На 86-годишна возраст почина Мате Мишо Ковач, една од најголемите музички ѕвезди на поранешна Југославија. Во кариерата долга повеќе од половина век продаде над 20 милиони плочи, а зад себе остави безвременски хитови како „Ostala si uvijek ista“, „Ako me ostaviš“, „Proplakat će zora“ и „Ti si pjesma moje duše“. Легендата на Шибеник, Далмација и Хајдук останува запаметен како еден од најпрепознатливите и најсаканите пејачи во регионот. На ...

Во САД денеска (3.11) се одржуваат изборите за Конгресот, кои претседателот Доналд Трамп ги прогласи за гласање за неговата политика и работа. Првите избирачки места се отвораат во 6 часот наутро по локално време на источниот брег на земјата. На изборите се пополнуваат сите 435 места во Претставничкиот дом и 35 од вкупно 100 места во Сенатот. Демократите се надеваат дека ќе успеат да ги преземат двата дома на Конгресот од Републиканската ...

Кремљ во многу скоро време ќе добие уште едно „уво“ со кое ќе може да ја прислушува Европа. Според извештаите, при крај е изградбата на нов, огромен радарски систем во наоружаната руска ексклава Калининград. Гледано од воздух, трите краци на објектот, од кој секој има должина од над 500 метри, изгледаат како вонземјани да оставиле трага во инаку недопрено и заштитено шумско подрачје. Објектот наликува на платформа за слетување или лансирање ...

Во САД започнаа важните парламентарни избори на кои милиони Американци, барем индиректно, ја оценуваат политиката на американскиот претседател Доналд Трамп. Во многу сојузни држави на источниот брег, како Њујорк и Њу Хемпшир, избирачките места беа отворени во 6 часот по локално време. Во североисточната сојузна држава Вермонт, според планот, поединечни избирачки места беа отворени еден час порано. Од 7 часот по локално време гласањето почна ...

Европа влегува во зимската грејна сезона со најниско ниво на резерви на гас во последната деценија. Како што соопшти Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), европските складишта на крајот на октомври биле исполнети само 75 проценти. Според агенцијата, тоа е најниското ниво од 2013 година. ИЕА предупредува дека ова може да доведе до продолжување на затегнатата состојба на глобалните пазари на гас во 2027 година. Ниското ниво на пополнетост, ...

Американските избирачи ги казнија Републиканците на претседателот Доналд Трамп и ѝ овозможија на Демократската партија да ја преземе контролата врз Конгресот. Според проекциите, Демократите освоија мнозинство не само во Претставничкиот дом, туку и во Сенатот, нешто што пред само неколку месеци се сметаше за малку веројатно. Гласањето прерасна во своевиден референдум за политиките на Трамп, кого многу гласачи во САД го сметаат за одговорен за ...

Меѓуизборите во САД во вторникот донесоа низа историски преседани во политичкото лидерство низ земјата, во изборна ноќ во која гласачите остро го отфрлија вториот мандат на претседателот Доналд Трамп. Првата црна жена избрана за гувернер, првиот отворено хомосексуален маж избран за сенатор, првиот муслимански сенатор и првата Индијанка избрана за гувернер остварија историски победи на изборите, на кои демократите забележаа убедливи ...

Франција денеска (5.11) е соочена со она што речиси може да се нарече „класичен“ протестен ден – големите француски синдикати повикаа на штрајкови и демонстрации. Темите кои се причина за протестите се бројни: платите, зачувувањето на јавните служби, вработувањето и даночната правда. И синдикатите на железничарите ги повикаа вработените на штрајк. Останува отворено прашањето дали ова ќе биде уште еден чекор кон создавање подолготрајно ...

Американскиот претседател Доналд Трамп, по средба на претставници на Москва и Киев во Белата куќа, најави „многу голем“ договор со Русија кој, според него, нема да се однесува само на Украина, туку можеби и на „цела Европа“. „Тој ќе опфати повеќе од Украина, а би можел дури да кажам и дека би можел да ја опфати цела Европа“, им изјави Трамп во четвртокот (5.11) на новинарите во Вашингтон. Американскиот претседател, според сопствени изјави, во ...

По најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за голем договор поврзан со Украина, Русија ги намалува очекувањата. Москва досега не гледа подготвеност од европска страна за разгледување на прашањата за идниот безбедносен систем на континентот, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, според руската новинска агенција Интерфакс. Тој додаде дека Европејците досега не определиле ниту преговарач кој би учествувал во идните разговори. ...

Поквалитетно инфраструктурно поврзување на Македонија со регионот е врвен приоритет на Владата. Како земја која нема излез на море, градиме инфраструктура што директно ќе не поврзе со три пристаништа, истакна заменик претседателот на Владата Александар Николоски на средбата со заменик претседателот на Владата на Црна Гора, Филип Ивановиќ. Ова според вицепремиерот Николоски е нова можност за развој на домашната економија, трговската соработка ...

Тој го забележува својот плен и на растојание до 200 метри. За разлика од многу други крлежи, не чека скриен во тревата додека жртвата да му се приближи. Наместо тоа, тргнува во потера по крава, овца или човек, а потоа се прикачува и каснува. Порано крлежот од родот Хиалома (Hyalomma) бил распространет главно во Африка, Азија и јужните делови на Европа. Но климатските промени му обезбедуваат сè подобри услови за опстанок и во подалечните ...

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска објави снимки од завршувањето на вториот дел од изградбата на Коридорот VIII, Папер – Ура е Грикшит, во областа Елбасан. „Уште една инвестиција што ја зголемува безбедноста во сообраќајот и ја олеснува поврзаноста меѓу населените места“, напиша Рама покрај објавеното видео. Станува збор за делница долга 1,8 километри, која се протега на левата страна од реката Шкумбин. Во рамките на овој проект, на ...

Илијана Јотова победи во вториот круг од претседателските избори во Бугарија, покажуваат првите прогнози. Според првичните резултати, Јотова освоила околу 57 отсто од гласовите. Нејзиниот противкандидат, поранешниот преоден премиер Андреј Ѓуров, добил меѓу 38 и 39 отсто од гласовите. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ѝ честиташе на Јотова. „Од безбедноста и одбраната, па сè до нашата конкурентност и енергетска ...

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков претпладнево се поклони и положи цвеќе во Спомен паркот на револуционерите, а по повод 7 Ноември – Денот на ослободувањето на градов. Покрај општинската делегација која ја предводеше тој, цвеќе положија и останати делегации на претставници од политичкиот и јавниот живот во градов. По повод празникот, вчера цвеќе беше положено и пред спомен обележјата од НОБ кај Градски гробишта, во паркот пред Основниот ...

Во изминатото деноноќие, на територијата на целата држава регистрирани се 11 пријави за семејно насилство. Во неколку од случаите полициски службеници лишиле од слобода лица осомничени за насилство, додека по останатите пријави се преземаат мерки за расчистување на настаните. На 06.11.2026 година во ОВР Прилеп, жена пријавила дека подолг временски период била следена и вознемирувана од нејзиниот поранешен партнер, кој доаѓал на нејзиното ...

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициски службеници лишиле од слобода 17 лица додека со едно лице е извршен службен разговор, поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Десет лица управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за Е.С.(34), Р.Ш.(18), Б.К.(19), кој управувал мотоцикл, Б.А.(49) и П.И.(29), сите од Скопје, А.А.(37) од ...

Вчеравечер, во Центарот за култура „Григор Прличев“, се одржа свечена академија по повод 7 Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид, со која беше одбележана 82-годишнината од слободата на градот. ‎На присутните им се обрати градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков. ‎– Во предвечерието на еден од најзначајните датуми во историјата на Охрид, со особена чест и длабока почит, се поклонуваме пред храброста, пожртвуваноста и непокорот на ...

Министерството за правда го објави комплетниот список од 49 лица кои Александар Вучиќ ги помилувал на 27 септември, денот кога поднесе оставка на функцијата претседател на Србија. Меѓу нив е и државната секретарка во Министерството за внатрешни работи, Дијана Хркаловиќ, која беше обвинета за трговија со влијание, најмалку 15 лица на кои им се ставаше на товар злоупотреба на службена положба, лица кривично гонети за перење пари, како и лица за ...

Црна Гора би можела да стане следната членка на Европската Унија, оценува Европската Комисија. Според новата анализа на институцијата од Брисел, земјата би можела успешно да ги заврши пристапните преговори уште до крајот на оваа година. Реалното приклучување кон Унијата потоа би можело да следува во 2028 година. Во анализата се наведува дека во наредните недели ќе биде клучно Црна Гора да го задржи доследниот фокус на подготовките за членство ...

Летот ЈУ134 на „Ер Србија“ за Москва веќе бил длабоко во воздушниот простор над Литванија кога екипажот добил инструкција да се врати во Белград. Меѓу патниците биле и поранешниот министер за одбрана и за внатрешни работи и поранешен директор на Безбедносно-информативната агенција, Александар Вулин, долгогодишниот директор на државниот „Србијагас“, Душан Бајатовиќ, како и министерот без ресор Ненад Поповиќ. Сите тројца во Србија се познати по ...

Арлинда Зекај многупати барала заштита од полицијата. Од полицијата сметале дека таа претерува. На 25 октомври, 49-годишната Зекај повторно дала изјава во полиција против нејзиниот сопруг, кој потоа бил уапсен. Но, Зекај од полицијата барала и дополнителна заштита од семејството на нејзиниот сопруг. Залудно. Полицијата ја однесла Арлинда Зекај до дома. Таму ја чекал нејзиниот убиец. Таа го напуштила полициското возило во 20 часот и 58 минути. ...

Општина Пустец го прифати барањето на Македонското друштво “Илинден“-Тирана официјалната веб-страница на Општината, покрај на албански, да биде достапна и на македонски јазик. Оваа иницијатива, побарана од Македонското друштво “Илинден“-Тирана, ќе овозможи за првпат официјалната веб-страница на Општина Пустец да нуди информации и на македонски јазик. По официјалното барање на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, упатено до градоначалникот ...

Денеска (5 ноември 2026 година) во Скопје, заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени присуствуваше на завршниот настан на ИПА проектот „Воспоставување на електронски систем за водење на евиденција на институциите за спроведување на законот“ (LERMS), во чии рамки беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу надлежните институции. Во своето обраќање, заменик министерот Исени истакна дека проектот претставува значаен чекор кон ...

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски денеска соопшти дека реформите поврзани со европската агенда остануваат во фокусот на Владата, при што се работи на унапредување на транспортот, комуникациите и реализација на инфраструктурни проекти. -Работна сабота – Реформите за ЕУ во фокус. Реализираме реформи за подобрување на транспортот, комуникациите, изградба на автопати, железница, реформи и инвестиции – напиша Николоски на ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски учествуваше на Министерскиот форум ЕУ – Западен Балкан за правда и внатрешни работи, кој се одржа на 5 и 6 ноември во Будва, Црна Гора, во присуство на министри од земјите на Западен Балкан и претставници на европските институции и агенции. Во рамки на форумот, министерот Тошковски имаше две обраќања посветени на управувањето со миграцијата и граничната безбедност, како и на борбата против ...

Во текот на следната седмица метеоролошките модели и понатаму упорно цртаат надоаѓање на потопол, но и повлажен воздух од Атлантикот кон Балканот и Македонија. Тоа значи дека ќе бидеме под влијание на јужно воздушно струење кое ќе услови особено од средината на следната седмица да имаме температури значително над просекот за овој период од годината кога тие во делови од Балканот ќе надминуваат и 20 степени. За време на ова затоплување во ...

На 05.11.2026 околу 19:00 часот, во село Кучевиште, скопско полициски службеници од СВР Скопје сопреле патничко моторно возило „сузуки“, управувано од М.К.(37) од Скопје во кое се превезувале огревни дрва без соодветна документација за нивното потекло и транспорт. М.К. е приведен по член 104 став 11 од Закон за Шуми и спроведен во Полициска станица за понатамошна постапка. Известена е Шумската полиција за преземање понатамошни мерки и ...

Засилени инспекциски контроли низ целата држава спроведе Државниот пазарен инспекторат во текот на октомври 2026 година, при што биле извршени вкупно 2.401 инспекциски надзор и издадени 737 прекршочни платни налози. Вкупната вредност на изречените прекршочни платни налози надминува 18,94 милиони денари, информираат од Државниот пазарен инспекторат. Според објавените податоци, најголем дел од контролите биле насочени кон почитувањето на ...

На 06.11.2026, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, под раководство на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Н.Н.(60) од Гостивар за сторено кривично дело „трговија со луѓе“, по член 418-а, став 1 од Кривичниот ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
0.51
64%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.06
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
87%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
67%
1028
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
72%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
81%
1026
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.13
62%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / -1ᴼ
0.51
86%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
91%
1029
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Бакар

12.58