Белград
11ᴼ /
11ᴼ
Нема никаков безбедносен ризик со слетувањето и со полетувањето на авионите на скопскиот аеродром, тврди директорот на М-НАВ, Владимир Ристески, кој ја потврдил информацијата на порталот „СДК.мк“ дека се расипал единствениот исправен радар во Контролата на летање во Македонската навигација (М-НАВ) на Меѓународниот аеродром Скопје. Според директорот, работата ќе се одвива како и досега, но со побавно темпо и нема никаков безбедносен ризик со ...
Повеќе од 1000 луѓе биле егзекутирани во Иран во првите девет месеци од 2025 година, покажуваат податоците од последниот извештај на организацијата за човекови права „Хенгав“ (Hengaw). „Хенгав“ соопшти дека 404 од егзекуциите се извршени откако во јуни изби војната меѓу Иран и Израел. Тоа претставува зголемување од 40% од почетокот на војната, „што е највисок скок во последниве две децении,“ се наведува во соопштението. „Никогаш досега ...
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека е подготвен да ги обнови контактите со Соединетите Држави доколку тие ги напуштат барањата Пјонгјанг да се откаже од својата нуклеарна програма, објавија севернокорејските медиуми на 22 септември. „Ако САД се откажат од својата заблудна опсесија со денуклеаризација и, препознавајќи ја реалноста, навистина сакаат мирно да коегзистираат со нас, тогаш нема причина зошто не можеме да седиме спроти ...
Се наоѓаме во клучен момент од нашата историја кога безбедносните предизвици повеќе не се ограничени само на традиционалните закани како што е организираниот криминал, трговијата со дрога и корупцијата, туку се преплетуваат со нови и се посложени опасности, порача министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на отворањето на ретренинг Конференција на европскиот огранок од Асоцијацијата на националната Академија на Сојузното биро за истраги ...
По признавањето вина од онкологот Пешевска и изрекувањето на пресудата за неа, судењето за несовесно лекување пациенти ќе продолжи за поранешниот директор и двајца доктори од Онкологија. Во судска постапка е уште и предмет против поранешните директори на Клиниката – медицински и економски. И тие и докторите, ги отфрлаат обвиненијата што им се ставаат на товар. Алтернативна мерка – условна казна доби докторката, онколог, Мери Пешевска, во ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари средба со Н.Е. Кристоф Ле Риголер, амбасадор на Француската Република, на која се разговараше за унапредување на економската соработка меѓу Република Македонија и Француската Република. На средбата присуствуваа и претставници на бизнис заедницата на Француската Република пред кои беа презентирани можностите за отпочнување и унапредување на значајни инфраструктурни ...
Македонската полиција се ребрендира – МВР ги повикува сите заинтересирани компании да учествуваат на тендерот Министерството за внатрешни работи објави тендер за нови униформи за замена на старите, непрактични и нефункционални униформи со нови, модерни, квалитетни и функционални по терк на европските полиции. Министерството во процесот кој е целосно транспарентен и одговорен, оствари технички дијалог со дури 13 заинтересирани компании при што ...
Воздушниот сообраќај во македонското небо се соочува со сериозни предизвици поради ограничувања во радарското покривање на Скопје TMA (Terminal Maneuvering Area). Според информациите, хоризонталната радарска сепарација во областа изнесува 10 наутички милји, што е двојно повеќе од вообичаеното во европските терминални зони. Дополнителен проблем претставува фактот дека средниот надзорен радар на Бањски Рид е нефункционален, што значително го ...
Во вторник на 23 септември, во 4 часот и 29 минути по средноевропско време, во Република Македонија започнува есента. Тој ден на северната хемисфера е есенска рамноденица, а на јужната пак пролетна рамноденица (таму почнува пролетта), односно денот и ноќта траат подеднакво. Всушност поради влијанието на атмосферата и прекршувањето на сончевите зраци низ неа, на 23 септември денот ќе трае за околу 10 минути подолго (вистинска рамноденица ќе биде ...
Во присуство на американскиот претседател Доналд Трамп, потпретседателот Џеј Ди Венс и други членови на владата, десетици илјади луѓе низ САД се потсетија на убиениот десничарски активист Чарли Кирк. Со силно религиозно набиен речник, Кирк беше прикажан не само како починат, туку и како симбол за иднината на движењето „Да ја направиме Америка повторно голема“, во чие обликување тој помогна. За време на церемонијата што траеше неколку часа на ...
До 25 септември (четврток) во нашата Република Македонија времето ќе биде без промени, односно останува стабилно и сончево со постепено зголемување на облачноста од среда попладне и навечер (24 септември). Наутро останува малку посвежо времето а преку ден ќе биде топло со температури кои на повеќе места ќе надминуваат 25 степени или ќе се искачуваат близу 30 степени, а во Повардарието и во Скопскиот регион температурите ќе надминуваат 30 ...
Полициски службеници од СВР Битола ноќта на 21 септември 2025 година го лишија од слобода Ј.С. (68) од Берово, со престој во Битола, поради сомнение за сторено кривично дело „полов напад на дете кое не наполнило 14 години“ (член 188 став 1 од Кривичниот законик). „Според пријавеното, делото било извршено во хотел во Битола врз 12-годишно девојче,“ информираат од МВР. Од Министерството додаваат дека по целосно расчистување и документирање на ...
Велика Британија, Австралија и Канада во неделата ја признаа палестинската држава, што е голем пресврт во децениската западна надворешна политика што брзо го предизвика гневот на Израел. Португалија, исто така, треба да ја признае палестинската државност во недела, бидејќи Израел се соочува со зголемен меѓународен притисок поради војната во Појасот Газа, која беше предизвикана од нападот на 7 октомври 2023 година од страна на палестинската ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Вашингтон да воведе „силни“ мерки против Русија откако Европската Унија се приближи кон заострување на санкциите врз Кремљ и поради зголемените тензии на небото над источното крило на НАТО. Зеленски, исто така, на 20 септември изјави дека очекува да се сретне со претседателот Доналд Трамп на маргините на Генералното собрание на ОН следната недела. Средбата сè уште не е потврдена во Вашингтон. ...
Во тек е креирањето на нови мерки со кои Владата ќе се обиде да им излезе во пресрет на граѓаните поради високите цени на прехранбените производи во маркетите. Ова денеска го изјави премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека институциите веќе делуваат на терен. „Мерките се во тек, а тоа што не правиме естрада од политиките што ги водиме не значи дека не се грижиме. Секојдневно Државниот пазарен инспекторат и Комисијата за заштита од ...
Во островот Мал Град во Преспа, во Црквата на Света Богородица се служеше Богослужба, според традицијата негувана со векови, Македонците од оваа област го одбележаа денешниот голем празник Раѓање на Пресвета Богородица – Мала Богородица. Оваа црква се смета за скапоцена во Преспа и во цела Албанија. Се наоѓа во Преспанското Езеро, на островот на островот Мал Град областа Преспа, од 14 век и е еден од највредните споменици на културното ...
Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе истражна постапка против едно лице од Неготино за кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 во врска со член 19 (во обид), како и Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Кривичните дела ги извршил спрема градоначалникот на Неготино. На 2 септември, од анонимен фејсбук профил му пишал на градоначалникот и со сериозни директни закани кон него и ...
Синоќа Штип беше центарот на регионот и вистински главен град на културата и забавата. Над 100.000 посетители од цела Македонија и пошироко присуствуваа на незаборавниот концерт на балканската музичка ѕвезда Дино Мерлин, кој со својот настап ја обедини публиката во љубов, почит и заедништво, без разлика на вера или нација. Настанот, кој се одржа по повод 17. издание на традиционалната “Пастрмалијада”, беше организиран на највисоко ниво, со ...
На 20.09.2025 во 17:30 часот полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар, на магистралниот пат Гостивар- Кичево го лишиле од слобода Б.Р.(32) од с.Форино, кој со неговото патничко возило „бмв” со швајцарски национални ознаки, престигнувал колона од возила во непрегледна кривина. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 297 -а ...
На 21.09.2025 во 05:00 часот полициски службеници од ОВР Гостивар, во присуство на неговата мајка Џ.Х., лишиле од слобода 15- годишен малолетник од Гостивар, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „одземање на моторно возило”, казниво по член 242 од КЗ, а пријавено истиот ден во 04:10 часот во ОВР Гостивар од Б.Ѓ.(43) од Гостивар. Според пријавеното, малолетникот го украл возилото „мерцедес“, кое било паркирано и оставено со ...
На 20.09.2025 во 15:00 часот во село Василево, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Е.А.(42) од село Василево, струмичко. Тој се сомничи дека околу 12:00 часот подметнал пожар на место викано „Џидет“, во атар на село Василево, во кој била зафатена нива со сува вегетација. Од страна на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршиле увидна екипа ...
На 20.09.2025 полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Г.(35) од с. Кондово, скопско, затоа што истиот ден околу 09:00 часот во Кондово, со употреба на бензин, го запалил патничкото возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ш.Ѓ.(51) од с. Кондово. СВР Скопје против А.Г. поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од КЗ, а од страна на судија на претходна ...
Ни започнува есента, според она што можам да го кажам за пртстојната есен 2025, според Европскиот модел за Среднорочна прогноза (ECMWF) не очекува динамична атмосфера над нашиот дел од Европскиот Континент. Тоа значи дека ни следува многу променлива есен, ќе има и почести врнежи од дожд и пониски температури на воздухот за разлика од изминатите години, сепак и порај ова не значи дека нема да имаме топли есенски денови со многу сонце. Особено ...
Сојузниците на НАТО го осудија нарушувањето на воздушниот простор на Естонија од страна на Русија, што е трето провокативно упаѓање од страна на Кремљ во последните денови, а западната воена алијанса закажа состанок на својот Северноатлантски совет за да разговара за продлабочувањето на кризата. „Денес разговарав со естонскиот премиер Кристен Михал за нарушувањето на воздушниот простор од страна на Русија“, рече шефот на НАТО Марк Руте на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг оваа есен на самитот за Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во Јужна Кореја. Трамп го објави ова преку својот профил на социјалните мрежи Трут, откако претходно имал телефонскиот разговор со Си. Тој рече дека ќе патува во Кина на почетокот на следната година и оти очекува Си Џинпинг да ги посети Соединетите Држави во соодветно време. ...
Сајбер напад предизвика доцнења на берлинскиот аеродром БЕР и на други европски аеродроми. Провајдер на системи за обработка на авионските патници бил нападнат во петокот навечер, соопшти аеродромот БЕР. Поради тоа, врските со системите биле прекинати. Патниците се соочуваат со доцнења на авиони уште од утрото. На веб-страницата на аеродромот во Берлин пишува: „Поради технички проблем кај провајдер на системи што се користи низ цела Европа, се ...
Голема чест и задоволство ми е што денеска имав можност, во мое лично име и во име на Општина Охрид, да ги поздравам и да го означам почетокот на Турнирот со огнено оружје „Гранд При Лихнидос 2025“. Меѓународниот турнир во стрелање со огнено оружје е симбол на нашата посветеност кон развојот, промоцијата и унапредувањето на стрелачкиот спорт во Охрид. Нашиот град има богата традиција и се гордее со истакнати стрелци кои постигнале забележителни ...
Синоќа имав исклучителна чест да бидам во ваква академска средина, во градот кој е вечна инспирација, посебно за археологијата. Искрени честитки за организаторите, кои по повод Европските денови на наследство 2025, упеаја да го организираат првиот „Меѓународен симпозиум за Медитеранска и теоретска археолигија –Лихнида“. Охрид, древниот Лихнидос, низ вековите бил крстосница на разни цивилизации кои оставиле свои траги. Дел од тие траги видливи ...
За прв пат се пронајдени докази дека киднапираните украински деца биле користени од Русија за склопување воена опрема, според раководителот на тим од Универзитетот Јеил, кој ја истражува судбината на речиси 20.000 малолетници, за кои се вели дека биле киднапирани или насилно раселени. „Ова е прв пат да видиме таков опис на деца вклучени во изработка на уреди за воени операции“, изјави за РСЕ Натаниел Рејмонд, раководител на Лабораторијата за ...
Во српскиот главен град Белград денеска (20 септември) се одржува воена парада под слоганот „Моќта на единството“. Во исто време, група граѓани, на повик на студентите кои учествуваат во блокадите, дојдоа на мирен собир „во поддршка на армијата“. Најавено е дека повеќе од 10.000 учесници ќе маршираат на парадата, заедно со над 2.500 парчиња оружје и воена опрема. Настанот се одржува во време на масовни антивладини протести во Србија, кои беа ...