Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
На 06.08.2026 полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Н.Н.(19) од Скопје затоа што вчера (05.08.2026) во 21:20 часот на крстосница од ул.„Борис Сарафов“ и ул.„Крсто Раковски“ во Скопје, со патничко возило „фиат пунто” удрил во 48-годишната А.С.К. од Скопје и го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.С.К., констатирани во ЈЗУ ГOБ “8 Септември“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од ...
Во текот на вчерашнит ден (05.08.2026) во периодот од 17.00 до 23.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 222 возачи. Од нив, 186 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 14 возачи се лишени од слобода поради сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик, сите возеле без возачка ...
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се обидува да го ограничи правото на автоматско стекнување американско државјанство по раѓање, иако претходно претрпе пораз пред Врховниот суд на САД. Според новите мерки, новороденчињата чии мајки патуваат во Соединетите Американски Држави исклучиво со цел да се породат, во иднина нема автоматски да добиваат американско државјанство. Трамп потпиша декрет со кој, според неговата администрација, ...
Просечната оценка од полагањето матура во јунската испитна сесија изнесува 3,66, пресметано за сите три типа матура: државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура, кои првпат беа воведени оваа година. Два месеца по полагањето на првиот од двата екстерни испити, министерката за образование и наука, Весна Јаневска, и директорката на Државниот испитен центар, Даниела Јовчевска-Михајловска, на прес-конференција ги соопштија ...
Владата не размислува за зголемување на цената на електричната енергија. Напротив, се прави план за да се најде формула со која цената би се намалила или би се проширила евтината тарифа, порача денеска премиетот Христијан Мицкоски, по случувањата во регионот и нискиот водостој во Дунав, Сава и другите европски реки. Премиерот смета дека земјата успешно се соочува со актуелните енергетски предизвици. Според него, притисок врз цената на ...
Железничкото поврзување кон Бугарија влегува во нова фаза. Северна Македонија преку Инвестициската рамка за Западен Балкан на ЕУ обезбеди 149 милиони евра грант за изградба на третата делница од железничкиот Коридор 8. Проектот е дел од заложбите за подобра регионална поврзаност, унапредување на железничката инфраструктура и интеграција на земјата во европските транспортни и економски текови. Во Владата денеска беа потпишани договорите за ...
На Дунав во моментов се гледа колку и нуклеарните централи зависат од својата околина. Во унгарската централа Пакш, која вообичаено произведува околу 40 проценти од потребната електрична енергија за земјата, моментално работи само една од четирите турбински единици. Поради рекордно ниското ниво на Дунав, единствената нуклеарна електрана во земјата во еден момент дури се соочи и со можност за целосно исклучување. Сепак, за европскиот пазар на ...
Во рамки на свечената програма на Општина Охрид по повод јубилеите – 1110 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски и 1140 години од основањето на Охридската книжевна школа, во црквата „Света Софија“ беше промовирано делото „Охридска книжевна школа“ од авторот проф. д-р Димитар Пандев. Книгата е издание на Општина Охрид, во рамки на едицијата „Охридско книжевно наследство“. Делото е отпечатено во тираж од 200 примероци и содржи 300 ...
Таеквондо клуб „Ге-Бек“ – Ресен врши упис на нови членови за сите деца и млади кои сакаат да станат дел од светот на традиционалното Таеквон-До ITF. Редовните тренинзи започнуваат на 10 август, кога клубот ги започнува подготовките за вториот дел од натпреварувачката сезона. Без разлика дали вашето дете сака да се рекреира, да стекне самодоверба или да се натпреварува, кај нас ќе добие стручна обука, безбедна средина и можност за правилен ...
Вселенската компанија Спејс Икс со својот прв деловен извештај по рекордното излегување на берза во јуни ги надмина очекувањата на аналитичарите. Сепак, инвеститорите остануваат претпазливи во однос на тоа дали компанијата на Илон Маск ќе успее да ги реализира своите амбициозни планови. Приходот на Спејс Икс во вториот квартал пораснал за 92 проценти и достигнал 7,8 милијарди долари (6,75 милијарди евра), додека компанијата значително ја ...
Територијата на Македонија останува да биде под влијание на многу топлиот бран од југ, односно од Африка. Времето останува многу топло и сончево со појава на умерена локална облачност. Сепак, во попладневните часови ќе има услови за поретка појава на краткотрајна нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во Скопје и околината времето останува многу топло и сончево, со појава на умерена локална облачност. Во ...
Прашањето дали се водат тајни преговори со Бугарија повторно ја отвори политичката дебата за евроинтеграциите и позициите на Владата во однос на ЕУ. Министерството за надворешни работи ги отфрли тврдењата на опозициската СДСМ за постоење таен договор, оценувајќи ги како невистини и политички конструкции. Од МНР велат дека институциите редовно комуницираат со европските партнери, но дека нема таен договор, ниту преговори што би значеле ...
Температурите кои деновиве достигнуваат и до 40 степени Целзиусови ги засилија предупредувањата за заштита на здравјето на граѓаните. Додека надлежните институции апелираат на претпазливост поради топлотниот бран, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) побара работодавците да преземат дополнителни мерки за заштита на работниците, особено на оние кои работат на отворено и се најизложени на жештините. ССМ бара намалување на работата на ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против Е.Е. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и ...
Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, во периодот од 3 до 9 август 2026 година, како членка на Асоцијацијата на европски сообраќајни полиции – ROADPOL, заедно со уште 34 европски земји, учествува во спроведувањето на засилени сообраќајни контроли во рамки на Европската недела на контроли. Акциските контроли се насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои ја пречекоруваат дозволената брзина на движење, со ...
Денеска (05.08.2026) полициски службеници од Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи на МВР го лишија од слобода М.Ш.(39) од с.Челопек-Тетово, кој на 02.08.2026 околу 19:20 часот на автопат Скопје-Велес, со патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивна насока, за што од страна на очевидци беа објавени и фотографии и на социјалните мрежи. По документирање на случајот, против М.Ш. ќе биде поднесена ...
Со особена чест Ве поканувам да бидете дел од програмата по повод одбележувањето на 1110 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски и 1140 години од основањето на Охридската книжевна школа. Од денес до недела, преку низа културни и духовни настани, заеднички ќе му оддадеме достојна почит на нашиот патрон и на неговото непроценливо книжевно и културно наследство. Со особена чест Ве поканувам да бидете дел од програмата по повод ...
Додека Дунав, Сава и Драва бележат рекордно низок водостој, а некои европски земји се соочуваат со намалено производство на струја и проблеми во пловидбата, состојбата во Северна Македонија засега е стабилна. Експертите велат дека водостоите се намалуваат поради летните горештини, но нема индикации за сценарио какво што моментално се случува во делови од Централна Европа. Но, останува прашањето дали продолжувањето на сушниот период и новите ...
Територијата на Македонија од денес ( среда 5 август) па до крајот на седмицава ќе се наоѓа под влијание на многу топол и сув бран од југ, односно од Африка. Времето ќе биде сончево и многу топло со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец кој повремено ќе засилува на интензитет. Во Скопје и околината исто така времето ќе биде сончево и многу топло со појава на мала до умерена локална ...
Мртва риба лежи на брегот, полуразложена. Мува ползи по нејзините лушпи, а очите веќе ѝ се исколвани од птици. Трупот би можел да биде предвесник на масовно угинување на рибите. Количината на кислород во езерото Веленце е премногу ниска, предупредуваат унгарските експерти за животна средина, и наскоро сè повеќе риби би можеле да се задушат. Температури околу 40 степени и речиси никакви врнежи: долготрајната суша не помина без последици за ...
Водата од градскиот водовод во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење и останува наменета само за техничка употреба, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој по состанокот на Главниот штаб за управување со кризи, најави дека во наредниот период ќе има зајакнати контроли на квалитетот на водата од страна на повеќе надлежни институции. „Штом ќе имаме три последователни резултати кои ќе покажат исправна вода за пиење на сите ...
На 03.08.2026 во Скопје, од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, лишени се од слобода Ф.Р.(30) и Т.Т.(44), двајцата државјани на Република Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“ по член 268 од Кривичниот законик. Имено, при извршен преглед на возило “голф” во кое биле двете лица, пронајдени се пари во различни валути и апоени (евра, американски ...
Н. Е. Буршаков доаѓа во прва официјална посета на Охрид. На средбата беше најавено отворање на Почесен конзулат на оваа централноазиска држава во Охрид. Го поздравувам и потпишувањето на билатералниот договор за соработка во областа на туризмот меѓу двете земји, Македонија и Казахстан чија постапка е во тек. Казахстан е деветта по големина земја во Светот којашто изобилува со богата историја, степски предели и брз модерен развој. Н. Е. ...
Марјан Патлиџанковски е автор на расказот „Службен пат до Тирана“, под шифра „Патникот“ кој беше избран за најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“. Д-р Марјан Патлиџанковски е роден на 22 мај 1973 година во Скопје. Дипломирал, магистрирал и докторирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на групата за Македонска и јужнословенска книжевност. Во „Современост“, во броевите 5 од 2004, 2 од 2005 и 4 од 2005 година ги објавил ...
Во преубавиот амбиент на Селце, успешно се одржа годинешната Летна школа за македонски јазик во Република Хрватска. Проектот, чиј носител е Заедницата на Македонците во Република Хрватска, а се остварува со финансиска поддршка на Министерството за наука, образование и млади на Република Хрватска, уште еднаш ја потврди својата непроценлива улога во зачувувањето на македонскиот јазик, идентитет и култура кај помладите генерации. На шШолата ...
Во периодот од 01.07.2026-31.07.2026 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 20976 издадени платни налози, 4241 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 496 лица, од кои 81 за возење под дејство на алкохол, 373 за ...
Голем број американски сојузни држави управувани од членови на Демократската партија поднесоа тужба против новите царини што неодамна ги воведе претседателот Доналд Трамп за 60 меѓународни трговски партнери. Според тужбата, 25-те сојузни држави ја обвинуваат американската администрација дека повторно воведува произволни и широкоопфатни царини под изговор дека сака да се бори против присилната работа во глобалната трговија. Доколку Федералниот ...
Пожар од големи размери беснее во јужниот дел на Албанија, кај Делвина и Финиќ, каде според министерот за внатрешни работи, Бесфорт Ламалари, ситуацијата е критична. Со часови се соочуваме со тешка ситуација поради пожарите во неколку села во Делвина и Финиќ, а апсолутен приоритет на службите е заштита на населението и домовите. Сите наши структури се на терен и операцијата продолжува без прекин, и од земја и од воздух, со ангажирање на ...
Денес, директорот на Центарот за управување со кризи, г. Мухамед Али, заедно со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, г. Стојанче Ангелов, во Кавадарци одблиску ги координираа активностите за справување со пожар од големи размери. На терен се ангажирани два авиона на Дирекцијата за заштита и спасување, еден хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, еден хеликоптер на Армијата, како и пожарникарските екипи од Кавадарци и ...
Производството на електрична енергија во нуклеарните централи е намалено или суспендирано во неколку европски земји. Причината е нискиот водостој на реките поради сушата и топлотните бранови, а како последица на тоа и недостатокот на вода за ладење. Нуклеарни централи во Унгарија и Романија се затворени – како и реактори во Франција. Нуклеарната централа Чернавода на Дунав има два реакторски блока и е единствениот нуклеарен објект во ...