Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Знамиња, свечени говори и цвеќиња фрлани од воени хеликоптери: исламистичките талибанци во Авганистан ја одбележаа петгодишнината од преземањето на власта. „Денес, светогледите и вредностите на авганистанската влада и нацијата се во согласност“, изјави министерот за надворешни работи Амир Кан Мутаки на церемонија во главниот град Кабул, пренесувана од државната телевизија РТА. Во извештај на авганистанската телевизија „Толоњус“ беше прикажано ...
Северна Кореја се подготвува за масовно зголемување на бројот на војници што ќе ѝ помогнат на Русија во војната против Украина, при што на руска територија би можеле да бидат распоредени до 50.000 севернокорејски војници, тврди украинскиот претседател Володимир Зеленски. Кон крајот на јули, украинскиот лидер изјави дека Русија има намера да доведе уште 30.000 севернокорејски војници, а минатиот викенд додаде дека Пјонгјанг донел одлука меѓу ...
Во текот на вчерашниот ден (13.08.2026) во периодот од 17:00 до 22:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на прекршоци кои ги прават возачите на лесни електрични возила на територијата на целата држава, при што санкционирани се 72 возачи. Од нив, по 11 на територијата на СВР Тетово и СВР Битола, осум на територија на СВР Велес, седум на територија на СВР ...
Во периодот од 3 до 9 август 2026 година, сообраќајната полиција при Министерството за внатрешни работи спроведе засилени акциски контроли на територијата на државата, насочени кон откривање и санкционирање на прекршоците поврзани со пречекорување на дозволената брзина. Контролите беа реализирани во рамки на ROADPOL Operation Speed, паневропска координирана оперативна активност на сообраќајните полициски служби на земјите членки на ROADPOL. ...
Демографските притисоци и побавниот раст на бројот на осигуреници во однос на пензионерите, со години наназад го зголемуваат притисокот врз пензискиот систем. Тој од година во година се приближува кон точка во која не останува маневарски простор, доколку не се спроведат реформи на системот. Јазот меѓу приходите и расходите расте, а Фондот за пензиско и инвалидско осигурување станува сѐ позависен од државниот буџет. Владата ги чека анализите ...
По еден месец криза, жителите на Гостивар конечно добија добра вест – водата од градскиот водоводповторно е безбедна за пиење, соопштија надлежните институции на денешната прес-конференција во градот. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување и шеф на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов, информираше дека водата во Гостивар може повторно да се користи за пиење. „Последните добиени резултати покажуваат дека водата е ...
Живко Чинго не научи дека расказот е најдлабокиот отпечаток на човековата душа, магичен мост меѓу нашата традиција и современиот копнеж за слобода. Неговата литература останува траен патоказ за секој што се осмелува да пишува. Вечерва, додека се сеќаваме на неповторливиот Живо Чинго и неговата Пасквелија, имаме посебна чест да му ја дадеме наградата за најдобар расказ на д-р Марјан Патлиџанковски. Со својот авторефлексивен и силен расказ ...
На 13.08.2026 во СВР Струмица е пријавено дека околу 23:30 часот на магистралниот пат Струмица – Граничен премин Ново Село, во атар на с.Турново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат леон“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Б.(29) од Струмица и мотоцикл без регистерски ознаки, управуван од А.Д.(19) од с.Иловица. Во несреќата, од здобиените повреди на местото починала 19-годишната К.Ј. ,сопатничка на ...
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, во врска со ширењето на лажните информации на социјалните мрежи за наводно загадување на водата за пиење во Скопје, до сега повика 13 лица на информативен разговор. Со лицата е извршен службен разговор, при што сите се изјасниле дека информациите ги објавиле или споделиле откако претходно виделе слична објава на ...
Долгонајавуваната европска дозвола за патување за граѓаните на земјите без виза повторно е одложена. Засега, Европската Унија нема нов датум за почеток на системот ЕТИАС (ETIAS), па патниците се предупредени да не пополнуваат никакви барања ниту да плаќаат ништо, пишуваат српските медиуми. Европскиот систем за информации и авторизација за патување (ЕТИАС ) требаше да биде воведен на крајот од оваа година, па затоа е одложен за следната ...
Изборот за песна на Евровизија (ЕСЦ) во иднина ќе може да се одржува само во земји со стабилна безбедносна состојба. Тоа го предвидуваат новите правила на Европската радиодифузна унија (ЕБУ). Земјата-победник автоматски веќе нема да може да биде домаќин „доколку вооружен конфликт, чувствителна геополитичка ситуација или друга околност значително ја нарушува безбедноста или стабилноста на државата или нејзиниот непосреден регион“, соопшти ЕБУ. ...
Поради силен шумски пожар, мораа да бидат евакуирани две места на грчкиот полуостров Халкидики кои се многу популарни меѓу туристите. Засегнати беа околу 250 жители на Сивири и Фурка, како и туристи, кои во четвртокот (13.08) со чамци преку морето беа пренесени на безбедно. Пожарот за само неколку часа се доближил до двете населени места, кои се опкружени со борови шуми типични за регионот и лесно запаливи. Според противпожарната служба во ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека со внимание ја следи актуелната состојба со пожарите во Грција, преку своето дипломатско-конзуларно претставништво во Солун и во комуникација со надлежните грчки институции. „Апелираме до нашите државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефонски број на Министерството +389 75 268 736, на електронската адреса ...
По вознемиреноста во Скопје предизвикана од информации за отпад во близина на заштитеното подрачје на изворите Рашче и можните последици врз квалитетот на водата, Град Скопје започна со расчистување на депонијата кај Радуша. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и надлежните институции тврдат дека водата што ја пијат скопјани е безбедна. Од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје демантираат дека во скопскиот водовод има присуство на ...
Во септември во училишните клупи можно е да седнат речиси 5.000 помалку првачиња во споредба со минатата година. Намалениот број на уписи ја отвора една од најважните дилеми за иднината на Северна Македонија: дали училиштата остануваат празни поради падот на наталитетот или поради иселувањето на младите семејства? Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, оценува дека една од причините е намалениот број новородени деца во 2020 ...
Секој четврти ученик на возраст од 15 до 16 години во Северна Македонија се коцкал за пари во текот на изминатите 12 месеци, покажуваат најновите истражувања. По повод Меѓународниот ден на младите, младинската група на Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување, ХЕРА Млади, заедно со Иницијативата „Фрли ја коцката!“, преку герила-акција во Скопје го изрази својот револт од сè поголемата присутност и нормализација на коцкањето и ...
Четврт век по конфликтот во 2001 година, Северна Македонија сѐ уште е на патеката за градење доверба меѓу Македонците и Албанците. Денеска, кога се навршуваат 25 години од потпишувањето на Охридскиот договор со кој во 2001 беше ставен крај на нивниот вооружен судир, двете заедници живеат во мир, но не може да се каже и во хармонија. По доаѓањето на власт на конзервативната партија ВМРО-ДПМНЕ пред две години, дотогаш водечката албанска партија ...
Основното јавно обвинителство Скопје отвори предмет по допрен глас за наводите за енормно загадување на природата со отпад во заштитеното подрачје во близина на изворите Рашче. Случајот предизвика внимание во јавноста, особено по објавените снимки од терен, но надлежните институции уверуваат дека водата во Скопје е безбедна за пиење и дека досега нема индикации за здравствени последици поврзани со квалитетот на водата. Обвинителството отвори ...
Прогласена е епидемија на западнонилска треска во повеќе скопски општини, откако во земјата се регистрирани 26 случаи на заболувањето, од кои 25 во Скопје и еден во Велес. Здравствените власти уверуваат дека нема место за паника, но апелираат граѓаните доследно да ги почитуваат мерките за превенција и лична заштита од комарци. Во Северна Македонија од почетокот на годината се евидентирани 26 пациенти заболени од западнонилска треска, а едно ...
По повод одбележувањето на 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор, Министерството за односи меѓу заедниците организираше инклузивен панел на кој учествуваа универзитетски професори, експерти од различни области, поранешни дипломати, политичари, еминентни новинари, како и претставници на фондации и организации кои работат со граѓанското општество. На почетокот од настанот, министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, им се ...
Младите се двигател на општествениот развој, а нивното знаење, креативност и енергија се најголемата инвестиција во иднината на државата. Затоа, континуирано работиме на создавање повеќе и подобри можности за образование, личен развој и професионална реализација на новите генерации во сопствената земја. По повод 12 август, Меѓународниот ден на младите, Министерството за образование и наука уште еднаш ја потврдува својата заложба младите да ...
Во текот на вчерашниот ден (11.08.2026) во периодот од 16:00 до 21:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на целата држава, при што санкционирани се 115 возачи. Од нив, 35 на територијата на СВР Тетово, 34 на територија на СВР Охрид, 19 на територија на СВР Битола… За време на контролата санкционирани се и ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја изрече првата глоба за напуштање новородени животни во земјава. Сторителот од Скопје е казнет со 550 евра во денарска противвредност, откако во парк во близина на скопски трговски центар фрлил цело легло со мали мачиња. Инцидентот бил забележан од совесен граѓанин кој веднаш го пријавил случајот до ЈП „Лајка“, приложувајќи фотографии и видеоснимки од напуштањето. Врз основа на доказите и ...
По долга и исцрпувачка борба на ветеринарниот тим и активистите, познатиот срнак Мартин денеска подлегна на тешките повреди. Неговата состојба драстично се влошила во текот на попладнето, по што итно бил пренесен во хируршка сала поради обемно внатрешно крварење во абдоменот, предизвикано од силната повреда. И покрај долготрајната реанимација и животоспасувачката операција, медицинскиот тим не успеал да го спаси. Загубата ја бранува јавноста ...
Поле на намален воздушен притисок југоисточно од нас, односно некаде над Турција, но и продор на поладен воздух на висина од исток и од североисток, во деновите четврток и петок (13 и 14 август) во Македонија атмосферата ќе се дестабилизира. Тоа значи дека во попладневните часови ќе се развиваат локални облачни конвективни грмотевични јадра од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално атмосферските процеси ќе бидат ...
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со претставници на меѓународната туристичка групација „Корендон“. Во фокусот на средбата беа потенцирани можностите за остварување на соработка во областа на авиосообраќајот и туризмот. На средбата, заменик претседателот на Владата, Николоски го истакна огромниот потенцијал на Македонија како туристичка и авио дестинација, особено во услови на ...
Министерството за внатрешни работи и Фондот за здравствено осигурување информираат дека проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР е надминат и дека тие повторно можат непречено да ги користат здравствените услуги. Во текот на денот, двете институции беа во континуирана координација и, во соработка со Управата за јавни приходи, ги презедоа потребните активности за утврдување и отстранување на причините што доведоа до ...
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи. Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за ...
Ми претставува особено задоволство што од една храбра идеја, Ohrid Water Festival прераснува во автентичен спортски бренд на нашиот град. Од 12-ти до 30-ти август, Охридското Езеро повторно ќе биде сцена на голем број спортски и рекреативни активности, а фестивалот ќе понуди содржини за различни генерации, различни интереси и различни нивоа на спортска подготвеност. Секако, круна на целата фестивалска програма и оваа година ќе биде Охридскиот ...
Македонија самостојно преку билатерални договори го решава проблемот со транспортерите. Веќе имаме такви договори со Швајцарија, Хрватска и Романија, а работиме со Австрија, со Германија и Унгарија. Тоа е систем на ЕУ и тие треба да најдат решение, ние во рамки на можностите на Владата го наоѓаме решението преку овие билатерални договори за долгорочни работни визи, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар ...