Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Американскиот претседател Доналд Трамп, по средба на претставници на Москва и Киев во Белата куќа, најави „многу голем“ договор со Русија кој, според него, нема да се однесува само на Украина, туку можеби и на „цела Европа“. „Тој ќе опфати повеќе од Украина, а би можел дури да кажам и дека би можел да ја опфати цела Европа“, им изјави Трамп во четвртокот (5.11) на новинарите во Вашингтон. Американскиот претседател, според сопствени изјави, во ...
По најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за голем договор поврзан со Украина, Русија ги намалува очекувањата. Москва досега не гледа подготвеност од европска страна за разгледување на прашањата за идниот безбедносен систем на континентот, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, според руската новинска агенција Интерфакс. Тој додаде дека Европејците досега не определиле ниту преговарач кој би учествувал во идните разговори. ...
Поквалитетно инфраструктурно поврзување на Македонија со регионот е врвен приоритет на Владата. Како земја која нема излез на море, градиме инфраструктура што директно ќе не поврзе со три пристаништа, истакна заменик претседателот на Владата Александар Николоски на средбата со заменик претседателот на Владата на Црна Гора, Филип Ивановиќ. Ова според вицепремиерот Николоски е нова можност за развој на домашната економија, трговската соработка ...
Тој го забележува својот плен и на растојание до 200 метри. За разлика од многу други крлежи, не чека скриен во тревата додека жртвата да му се приближи. Наместо тоа, тргнува во потера по крава, овца или човек, а потоа се прикачува и каснува. Порано крлежот од родот Хиалома (Hyalomma) бил распространет главно во Африка, Азија и јужните делови на Европа. Но климатските промени му обезбедуваат сè подобри услови за опстанок и во подалечните ...
Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска објави снимки од завршувањето на вториот дел од изградбата на Коридорот VIII, Папер – Ура е Грикшит, во областа Елбасан. „Уште една инвестиција што ја зголемува безбедноста во сообраќајот и ја олеснува поврзаноста меѓу населените места“, напиша Рама покрај објавеното видео. Станува збор за делница долга 1,8 километри, која се протега на левата страна од реката Шкумбин. Во рамките на овој проект, на ...
Илијана Јотова победи во вториот круг од претседателските избори во Бугарија, покажуваат првите прогнози. Според првичните резултати, Јотова освоила околу 57 отсто од гласовите. Нејзиниот противкандидат, поранешниот преоден премиер Андреј Ѓуров, добил меѓу 38 и 39 отсто од гласовите. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ѝ честиташе на Јотова. „Од безбедноста и одбраната, па сè до нашата конкурентност и енергетска ...
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков претпладнево се поклони и положи цвеќе во Спомен паркот на револуционерите, а по повод 7 Ноември – Денот на ослободувањето на градов. Покрај општинската делегација која ја предводеше тој, цвеќе положија и останати делегации на претставници од политичкиот и јавниот живот во градов. По повод празникот, вчера цвеќе беше положено и пред спомен обележјата од НОБ кај Градски гробишта, во паркот пред Основниот ...
Во изминатото деноноќие, на територијата на целата држава регистрирани се 11 пријави за семејно насилство. Во неколку од случаите полициски службеници лишиле од слобода лица осомничени за насилство, додека по останатите пријави се преземаат мерки за расчистување на настаните. На 06.11.2026 година во ОВР Прилеп, жена пријавила дека подолг временски период била следена и вознемирувана од нејзиниот поранешен партнер, кој доаѓал на нејзиното ...
Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициски службеници лишиле од слобода 17 лица додека со едно лице е извршен службен разговор, поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Десет лица управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за Е.С.(34), Р.Ш.(18), Б.К.(19), кој управувал мотоцикл, Б.А.(49) и П.И.(29), сите од Скопје, А.А.(37) од ...
Вчеравечер, во Центарот за култура „Григор Прличев“, се одржа свечена академија по повод 7 Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид, со која беше одбележана 82-годишнината од слободата на градот. На присутните им се обрати градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков. – Во предвечерието на еден од најзначајните датуми во историјата на Охрид, со особена чест и длабока почит, се поклонуваме пред храброста, пожртвуваноста и непокорот на ...
Министерството за правда го објави комплетниот список од 49 лица кои Александар Вучиќ ги помилувал на 27 септември, денот кога поднесе оставка на функцијата претседател на Србија. Меѓу нив е и државната секретарка во Министерството за внатрешни работи, Дијана Хркаловиќ, која беше обвинета за трговија со влијание, најмалку 15 лица на кои им се ставаше на товар злоупотреба на службена положба, лица кривично гонети за перење пари, како и лица за ...
Црна Гора би можела да стане следната членка на Европската Унија, оценува Европската Комисија. Според новата анализа на институцијата од Брисел, земјата би можела успешно да ги заврши пристапните преговори уште до крајот на оваа година. Реалното приклучување кон Унијата потоа би можело да следува во 2028 година. Во анализата се наведува дека во наредните недели ќе биде клучно Црна Гора да го задржи доследниот фокус на подготовките за членство ...
Летот ЈУ134 на „Ер Србија“ за Москва веќе бил длабоко во воздушниот простор над Литванија кога екипажот добил инструкција да се врати во Белград. Меѓу патниците биле и поранешниот министер за одбрана и за внатрешни работи и поранешен директор на Безбедносно-информативната агенција, Александар Вулин, долгогодишниот директор на државниот „Србијагас“, Душан Бајатовиќ, како и министерот без ресор Ненад Поповиќ. Сите тројца во Србија се познати по ...
Арлинда Зекај многупати барала заштита од полицијата. Од полицијата сметале дека таа претерува. На 25 октомври, 49-годишната Зекај повторно дала изјава во полиција против нејзиниот сопруг, кој потоа бил уапсен. Но, Зекај од полицијата барала и дополнителна заштита од семејството на нејзиниот сопруг. Залудно. Полицијата ја однесла Арлинда Зекај до дома. Таму ја чекал нејзиниот убиец. Таа го напуштила полициското возило во 20 часот и 58 минути. ...
Општина Пустец го прифати барањето на Македонското друштво “Илинден“-Тирана официјалната веб-страница на Општината, покрај на албански, да биде достапна и на македонски јазик. Оваа иницијатива, побарана од Македонското друштво “Илинден“-Тирана, ќе овозможи за првпат официјалната веб-страница на Општина Пустец да нуди информации и на македонски јазик. По официјалното барање на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, упатено до градоначалникот ...
Денеска (5 ноември 2026 година) во Скопје, заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени присуствуваше на завршниот настан на ИПА проектот „Воспоставување на електронски систем за водење на евиденција на институциите за спроведување на законот“ (LERMS), во чии рамки беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу надлежните институции. Во своето обраќање, заменик министерот Исени истакна дека проектот претставува значаен чекор кон ...
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски денеска соопшти дека реформите поврзани со европската агенда остануваат во фокусот на Владата, при што се работи на унапредување на транспортот, комуникациите и реализација на инфраструктурни проекти. -Работна сабота – Реформите за ЕУ во фокус. Реализираме реформи за подобрување на транспортот, комуникациите, изградба на автопати, железница, реформи и инвестиции – напиша Николоски на ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски учествуваше на Министерскиот форум ЕУ – Западен Балкан за правда и внатрешни работи, кој се одржа на 5 и 6 ноември во Будва, Црна Гора, во присуство на министри од земјите на Западен Балкан и претставници на европските институции и агенции. Во рамки на форумот, министерот Тошковски имаше две обраќања посветени на управувањето со миграцијата и граничната безбедност, како и на борбата против ...
Во текот на следната седмица метеоролошките модели и понатаму упорно цртаат надоаѓање на потопол, но и повлажен воздух од Атлантикот кон Балканот и Македонија. Тоа значи дека ќе бидеме под влијание на јужно воздушно струење кое ќе услови особено од средината на следната седмица да имаме температури значително над просекот за овој период од годината кога тие во делови од Балканот ќе надминуваат и 20 степени. За време на ова затоплување во ...
На 05.11.2026 околу 19:00 часот, во село Кучевиште, скопско полициски службеници од СВР Скопје сопреле патничко моторно возило „сузуки“, управувано од М.К.(37) од Скопје во кое се превезувале огревни дрва без соодветна документација за нивното потекло и транспорт. М.К. е приведен по член 104 став 11 од Закон за Шуми и спроведен во Полициска станица за понатамошна постапка. Известена е Шумската полиција за преземање понатамошни мерки и ...
Засилени инспекциски контроли низ целата држава спроведе Државниот пазарен инспекторат во текот на октомври 2026 година, при што биле извршени вкупно 2.401 инспекциски надзор и издадени 737 прекршочни платни налози. Вкупната вредност на изречените прекршочни платни налози надминува 18,94 милиони денари, информираат од Државниот пазарен инспекторат. Според објавените податоци, најголем дел од контролите биле насочени кон почитувањето на ...
На 06.11.2026, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, под раководство на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Н.Н.(60) од Гостивар за сторено кривично дело „трговија со луѓе“, по член 418-а, став 1 од Кривичниот ...
На 05.11.2026, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координирана полициска акција во која е сузбиена петчлена организирана криминална група од Куманово. Лишени од слобода се Д.П.(37), Л.К.(73), М.К.(27), Д.Ж.(43), сите од Куманово, а З.Р.(35) од Куманово е недостапен за органите на прогонот. ...
Европската комисија во Извештајот за напредокот на земјата нотира позитивни движења во макроекономските показатели, како и активности за унапредување на управувањето со јавните финансии, спроведувањето на Законот за буџети и зајакнувањето на системите за финансиска контрола. Во делот на макроекономските движења, Извештајот посочува, дека eкономскиот раст се забрза во 2025 година, поттикнат од силните инвестиции и приватната потрошувачка. ...
За време на викендов (сабота и недела 7/8 ноември) територијата на Македонија останува во поле на висок воздушен притисок (Антициклон) кој ќе условува и понатаму да имаме стабилно и суво време без врнежи. Времето ќе биде сончево со повремена променлива облачност. Денот сабота (7 ноември) ќе биде претежно тивок и без ветер додека денот недела (8 ноември) ќе биде малку ветровит, односно ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен ...
Од 28 август до 13 септември во Маврови Анови на јавно тениско игралиште ќе се одржи второто издание на Маврово Опен – аматерски, хуманитарен тенис турнир кој од иницијатива на група пријатели прераснува во настан посветен на спортот, заедницата и создавањето активен простор за сите генерации. По успешното прво издание во 2025 година, кога турнирот беше инициран со цел да придонесе кон подобрување на условите во основното училиште во село ...
По катастрофалната поројна поплава на Хималаите, која според првичните проценки била предизвикана од одрон на глечер, спасувачките екипи во Непал и Тибет трагаат по повеќе од 1.300 исчезнати лица. Досега се потврдени најмалку 165 жртви, а меѓу исчезнатите има стотици странски туристи. Според непалските власти, во земјата се пронајдени телата на 162 загинати, додека во Кина досега се потврдени три жртви. Непал во четвртокот првпат го објави ...
Во 2014 година, кога претседателот Владимир Путин ги објасни мотивите на Русија за нелегално анектирање на украинскиот полуостров Крим, тој рече: „Трупите на НАТО ќе дојдат и рамнотежата на моќ во црноморскиот регион фундаментално ќе се промени“. Силите на НАТО не пристигнаа, но рамнотежата на моќ во Црното Море сепак се промени – по почетокот на целосната војна на Русија против Украина. Руската морнарица повеќе не доминира во регионот како ...
Во Белград е инсталиран и поврзан нов систем од 30 сообраќајни камери. Камерите ќе ги евидентираат сообраќајните прекршоци, како што се користење мобилен телефон при возење и пребрзо возење. Камерите се наоѓаат на прометни патишта, раскрсници и на пристапите кон Белград. Од Нови Београд, Земун, Алтина, Ледине и Бежанијска коса, преку прометните градски булевари и улици до Батајница, Рушањ, Винча и Борча, објави РТС. Овој систем може ...
Во текот на денешниот ден, четврток 27 август територијата на Македонија ќе се наоѓа во жолта и во портокалова предупредувачка фаза поради екстремно топлиот бран кој од југ, односно од Африка продира кај нас и условува да имаме екстремно високи температури на воздухот кои насекаде се искачуваат над 32 степени, а во Скопската котлина, во Повардарието како и во југоисточните предели од Македонија температурите ќе се искачат до близу 40 степени. ...