На 29.07.2026 во 01:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишија од слобода Г.Ј.(44) од село Топлица и А.А.(46) од селото Чегране поради основано сомневање дека сториле кривично дело „мачење животни“. Претходниот ден околу 23:45 часот на влез во селото Топлица, полициски службеници од Полициското одделение Галате затекнале група граѓани и кучиња со видливи повреди и крварења од борба. Според пријавеното, лицата претходно се ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на обвинувањата од страна на опозицијата дека Владата ништо не направила во врска со Гостивар, изјави: „Видете, тоа го поставува прашање или обвинувањата ги адресира човекот на којшто живи луѓе му гореа во модуларната болница во Тетово. Човекот којшто ќе остане забележан како рекордер по бројот на починати за време ...

По извршените анализи на ЈЗУ „Центар за јавно здравје Охрид“ од изворите во селата Елшани и Велестово, донесено е решение со кое се забранува водата да се користи за пиење. Лабораториските анализи покажеле присуство на Е.coli и Колиформни бактерии. Се задолжуваат месните заедници во Елшани и Велестово да постават јасно и видливо предупредување дека ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ. По извршените анализи на ЈЗУ „Центар за јавно здравје Охрид“ од изворите ...

Со особена чест ве поканувам заедно и достоинствено да го одбележиме 2-ри Август – Денот на Републиката. Илинден е повеќе од празник. Тој е вечен потсетник на храброста, достоинството и непокорот на македонскиот народ, но и наша обврска да ги чуваме вредностите што ни ги оставија илинденците. Нека е за многу години големиот празник и нека им е вечен споменот на големите херои! Со особена чест ве поканувам заедно и достоинствено да го ...

Малку соседни земји на Украина се толку погодени од руските воздушни напади како Романија. Од февруари 2022 година, 34 руски беспилотни летала и неколку руски ракети го нарушиле романскиот воздушен простор. Повеќето инциденти, вкупно 19, се регистрирани во текот на тековнава 2026 година. Во повеќе наврати руски дронови експлодирале над или на романска територија. Најтешкиот инцидент се случи на 29 мај 2026 година: тој ден руски дрон удри во ...

Силен земјотрес со јачина од 7,1 степени го потресе островот Кјушу во југозападниот дел на Јапонија. Според првичните извештаи, повредени се десетици лица. Како што објави јапонската телевизија НХК, противпожарните служби примиле голем број повици за итна помош. Јапонската премиерка Санае Такаичи изјави дека има извештаи за повредени лица, урнати згради и пожари. Во околу 48.000 домаќинства во префектурата Кумамото, која е најтешко погодена, ...

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи. Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за ...

Во текот на вчерашниот ден (27.07.2026) во периодот од 17.00 до 22.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли и лесни електрични возила, при што санкционирани се 178 возачи. Од нив, 156 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 13 возачи се лишени од слобода поради сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот ...

ИЗВЕШТАЈОТ НА СВЕТСКА БАНКА СПОРЕД КОЈ МАКЕДОНИЈА Е СО НАЈГОЛЕМ РАСТ НА АВИО ЛЕТОВИ И ТУРИЗАМ ВО ЕВРОПА И ЦЕНТРАЛНА АЗИЈА, МОТИВ ЗА УШТЕ ПОГОЛЕМА РАБОТА И ПОСВЕТЕНОСТ”– напиша заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук стaтус и додаде: “Македонија забележува рекордна статистика во растот на туризмот преку авиосообраќајот во услови на светска криза, исклучителен успех што е препознаен од ...

Вчера (27.07.2026) во периодот од 17:00 до 22:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола на подрачјето на Кочани и Виница, насочена кон санкционирање на возачи на мотоцикли и лесни електрични возила (тротинети) кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Во контролата биле изречени вкупно 59 санкции, од кои една за возач на лесно електрично ...

Десетици илјади жители на Мајорка вчеравечер (26.07) протестираа во Палма де Мајорка против последиците од туризмот на нивниот остров, во екот на главната туристичка сезона. Со тапани и свирчиња тие се одѕваа на повикот на платформата „Помалку туризам, повеќе живот“, која го организираше протестот под слоганот „Мајорка на граница на издржливоста“. Туризмот одамна ги надмина границите што островот може да ги издржи, објаснува еден од ...

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука од 1 август да се зголемат цените на топлинската енергија за корисниците во Скопје. За домаќинствата што се снабдуваат преку ЕСМ Снабдување, цената ќе се зголеми за 5,96 проценти, за корисниците на ЕСМ Енергетика за 5,18 проценти, додека за корисниците на Енерго Еколог поскапувањето ќе изнесува 3,65 проценти. Месечните сметки повисоки за околу 140 денари Според пресметките на РКЕ, за ...

Прво, жена во автобус го опсипува со хомофобични навреди. Потоа го напаѓа Александар Савиќ. На крајот вади остар предмет од чантата и го прободува со него. Лекарите во ургентниот центар подоцна ќе констатираат исекотина на неговиот зглоб и повреди на окото. Она што му се случи на Савиќ – познат и како драг кралицата Алексис Пластик –вечерта на 11 јули во автобус број 35, во Белград не е честа појава. Но, насилството врз лица чиј изглед или ...

Се е поизвесно дека и Македонија од 5 август па во деновите потоа ќе биде на удар на најтоплиот бран од југ, односно од Африка ова лето. Токму од овој датум топлината значително ќе се интензивира кај нас во Македонија, а времето останува стабилно и сончево и без никакви врнежи и без опасност од нови временски непогоди. Очекуваните температури во Македонија за време на овој најтопол бран ова лето се: Тие на многу места ќе надминуваат 35 ...

Денес во Центарот за управување со кризи се одржа прес-конференција на која министерот за внатрешни работи и раководител на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, Панче Тошковски, ја информираше јавноста дека, согласно последните анализи, водата во Општина Гостивар е технички исправна и може да се користи за одржување на лична хигиена, капење, миење садови и други технички потреби. Воедно, ...

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на максималните малопродажни цени на нафтените деривати во просек за 4,55% во однос на претходната одлука донесена минатата недела, односно на 20 јули. Новите цени ќе важат од ноќеска на полноќ. Согласно одлуката, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 93 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 95 денари за литар, што претставува поскапување од 3 денари по литар. ...

Според американските медиуми, две лица се убиени во пукотница во близина на познатиот симбол на градот Сиетл, Спејс Нидл. Најмалку уште четири лица се повредени, вклучувајќи и едно дете, објавија медиумите во неделата, повикувајќи се и на претставник на болницата. Градоначалничката на Сиетл, Кејти Вилсон, објави дека по инцидентот е извршено едно апсење. Таа претходно изјави дека се уапсени двајца осомничени. Вилсон ѝ се заблагодари на ...

Петмина државјани на Босна и Херцеговина загинаа синоќа на планината Елбрус во Русија, јавува Радио Сараево. Од седумте планинари кои тргнаа во експедиција кон највисокиот врв во Европа, двајца успеаја да се спасат. Сите настрадани биле членови на Планинарското друштво „Ведро“ од Зеница, пренесува N1 Сараево. „Илјадници километри зад нас, еден врв пред нас и само еден сон. Чекор по чекор, сè до покривот на Европа“, напишаа планинарите покрај ...

Според најновата најава од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во текот на ноќта и утрешниот ден се очекува нестабилно време проследено со обилни врнежи од дожд, грмежи, силен ветер и локална појава на град. Во западните делови на државата во текот на ноќта се очекуваат пообилни врнежи од дожд (над 20 l/m²), а во текот на утрешниот ден локално и над 30 l/m². На повеќе места се очекуваат поројни врнежи, грмежи и краткотрајно невреме ...

„Го изгубивме, се предаде Гоце Тодоровски, почина. Фамилија Тодоровски ја објавува најтажната вест после голема борба. Го напушти овој свет, а ми вети… Срцето не издржа, престана да работи.. го реанимираа направија сè, престана да дише на кислород ставен, практично апаратурата го држеше. Не издржа бе татко, невидена желба за живот… Лесна ти земја татко мој вешен непребол. Душата не умира, а телото е премногу истрошено. Сега летај со ангелите… ...

Шетајќи низ новото корпоративно седиште, Бернд Вагнер ентузијастички наведува дека е користена „седум пати поголема количина челик од онаа за изградбата на Ајфеловата кула“ или „кабли што се протегаат од тука до Неапол“. Вагнер е одговорен за клауд бизнисот и продажбата во Шварц Дигитс чие седиште официјално ќе биде отворено на 21 јули 2026 година. Дизајнирана за 3.500 вработени со детска градинка, ресторан и фитнес зона, комплексот потсетува ...

Во првата половина од годинава во Албанија влегле 9.166.350 албански и странски посетители во или 6,6 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата година. Според податоците објавени од државниот институт за статистика(ИНСТАТ), во периодот јануари-јуни, во земјата влегле 5.059.069 странски државјани, што претставува зголемување од 6,2 отсто додека влезот на албански државјани изнесува 4.107.281, што е зголемување од 7,1 отсто. Само во ...

Под влијание на атмосферски фронт со поладен воздух на висина, и на влажна и на нестабилна воздушна маса од северозапад, на ден понеделник 27 јули во Македонија времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локална појава на повремен пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час) електрични празнења и со услови ...

Македонската културна јавност и театарската сцена останаа без еден од своите најпрепознатливи и омилени актери. Почина Гоце Тодоровски, култниот драмски и телевизиски уметник кој со децении ја забавуваше и воспитуваше македонската публика. Тодоровски остави неизбришлив траг во македонското глумиште преку својот автентичен хумор, препознатлива енергија и ведар дух, објави 4news.mk Неговото име останува засекогаш запишано во историјата на ...

По нападот на маргините на манифестацијата Кристофер Стрит Деј (ЦСД) во Берлин, осомничениот за нападот бил убиен за време на полициска акција. Ова по 18 часот го потврди и полицијата во Берлин. Според полициски наводи, осомничениот се упатил кон полицајците со оружје за бодење, по што бил застрелан и подоцна им подлегнал на повредите. Во нападот што се случи во саботата навечер (25.07), при кој прво беа прегазени луѓе со автомобил, а потоа ...

Денеска (26.07.2026) од страна на Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија во содејство со Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршен е претрес на дом и други простории кај С.Б.(23) од с.Брест, скопско. При претресот пронајдена е поголема количина кокаин. С.Б. е лишен од слобода во Полициска станица Гази Баба по член 215 од Кривичниот законик и по целосно документирање на случајот ќе ...

На 25/26.07.2026 во Скопје на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ј.Ч.(47), А.Б.(19), Ф.Р.(27), Н.К.(19), М.О.(26), сите од Скопје, В.М.(35) од с.Морани, скопско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, прашкаста материја и марихуана. На 26.07.2026 во 01:45 часот во с. Камењане, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишија од слобода Б.И.(21) ...

На државјаните на Русија и Белорусија од 1 ноември годинава ќе им бидат потребни визи за престој во Црна Гора. Владата го продолжи безвизниот режим за Русите и Белорусите до 31 октомври, како и за државјаните на Кина, Турција и Саудиска Арабија. Усогласувањето на визната политика со Европската Унија е барање на Брисел преку завршните мерила од Поглавјето 24 (правда, слобода и безбедност). Според владината уредба, државјаните на наведените ...

Најмалку едно лице загина, а најмалку 15 други се повредени во Берлин за време на Кристофер Стрит Деј (ЦСД), соопшти вечерва (25.07) полицискиот портпарол Флоријан Нат. Според полицијата, бело возило влетало во луѓе пред да удри во дрво. Инцидентот, според полициски наводи, се случил во делот на Тиергартен во германската престолнина. По инцидентот ЦСД е прекинат. „Со полн интензитет трагаме по лица осомничени за делото“, изјави портпаролот на ...

Големите шумски пожари во близина на Мадрид и натаму се вон контрола. Според шпанското Министерство за внатрешни работи, само во подрачјето на главниот град околу 25.000 луѓе биле повикани да ги напуштат своите куќи и станови. Големиот пожар таму е „на својот врв“ и во моментов „не може да биде изгаснат“, изјави раководителот на цивилната заштита на регионалната влада, Карлос Новиљо. Поради силниот ветер што моментално дува, пожарот може ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
0.51
64%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.06
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
87%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
67%
1028
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
72%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
81%
1026
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.13
62%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / -1ᴼ
0.51
86%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
91%
1029
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87