Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 11 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив седуммина управувале возило без возачка дозвола (четворица во Скопје, двајца во Тетово и еден во кумановско), еден возач во Дебар управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана, а еден возач во Битола возел под дејство на алкохол. Во Градско, едно лице управувало возило со ...
На 03.05.2026 во 01:30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Б.Д. (55) од Велес, кој престојува во Охрид, постапувајќи по пријава од неговата 21-годишна невенчана сопруга дека во домот во кој престојуваат во Охрид физички ја нападнал, а притоа го удрил и нивното бебе. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 02.05.2026 во 18:00 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР ...
Европската Унија воведува нова дигитална услуга, „Travel to Europe“, која би можела значително да им го олесни преминувањето на границите на патниците во рамките на новиот систем EES. Границите кон Европа повеќе не се исти – пасошите повеќе не се печатат, туку секој влез и излез се дигитално евидентира, со задолжително фотографирање и земање отпечатоци од прсти. Новиот систем EES е целосно воведен на надворешните граници на Европската Унија ...
Грбавиот кит кој повеќепати се насука во Балтичкото Море, кого медиумите го нарекоа „Тими“, сега плива во Северното Море. Како што за агенцијата АФП потврди Карин Валтер-Момерт од спасувачката иницијатива, китот изутринава (2.05) околу 8:45 часот го напуштил шлеперот со кој беше влечен до Северното Море. Животното, како што се вели, сега плива самостојно и слободно и, барем засега, и во правилната насока. Четири до шест години стариот кит ...
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет нареди повлекување на околу 5.000 американски војници од Германија. Се очекува повлекувањето да биде завршено во наредните шест до дванаесет месеци, соопшти портпарол на Пентагон. Оваа одлука е резултат на темелна проверка на присуството на американските трупи во Европа, изјави портпаролот. Таа ги зема предвид барањата на оперативните подрачја, како и условите на теренот. Доналд Трамп неодамна ...
Младиот математички талент Македон Димитровски постигна извонреден успех на Германската математичка олимпијада, освојувајќи два златни медали и потврдувајќи го својот статус меѓу најдобрите млади умови во светот. Димитровски освои златен медал во индивидуална конкуренција по математика, како и златен медал во математички предизвик, а со своите резултати беше вброен и во престижната група лауреати – признание резервирано за најуспешните ...
Денес недела 3 Мај 2026 особено во претпладневните часови ќе имаме повеќе облачност и особено во западните и во југозападните предели ќе има локални врнежи од дожд а на планините над 1200/1300 метри надморска височина ќе има повремен снег. Во текот на попладневните часови облачноста ќе се намалува.Во Скопје и околината денес недела 3 Мај 2026 во претпладневните часови ќе има услови за повремен локален дожд. Во текот на денешниот ден недела 3 ...
Денеска (02.05.2026) во периодот од 12:00 до 20:00 часот на подрачјето на град Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање прекршоци што ги чинат возачи на велосипеди со помошен мотор, трицикли, четирицикли и мотоцикли, при што санкционирани се 113 возачи. Од нив четири возачи се санкционирани поради управување мотоцикл со несоодветна категорија, 17 санкции се ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив пет управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник, двајца управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана, а седум лица управувале возило под дејство на алкохол. Во Скопје едно лице возело без возачка дозвола, еден во Велес, еден во Демир Хисар и по едно лице во ...
Нови измени на Законот за заштита и благосостојба на животните предвидуваат построги правила за сопствениците на домашни миленици, високи казни за злоупотреба, како и нов пристап кон проблемот со бездомните животни. Како што објави телевизија Телма, предлог-законот, изготвен од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и усогласен со повеќе институции и здруженија, веќе е подготвен, но се појавува нејаснотија околу тоа дали стигнал до ...
Без оглед на правната рамка, американскиот претседател Доналд Трамп нема намера да бара дозвола од Конгресот за продолжување на војната со Иран. „Никогаш порано“ не е побарано такво овластување, изјави тој. „Зошто ние да бидеме исклучок?“ Сепак, Трамп нагласи дека е во комуникација со Конгресот. Теоретски, периодот во кој на Трамп му е дозволено да ја води војната истекува овој викенд. Според законот, врховниот командант може да нареди ...
По исклучително ладното време за овој период од годината со ниски температури и појава на утрински мразеви, веќе во текот на следната седмица, односно во периодот од 4 Мај 2026 (Понеделник) до 10 Мај 2026 (Недела) во Македонија ќе имаме значително повисоки температури на воздухот и тие ќе бидат вистински пролетни и во пораст како утринските, така и максималните дневни температури на воздухот. Во понеделник и во вторник (4/5 Мај 2026) ќе ...
Меѓу Соединетите Американски Држави и Иран во моментов е на сила прекин на огнот. Во тој контекст, САД бараат излезна стратегија од војната со Иран. Две опции се разгледуваат сериозно: продолжување на морската блокада на иранските пристаништа или нов бран воени напади со цел режимот во Техеран да биде принуден на отстапки. „САД често комбинираат стратегиски сигнали со намерна нејаснотија за да си остават простор за дејствување“, објаснува за ...
Авионот на компанијата Енвои Ер со седиште во Мајами, подружница на Американ ерлајнс, во четвртокот околу 13:15 часот (локално време) слета на меѓународниот аеродром Симон Боливар во Мајкетија, во близина на главниот град на Венецуела, Каракас. Од 2019 година, кога беа прекинати дипломатските односи меѓу двете земји, немаше комерцијални летови. Слетувањето на американскиот авион претставува уште еден чекор во нормализацијата на односите по ...
Трудот е темелот врз кој се гради секоја силна држава. Нема напредок без работа. Нема стабилност без создавање вредност. Нема иднина без луѓе што вложуваат, градат и веруваат. Денес им оддаваме признание на сите што секојдневно придонесуваат со знаење, со труд и со посветеност. Нашата обврска е јасна: повеќе можности, подобри услови и фер правила за сите што работат и создаваат. Државата се гради со труд. Продолжуваме заедно со посветеност и ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, петмина (двајца во Кичево и тројца во Скопје) управувале возило без возачка дозвола, а двајца ( по еден во Неготино и Кичево) управувале возило под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во ...
На 29.04.2026 во 23:15 часот во село Муртино, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода С.З.(36), Д.В.(21), Б.М.(20) и С.А.(40), сите од село Муртино, струмичко. При претрес во домот на С.З. извршен со судска наредба, во кој биле затекнати и Д.В., Б.М. и С.А. била пронајдена марихуана. Лицата се задржани во Полициската станица Струмица, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство ...
На 30.04.2026 во 17:10 часот, во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишија од слобода 36-годишен велешанец, постапувајќи по претходна пријава дека и се заканувал на неговата 33-годишна вонбрачна партнерка пред домот каде таа престојувала, а истото се случило и неколку дена претходно. Известени се јавен обвинител и социјален работник и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава. На 30.04.2026 во 00:22 часот во СВР ...
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против К.К.(36), С.Р.(38), М.Т.(42), С.О.(61) и Ѓ.М.(54), сите од Струмица, поради основано сомневање дека К.К., С.Р. и С.О. сториле кривичното дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в, М.Т. го сторила кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353, а Ѓ.М. сторил кривично дело „бесправно градење“ по член 244-а од ...
Министерството за внатрешни работи го расчисти случајот со обидот за опожарување на верскиот објект на Еврејската заедница во Скопје на 12.04.2026 околу 04:50 часот. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со СВР Скопје и Агенцијата за национална ...
Заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и министерот за транспорт и врски и заменик претседател на Владата, Александар Николоски, денeска го означивме почетокот на изградбата на современа катна гаража во централното градско подрачје на Охрид. Ова е еден од најзначајните инфраструктурни проекти за нашиот град, со кој конечно започнуваме со решавање на долгогодишниот проблем со паркирањето и сообраќајниот метеж, особено во ...
На 01.05.2026 во 00:10 часот во с.Катланово, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Љ.Д.(57). При извршен претрес во неговиот дом со судска наредба, пронајдени се марихуана и дигитална вага. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 01.05.2026 во 00:10 часот во с.Катланово, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија ...
На (30.04.2026) во Дежурната служба на Мобилна единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Сектор за сообраќајни работи пријавено е дека на автопатот Скопје-Велес кај м.в „Манастири“ има излетано возило од автопат. На лице место на настанот веднаш се упатени служби од Мобилната единица на МВР, кои на тешко достапен терен, пронајдоа излетано патничко возило „Сеат” кое што било управувано од К.С (68) од Велес и во истото имало пет ...
Територијата на Македонија на 1 и на 2 Мај 2026 (петок и сабота) ќе се наоѓа под влијание на ладна воздушна маса која се спушта директно од Арктикот до нашиот дел од Европскиот Континент. Во ваква ситуација времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд а на планините со надморска височина од над 1500/1600 метри ќе провејува снег. Исто така ќе има услови и за ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен ...
На (30.04.2026), на Граничниот премин Табановце, лишен од слобода е Б.К. (44) од Прилеп. По претходно добиени информации за сторено кривично дело „измама“, Одделот за криминалистичка полиција, во содејство со СВР Струмица – ОВР Валандово, презеде координирани мерки и активности за расчистување на случајот. Според досегашните сознанија, во периодот од јули до ноември 2025 година, осомничениот, со намера да прибави противправна имотна корист, ...
На 10 мај свечено откривање на споменик на македонските херои од Туминец! На 10 мај (недела), со почеток во 11:00 часот, во селото Туминец ќе се одржи свечено откривање на споменик посветен на македонските херои од ова село: Мире Андоновски, Косте Митревски, Ванко Цветковски, Софре Јанкуловски, Славе Трајчевски, Божин Вурмовски, Павле Вурмовски, Павле Милалевски, Кране Тасевски, Трајче Трајчевски, Дријо Вурмовски, Петре Војовски, Ѓорѓија ...
Секторот за внатрешни работи Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Ј.С.(49) од Битола, полициски службеник во ПО Новаци, поради сомнение дека сторил кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило”, предвидено и казниво по член 297-а став 1 од КЗ. Тој на 24.10.2025 во 17:42 часот, во период кога не бил на работа, на патот Битола-Новаци, под дејство на алкохол управувал патничко возило „хјундаи” ...
Секторот за полициски работи од општа надлежност при Одделот за униформирана полиција реализира семинар за прва психолошка помош наменет за полициски службеници во Охрид. Семинарот беше спроведен со поддршка на Црвениот крст, а во рамки на истиот беа обработени теми од особено значење за полициската професија, како што се укажување на прва психолошка помош при кризни состојби, основни принципи на првата психолошка помош, справување со ...
Рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на САД, Доналд Трамп, разговарале телефонски за времен прекин на огнот во војната во Украина. Путин бил подготвен за пауза на огнот за време на одбележувањето на годишнината од крајот на Втората светска војна, изјави надворешнополитичкиот советник на шефот на Кремљ, Јуриј Ушаков. Русија традиционално ја слави победата над нацистичка Германија во Втората светска војна на 9 мај. Ушаков изјави ...
Политичката криза во Косово продолжува и по речиси година и половина без стабилен излез. Парламентот не успеа да избере нов шеф на државата до рокот од 28 април, утврден со одлука на Уставниот суд, поради што беше распуштен. Со тоа, Косово е принудено повторно да организира предвремени парламентарни избори – трети по ред во период од само 15 месеци. Изборите се закажани за јуни 2026 година. Новата криза беше предизвикана откако премиерот и ...