Лукоил соопшти дека ja прифатил понудaта од глобалниот трговец со стоки „Ганвор“ (Gunvor) за купување на неговиот странски имот, кои втората по големина руска нафтена компанија се обидува да го продаде откако Вашингтон воведе санкции врз неа минатата недела. Планираната продажба на странски имот е досега најзначајната акција од страна на руска компанија како резултат на западните санкции воведени поради војната во Украина, која започна со ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека постигнал договор со Ши Џинпинг за намалување на царините за стоки од Кина. За возврат, Кина ќе продолжи да купува соја од САД, ќе го одржува извозот на ретки метали и ќе преземе посилни мерки против нелегалната трговија со фентанил, лек против болки, изјави Трамп во четвртокот. Тој ја даде изјавата по средбата со кинескиот претседател Ши Џинпинг во јужнокорејскиот град Бусан, прва лична средба ...

Доколку околностите во Србија беа нормални, Борис Којчиновиќ од Нови Сад денес ќе прелистуваше водичи за магистерски студии во странство. Наместо тоа, тој паралелно прелистува литература за својата дипломска работа и списоци на волонтери за протестот. Борис е едно од лицата на студентското движење кое, како што велат неговите другари, ја разоткри очигледната вистина: дека корупција и системска небрежност доведоа до уривање на бетонска ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ во средата негираше дека стои зад инцидентите насочени кон турските имигранти во Црна Гора, додавајќи дека „немал поим дека ова се случува“. Одговарајќи на обвинувањата од Подгорица дека Црна Гора се користи за одмазда кон Турција затоа што Анкара доставила беспилотни летала во Косово, Вучиќ рече дека „такво нешто никогаш не му паднало на памет“. „Тие мора да генерираат нова агенда затоа што не знаат што да ...

Под влијание на Антициклон (Поле со висок воздушен притисок) и на стабилна и суво воздушна маса до самиот крај на оваа недела времето во нашата Република Македонија ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе биде претежно тивко и без некој изразен ветер. Утрата и понатаму ќе бидат релативно ладни и со услови за појава на магла или на ниска облачност по котлините и по речните долини. Минималните утрински температури ќе се ...

Канцеларијата за контрола на странски средства (ОФАК) на Министерството за финансии на САД ги отстрани Милорад Додик, претседателот на Алијансата на независни социјалдемократи и членката на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ од листата на санкции. Претходно санкционираните членови на семејството на Додик, нивните компании и блиски соработници, исто така, се отстранети од листата. ОФАК веќе двапати го санкционираше Додик, ...

Се радувам што денеска мој гостин беше младиот охридски теквондист Ненад Целески, кој освои златен медал на Балканското теквондо првенство, што се одржа неодамна во Дупница, Бугарија. Му упатив искрени честитки на младиот спортист за големиот успех и за достоинственото претставување на Охрид и Македонија на ова престижно натпреварување. Ваквите резултати се голем мотив за младите охриѓани и поттик за понатамошен развој на спортот во градот. ...

На денешниот состанок, германската влада усвои предлог за значителнозголемувањенаминималната плата.Вкупно, таа треба да порасне за 13,9 проценти. Ова е најголемото зголемување откако минималната плата беше воведена воГерманијаПред 10 години. Првично, кога минималната плата за работен час за првпат беше воведена во Германија во 2015 година, таа изнесуваше8,50евра бруто на час. Оттогаш, вкупно е зголемена десет пати. Сегашната законска минимална ...

Економијата ќе порасне за 3,8 проценти, а инфлација ќе падне на 2,5 отсто. Вакви се проекциите на Владата која што го усвои предлог-буџетот за 2026 година, со кој економскиот пораст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП. Вкупните приходи се проектирани на 374,7 милијарди денари (6,09 милијарди евра), а вкупните расходи изнесуваат 413,9 милијарди денари (6,73 милијарди евра), додека ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на учеството на осмиот Париски мировен форум, се обрати на сесијата посветена на младите и европската перспектива на Балканот. Таа укажа на суштинската важност на регионалната соработка и повика на разбирање и дијалог, потенцирајќи дека евроинтеграцијата не може да биде диктат, туку е дијалог. Регионалната соработка е многу важна „Регионалната соработка за мене е неверојатно важна. Не може да ...

Од следното полугодие, основците во Хрватска повеќе нема да смеат да користат мобилни телефони на училиште, дури ни за време на одморите. Одлуката, која Министерството за образование ја нарекува „револуционерна промена“ во училиштата, веќе вроди со позитивни резултати во Загреб – повеќе дружење, подобра концентрација кај учениците и помалку случаи на дигитално насилство. Според најавите на советничката во Министерството за образование, Ивана ...

СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против З.А., поранешен директор на Агенцијата за храна и ветеринарство поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“ по член 354 став 1 од КЗ, Ф.М., поранешен заменик директор во агенцијата поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“ по член 354 во врска со член 24 од КЗ „помагање“ и против Л.У., А.Р., Е.Т., А.Б. и А.Б., вработени во Агенцијата за храна и ...

Две години пред парламентарните избори во Полска, двата главни ривали, либерално-конзервативната владејачка партија Граѓанска платформа (ПО) на премиерот Доналд Туск и најголемата опозициска партија, десничарската конзервативна партија Право и правда (ПиС) под водство на Јарослав Качински, ги започнаа првите подготовки за изборната кампања. На конференција во Катовице, Качински ја прогласи Европската Унија, како и Германија и Франција, за ...

Среќен сум што денеска, тука на Меѓународниот Аеродром Скопјe, сите заедно го славиме почетокот на новата авиолинија Скопјe – Мадрид, која за прв пат го поврзува македонскиот главен град со шпанскиот главен град и со срцето на Шпанија. Особено ми е драго што од денеска, 28 октомври 2025 година, Мадрид, една од најпосакуваните дестинации на нашите патници, сега е реалност и што тие ќе можат да уживаат во градот на уметноста, музиката, животот, ...

Под влијание на Антициклон (Поле со висок воздушен притисок) кое ќе биде распространето над поголем дел од Европскиот Континент и кај нас се до крајот на овој месец како и во првите денови од месец ноември во нашата Република Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со повремена мала до умерена локална облачност. Ќе биде претежно тивко и без некој изразен ветер. Наутро и во претпладневните часови по котлините и по речните долини ќе ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика својот американски колега Доналд Трамп да изврши притисок врз Кина да ја прекине својата поддршка за Русија во војната против Украина кога американскиот претседател ќе се сретне со својот кинески колега, Си Џинпинг, на турнеја низ Азија оваа недела. Зеленски изјави дека е подготвен да води мировни преговори насекаде освен во Русија или на територијата на нејзиниот близок сојузник Белорусија, ...

Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство – Скопје и определи мерка притвор од 30 дена за двајца раководители од ЈП „Комунална хигиена“ поради основано сомнение за кривично дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад“, соопшти Кривичниот суд. „Согласно решението на судот, за осомничените С.Р. и А.С., вработени во ЈП „Комунална хигиена“, мерката притвор е определена заради постење на ...

Интеграцијата на Македонија во Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) е историски исчекор кон подлабока европска интеграција, што носи реални придобивки за граѓаните и за компаниите за сегашните, но и за идните генерации. Ова е оценката на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, кој на конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура во Охрид ги најави следните чекори и планови на Народната банка. Инстант платен систем ...

Во рамките на денешната работна посета на Одделението за внатрешни работи Кочани, директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, оствари средба со раководството на сите градови каде што ќе се одржи вториот круг од локалните избори. На состанокот беа разгледани безбедносните состојби на терен, предизвиците и активностите кои полицијата ги презема во пресрет на изборниот ден. Директорот Јанев нагласи дека обврската на полицијата е ...

Делегација на Министерството за внатрешни работи- Центар за обука, предводена од помошник на министерот на Центар за обука престојува во тридневна работа посета на БК Академијата на Германија. Посетата е потврда за најавената меѓусебна поддршка во делот на полициското образование и обука, како и константна поддршка на Центарот за обука, во иднина Полициска академија, во исполнување на европските стандарди за обука и полициско образование. На ...

Денеска (28.10.2025) СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Р. (38) и А.С. (55) до Основното јавно обвинителство Скопје поради сомненија за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“ по член 230 став 1 од Кривичниот законик. Осомничените, С.Р. како в.д. директор, а А.С. како управител за отпад во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, заедно постапиле спротивно на Законот за управување со отпад и на својата ...

Илјадници пластични шишиња и амбалажа „запловија“ по Реката Вардар кај Тетово, предизвикувајќи лавина реакции во јавноста. Видеото коешто го објави селото Копанце на својата веб-страница на Фејсбук, со голема брзина се прошири низ социјалните мрежи. Граѓаните бараат одговори и одговорност за еколошката катастрофа. Надлежните институции возвратија со апели до граѓаните за поголема грижа кон животната средина. Лоцирање на вината Реката Вардар, ...

Претставници на влади, меѓународни организации и приватниот сектор на Меѓународниот форум за енергија за одржлив развој ќе бараат начини како да се трансформираат глобалните енергетски цели во конкретни акции. Ставот е дека енергетската стабилност не е само економско, туку и безбедносно прашање. Децентрализирање на енергетските системи не е повеќе прашање на избор, туку стратешка одлука која носи отпорност, пониски трошоци и енергетска ...

Tаблетите за абортус ги има на црниот пазар, додека МАЛМЕД и натаму не ги регистрира и затоа во аптеките ги нема. Но, се купуваат на интернет или во странство, како и со посредство на некои матични гинеколози. Овие абортуси не се контролирани од лекар, а пациентки со компликации помош барале на Гинеколошките клиники. На интернет, во дел од гинеколошките ординации, но и во аптеки во земјите од соседството – таблетите за абортус се набавуваат ...

Руските сили користеле беспилотни летала за да ги протераат цивилите од нивните домови во близина на фронтовската линија во Украина, следејќи ги со камери и напаѓајќи ги додека барале засолниште, покажала истрагата на ОН објавена на 27 октомври. Во извештајот, кој ќе биде презентиран пред Генералното собрание на ОН оваа недела, се наведува дека нападите „претставуваат злосторство против човештвото со присилно раселување на населението“. ...

Околу 5000 нови случаи со мозочен удар годишно има во државава и ниту една возраст не е поштедена, па дури ни децата, алармира проф. д-р Анита Арсовска, шеф на одделот за ургентна неврологија при Универзитетската клиника за неврологија. Токму на Клиниката, а по повод 29 октомври, Светскиот ден на мозочен удар, на граѓаните денеска (28 октомври) им се врши бесплатен доплер на каротидни артерии, во рамки на отворениот ден на Клиниката. Докторката ...

Повеќе од еден милион корисници на платформата ChatGPT покажуваат знаци на самоубиствена намера секоја недела, објави OpenAI во извештај за безбедноста на својот четбот. Според официјален блог пост, OpenAI проценува дека пораките со „експлицитни индикатори за потенцијално самоубиствено планирање или намера“ сочинуваат значителен дел од вкупните интеракции на корисниците, пишува „The Guardian“. Ова е едно од најдиректните признанија на ...

Рускиот претседател Владимир Путин го прими највисокиот дипломат на Северна Кореја во Кремљ на 27 октомври, министерката за надворешни работи Чое Сон Хуи, додека руските сили продолжуваат со својот напад во источна Украина, продирајќи во клучен град во услови на жестоки борби. Севернокорејските медиуми објавија дека министерката за надворешни работи Чое Сон Хуи разговарала за „многу идни проекти за постојано зајакнување и развој“ на ...

На 27.10.2025 во 21:13 часот на ул.„Солунска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Н.Л.(42) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат” со битолски регистарски ознаки, управуван од Н.Л. при што е констатирано дека возилото го управувал со 2,99 промили алкохол во организмот. На 28.10.2025 во 00:55 часот во ОВР Делчево е пријавено дека во село Габрово, ...

Министерството за здравство информира дека интересот за вакцинација против сезонски грип континуирано расте. Досега се пријавени над 70 илјади граѓани, а вакцинирани се повеќе од 22 илјади лица низ државата. Вакцинацијата се спроведува на 35 вакцинални пункта, од кои пет се во Скопје. Сите заинтересирани граѓани можат да се пријават преку апликацијата vakcinacija.mk или преку својот матичен лекар. Со бесплатната вакцинација се опфатени ...

weather icon

Белград

12ᴼ / 12ᴼ
5.14
72%
1009
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
2.06
88%
1011
weather icon

Софија

10ᴼ / 7ᴼ
7.72
82%
1009
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
7.86
84%
1011
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1011
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.63
92%
998
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
87%
1003
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
93%
1004
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 9ᴼ
8.23
83%
1015
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
3.6
89%
1012
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
4.12
51%
1007
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1006
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Рутениум

29192.88

Сребро

1837.41

Кобалт

55.67

Платина

53106.37

Никел

471972.96

Алуминиум

2.89

Цинк

3.24

Родиум

255598.44

Калај

40.11

Иридиум

145787.60

Паладиум

45879.12

Бакар

10.76