Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,03% во однос на одлуката од 5.1.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,332%, кај дизелот има ...

Граѓаните во земјава ќе почувствуваат значително олеснување на своите буџети, откако цената на јајцата бележи серизоно намалување, покажуваат најновите податоци од пазарот. Според информации на трговците и големопродажните пазари, стабилизацијата на производството и поголемата понуда на свежи јајца резултираат со пониски цени за потрошувачите, што е особено позитивно за домаќинствата што ги користат јајцата како редовна прехранбена ...

Силниот дожд предизвика опасно мрзнење на патиштата, особено на западот од Германија. Сообраќајот на повеќе автопати во покраините Северна Рајна-Вестфалија и Рајнланд Пфалц напредуваше многу бавно. Според Германската метеоролошка служба, најобилниот дожд паднал во Келн, Дизелдорф и Дуизбург околу 3 часот наутро. Потоа дождовната завеса се поместила кон исток. Обилни врнежи имало и во Франкфурт, Штутгарт и Хановер. Дождот на сите овие места ...

Оловото се користело како материјал за водоводни цевки уште во римско време. Металот е тежок, но истовремено доволно мек за да се витка во посакуваната форма, па може дури и да се втисне името на сопственикот на цевките. Но, одамна е веќе познато дека оловото е токсично. „Труење со олово доведува до невролошко оштетување или анемија“, наведува педијатарот Штефан Безе-О’Рајли, медицинар за животна средина при универзитетот „Лудвиг ...

Бугарскиот премиер во оставка, Росен Жељазков, доби мандат од претседателот на Бугарија Румен Радев за формирање нова влада на ГЕРБ (бугарска централно десничарска партија) и веднаш го врати, јави бугарскиот сервис на Радио Слободна Европа. Со тоа е завршен првиот чекор од постапката откако Жељазков и неговата влада поднесоа оставка на 11 декември 2025 година по едни од најмасовните протести во современата историја на Бугарија. Причината за ...

Денеска (12.01.2026) во 12:40 часот на ул. „Кирил и Методиј“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишија од слобода Ш.А.(54) од Скопје, затоа што вчера (11.01.2026) го оштети стаклото на влезната врата на амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Веднаш по добиената пријава, беа преземени мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот и Ш.А. е лишен од слобода, а по документирање на ...

На 11.01.2026 во 17:53 часот на Граничен премин Стар Дојран, на излез од државата, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Стар Дојран во координација со царински службеници и припадник на Фронтекс, го лишија од слобода М.Г.(56) од Р.Србија, кој управувал товарно возило „ман“ со полуприколка „шмитц“ со српски национални ознаки. При граничната контрола, утврдено е дека е фалсификуван WIN бројот на ...

Територијата на Македонија се наоѓа под влијание на Сибирски Антициклон, односно под влијание на висок воздушен притисок и екстремно ладна воздушна маса која се спушта директно од Сибир кон нашиот дел од Европскиот Континент. Во ваква ситуација имаме стабилно, суво и претежно сончево но многу ладно време со појава на мала до умерена локална облачност. Повремено дува засилен ветер од северен правец кој најмногу е изразен во Повардарието. ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека иранското раководство бара разговори со Вашингтон по неговите закани за воена акција поради насилното задушување на масовните протести во Иран. „Лидерите на Иран се јавија“, им рече Трамп на новинарите во авионот „Ер Форс Уан“ на 11 јануари. Тој додаде дека „средбата се договара… Тие сакаат да преговараат“. Сепак, „можеби ќе мора да дејствуваме пред состанокот“, ...

Вкупно 6.128 странски работници добиле дозволи за привремен престој во Северна Македонија. Тоа е за три и пол пати повеќе отколку пред пет години кога поради работа во земјава дозволи добиле 1.704, покажуваат податоците што Радио Слободна Европа (РСЕ) ги доби од Министерството за внатрешни работи (МВР). Најголем интерес за вработување на странци, според мислењата што ги издавала Агенцијата за вработување од 2020 до сега, има во ...

Во 2025 година, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид опслужија 3,5 милиони патници и 26.500 летови. Двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид минатата година опслужија 3,5 (3.475.288) патници што е зголемување од 9% во однос на 2024 година. Во 2025 година двата аеродроми опслужија 26.500 летови, што е за 4% повеќе во однос на истиот временски период, од ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека најновите напади на Русија врз неговата земја претставуваат „свесен, циничен руски терор“, додека земјата и понатаму се соочува со смртоносни напади и голема штета врз енергетскиот систем во услови на ледени зимски температури. Зеленски рече дека во текот на изминатата недела Русија употребила речиси 1.100 дронови, повеќе од 890 наведувани воздушни бомби и над 50 ракети од различни ...

Пелагониски регион Битола, Могила и Новаци: Во подрачјата каде што имаше излевање на реките, водата постепено се повлекува од поплавените површини. Нивото на река Црна кај с. Новаци во 18:00 часот изнесува 320 см. Демир Хисар: Поради оштетување на мостот на Боишка река, локалниот пат кон село Мренога е затворен за сообраќај. Реките се вратени во своите корита, освен реката Црна во атарот на селата Жван и Единаковци, каде сè уште има излевање ...

На (11.01) во 15:55 часот, во СВР Скопје, од страна на Одделот за обезбедување на определени личности и објекти при Министерството за внатрешни работи, било пријавено оштетување на стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија. Офицерот за безбедност на Амбасадата, преку системот за видео надзор, забележал оштетување на стаклото од влезната врата на објектот. Според досега утврденото, оштетувањето го извршило засега ...

Локалните избори 2025 кои се одржаа во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одржаа во мирна, фер и демократска атмосфера. МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. Не беа регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. Локалните избори 2025 кои се одржаа во дел од ...

Тетовски регион Тетово На патниот правец Тетово – Бањиче, пред ресторанот „Лумаре“, има падната голема карпа на коловозот со опасност од дополнителни одрони. За настанот се известени ЈКП Тетово, СВР Тетово и ДЗС, кои преземаат мерки согласно надлежностите. Состојбата во градот и околината е стабилна, патната инфраструктура е проодна, а коловозите се претежно влажни. Гостивар – Маврово Кај каменоломот е евидентиран одрон на патниот правец ...

Снежните врнежи во Московскиот регион достигнаа 50 сантиметри, што е двојно повеќе од климатската норма од 25 сантиметри, изјави Михаил Леус од метеоролошкиот центар Фобос. „Откако снежните врнежи во петокот ја зголемија висината на снежната покривка во главниот град на највисоко ниво од почетокот на оваа зима, снегот почна да се таложи и да се збива во текот на изминатите 24 часа. Сепак, снежните наноси се сè уште над климатската норма ...

Областа Голо Брдо, населена главно со Македонци, по обилните дождови, од синоќа ја зафатија снежни врнежи, од кога има прекин и во снабдувањето со електрична енергија. Снегот не е исчистен од патиштата а дополнително проблем е и мразот. Без електрична енергија сме повеќе од 18 часа. Што да речам, заборавени сме од властите со децении, па веќе сме навикнати, рече за МИА, Едмонд Османи, од село Требиште, потпретседател на МАЕИ. И албанските ...

Иранските демонстранти не покажуваат знаци на попуштање додека земјата влезе во 15-тиот ден по ред антивладини демонстрации и покрај растечката репресија од страна на безбедносните сили и додека Западот, предводен од американскиот претседател Доналд Трамп, го интензивираше притисокот врз тврдокорните владетели во Техеран. Антивладини скандирања можеа да се слушнат на улиците на Техеран рано на 11 јануари, додека групите за човекови права и ...

Скопски регион На подрачјето Скопје не се евидентирани нарушувања на редовната состојба. Во моментов нема врнежи од дожд или снег и состојбата е стабилна. Тетовски регион Состојбата во Тетово и околината е стабилна, без нарушувања во редовното функционирање. Сите патни правци се проодни, а коловозите се претежно влажни. ЈП „Македонија пат“ редовно го одржува патниот правец Тетово – Попова Шапка. Во врска со појавениот одрон на патниот правец ...

Денеска се навршуваат 26 години од трагичната смрт на полициските службеници и македонски херои Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак, кои во 2000 година, при извршување редовна полициска контрола на влезот во селото Арачиново, беа подмолно и сурово убиени во заседа. По тој повод, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска положи свежо цвеќе пред споменикот на бранителите во кругот на Полициската станица Гази Баба, ...

На 10.01.2026 година во 10:13 часот, полициски службеници од СВР Тетово на булевар ,,Видоје Смилевски Бато“ во Тетово го лишија од слобода С.З.(36) од с. Брвеница. При преземање мерки по претходно случена сообраќајна несреќа, во која учествувал С.З. со патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, било констатирано дека С.З. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.11 промили алкохол во крвта. На 10.01.2026 во 21:18 ...

Граѓани на Кочани, заедно со родителите на починатите во пожарот во „Пулс“, синоќа се собраа во „Паркот на Револуцијата“ во чест и почит кон жртвите во пожарот во клубот „Ла Констелејшн“ во Кран-Монтана во Швајцарија што се случи на 1 јануари годинава. Собирот се одржа под мотото „Два града – иста болка“ во тивка и мирна атмосфера. Присутните запалија 40 свеќи во форма на срце, кон небото полетаа четириесет балони… -Од Кочани, град што ги ...

Вчера (10.01.) во 23:30 часот, во СВР Тетово било пријавено дека двајца вработени во мобилниот оператор А1, кои се наоѓале над село Лазарополе, во близина на базната станица на операторот, биле заглавени во снег. Со лицата не можело да се воспостави контакт поради отсуство на мобилна мрежа. Веднаш по пријавата, случајот бил проследен до ПО Ростуше, по што биле ангажирани припадници на Оддел за специјални полициски операции и Одделот за ...

Денешното утро Недела 11 Јануари 2026 донесе снег и снежна идила на повеќе места во Македонија. Сето ова е поради продорот на многу ладен воздух кој се спушта од север кон Македонија. Дува повремено засилен ветер од северен правец. На табелата која ја објави УХМР може да се види дека утрово на многу места имаме температури под нулата. На табелата можете да го видите количеството на врнежи во литри на метар квадратен во изминатите 24 часа до ...

ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ НА ТМВ: Од 14:10 ч. воведена е забрана за ТМВ на патниот правец Мавровска крстосница-Маврово-Дебар поради врнежи од снег. Од 21:10 ч. се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – ГП Ќафасан во двата правци. Од 00:25 ч. воведена е забрана за ТМВ на патниот правец Кичево – Гостивар поради врнежи од снег. СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски ...

Во Галеријата на уметностите „Гури Мади“ во Корча, беше отворена фотографската изложба „Пустец, природа, наследство, живот“, визуелно патување низ Преспа и македонската заедница во Пустец, преку објективот на уметникот Роланд Беќирај. Изложбата ѝ нуди на публиката автентични портрети, впечатливи пејзажи и посебни детали од традицијата и културата, кои го отсликуваат духот, секојдневниот живот и идентитетот на македонската заедница во Пустец. ...

ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ НА ТМВ: Од 14.10 час. воведена е забрана за ТМВ на патниот правец Мавровска крстосница-Маврово-Дебар поради врнежи од снег. СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува во Маврово-Пресека-Ресен-Буково и Крушево,кој во моментов не се задржува на коловозот. Намалена видливост поради магла до 100м. има на патниот правец ...

Денеска (10.01.2026) СВР Куманово до ОЈО Куманово поднесе кривична пријава против Н.А. (31) од село Слупчане, Општина Липково за сторени кривични дела “полов напад и силување” и “уцена” и против Ќ.М. (28) од село Слупчане,за сторено кривично дело “полов напад и силување”. Н.А., спротивно на јасно изразена волја, извршил полови дејствија врз малолетна девојка во липковско, а ја принудил на полови дејствија и со Ќ.М. Потоа Н.А. се заканувал на ...

Пред утрешното гласање на повторените избори за градоначалник во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа, денеска избирачките одбори ќе им овозможат на болните и изнемоштените лица да го остварат правото на глас во нивните домови, а ќе гласаат и притворените и затворениците, жители на овие општини. Од Државната изборна комисија (ДИК) за МИА посочуваат дека се е подготвено за повторените избори. Во Гостивар за гласање се ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
76%
1013
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
9.77
58%
1008
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
93%
1004
weather icon

Софија

8ᴼ / 3ᴼ
3.09
81%
1014
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.78
91%
1017
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
97%
1003
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
7.2
70%
1015
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.57
45%
1006
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
76%
1006
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
3.6
81%
1016
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
3.6
97%
1008
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
5.14
66%
1018
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Рутениум

45750.51

Калај

49.78

Цинк

3.37

Паладиум

56617.46

Родиум

339190.38

Злато

159322.70

Иридиум

221848.72

Бакар

12.10

Кобалт

64.04

Алуминиум

3.06

Сребро

3663.67

Платина

83354.78