Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Побрз пат до полноправно членство, фазно придвижување на земјите од Западен Балкан што поблизу до ЕУ или нивно мотивирање да бидат што покомпатибилни со Унијата? Одговорите на прашањето – во кои насоки ќе се движи процесот на проширувањето – особено по многу предлози и нон-пејпери на оваа тема – ќе бидат појасни на самитот на ЕУ и Западен Балкан што ќе се одржи на 5-ти јуни во Тиват, Црна Гора. Пред самиот, претседателот на Европскиот совет, ...
Германското осигурување за долгорочна нега се соочува со сериозен финансиски дефицит од милијарди евра, а министерка за здравство Нина Варкeн разгледува мерки за стабилизација. Една од опциите е зголемување на придонесите за осигурениците без деца, што веќе предизвикува поделени реакции во јавноста и меѓу експертите. Според медиумски извештаи, Варкeн планира да го зголеми дополнителниот придонес за лица без деца за 0,1 процентен поен, од ...
Православните христијани викендов го одбележуваат големиот празник Духовден, познат и како Педесетница, Свети Дух или Света Троица – еден од најзначајните празници во православието, посветен на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите и формирањето на Христовата црква. Но, кај народот, овие денови отсекогаш биле поврзани и со молитвата за починатите, со спомените и со тивката почит кон оние што повеќе не се меѓу нас. Петокот пред Духовден ...
Под влијание на стабилна, сува и на малку посвежа воздушна маса од север во деновите петок и сабота 29/30 Мај 2026 во Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Во Скопје и околината исто така во деновите петок и сабота 29/30 Мај 2026 времето ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална ...
Поранешен вработен во американската разузнавачка служба ЦИА наводно проневерил златни прачки и друг имот во вредност од милиони долари во текот на својата работа. За време на претресот на неговата куќа во сојузната држава Вирџинија, пронајдени се и запленети 303 златни прачки секоја со тежина од околу еден килограм, објавија бројни американски медиуми, повикувајќи се на судските документи кои ги добиле. Вредноста на златото се проценува на ...
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања зборувајќи за задолжувањето истакна дека во јуни нема да има ново задолжување како што претендира опозицијата, а правејќи компарација помеѓу шест години од владеењето на СДСМ и ДУИ и овие две години од владата на ВМРО истакна дека според ММФ оваа влада за две години остварила поголема додадена вредност отколку владата на СДСМ и ДУИ за 6 години, а задолжувањето ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, во однос на исполнување на реформската агенда истакна дека тоа што е до 30 јуни како грејс период може да биде завршено, и во јунскиот извештај сега како земја да бидеме и вистински т.н. фронтранери, односно македонската јавност да знае дека важно ни да се испорачаат што е можно повеќе реформи и за граѓаните и за државата. „Имаме прилично ...
Оваа Влада е целосно посветена на зачувување на стабилноста на јавните финансии, паралелно со обезбедување средства за развој на државата, истакна заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието.Тој посочи дека Владата внимателно и одговорно управува со јавниот долг и навремено ги сервисира наследените обврски, во услови кога државата се соочува со значајни доспевања на долгови од ...
По повод Светскиот ден без тутун, Министерството за здравство, заедно со ИЈЗ и СЗО се приклучува на одбележувањето на глобалната кампања на СЗО на тема „Разоткривање на привлечноста – спротивставување на зависноста од никотин и тутун“. Министерот за здравство, Азир Алиу истакна дека во заедничка соработка со СЗО, Институтот за јавно здравје, како и Центрите за јавно здравје, локалната самоуправа и локалните здравствени домови, отпочнати се ...
Цврсто стои и одолева на секоја бура: бронзената статуа пред зградата на Германското пензиско осигурување во Штутгарт. Таа прикажува работници со алат кои на рамениците носат луѓе — симбол на германскиот пензиски систем. Силните ги носат слабите, солидарно, стабилно и социјално. Но тој принцип е под притисок. Сè помалку силни и сè повеќе слаби — тоа наметнува потреба од реформи. Минатата недела весникот „Билд” објави дека владината комисија ...
На 27.05.2026 во 23:30 часот во СВР Скопје 51-годишна жена пријави дека на 26.05.2026 околу 00:30 часот во кругот на здравствена установа на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот партнер С.Р.. На 27.05.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје, 36-годишен маж пријави дека на 25.05.2026 околу 21:00 часот во домот на подрачјето на Центар со остар предмет бил нападнат од неговата сопруга С.С. со која биле во бракоразводна постапка. ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола, од кои еден малолетник, еден со активна забрана и еден без дозвола и под дејство на алкохол. Во Скопје три лица управувале возило без возачка дозвола, четири во Тетово, пет во Битола и по еден во Македонски Брод и Велес (малолетник). Едно лице во Велес управувало возило ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди постапуваше по објава на социјална мрежа, каде од државјанин на Обединетото Кралство е објавено видео на англиски јазик за одбиен влез во Република Северна Македонија, во кое се изнесуваат и наводи за поткуп. По извршените проверки, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди утврди дека на 06.05.2026 на Граничен премин ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.М.(60) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „предизвикување на општа опасност“. На 07.04.2026 на место викано „Тафрачко маало“ во с.Бигла, делчевско, пријавениот намерно предизвикал шумски пожар, во кој биле оштетени површини на девет сопственици на катастарски парцели во с.Бигла. Надворешната канцеларија за ...
ОВР Неготино поднесе кривична пријава против правно лице од Скопје, В.М. од Австрија, одговорно лице во правното лице и Р.М.(52) од Гевгелија, раководител на подружница на правното лице во Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ по член 244 од Кривичниот законик. На 13.05.2026, полициски службеници од Надворешна канцеларија за криминалистички работи при ОВР Неготино, а подоцна и градежен ...
Територијата на Македонија како што и претходно кажав и најавив останува да биде под влијание на умерен топлотен бран од Африка кој ќе условува и понатаму да имаме летни температури на воздухот, но тие како што кажав нема да бидат премногу и екстремно високи туку до крајот на оваа недела тие ќе бидат околу просекот за овој период од годината. Температури кои ќе бидат малку над просекот за овој период од годината ќе имаме во текот на следната ...
Да не трошиме време и пари на граѓаните. Ние сме за ЕУ и тоа е наша стратешка ориентација, што и го правиме на дело. Впрочем, укинувањето на оценската мисија од Советот на ЕУ, отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за европската ориентација на оваа Влада. А како изгледа кога СДС се залага за референдум без гаранции за европската иднина, граѓаните можеа да видат низ пластичен пример од последниот ...
Навистина како Влада се подготвуваме за сериозно одбележување, достоинствено одбележување на 35 независност на Република Македонија. По онаа најава за 8 септември, еве денеска можеме да најавиме навистина уште една интернационална музичка ѕвезда, но уште поважно навистина македонски аллстар којшто е денеска присутен и којшто заедно со Хозе Карерас ќе имаат исклучително одличен концерт. Ценам дека ваквиот начин на одбележување на независноста ...
Американскиот претседател Доналд Трамп се залага за проширување на т.н. Аврамски договори, при што дури и Иран би можел да стане дел од нова коалиција. Но што точно претставува овој договор и дали иницијативата има реални шанси за успех? Договорот е краток, со обем од едвај две страници и релативно нејасна содржина: се однесува на декларации за намера во областите мир, подготвеност за дијалог и соработка во науката, уметноста, медицината и ...
Во новите тешки израелски воздушни напади во јужен и источен Либан, најмалку 31 е убиено, а уште 40 се ранети, според тамошните извештаи. Нападите се случија во вторникот, соопшти либанското Министерство за здравство во текот на ноќта. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно изјави дека војската ги засилува операциите во Либан. Израелската армија, исто така, во вторникот објави проширување на своите копнени акции на југот од ...
Една деценија по неговиот судир со меѓународните кредитори на Грција, поранешниот левичарски премиер Алексис Ципрас се враќа на политичката сцена со нова партија. Во говор во Атина во вторникот, 51-годишниот Ципрас изјави дека се враќа во политиката „„за да ја врати довербата таму каде што денес преовладува разочарување“. Тој информираше дека неговата нова партија, „Грчка левичарска алијанса“ (ELAS), има за цел „да стави крај на ...
Во текот на оваа седмица се очекува да биде донесен финалниот нацрт на решението со кое правосудниот испит ќе може да се полага на албански јазик, како и проценка дали има потреба предлогот да биде испратен за мислење во Венецијанската комисија, најави првиот заменик-премиер Беким Сали. За ова прашање студентите Албанци двапати протестираа пред Министерството за правда во Скопје, а вчера во Тирана се одржа и протест за нивна поддршка. „Во ...
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека со цел одржување на професионалниот стандард, дигнитетот на институцијата и меѓусебната почит, се воведува Кодекс за облекување за сите вработени и странки кои ги посетуваат просториите на Одделот за граѓански работи при Министерството за внатрешни работи. Како институција која е постојан сервис на граѓаните, веруваме дека соодветното облекување придонесува кон подобра работна ...
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека е донесен нов Правилник со кој се уредува задолжителната четиричасовна теоретска обука за управување со мотоцикл до 125 cm³ (категорија „А1“ со автоматски менувач, до 11 kW). Напоменуваме дека не смее да се управува со мотоцикл до 125 см3 доколку не се помине теоретската обука и да се обезбеди потврда од автошкола. Обуката трае четири часа и опфаќа клучни теми за безбедноста: ...
Денеска (27.05.2026) во Љубљана, Република Словенија, директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, во рамките на студиската посета организирана од проектот „EU Support for Rule of Law“, оствари работна посета на словенечката полиција, каде имаше средба со генералниот директор на словенечката полиција, Дамјан Петрич. На средбата беше разговарано за продлабочување на соработката помеѓу двете полиции, како и за предизвиците со ...
На 26.05.2026 околу 21:00 часот во СВР Скопје, Н.Ѓ.(34) пријави дека во село во општина Зелениково, по претходно недоразбирање, била физички нападната од нејзиниот свекор В.Ѓ.(65). На 26.05.2026 во 21:50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.К.(30) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 33-годишна сестра и искршил дел од ...
Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола, од кои еден малолетник, еден со активна забрана и еден без дозвола и под дејство на алкохол Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола, од кои еден малолетник, еден со активна забрана и еден без дозвола и под дејство на алкохол. Во ...
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам, упати честитка до сограѓаните со исламска вероисповед. „Во мое лично име и во име на локалната самоуправа, Ви го честитам големиот празник Курбан Бајрам, со искрени желби за мир, здравје, благосостојба и спокој во секој дом. Курбан Бајрам е празник што ни ги покажува вистинските вредности во животот, а тоа се човекољубието, хуманоста и меѓусебната ...
Зависноста на Германија од Кина за стратешки важни производи продолжува да расте, покажува најнова студија. Станува збор за сектори како литиум-јонски батерии, соларни панели и антибиотици, каде делот на увоз од Кина значително се зголемува. Според податоците, околу две третини од директниот увоз на литиум-јонски батерии во Германија во претходната година потекнувал од Кина, мерено по тежина. Пред две години, овој удел изнесувал нешто под ...
Полека но сигруно во Македонија летото и летните температури на воздухот ни започнуваат, и тоа по долг период на нестабилно и ладно време со потпросечни температури на воздухот и со чести врнежи и грмежи како и со појава на планински снег кој го имавме до скоро време во Македонија , регионот и ширум Европскиот Континент. Инаку деновиве во најголем дел од Европа владее многу топол бран од Африка кој условува многу високи и натпросечни ...