Белград
11ᴼ /
11ᴼ
По двојното убиство во Велес, се најавуваат дисциплински постапка за 11 полициски службеници во градот. Убиствата се случија на 15 септември, кога велешанката Росица Коцева и нејзиниот татко беа убиени во семејната куќа во Велес од страна на поранешниот партнер на девојката, кој потоа се самоуби. На убиствата им претходеле серија насилни настани и пријави. Девојката повеќепати алармирала за насилното однесување на поранешниот партнер од Скопје, ...
Европската комисија е свесна за обидите на Русија да влијае врз парламентарните избори во Молдавија на 28 септември и испитува „како било можно“ десетици Молдавци наводно да биле обучени во Србија за тактики на дестабилизација, изјави за РСЕ комесарката за проширување Марта Кос. Во разговор за балканскиот сервис на РСЕ, Кос ја пофали молдавската влада за откривањето на наводниот план, велејќи дека „се покажала како отпорна и способна да се бори ...
Украина продолжи со систематските напади со дронови врз руската нафтена индустрија, таргетирајќи рафинерија на југ, соопштија властите во петок (26 септември). Руските власти во регионот Краснодар информираа дека избувнал мал пожар во рафинеријата „Афипски“ и дека делови од дрон паднале во постројката. Додаваат дека нема жртви. Според украински извори, рафинеријата, која произведува бензин и дизел, претходно била нападната на 28 август. ...
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека по насока на министерот Панче Тошковски, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди изврши детални проверки во врска со постапувањето на Секторот за внатрешни работи Велес по сите настани кои биле пријавени од страна на жртвата Росица Коцева. Во најголемиот дел од случаите полицијата постапила согласно законските процедури, за што била поднесена ...
Денес, како кандидат за градоначалник на Општина Охрид, го потпишав Кодексот за фер и демократски локални избори 2025 година. Ова не е само формален чин, туку моја цврста обврска кон вас, граѓаните, дека ќе водам кампања која ќе биде чесна, отворена и во согласност со највисоките демократски принципи. Верувам дека фер изборен процес е основа за изградба на силна и одговорна локална самоуправа. Затоа, моите заложби се во насока на политичка ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека пензиите ќе се зголемат од 1 октомври. Како што истакна Мицкоски по посетата на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, следното покачување ќе биде напролет. Од 1 октомври е првичната корекција на пензиите, линеарното зголемување, а потоа ќе има и напролет. Со тоа ќе се заокружи инвестицискиот циклус и зголемувањето на пензиите линеарно во вкупен износ од 7 000 по пензионер што ги ...
Започна со проширување на Институтите Конфучие и заеднички академски програми, а заврши со капитално-економски и инфраструктурни договори и технолошки прилив. Денес, присуството на Кина во шесте земји од Западен Балкан е раширено, од културна до економска дипломатија. Експанзијата на присуството на Балканот се случува од 2013-14 година, кога Кина ја започна иницијативата „Појас и пат“. „Појас и пат“ е најголемиот инфраструктурен потфат во ...
Вистинската СДС се покажува на дело, кандидати за советници од Струмица крвнички тепаат странски државјани, рече на прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Кандидатите за советници во Советот на општина Струмица, Христијан Ефтимов, кој воедно е и претседател на младите на СДС и Илија Стојанов, крвнички тепаат странци во Струмица. Ве замолувам да го проследиме видеото. Целата македонска јавност увиде на каков начин СДС владее во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп најави воведување 100-процентни царини за увоз на фармацевтски производи во САД, кои ќе стапат на сила од 1 октомври. Доколку фармацевтските производители изградат производствен погон во САД, тие би можеле да ја избегнат царината, напиша Трамп на својата интернет платформа Truth Social. Компаниите кои веќе закажале датум за почеток на изградбата или ја започнале изградбата ќе бидат ослободени од ...
Изградбата на брзата пруга во Македонија ќе биде најзначаен инфраструктурен проект за цела Југоисточна Европа, ќе донесе огромен економски бенефит и регионот и значително ќе го намали времето на патување од Скопје до Солун и до Атина, истакна заменик претседателот на владата и министер за транспорт, Александар Николоски. -Ние после долг временски период разговараме со Грција за поврзување, за економија, за бизнис, за она што го прави животот. ...
Предлог резолуцијата за дефинирање на заедничките државни и национални позиции за продолжување на процесот на зачленување на Македонија во ЕУ, предложена од СДСМ, ќе се „пегла“ по изборите. Истата до моментов не предизвика поголемо медиумско внимание во соседна Бугарија, а и оние кои ја пренесоа информацијата за неа, повеќе ги видоа роковите. „Рок за усвојување на уставните измени и без нови барања од Бугарија предлага СДСМ во резолуција што ...
Со заострени казни и камери на улиците, МВР планира да ги „дисциплинира“ и пешаците и возачите. Подготовките за стартот на системот „Безбеден град“ се во полн ек. Иако, согласно законот, тој треба да стартува од 1 јануари 2026 година, планиран е пробен тест период кој ќе започне порано. Со законски измени веќе стапуваат на сила и поригорозни правила за пешаците, велосипедистите и оние коишто управуваат со електричен тротинет или мопед. Во ...
Под влијание на циклонска активност со центар над Џенова, во нашата Република Македонија следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и тие повремено ќе бидат обилни и поројни и проследени со локална појава на грмежи и со засилен ветер од југоисточен правец. Локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20/25 литри на метар квадратен дожд). И во Скопје и околината следува период на променливо време со ...
По огромниот притисок од американскиот претседател Доналд Трамп врз судството, голема порота го обвини поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, за дела што вклучуваат и лажно сведочење. Министерството за правда објави дека 64-годишникот е обвинет и за попречување на конгресна истрага. За време на првиот мандат на Трамп, Коми истражуваше руско мешање во изборите во САД во 2016 година и ги испитуваше можните врски меѓу Москва и членовите на ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети кажувал приказни од 19. век. Според Николоски, Ахмети не може да се пофали со ниту еден проект, иако е долго во политиката. „Не успеа да излезе од некои други времиња, не успеа да го следи трендот на времето и времето во меѓувреме го прегази, и тоа ќе го сфати на избори. Мислам дека не сфаќа дека ова не е ...
Младите луѓе тешко се одвојуваат од скутот на своите родители. Податоците на Евростат, објавени на 23 септември покажуваат дека младите во Европа домот го напуштаат на просечна возраст од 26,2 години. За состојбите во Македонијане се достапни најнови податоци, но оние од минатата година посочуваат дека младите во земјата дури на 32,1 година се одлучуваат да го напуштат родителскиот дом. Ваква е состојбата во речиси сите балкански земји. ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека претседателот на САД, Доналд Трамп, му рекол дека Украина може да одговори на руските напади врз енергетската инфраструктура на ист начин, како што Украина продолжува да ги напаѓа руските рафинерии. „Доколку ја нападнат нашата енергија, претседателот Трамп поддржува дека можеме да возвратиме со напаѓање на нивната“, рече Зеленски во интервју за Аксиос објавено на 25 септември. Тој додаде ...
Париски суд го прогласи поранешниот француски претседател Никола Саркози за делумно виновен во судењето за наводни средства за изборна кампања добиени од Либија. 70-годишникот е осуден за „злосторничко здружување“, но е ослободен од обвиненијата за поткуп и нелегално финансирање на изборна кампања. Тој беше ослободен и од обвинението за профитирање од проневера на јавни средства. Саркози е виновен затоа што им „дозволил на блиски соработници да ...
Светската трговска организација (СТО) ја поздрави одлуката на Пекинг да не бара нови посебни поволности во идните преговори со СТО, нарекувајќи ја чекор кон поправеден глобален трговски систем. „Ова е пресуден момент за СТО. Одлуката на Кина ја одразува нејзината посветеност на порамнотежен и поправеден глобален трговски систем,“ изјави во соопштение генералната директорка Нгози Оконџо-Ивеала. Нејзиниот коментар дојде по изјавата на кинескиот ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна посета на ОВР Дебар при што го посети и Граничниот премин „Блато“ кој се наоѓа во близината на Дебар. Министерот Тошковски со раководството на ОВР Дебар беше информиран дека безбедносната состојба во целиот регион е стабилна со значително подобрени резултати во справувањето со насилниот криминал, имотните деликти и унапредување на сообраќајната безбедност. На средбата ...
Лидерот на СДСМ Венко Филипче, ја претстави Резолуција за дефинирање на заеднички државни и национални позиции за патот на Северна Македонија кон ЕУ. Во неа стои дека државата е подготвена да ги исполни обврските од Преговарачката рамка и да ги донесе уставните измени, но како последна пречка. Владата на Северна Македонија и сите државни институции доследно да се придржуваат кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска изјави дека радарот на скопскиот аеродром е ставен во фунција, бидејќи е најден резервен дел и проблемот е решен во рекордно време од само три дена. Но, вели, притоа било констатирано дека изминатите години тој работел на само еден канал. Дополнително, нагласи Николоски, радарот е стар 27 години и минатата влада не донела одлука да се монтира новиот радар и притоа најави дека на ...
Претпладнево цистерна која превезувала нафта излетала од регионалниит пат Гевгелија – Богданци и се превртеле после што дошло до истекување на нафта и палење на истата; соопшти директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. ТППЕ Гевгелија брзо стигна на местото на несреќата и со специјална пена го изгаси огнот кој предизвика силнен црн чад и во овој момент имаат целосна контрола. Истекувањето на нафтата продолжува понатаму, опасноста од појава на нов ...
Во Данска повторно се случи инцидент со дронови, поради што воздушниот простор над аеродромот Алборг ноќеска беше привремено затворен, како што објави полицијата. Дронови се видени и над аеродромите Есбјерг и Сендерборг, како и воздухопловната база Скридструп, каде што се стационирани борбени авиони Ф-16 и Ф-35. Аеродромот Алборг го користи и војската, затоа од затворањето беа засегнати и вооружените сили. Шефот на полициските операции, Јеспер ...
Од денеска почнуваат да важат новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот – пешачењето со телефон во рака или преминувањето пешачки со тротинет веќе не е „ситница“, туку прекршок кој се плаќа. Ако преминувате пешачки со мобилен телефон на уво или во рака – казната е 40 евра. Ако возите тротинет, мотор или трактор со користење електронски уред – казната е 50 евра. Законот ги обврзува пешаците да се движат внимателно и без користење ...
Два автомобили и магацин на маркет гореа ноќеска до Зеленото Пазарче во Центарот на Скопје. Причините за пожарот не се познати, но како што пренесува порталот Press24. пожарот потекнал од паркирано возило, се префрлил на друго, па потоа и на магацински простор на ланец маркети. Командирот на Скопската противпожарна бригада, Звонко Томески во изјава за Press24 рече дека добиле пријава за запален автомобил во 23:05 часот. -Веднаш беа упатени две ...
Осум предмети од „кардиолошките случаи“ се завршени, уште пет нови се пристигнати во Фондот за здравство, но очекуваме да ни бидат доставени и други од институции и граѓани, изјави вечерва министерот за здравство Азир Алиу. Министерот напомена дека резултатите од целиот овој процес ќе бидат соопштени на крај, кога ќе се изготви завршниот извештај. Кажа дека нема да се оди со делумни информации во јавноста поради сензитивноста на случајот и пред ...
СВР Скопје го расчисти случајот со турскиот државјанин М.А.О.(61), за кој вчера (23.09.2025) околу 16:40 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ беше пријавено дека бил донесен со тешки телесни повреди од страна на едно лице со приватно возило, кое откако го оставило повредениот, заминало со возилото, а повредениот набргу починал. Од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје преземени се соодветни мерки и ...
Под влијание на циклонска активност со центар над Џенова, во нашата Република Македонија следува променливо време со повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат обилни и поројни и проследени со локална појава на грмежи. Повеќе врнежи ќе имаме за време на викендот како и во почетокот на следната седмица кога во исто време од исток и од североисток кон нашата Македонија ќе продира значително поладен воздух кој ќе ги спушти температурите дури ...
Државната изборна комисија (ДИК) денеска одржа седница на која преку жрепка се утврди единствена листа на кандидати за Локалните избори 2025. Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ на избирачкото ливче на локалните избори ќе биде под број 9, додека опозициската СДСМ е со број 5. Ова е листата со редни броеви под кои ќе се најдат партиските кандидати за градоначалници на претстојните локални избори: 1.Искуство за успех 2. ЗНАМ 3. Демократска партија на ...