Британскиот премиер Кир Стармер најави повлекување од политичката сцена, откако поднесе оставка од функцијата претседател на Лабуристичката партија. Оваа одлука автоматски значи дека ќе ја напушти и позицијата премиер на Обединетото Кралство. Стармер изјави дека, сè додека не биде избран негов наследник, ќе продолжи привремено да ја извршува функцијата шеф на владата. Во своето обраќање во понеделникот пред резиденцијата во Даунинг стрит во ...

Денешното утро понеделник, 22 јуни во Македонија ни донесе ведро и топло време со високи утрински температури на воздухот. Најтопло ова утро е на Скопје Петровец и на Скопје Зајчев Рид со измерена температура од 21 степен. Најниска температура ова утро е измерена во Берово, и тоа 10 степени. Денес попладне и рано навечер локално ќе има развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ...

Десет лица се повредени, од кои две се здобиле со тешки телесни повреди, во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на регионалниот пат Куманово – Свети Николе. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во ОВР Свети Николе во 20:55 часот. Во неа учествувале патничко комбе „фолксваген“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 55-годишниот М.Т. од Свети Николе, кое удрило во паркирано товарно ...

Денес недела 21 јуни, во попладневните часови особено во западните и во северозападните планински предели од Македонија ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на краткотрајно невреме. Температурите денес во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени, а во Скопје и околината максималната температура денес ќе се искачи до околу 34 степени. Под влијание на ...

Денес го славиме нашиот најголем природен бисер, изворот на живот, убавина и вечна инспирација. Охридското Езеро е дом на уникатен свет кој никаде на друго место го нема и гордост впишана на светската мапа на УНЕСКО. Благодетот да се ужива во неговите убавини е привилегија, но тоа носи и огромна обврска. Наша заедничка должност е да го чуваме, штитиме и негуваме за генерациите што доаѓаат. Нека биде вечно синилото на езерската вода и ...

Поранешниот комерцијален џамбо-џет во сопственост на Катар, претворен во нов претседателски авион, е речиси подготвен за употреба. И покрај обвинувањата за корупција, американскиот претседател Доналд Трамп го претстави авионот подарен од заливскиот емират Катар како идно владино летало. „Претходниот авион беше стар околу 35 години и беше време за промена“, изјави очигледно воодушевениот Трамп од подиумот пред авионот од типот Боинг 747. ...

Во врска со сообраќајната несреќа случена на 19.06.2026 година околу 19.00 часот во с. Визбегово, скопско, во која патничко возило удрило во детски велосипед управуван од тригодишно девојче од Скопје кое се здоби со тешки телесни повреди констатирани во Комплекс клиники “Мајка Тереза” по што возачот го напуштил местото на настанот, СВР Скопје презеде мерки за расчистување на случајот. Денеска (20.06.2026), полициски службеници од Одделението ...

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишиле од слобода 12 лица, откако кај нив била пронајдена дрога. На 19.06.2026 година во 22:00 часот, во селото Дебреше, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Р.Д.(22), Д.Џ.(21) и А.С.(22), сите од Гостивар. При преглед на патничко моторно возило „фолксваген“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Д.Џ., во предниот ...

На 19.06.2026 во 15:35 часот во Градско, полициски службеници од Полициска канцеларија Градско го лишиле од слобода М.М.(50) од Градско, постапувајќи по претходна пријава дека извесен период ја малтретирал неговата 47-годишна невенчана сопруга, а на 15.06.2026 кога во домот физички ја нападнал. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна ...

Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 16 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило. Од нив, 11 управувале возило без возачка дозвола, четворица биле под дејство на алкохол, а едно лице управувало возило под дејство на алкохол и покрај тоа што имало активна забрана за управување. Возачи од Скопје, Куманово, Гостивар, Кривогаштани и Кочани биле затекнати како ...

Како што пазарот на дигитални средства продолжува да се загрева, XRP стана главна тема на интерес за инвеститорите. Во текот на изминатите неколку години, крипто пазарот доживеа повеќекратни рунди на нестабилност, но XRP постојано одржуваше високо внимание на пазарот. Следствено, FT MINING cloud рударењето постепено доаѓа во фокусот. Со технолошки надградби и оптимизација на индустријата, далечинските услуги им овозможуваат на корисниците да ...

Голем дел од Западна Европа се соочува со интензивен топлотен бран, со невообичаено високи температури – од Обединетото Кралство и Ирска на север, преку Германија и Франција, па сѐ до Шпанија и Италија. Невообичаеното пролетно време е резултат на таканаречената „топлотна купола“. Овој силен, бавно движечки атмосферски систем со висок притисок од северна Африка го задржува топлиот воздух над Европа, слично како капак врз сад со вода која што ...

Западна и југозападна Европа во периодот од недела (21 јуни) па најмалку се до среда (24 јуни) ќе биде на удар на екстремно топол бран од Африка кој ќе услови навистина да има екстремно високи температури на воздухот кои на многу места ќе се искачат и ќе надминат 40 степени, во делови од Шпанија и Франција температурите ќе се искачат дури и до 43/44 степени Температурите кои се очекуваат во овие предели, од недела 21 јуни па се до среда 24 ...

Премиерот Еди Рама денес присуствуваше на свечената церемонија на Меѓународен аеродром во Тирана, Мајка Тереза, по повод воспоставувањето на првиот директен лет на релација Тирана–Торонто. Отворањето на новата авиолинија се смета за значаен чекор во зајакнувањето на врските меѓу Albania и Canada. Се очекува директната воздушна врска да го олесни патувањето на илјадници патници, особено на албанската дијаспора во Канада, како и да придонесе ...

На 18.06.2026 во 20:30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода З.С.(46) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 47-годишна сопруга. На 18.06.2026 во 18:00 часот во СВР Скопје, 29-годишна жена пријави дека во период од околу шест месеци била физички и психички малтретирана од нејзиниот вонбрачен сопруг Е.Х.. На 18.06.2026 во 15:00 часот ...

Во изминатата година Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини реализираше една од најобемните реформски и инвестициски агенди во областа на енергетиката, рударството и управувањето со природните ресурси, поставувајќи цврсти темели за поголема енергетска сигурност, економски развој и подобар животен стандард на граѓаните. Во периодот јуни 2025 – јуни 2026 година Министерството работеше на повеќе од 700 домашни и ...

Министерството за спорт успешно реализира уште еден проект од програмата за изградба и обнова на спортската инфраструктура. Велес доби современа атлетска патека според ИААФ стандарди со што во рекорден рок е исполнето ветувањето на министерот Борко Ристовски пред велешките спортисти и спортски работници кои со децении водеа битка за зачувување и реконструкција на овој значаен спортски објект. Министерот Борко Ристовски заедно со ...

Министерот за правда Игор Филков оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Македонија, Рита Колумбија, регионалната директорка на Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (UNOPS), Микела Талин, претставничката на Канцеларијата на Високиот комесар на ОН за човекови права, Тања Темелкоска, и Марко Вујачиќ, раководител на програмата на (UNOPS) за Југоисточна Европа. Се разговараше за можностите за ...

Денеска (19.06.2026), заменик министерот за внатрешни работи, проф. д-р Астрит Исени, оствари работна посета на Граничниот премин Ќафасан, каде што одржа состанок со градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, градоначалникот на Поградец, Илир Џаколи, градоначалничката на Корча, Флоринда Зегуљај, како и со раководството на Регионалниот центар за гранични работи Запад и раководството на Граничниот премин Ќафасан. На средбата се разговараше ...

СВР Штип поднесе кривична пријава против М.И.(46) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавениот, како в.д. директор на Општинска јавна установа – детска градинка во Штип, во периодот од 12.09.2023 до 11.05.2026 без спроведување на постапка за јавни набавки во повеќе наврати од 47 посебни правни лица добавувачи извршил набавки со фиктивни фактури без испратница ...

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, 11 возеле без возачка дозвола, еден под дејство на алкохол и еден со брзина поголема од дозволената Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив 11 управувале возило без возачка дозвола, еден под дејство на алкохол и еден со брзина поголема од дозволената. Во Скопје едно ...

Владата, на предлог на Министерството за здравство, ја усвои иницијативата за формирање самостоен центар заИтна медицинска помош во Скопје, со цел воспоставување поефикасен и поодржлив систем за итен медицински одговор. Очекувањата се новиот модел да придонесе за скратување на времето на интервенција и подобрување на капацитетите за спасување човечки животи. Министерот за здравство Азир Алиу оценува дека станува збор за суштинска системска ...

„Ќе направиме сè што можеме за да го заштитиме бугарскиот национален интерес“. Ова е одговорот на бугарскиот премиер Румен Радев на новинарско прашање – дали ќе побара запирање на евросредствата за Северна Македонија. Во продолжение на одговорот, најави дека следи нова тура убедување на европските лидери во исправноста на позицијата на Бугарија, со оглед дека во межувреме голем број од нив се расколебале. Тој потсети дека кога „пред години“ ...

Северна Македонија ќе ја менува политиката за доделување „златни пасоши“ на странски инвеститори, но без целосно укинување на државјанствата поради економски причини. Државата предлага да се смени регулативата со која досега беше утврдена конкретна сума за инвестиција со цел добивање на пасош. Измените доаѓаат по препораки на Европската комисија и со цел да се спречат злоупотреби и безбедносни ризици. Безбедносен ризик и препораки од ...

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на АДП-групацијата стана спонзор на младинскиот фудбал на ФК Пелистер од Битола. Поддршката има за цел подобрување на квалитетот, конкурентноста и меѓународното искуство на младите фудбалери и младинскиот фудбал преку организирање контролни натпревари и учество на домашни и меѓународни турнири во подготвителниот зимски период и натпреварувачката полусезона 2026. Со оваа соработка, ТАВ ...

Согласно одлуката на Советот на Општина Охрид од 26 мај годинава, за изработка на Локален еколошки акционен план (ЛЕАП) за животна средина за периодот 2026-2031 година, денеска членовите на Локалниот управен комитет (ЛУК) го одржаа првиот состанок. Воведно излагање имаше координаторот Јасминка Трајковска Момироска, а претставник од Друштвото за консултантски услуги „Деконс – Ема” ДООЕЛ Скопје, ја презентираше методологијата за изработка на ...

Либан останува слабата точка во договорот меѓу САД и Иран. Израелската армија, според сопствените наводи, во текот на ноќта и во петок наутро извршила воздушни напади врз позиции на шиитската милиција Хезболах во јужен Либан. Претходно, Хезболах испукал ракети кон израелски војници, соопшти армијата на платформата X. Според воени извори, четворица израелски војници биле убиени, а уште четворица биле повредени во напад со дрон. Според ...

Во Вишиот суд во Белград во четврток (18 јуни) беше донесена втората првостепена пресуда за Владимир и Миљана Кецмановиќ, родителите на момчето К.К., кој во 2023 година во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград уби десет лица, меѓу кои работник од обезбедувањето и девет ученици. Неговиот татко е осуден на 14 години и шест месеци, а мајката на две години и 11 месеци затвор. Владимир Кецмановиќ е прогласен за виновен за тешко дело ...

Јавното обвинителство бара притвор за осум лица и мерки за претпазливост за уште четири, уапсени во рамките на истрага за проневери и злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), во вредност од над 180 милиони денари. Со истражната постапка се опфатени 18 физички и осум правни лица. Сите 12 уапсени, меѓу кои и поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, се изведени пред судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд ...

Граѓаните, наместо да ги вложуваат своите средства во недвижности, да добијат можност да учествуваат во изградбата на хидроенергетскиот проект „Чебрен“ преку инвестиции во акции, предложи претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Ацо Ристов. Изјавата беше дадена на тркалезната маса „Зајакнување на конкурентноста – енергетската транзиција, CBAM и иднината на македонската индустрија“, организирана од „Фајнанс тинк“. РКЕ: ...

3.10.2026

40 минути - Трибуна
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1032
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
3.09
81%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
0.51
81%
1028
weather icon

Софија

5ᴼ / -1ᴼ
1.03
54%
1032
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.53
81%
1032
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
90%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.92
58%
1030
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1026
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
81%
1027
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
62%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
1.42
70%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
61%
1031
Currency

61.634

Currency

54.969

Currency

73.845

Currency

38.103

Currency

39.246

Currency

67.265

Currency

8.2489

Currency

0.67207

Currency

0.34747

Currency

0.5235

Currency

1.0971

Currency

0.58416

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Платина

49319.25