус повторно пристигна во земјата за да ги поддржи напорите за борба против епидемијата. Американските медиуми пренесуваат дека Тедрос пристигна во Киншаса каде треба да се сретне со здравствените партнери и претседателот на земјата, Феликс Чисекеди. ...
Компанијата “Самсунг“ (“Samsung“) денес објави дека бројот на нарачки за новата серија Galaxy Z веќе ги надмина поставените цели во Европа, пред новата серија да биде пуштена во продажба на 7 август 2026 година. Новата Galaxy Z серија на преклопни уреди, која го додава сосема новиот редизајниран Galaxy Z Fold8, заедно со Galaxy Z Fold8 Ultra и Galaxy Z Flip8, го надмина вкупниот волумен на нарачки за Galaxy Z Fold7 и Galaxy Z Flip7 за над ...
Цените на благородните метали продолжуваат со раст на светските берзи, при што златото повторно се приближува до нови високи нивоа, поттикнато од зголемениот интерес на инвеститорите за побезбедни вложувања. Според последните берзански податоци, фјучерсите на златото достигнаа 4.214,75 долари, што претставува дневен раст од 62,15 долари или 1,50 проценти. Во текот на тргувањето цената се движеше меѓу 4.122,01 и 4.238,42 долари. Значителен ...
Македонска берза АД Скопје ја реализира иницијативата „Август – месец на подготовки за пазарот на капитал“ (Capital Market Readiness Month), насочена кон домашните компании кои сакаат подобро да ги разберат можностите што ги нуди пазарот на капитал како извор на финансирање за нивниот иден раст и развој. Во рамки на иницијативата подготви „Водич за трансформација и раст на бизнисите“, со цел на компаниите да им обезбеди јасен и практичен ...
Приходите во Буџетот од почетокот на годината се прибираат согласно планот и со раст во споредба со претходната година. Истовремено и на расходната страна се исплаќаат обврските согласно планираното, информираат од Министерството за финансии (МФ). Нагласуваат дека податоците за реализација на Буџетот за 2026 година заклучно со 31 јули 2026 година покажуваат дека вкупните приходи се реализирани во износ од 204,553 милијарди денари што е 53,9 ...
Новата извршна наредба на американскиот претседател Доналд Трамп може дополнително да ја зголеми вредноста на критичните минерали на светските пазари. Со документот што го објави Белата куќа, американската воена индустрија од 2027 година ќе смее да користи само метали произведени во САД или во партнерски и сојузнички држави. Одлуката има за цел да ја намали зависноста од Кина, Русија, Иран и Северна Кореја, а аналитичарите очекуваат дека ќе ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека администрацијата на САД имала „многу добри разговори“ со Иран, што ги зголеми очекувањата дека наскоро може да биде постигнат договор за окончување на петмесечниот конфликт. Цените на нафтата паднаа, а берзанските индекси пораснаа во азиското тргување, откако акциите на Волстрит достигна рекордни нивоа поради надежите дека наскоро може да биде постигнат договор за обновување на поморскиот ...
Поголема соработка меѓу локалната самоуправа и приватниот сектор, поттикнување на инвестициите и искористување на туристичкиот и економскиот потенцијал на општина Чучер Сандево беа во фокусот на работниот состанок меѓу претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, и градоначалникот на Општина Чучер Сандево, Зоран Бајовски. На состанокот присуствуваа и Драганчо Апостолски, советник во Дирекцијата за економска и ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини континуирано ја следи состојбата во регионот и во Европа, како и домашните хидролошки показатели. Според расположливите податоци, состојбата во Македонија е стабилна и во моментов не постојат индикации дека ниските водостои во Европа претставуваат ризик за сигурноста на домашното производство на електрична енергија. Министерството, заедно со АД ЕСМ, АД МЕПСО и останатите надлежни ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Ормуската Теснина, која е блокирана од иранските сили, ќе биде отворена „многу брзо“ или Иран ќе биде „многу силно“ погоден во напад на Соединетите Американски Држави. – Протокот ќе биде отворен многу брзо, или тие (Иран) ќе бидат многу силно погодени, а потоа протокот ќе биде отворен – рече Трамп во интервју за Фокс њуз. Трамп во јужна Калифорнија присуствуваше на вечера за собирање ...
Јужните поморски рути низ Ормуската теснина остануваат слободни и отворени за сите комерцијални пловила што минуваат оттука, соопшти синоќа Централната команда на САД (Центком). „Во последните три месеци, американските сили помогнаа повеќе од 1.000 пловила успешно да поминат низ протокот и покрај иранската агресија, а минувањата продолжија и денеска“, се наведува во соопштението на Центком. Во одделно соопштение, Центком информира дека ...
Од 5 август на сила стапуваат новите цени на горивата, при што најголемо внимание привлекува дизелот, чија максимална малопродажна цена се искачува на 99,50 денари за литар. Тоа значи дека до симболичната граница од 100 денари недостигаат само 50 денари за резервоар од 100 литри, односно половина денар по литар. За разлика од дизелот, возачите на бензински автомобили ќе плаќаат помалку. ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по 91 денар, а ЕУРОСУПЕР ...
Македонија влегува во најкритичниот период од летото, со температури кои во наредните денови ќе достигнуваат и до 42 Целзиусови степени. Поради високата опасност од пожари, Владата прогласи 30-дневна кризна состојба на целата територија на државата, а здравствените власти предупредуваат дека топлотниот бран може да има сериозни последици врз здравјето на граѓаните. Според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи, екстремно високите ...
Туркије продолжува да биде една од водечките туристички дестинации во светот, откако во првото полугодие од 2026 година привлече 25,8 милиони странски туристи. Во истиот период, приходите од туризмот достигнаа 25,8 милијарди американски долари, што е на исто ниво со минатата година. Податоците ги презентираше министерот за култура и туризам на Туркије, Мехмет Нури Ерсој, на прес-конференција неодамна одржана во Истанбул. Според него, ...
Од увозната царина во висина од три евра за секој производ купен онлајн од трети земји што ја воведе Европската Унија на 1 јули годинава, според портпаролот на кипарската царинската управа Јоргос Константину во јули биле остварени приходи од речиси два милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина. Константину за кипарската новинска агенција ЦНА, објаснил дека овие приходи се од околу 650.000 артикли, кои биле дел од 160.000 пратки и ...
Коалиција од американски сојузни држави, предводена од демократски гувернери и обвинители, покрена судска постапка против администрацијата на претседателот Доналд Трамп поради новата политика што овозможува федералните имиграциски служби да добијат пристап до податоците на корисниците на програмите за парична помош. Тужбата е поднесена до федералниот суд во Вашингтон и се однесува на одлуката на Управата за деца и семејства при ...
Во одлична состојба е површинската вода за капење во Дојранското Езеро, согласно микробиолошките индикатори, посочуваат најновите резултати од земени мостри од Езерото, кои Општина Дојран ги објави денеска. Резултатите се од извршените анализи на три мерни места, соопштија од Општината, и тоа – “Градската плажа”, плажата “Гранико” и плажата “Полин”. Општинските власти велат дека анализите се спроведени согласно Националната годишна програма ...
Во Хрватска, Министерството за заштита на животната средина и зелена транзиција предложи измени на Законот за управување со отпад со кои значително се заоструваат мерките против незаконското постапување со отпад. Предвидено е воведување видео надзор и задолжителен GPS во возилата што транспортираат отпад, проширување на дигиталниот систем eONTO за следење на тековите на отпадот, како и можност за привремено или трајно одземање на возила и ...
Водата од водоводот во Гостивар сè уште не е за пиење, останува да се употребува како техничка, изјави попладнево на прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, по состанокот на Главниот штаб за кризи што тој го предводи. Како што рече, договорено било како ќе се одвиваат следните испитувања и дека тие ќе бидат почести, односно ќе се зголеми континуитетот на мерења на клвалитетот на водата од страна на повеќе ...
Македонскиот женски клупски фудбал е збогатен со ново име, откако денеска официјално е објавен почеток на функционирањето на женскиот фудбалски клуб ЖФК Пелистер – Битола кој во претстојната сезона ќе настапува и во прволигашката конкуренција. „Со формирањето на ЖФК Пелистер, клубот отвора ново поглавје во својата историја и го проширува своето семејство со цел да придонесе кон развојот и афирмацијата на женскиот фудбал во Битола и ...
Амбасадата на САД во Тирана во објава дека е ратификуван договорот со Албанија за заем од 302 милиони американски долари. Амбасадата во објава на Фејсбук нагласува дека “овој договор ќе го поддржи напредокот на Албанија кон исполнување на Хашката обврска за одбрана”. Меѓу другото, овој заем ќе ги зголеми трошоците за одбрана на 5 проценти од бруто домашниот производ (БДП) до 2035 година. „Денеска, Соединетите Американски Држави со ...