Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се финансира проектот за хидроцентралата Чебрен и од каде би се обезбедиле околу 1,5 милијарди евра, колку што, според проценките, би чинела неговата реализација, изјави: „Па јас вчера, во текот на брифингот, реков дека една од иницијативите која што ја имаме е сами, како држава, да го градиме, би рекол, ...
На 08.06.2026 во 12:30 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријави дека на 06.06.2026 околу 19:30 часот во домот во скопско, нејзиниот сопруг Р.Ј.(47) и се заканувал. Со него бил извршен службен разговор во Полициската станица Кисела Вода. На 08.06.2026 во 21:50 часот во СВР Тетово, 60-годишен жител на Тетово пријавил дека околу 16:30 часот во угостителски објект на улица „Илинденска“ бил физички нападнат од неговиот син Е.М.(34). На ...
Лишени од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, а еден со активна забрана Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, а еден и покрај тоа што имал активна забрана. Три лица во Скопје возеле без возачка дозвола и по едно во Кичево, Тетово, Кавадарци и ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на церемонијата за примопредавање на возила и специјализирана опрема за Министерството за внатрешни работи, обезбедени во рамки на регионалниот ИПА проект „Поддршка на ЕУ за зајакнување на борбата против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе во Западен Балкан (EU4FAST)“. Во рамки на донацијата беа предадени 30 алатки за проверка на документи, два детектори за срцебиење, ...
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека утре (10.06.2026), во периодот од 12:00 до 13:00 часот, во атарот на село Грачани, скопско, ќе се спроведе симулациска вежба. За потребите на вежбата на терен ќе бидат ангажирани полициски службеници и службени возила, поради што е можно зголемено присуство на припадници на безбедносните служби во наведениот реон. Апелираме до граѓаните кои ќе се најдат во близина да ги почитуваат ...
Прашањето за изградба на нов клинички центар во Скопје повторно се актуелизира, откако премиерот Христијан Мицкоски излезе со предлог за нова локација. Иако проектот со години беше оптоварен со политички несогласувања, идеи и блокади во минатото, сега фокусот е ставен на негово придвижување и изнаоѓање конкретно решение. Каде ќе се гради новиот клинички центар? Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата разгледува нова локација за ...
Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува: Р Е Ш Е Н И Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА ЕДИНАЕСЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЈА СВИКУВАМ единаесеттата седница на Советот на општина Охрид на ден 16.06.2026 година (вторник) со почеток ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го поздрави нон-пејперот што го иницираа германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон во пресрет на самитот ЕУ – Западен Балкан, но нагласи дека конечни оценки може да се дадат дури по објавување официјален документ. „Мојата оценка е дека кога ќе видиме документ, ќе можам попрецизно да кажам за што станува збор. Нон-пејпер значи текст без потпис и формален статус, но ...
Ерусалимскиот патријарх се сретна со претседателот Трамп во Белата куќа: фокус на заштитата на христијаните на Блискиот Исток Ерусалимскиот патријарх беше во Белата куќа, каде што околу 40 минути имаше средба со претседателот Трамп. Во центарот на дискусијата беа христијанските заедници на Блискиот Исток, кои се соочуваат со нестабилност, притисоци и закани. Патријархот побара од американскиот претседател да придонесе за нивната заштита, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека во наредните денови може да биде постигнат договор за завршување на војната со Иран. „Се наоѓаме во завршната фаза на она што ќе биде многу, многу добар договор“, изјави Трамп. Тој оцени дека постигнувањето на договорот е можно во наредните „два или три дена“. САД и Израел ја започнаа војната со Иран со воздушни напади на 28 февруари. Техеран одговори со ракетни и дронски напади врз Израел, ...
Лишени од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без возачка дозвола, двајца под дејство на алкохол и еден со активна забрана Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без возачка дозвола, двајца под дејство на алкохол и еден и покрај тоа што имал активна забрана. Три лица во Битола возеле без возачка ...
Во Охрид денеска се одржа „Денот на спортот“ во рамки на Плазма Спортските игри за млади, кои оваа година за првпат се реализираат во Македонија. Целта на овој спортски собир е да се испрати силна порака за значењето на спортот, дружењето и здравите животни навики кај младите. Во обраќањето до присутните, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски истакна дека е особена чест што Охрид е домаќин на оваа значајна регионална ...
На 08.06.2026 во 01:15 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.К.(36) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 07.06.2026 околу 23:00 часот во домот физички ги нападнал неговата 37-годишна сопруга и нејзината мајка, при што употребил и тврд предмет, а се заканувал со остар предмет и кршел дел од покуќнината. Откако пристигнал братот на пријавителката, кој претходно го ...
Јас би сакал да кажам дека сум исклучително импресиониран за тоа што од еден скромен семеен бизнис „Винчини“, односно „Макрпогрес“ во случајов, прераснува во, би рекол, регионален гигант. Со промет од повеќе од 40 милиони евра, компанијата навистина претставува еден од фундаментите, од темелите на македонската кондиторска индустрија. Ние како Влада се разбира ќе сториме сè што можеме за да помагаме ваков тип на бизниси, бидејќи околу 80-тина ...
Од ноќеска на полноќ цените на бензините ќе се намалат, а на дизелот ќе се зголеми, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). Од 9.6.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево, до Основното јавно обвинителство Делчево, поднесе кривична пријава против В.Г.(52) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот В.Г., поранешен директор на ЈП „Национални шуми“ ја злоупотребил службената положба и овластување на тој начин што во периодот од 13.02.2023 до 07.05.2024 склучил и ...
На 07.06.2026 во 19:15 часот на патот Граничен премин Блаце – Скопје, кај тунелот „Блаце“, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во БЈБ го лишија од слобода Р.Ш.(42) од Косово. При преглед во товарно возило „фолксваген транспортер со косовски национални ознаки, кое го управувал, била пронајдена поголема количина на брендирана и друга разновидна стока за која не поседувал ...
Германија, Франција, Велика Британија и Украина го повикаа рускиот претседател Владимир Путин на итен прекин на огнот и на преговори за ставање крај на војната. Почетна точка за тоа треба да биде актуелната линија на фронтот во Украина. САД, како и Европа, треба „активно“ да учествуваат во разговорите, се наведува во заедничката изјава што канцеларот Фридрих Мерц, францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер и ...
Партијата Самоопределување на премиерот Албин Курти победи на парламентарните избори во Косово. По пребројувањето на 99,4 проценти од гласовите, партијата, според официјалните податоци од вчеравечер (7.06), освои 43 проценти. Сепак, неизвесно е дали тоа значи и крај на политичка криза во земјата. Самоопределување и понатаму ќе зависи од коалициски партнери за да формира нова влада. Освен тоа, потребен е компромис со опозицијата за да се ...
Во 60-та година од животот почина Арсим Зеколи, долгогодишен дипломат и политички аналитичар. Арсим беше редовен колумнист на DW македонски во периодот од 2017 до 2024 година. Неговите колумни и текстови беа извонредно содржајни и аналитички, и неретко предизвикуваа големо внимание и полемики. Подолу во коментарите е последната колумна која беше објавена на 19 декември 2024 година. Сочувство до семејството и најблиските. DW Во 60-та ...
Јубилејното 10-то издание на „Охрид трчаТ“ заврши успешно, со рекордни 2.700 учесници од 30 земји, потврдувајќи го своето место меѓу најзначајните спортски настани во регионот. Честитки до сите победници и учесници, нивните успеси се инспирација за сите нас. Голема благодарност до организаторите, волонтерите, спонзорите и сите кои придонесоа за беспрекорната организација на овој прекрасен спортски настан. Охрид уште еднаш покажа ...
СДСМ цврсто се држи до суштината на социјалдемократијата: правда наместо привилегија, солидарност наместо страв, фер оданочување наместо товар врз трудот, силни институции наместо партиска држава и европска иднина наместо националистичка магла. Ова вчера (7.06) го порача партискиот претседател Венко Филипче од 32. програмски конгрес на СДСМ, претставувајќи ја новата идеолошка платформа на партијата. Kонгресот го опиша и како „прв конгрес за ...
Денешното утро Понеделник 8 Јуни 2026 во Македонија ни донесе топло и ведро време со појава на умерена локална облачност. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени ова утро во Македонија. До четврток 11 Јуни 2026 во Македонија времето ќе ни се задржи топло со летни температури на воздухот кои ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени. Во Скопје температурата ...
На (07.06.2026) во периодот од 14:00 до 20:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи и Одделението за сообраќајно и ескортно обезбедување спроведоа акциска контрола на подрачјето на град Куманово, со цел санкционирање на возачи на електрични тротинети кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата изречени се вкупно 70 мерки за сторени сообраќајни прекршоци ...
На (07.06.2026) во времето од 13:00 до 19:00 часот на подрачјето на град Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај и Единицата за полициски станици од општа надлежност спроведоа зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот, при што беа изречени 326 мерки за возачи што не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Од нив, 92 мерки за управување моторцикл без заштитен шлем ( кацига ), девет мерки за несоодветна категорија, ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, од кои пет возеле без возачка дозвола (четворица во Скопје, и еден во село Горно Јаболчиште, општина Чашка, велешко), тројца под дејство на алкохол (по еден во Прилеп, Валандово и Кавадарци). По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до ...
На 06.06.2026 во 13:00 часот полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор и граничен премин Дојран го лишија од слобода М.У.(46) од Р.Турција, со привремен престој во државата поради тоа што кај место викано „Раскрсница Валандово“ при извршена контрола на патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки кој го управувал истиот приложил на увид фалсификувана меѓународна возачка дозвола. По извршена проверка ...
Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишија од слобода шест лица кај кои била пронајдена дрога. Денеска (07.06.2026) во 00:15 часот, на улица „107“ во Тетово, полициски службеници ги лишија од слобода А.Ц. (19) и И.А. (50), двајцата од Тетово, кои откако ги виделе полициските службеници, на улицата фрлиле кеса со бела прашкаста материја. Тие се задржани во полициска станица и по документирање ...
На 06.06.2026 во 11:10 часот во Свети Николе полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Г.М.(40) од Свети Николе, затоа што при извршен претрес, по претходна судска наредба, во домот се пронајдени и одземени марихуана и семки од канабис. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок. На 06.06.2026 во 11:10 часот во Свети Николе полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од ...
Денеска (07.06.2026), полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка по претходно преземени оперативно-тактички мерки, на подрачје на Бит Пазар го лишија од слобода Б.А.С. (40), холандски државјанин. Лицето е барано по меѓународна потерница распишана од Холандија за сторени кривични дела илегална миграција, криумчарење на мигранти и сексуална експлоатација. Б.А.С. е предаден во Полициска станица Бит Пазар за понатамошна ...