Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Со тужбата против поранешниот лидер на Куба, Раул Кастро, САД го засилуваат притисокот врз социјалистички управуваната карипска држава. Актуелниот американски министер за правда Тод Бланш во средата (20.05) поднесе обвинение против 94-годишниот Кастро. Во него на Кастро му се припишува значајна улога во соборувањето на неколку мали авиони од страна на кубанското воздухопловство во 1996 година, при што загинаа и тројца американски државјани. ...
Неочекуваното стопирање на испраќањето на американски војници во Полска предизвика сериозна загриженост во оваа земја на источниот фронт на НАТО. Се поставува прашањето дали ќе следи и намалување на трупите и дали Варшава може да го убеди Вашингтон да ја ревидира одлуката. Шокантната вест од Вашингтон ја затекна полската влада неподготвена и поттикна атмосфера на несигурност. Пентагон одлучи да го стопира испраќањето на оклопна бригада, која ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на најавите за зголемени инвестиции во образованието и што ќе значи тоа конкретно за образовната заедница, изјави: „Во науката, исто така покрај овие инфраструктурни, би рекол капитални инвестиции, ако се спореди буџетот оваа година со оној од 2024, ќе дојдете до двојно зголемување. Сега е некаде околу 770 милиони ...
Ве известуваме дека на денот кога Православната Црква го слави споменот на Светите рамноапостолни сесловенски просветители и учители, солунските браќа Кирил и Методиј, во бигорскиот скит посветен на нив, во с. Битуше, во сабота, на 23 мај, со почеток во 18:00 часот ќе биде отслужена празнична Вечерна богослужба на којашто ќе претстои Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски г. Партениј. недела, на 24 мај, во 07:30 часот ќе започне ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, пет возеле без возачка дозвола и двајца со активна забрана. Еден возач во Македонски Брод и по двајца возачи во Скопје и Прилеп управувале возило без возачка дозвола. Еден возачите во Прилеп бил и под дејство на алкохол. По еден возач во Скопје и Кичево управувале возило со активна забрана. ...
На 18.05.2026 во 14:00 часот во СВР Скопје, 57-годишен маж од Скопје пријавил дека на 17.05.2026 околу 23:30 часот во семејниот дом, по претходна расправија бил физички нападнат од неговата 46-годишна сопруга. На 19.05.2026 во 10:30 часот во СВР Тетово, 43-годишна жена од Гостивар, со престој во Тетово, пријавила дека нејзиниот поранешен вонбрачен партнер М.Д.(50) од Крива Паланка, во повеќе наврати упатувал закани по нејзиниот живот, а на ...
На 19.05.2026 околу 23:30 часот на Граничен премин Стар Дојран, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран ги лишиле од слобода 32-годишната А.К. од Валандово и Н.С.(36) со живеалиште во Нов Дојран. При контрола и преглед на патничко возило „сеат атека“ со гевгелиски регистарски ознаки на излез од државата, кое го управувала А.К., а сопатник бил Н.С., биле пронајдени и одземени пет торбици ...
Чудотворниот појас на Пресвета Богородица пристигна на аеродромот во Белград. Беше приреден свечен, достоен пречек како што доликува на голема светиња како што е Појасот на Пресвета Богородица. Игуменот отец Ефрем на светогорскиот манастир Ватопед каде што се чува појасот, изјави дека самиот тој е сведок на многу чуда кои се случуваат кога некој со верба ќе се помоли пред појасот кој го носела и го исткајала самата Богородица од влакна од ...
Секторот за контрола и истраги преку Одделението за оперативни работи спречи обид за нелегален пренос на готовина во износ од пола милион евра пронајдени во бункер на минибус, што резултираше со историски најголема заплена на девизи, потенцира директорот на Царинска управа, Бобан Николовски на прес-конференција на која информираше за случајот. Сомнежите се потврдија и со скенирање на возилото од Службата за мобилни скенери, по што ...
Денеска имав чест да присуствувам на пригодниот настан во Територијалната противпожарна единица во Охрид и лично да им го честитам празникот на луѓето кои секојдневно ја ставаат сопствената безбедност во служба на граѓаните. Упатувам огромна благодарност за нивната пожртвуваност, храброст и максимална посветеност во извршувањето на секоја работна задача. Како Локална самоуправа, наш врвен приоритет останува континуираното инвестирање во оваа ...
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел го искористи своето обраќање во Стразбур за да ја потсети Европа на сопствените ветувања, но нејзиното европско наследство останува предмет на дебата. Токму затоа, доделувањето на Европскиот орден за заслуги не помина без критики. Говорејќи во Европскиот парламент во вторникот (19.05) Меркел оцени дека Европа се наоѓа во време кога „сѐ изгледа дека се менува и сигурностите се рушат“. Во такви ...
На 19.05.2026 во 22:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.С.(40) од Куманово. Тој осуден на казна затвор од седум години за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за доиздржување на четири години и седум месеци од казната. На 19.05.2026 во 22:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода ...
На 19.05.2026 во 18:00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 16-годишен малолетник од Тетово поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дело по член 236 од Кривичниот законик – „тешка кражба“. Имено, тој се сомничи дека во изминатите две недели извршил кражби во неколку џамии, а последен пат во џамија на улица „176“ во Тетово, каде што со употреба на сила ја разбил металната каса за донации и од ...
Овие активности се дел од нашите заложби за рамномерен развој на општината и подобрување на руралната инфраструктура. Со оваа инвестиција ја зголемивме безбедност за сите учесници во сообраќајот, овозможивме полесен и побрз пристап, односно ги подобривме условите за живот. Претходно тука се постави и примарна канализациона мрежа. Продолжуваме со силно темпо на работа низ целата општина Охрид. Овие активности се дел од нашите заложби за ...
Русија можеби го слави своето „партнерство без ограничувања“ со Кина — фраза создадена кога претседателот Владимир Путин и Ши Џинпинг се сретнаа непосредно пред војната во Украина — но тие односи стануваат сè поеднострани. Иако билатералната трговија минатата година се намали како резултат на пониските цени на нафтата, рускиот извоз на стоки во Кина речиси се удвои од февруари 2022 година, кога започна целосната инвазија на Москва. Во 2024 ...
Најновите ажурирања на прогностичките материјали од овој месец Мај 2026 укажуваат дека ни започнува силен Ел Нињо, Климатолошки феномен кој носи многу топли лета во Европа и на Балканот со екстремно високи температури, суши и силни временски непогоди кои голема е веројатноста да прераснат во Суперќелијски бури. Во текот на летниме месеци силно ќе бидеме под влијание на Ел Нињо кој во Македонија ќе ни донесе екстремно топло лето со ...
Денеска, во рамките на посетата на Република Словенија, одржав предавање на Правниот факултет при Универзитетот во Љубљана, на којшто докторирав, на тема: „Уставните трансформации на патот кон ЕУ: реформи или уставен инженеринг?“, пред бројни професори, студенти и претставници на дипломатскиот кор. Предавањето се однесуваше на природата на уставот, како највисок правен акт и најширок и најважен договор меѓу граѓаните, со акцент на уставните ...
Златна плочка проценета на 4,5 милиони денари е запленета во акција на царински службеници на излез од државата на граничен премин Богородица. Случајот е откриен откако автобус кој сообраќал на релација Гостивар-Истанбул е издвоен за контрола, по што, поради основани сомневања, е извршена детална контрола на патник, македонски државјанин. При претресот, во едниот негов чевел е пронајдена златна плочка тешка 848 грама, обвиткана во бела ...
Спасувачката операција по уривањето на станбена зграда во германскиот град Герлиц се одвива во услови на голема неизвесност и претставува вистинска трка со времето. Сè уште се трага по три лица за кои се верува дека се затрупани под урнатините, при што спасувачките служби проценуваат дека шансите за преживување можат да изнесуваат до 72 часа. „Сè уште станува збор за потрага по исчезнати лица, а не за извлекување на тела“, изјави портпарол ...
Откако Петер Маѓар со неговата партија Почитување и слобода (Тиса) на 12 април 2026 година победи на парламентарните избори во Унгарија, воодушевувањето меѓу либералите во Полска беше големо. „Добредојде назад во Европа“, порача тогаш полскиот премиер Доналд Туск на социјалните мрежи, со видео снимено за време на неговата посета на Јужна Кореја, на кое телефонски разговара со изборниот победник Маѓар. „Мислам дека сум дури и посреќен од ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ги посети полициските службеници кои посетуваат обука спроведена од Центарот за обука при Министерството за внатрешни работи и УНФПА, во рамки на проектот „Превенција и заштита од родово базирано насилство – Фаза 3“, поддржан од Британската амбасада во Скопје. Станува збор за еден од осумте циклуси на обуки за „Почетна едукација на професионалците за родово базирано насилство врз жените ...
Стоиме исправени пред историјата, пред жртвата и пред споменот на луѓето кои во едно тешко и мрачно време ја избрале најтешката, но и најсветата патека, патеката на слободата. Разловечкото востание не беше само оружен отпор. Тоа беше будење на народната свест. Тоа беше првиот силен крик на народот дека сака да живее свој на своето, достоинствено, слободно и исправено. Во овие села, по овие ридови и планини, се роди мислата дека татковината ...
На 18.05.2026 во 04:30 часот во скопско село на подрачјето на општина Чучер-Сандево, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Н.А.(33) од скопско, по претходна пријава дека околу 03:30 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 33-годишна сопруга. На 18.05.2026 во 10:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.Т.(42) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 85-годишен дедо, ...
На 18.05.2026 во 22:18 часот на автопат А1 кај клучка Смоквица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода косовскиот државјанин Б.Т.(30). При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Б.Т. управувал патничко возило „ауди а6“ со косовски национални ознаки со брзина од 203 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 ...
На 18.05.2026 во 21:10 часот во село Неготино, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате, го привеле В.А.(52) од село Неготино. Тој бил баран со наредба од Основен суд Гостивар за издржување на затворска казна во траење од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Тој е ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без возачка дозвола, еден со брзина поголема од дозволената и еден со активна забрана и под дејство на алкохол. Двајца возачи во Прилеп и по еден во Скопје, Гостивар и Гевгелија управувале возило без возачка дозвола. Еден возач во Гевгелија управувал возило со брзина поголема ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се водат „сериозни преговори“ со Иран за ставање крај на војната, при што повторно изрази уверување дека наскоро може да се постигне дипломатски пробив. „Се чини дека постои многу добра шанса да се најде решение. Ако успееме да го постигнеме тоа без да ги бомбардираме до темел, би бил многу задоволен“, изјави Трамп во Белата куќа. Како резултат на тоа, тој привремено одложил „многу голем“ ...
Во Хрватска е усвоен законот со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи. Тоа е чекор напред во решение на проблемот кој произлезе со воведување на ЕЕС системот во Шенген зоната. Овој закон многу ќе помогне на македонските професионални возачи. Ова е реализација на договорот што го направивме со вицепремиерот и министер Олег Бутковиќ во Јануари годинава. Швајцарија веќе издава долгорочни визи. Очекуваме и други држави ...
Наизглед, посетата на рускиот претседател Владимир Путин неделава (19 и 20 мај, 2026) во Кина и средбата со неговиот колега Ши Џинпинг се одвиваат по повод одбележувањето на 25-годишнината од руско-кинескиот Договор за добрососедство, пријателство и соработка од 2001 година. Меѓутоа, тајмингот на ова патување – само неколку дена по државната посета на американскиот претседател Доналд Трамп во Пекинг – е вреден за внимание и ја истакнува ...
Двајцата шефови на држави очигледно негуваат големи меѓусебни симпатии. На почетокот на мај, молдавската претседателка Маја Санду и нејзиниот романски колега, Никушор Дан, објавија заедничка фотографија на нивните профили на Фејсбук. Двајцата се сликани насмеани еден до друг во романски воен авион. „Заедно со претседателот Никушор Дан сме на пат кон главниот град на Ерменија, каде што ќе се одржи самитот на Европската политичка заедница“, ...