Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ НА ТМВ: Од 14.10 час. воведена е забрана за ТМВ на патниот правец Мавровска крстосница-Маврово-Дебар поради врнежи од снег. СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува во Маврово-Пресека-Ресен-Буково и Крушево,кој во моментов не се задржува на коловозот. Намалена видливост поради магла до 100м. има на патниот правец ...
Денеска (10.01.2026) СВР Куманово до ОЈО Куманово поднесе кривична пријава против Н.А. (31) од село Слупчане, Општина Липково за сторени кривични дела “полов напад и силување” и “уцена” и против Ќ.М. (28) од село Слупчане,за сторено кривично дело “полов напад и силување”. Н.А., спротивно на јасно изразена волја, извршил полови дејствија врз малолетна девојка во липковско, а ја принудил на полови дејствија и со Ќ.М. Потоа Н.А. се заканувал на ...
Пред утрешното гласање на повторените избори за градоначалник во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа, денеска избирачките одбори ќе им овозможат на болните и изнемоштените лица да го остварат правото на глас во нивните домови, а ќе гласаат и притворените и затворениците, жители на овие општини. Од Државната изборна комисија (ДИК) за МИА посочуваат дека се е подготвено за повторените избори. Во Гостивар за гласање се ...
Организирани криминални групи од Балканот имаат врски и во Венецуела. На тоа укажуваат случаите на заплена на кокаин, апсења и судски постапки што се завршени или сè уште се во тек. Овие групи се означени во меѓународни организации, како што се ЕУРОПОЛ и ИНТЕРПОЛ, меѓу клучните актери во криумчарењето кокаин од земјите на Латинска Америка кон Европа. Венецуела, како транзитна држава за шверц на кокаин, доспеа во фокусот на светската јавност ...
СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје околу 11:30 часот, во која патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С. (18) од Скопје, удри во Љ.Ј. (79) од Скопје, која почина од здобиените повреди, а возачот со возилото избега од местото на настанот. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници презедоа мерки и ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на терен изврши увид во работните активности на Македонија Пат со цел справување со снежните наноси кои се очекуваат периодов. Николоски ги посети пунктовите на Македонија Пат на превојот Стража и Пресека. Согласно информациите од терен, патиштата низ земјава се проодни, а снегот редовно се чисти од надлежните служби Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, влажни ...
Иран повторно е зафатен од масовни протести кои властите ги гушат со сила и крв. Овие демонстрации се дел од долгата историја на граѓански побуни против Исламската Република. Во бројни ирански градови се одржуваат протести кои првично беа поттикнати од растот на трошоците за живот, но брзо прераснаа во израз на длабоко незадоволство од политичкиот систем. Според активистите, повеќе од 2.000 лица се уапсени, а најмалку 34 демонстранти се ...
Мери Костадинова, мајка на малата Вики, која боледуваше од леукемија, во објава на Фејсбук вчера сподели дека нејзината ќерка по втор пат излезе како победник во битката со оваа тешка болест. „Со неизмерна благодарност и солзи радосници во очите, го пишувам овој текст за мојата ќерка – моето чудо. По втор пат се соочи со најтешката битка во животот, по втор пат леукемијата застана на нејзиниот пат, по втор пат таа излезе како победник“, ...
Поради продор на многу ладен воздух од север, врнежите кои ги имаме во следните часови ќе се интензивираат а снежната граница полека ќе се спушта па така врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и на пониските места (градовите) а сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од јужен а потоа и од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Температурите во следните часови значително ќе опаѓаат и на повеќе ...
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, најавува дека инфлацијата во Македонија ќе се намалува и годинава ќе се сведе на 2,5%, а потоа постепено ќе се врати на историскиот просек од околу 2%. Додека Народната банка очекува стабилизација на цените, Државниот завод за статистика (ДЗС) во последниот извештај за декември 2025 година посочува дека трошоците за живот за една година пораснале за 4,1%. Народна банка очекува стабилизација на ...
Македонија подготвува радикален пресврт во законот за забрана на пушење. Забраната ќе важи во сите затворени простори од јавен карактер, а увозот и продажбата на тутунски и никотински производи драстично ќе се ограничи. Цигарите целосно ќе се тргнат и од видното поле на купувачите во маркетите. Скроен е новиот закон за заштита од пушење кој ќе биде ставен на јавна расправа. Во сегашната верзија до која дојде и ја пренесува ТВ Телма се ...
Стотици илјади луѓе во Европа останаа без електрична енергија додека бурата „Горети“ продолжува да го погодува северниот дел од континентот. Околу 380.000 домови во Франција останаа без струја, главно во регионите Нормандија и Бретања, соопшти снабдувачот со електрична енергија „Енедис“. Во текот на ноќта, ветар со брзина од околу 150 километри на час беше регистриран во северозападниот француски регион Манш, додека рекордни 213 километри на ...
Партијата Самоопределување победила со повеќе од 51 процент од гласовите на предвремените парламентарни избори во Косово одржани на 28 декември, покажаа податоците од Централната изборна комисија (ЦИК) која го заврши пребројувањето на гласачките ливчиња. Портпаролот на ЦИК, Валмир Елези, изјави дека партиите може да поднесат жалби во рок од 48 часа. Последната група гласачки ливчиња што требаше да се пребројат беа оние испратени по пошта. ...
Инфлацијата во Северна Македонија и натаму останува висока речиси двојно над просекот во Европа и покрај уверувањата на Владата и институциите дека спроведуваат мерки и изрекуваат казни за компаниите кои ги прекршуваат законите. Наместо смирување, цените и натаму растат, како што покажуваат и новите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) објавени на 8 јануари кои велат дека само во текот на на 2025 година во просек е поскапено за ...
Политичката дебата за укинување на техничката влада ја разгорува сцената во Македонија. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, повторно категорично ја одби поканата на премиерот Христијан Мицкоски за лидерска средба на 14 јануари. На прес-конференција во Скопје, Филипче ги образложи аргументите зошто техничката влада не смее да се укине. „Нема средба за техничката влада. Тоа е последната линија за одбрана од целосна злоупотреба на волјата на ...
На 08.01.2026 во 23:30 часот во с.Боговиње, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишија од слобода Б.А.(20) и Ф.А(20) двајцата од с.Боговиње. При преглед на патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава. На 08.01.2026 во 23:30 часот во с.Боговиње, тетовско, ...
На 09.01.2026 во 00:45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода и приведоа двајца 16-годишници од Скопје. При вршење службени дејствија, околу 00:10 часот на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, полициски службеници забележале мотоцикл без регистарски ознаки, кој го управувал еден од малолетниците, но тој не застанал на знак за запирање, по што со мотоциклот удрил во еден ...
На 09.01.2026 во 01:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.С.(30) од село Романовце, кумановско. Тој е затекнат во куќа во село Романовце, сопственост на Х.Ш., при обид да одземе предмети. На 08.01.2026 во 16:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода У.З. (32) од Куманово. Тој се сомничи дека на 01.01.2026 со употреба на сила влегол во деловен простор на плоштад „Нова Југославија“ во ...
На 08.01.2026 во 17:30 часот во ОВР Виница, 77-годишен жител на Виница пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од над 430.000 денари. Според пријавеното, претходно во текот на денот лицето му се јавило, се претставило како лекар и го известило дека неговата ќерка е во болница поради скршеница на нога за која било потребно да се изврши операција со вградување на шипки. Како што е пријавено, лицето му ги побарало парите и откако се ...
Министерот за одбрана Пиро Венгу, синоќа го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч во врска со ситуацијата со поплавите во овој регион, каде состојбата е најкритична. По состанокот, министерот изјави дека состојбата со поплавите во регионот Драч сè уште останува проблематична. Според него, околу 800 домови се поплавени, додека 180 луѓе се евакуирани поради опасноста. „Сите структури се на терен а ситуацијата ...
СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од ...
Пикот на грипот се очекува во втората половина на јануари и првата половина на февруари. Со враќањето на децата во училиште очекуваме дека бројот на заболени од грип може да биде зголемен. Пријавената инциденца е над неделната граница на средна активност на вирусот на грип на национално ниво. Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) ја следи состојбата и доколку е потребно, ќе дадеме препорака да се донесе мерка со која можеби би се пролонгирал ...
Поради продор на екстремно ладен бран кој полека ќе се спушта од север кон територијата на Македонија ќе дојде до формнирање на секундарен циклонски систем над Југоисточна Европа и на големи влажни воздушни бранови кои најпрво во Македонија ќе условат да имаме врнежи од дожд и од снег на пониските места и само снег на повисоките населени места и на планините. Во почетокот поради присуство на потопол воздух во горниот слој од Атмосферата и ...
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во 17:35 часот пријавено е дека на автопат Скопје– Велес, после тунелот “Бадар” има одрон од карпа, која ги има зафатено двете ленти. Сообраќајот не е во застој. На лице место има полициски службеници и екипа од Македонија пат. Од 18:05 часот поради излевање на Црна река од своето корито кај с.Бучин, крушевско имаме прекин на патениот сообраќај на локалните патни правци од ...
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче ја одби иницијативата на премиерот Христијан Мицкоски за одржување на лидерска средба на 14 јануари. Поканата, за која Мицкоски посочи дека има за цел да ги обедини парламентарните партии околу стратешките прашања на државата, а меѓу другото и за укинување на техничка влада, механизам воспоставен со Пржинскиот договор за да се гарантираат фер избори пред избори, Филипче ја отфрли уште пред официјално да биде ...
Северна Македонија располага со стотици милиони евра од ЕУ фондови за инфраструктура, животна средина и реформи, но искористеноста е „релативно слаба“. ЕУ буџетот за 2026 предвидува финансирањето да се базира на конкретни резултати. Проблем се и злоупотребите како последниот со ИПАРД фондовите, поради што средствата се стопирани. Централната пречистителна станица за отпадни води во Скопје е проект поддржан од Европската унија со грант од 70 ...
Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, информира дека во текот на првата недела од 2026 година во Македонија се пријавени 1.725 случаи на заболени од грип или заболувања слични на грип, што е за 2,2 пати повеќе во споредба со претходната недела. Најголем дел од заболените се лица на возраст од 15 до 64 години (749 случаи), по што следуваат деца од 5 до 14 години (618), деца од 0 до 4 години (229) и лица над 65 години ...
Сезонскиот грип го достигнува пикот. Многу граѓани празниците ги поминуваат во болниците. Во Клиниката за белодробни заболувања за деца во Козле, Скопје, се работи со полн капацитет. Ходниците се исполнети со родители и деца кои се жалат на долгото чекање. За време на викендот, само во оваа болница биле прегледани околу 800 пациенти, што е исклучително висок број за 48 часа. Специјалистот педијатар Елена Ѓиновска-Тасевска изјави дека во ...
Обилните дождови што ја зафатија Македонија предизвикаа поплави, одрони и сериозни проблеми во сообраќајот. Во повеќе региони се извршуваат евакуации, а службите за итно дејствување се на терен за справување со кризата. Кичево: Евакуирани 100 лица поради поплави Обилните врнежи од дожд предизвикаа сериозни поплави во Кичево. На улицата „Прилепска“ се евакуирани околу 100 лица, кои се сместени во спортската сала „Христо Узунов“. Црвениот крст ...
На 07.01.2026 во 16:30 часот во СВР Штип, 77-годишна жена од Штип пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 700.000 денари. Според пријавеното, претходно во текот на денот лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ја известило дека нејзината сестра била во болница поради скршеница на нога за која било потребно да се изврши операција со вградување на шипки. Како што е пријавено, лицето ѝ ги побарало парите и откако се ...