На 18.09.2025 во 20:40 часот, во населба Превалец, Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода В.Д.(45) од Виница и З.Н.(48) од Штип. При контрола на патничко возило „шевролет“ со винички регистарски ознаки, управувано од В.Д. а сопатник бил З.Н., била пронајдена пушка-артефакт, која претставува културно наследство, како и над 300 парчиња муниција, кои В.Д. ги поседувал без соодветна документација. Исто така, во возилото е ...

Вкупно 265,2 милиони евра биле потрошени на македонскиот пазар со недвижности во период од април до јуни годинава, од кои 112 милиони евра се само за купување станови, покажува регистарот за цени и недвижности што повторно почна да го објавува Агенцијата за катастар на недвижности по пауза од пет години. Овој регистар каде просечната цена се добива врз база на склучените договори и преддоговори за продажба на станови е законска обврска на ...

Инцидентите со дронови повеќе од една недела го привлекуваат вниманието ширум Европа. Во текот на ноќта помеѓу 9 и 10 септември, голем број руски беспилотни летала влегоа во полскиот воздушен простор. Идентификувани се до 19 дронови, од кои неколку беа соборени. Само неколку дена подоцна, руски беспилотни летала преминаа на територијата на Романија, која е исто така членка на НАТО. Во понеделникот, полските власти собориле беспилотно летало што ...

По пожарот во простории на фабриката за електричен и електронски отпад, Ф Групација, во скопското село Трубарево, во воздухот биле измерени големи количини на ПМ 10 честички и тешки метали, покажаа резултатите што попладнето на 19 септември ги објави Министерството за животна средина и просторно планирање. Станува збор за мерења што биле направени денот на пожарот – 13 септември и следниот ден – 14 септември. „По пожарот е регистрирано ...

Уживајте во убавото време со многу сонце и пријатна летна топлина преку ден се до 25 септември. До тогаш нашата Република Македонија ќе биде под влијание на Антициклон и во поле на висок воздушен притисок. Температурите на повеќе места ќе надминуваат 25 степени, односно тие ќе се движат близу 30 степени, а во Повардарието како и во Скопскиот регион тие повремено ќе надминуваат и 30 степени. Утрата остануваат и понатаму свежи. Веќе од 26 ...

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, Одделот за гранични работи и миграции и Одделот за специјални полициски операции – ЕБР, а под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе акција, при што сузбиена е организирана криминална група инволвирана во извршување на кривични ...

Лебот нема да поскапи, уверува претседателот на Сојузот на стопански комори (ССК), Горан Ѓорѓиевски. Како што истакна на прес-конференција, цената на пченицата е стабилна, а не очекува големи флуктуации ниту во однос на суровото сончогледово масло. Одговорајќи на новинарски прашања во врска со евентуалните нови владини мерки, Ѓорѓиевски нагласи дека бизнисот не се согласува со замрзнување маржи, туку за пазарно формирање на цените. Според него, ...

Полицијата попладнево интервенирала во кругот на прилепската болница „Борка Талески“. По масовната тепачка што се случила пред општата болница во овој град, полицијата привела 13 лица. Физичката пресметка била меѓу повеќе лица а со цел да ги смири полицијата, службено лице пукало во воздух. Од полицијата го потврдија случајот. „Денеска (19.09.2025) околу 12.00 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека пред Градската општа болница ,,Борка Талески“ во ...

Владата по спроведувањето на Локалните избори ќе ги соопшти мерките за запирање на превисоките цени на становите во Скопје, но и во неколку други центри во државата. Фокусот е ставен на младите полесно да си обезбедат живелиште, изјави вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски кој денеска во Штип одговараше на новинарско прашање, кои мерки и олеснувањата ќе се преземат за да се намали цената на становите. Николоски ...

На 18.09.2025 во 12:45 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишија од слобода А.Б.(19) од Република Турција затоа што кај неа се пронајдени и одземени таблети и предмет со остатоци од марихуана. Подоцна, со судска наредба, извршен е претрес во станот и помошни простории, каде што живее и ги користи во Гостивар, при што се пронајдени и одземени дробилка со остатоци од марихуана, таблети, бела прашкаста материја, дигитална ...

САД повторно спречија резолуција за подобрување на хуманитарната состојба во Појасот Газа со вето во Советот за безбедност на ОН. Соединетите Американски Држави беа единствената земја во најмоќното тело на ОН во Њујорк што гласаше против предлог-резолуцијата поднесена од десетте непостојани членки, додека 14 земји гласаа „за“. Текстот изразуваше длабока загриженост поради гладот во Газа и бараше од израелската влада „итно и безусловно да ги ...

Под влијание на Антициклон (Поле на висок воздушен притисок) кое е распространето над најголем дел од Европскиот Континент и целиот Балкански Полуостров, како што претходно најавив и кажав, до 25 септември во нашата Република Македонија останува стабилно, суво и сончево со поладни утра кога минималните температури во поголем дел од нашата Македонија ќе се спуштаат под 10 степени, а локално особено на повиоски и на планинските места тие ќе се ...

Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе кривична пријава против М.Д (56), Л.Д. (26), В.М. (43) и З.С.(59), како и против правно лице со седиште во Трубарево за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Првопријавениот и второпријавената, како соизвршители, постапиле спротивно на Законот за управување со ...

Италијанскиот парламент ја усвои рамката на новиот закон за вештачка интелигенција, со кој дистрибуцијата на слики или видеа генерирани од вештачка интелигенција без согласност на прикажаните ќе се казнува со затвор до пет години. Мерката, која беше поддржана од двата дома на парламентот (вклучувајќи го и конечното гласање од 77-55 во Сенатот доцна на 17 септември) е насочена кон поединци и компании кои дистрибуираат фотографии или видеа ...

Кон секој проблем пристапуваме сериозно и студиозно работиме на пронаоѓање решение. Не правиме импровизација туку носиме долготрајни решенија. Во денешната моја посета на ЈП “Градски гробишта” ми беше презентиран проектот кој започнува за скоро, а тоа е изградба на атмосферска канализација, по што следува и целосно асфалтирање на градските гробишта. Тоа што долго време е проблем тука сега се решава трајно. Исто така ЈП „Градски гробишта“ изврши ...

Претстојниот викенд, поточно во недела на 21. септември, се слави рождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица) – еден од големите празници на Светата православна црква. Иако овој празник се смета за почеток на сите празници, сепак, тој почнал да се празнува многу подоцна. Дури откако ослабнало паганството, христијаните, покрај на Исус Христос, можеле да и оддадат заслужено признание и на неговата мајка. – В сабота, на 20 септември 2025 ...

На 17.09.2025 во 18:30 часот во Градски гробишта Бутел, полициски службеници од СВР Скопје – Полициската станица Чаир поради сомнение за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик ги лишија од слобода О.Ш.(49), М.Ш.(22), Љ.Ф.А.(26) и З.Р.(26), сите од Скопје. Во возилото „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Р., а останатите се сопатници е пронајдена и одземена бронзена биста со две човечки тела во седечка ...

Секторот за внатрешни работи Куманово во соработка со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против М.П.(43) од Куманово, вработена во МВР – Одделение за управни работи Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353, против Ф.Т. (29) од Куманово, ...

На 17.09.2025 во 21:15 часот во СВР Велес, 74-годишен маж од општина Чашка пријави дека бил измамен од едно лице за сума од 14.000 евра. Според пријавеното, лицето му се јавило на телефон и му кажало дека неговата ќерка има направено сообраќајна несреќа и дека треба да плати за да ѝ биде направена операција. Како што е пријавено, откако се договориле, парите ги однел на договореното место, по што ја слушнал ќерка си и сфатил дека бил измамен. ...

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев денес и утре присуствува на регионална конференција на ИНТЕРПОЛ која се одржува во Глобалниот комплекс на иновации на ИНТЕРПОЛ во Сингапур. Директорот Јанев оствари повеќе билатерални средби со високи претставници од азиските држави како и со раководството на Генералниот секретаријат и Извршниот комитет на ИНТЕРПОЛ. „Со соговорниците разговаравме за унапредување на полициската соработка ...

Со децении, повеќето големи американски технолошки компании и инвеститори го избегнуваа Пентагон. Некои беа одвратени од лавиринтот на договорните правила, оставајќи го поголемиот дел од работата на гиганти како „Локид Мартин“ и „РТИКС“. Други имаа проблеми со етичките прашања за производство на оружје и системи за надзор. Сепак, целосната инвазија на Русија во Украина, конфликтот меѓу Израел и Хамас, кој САД и ЕУ го сметаат за терористичка ...

Основниот кривичен суд Скопје ја прогласи за виновна поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова за кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување и ја осуди на казна затвор од две години. Димова треба да плати и судски паушал од 10 илјади денари и да ги покрие судските трошоци, како и во рок од шест месеци треба да ја надомести и штетата од 22,7 милиони денари на ...

Прес-конференција на членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски: „Почитувани, Мојсоска од Левица додека ги напаѓа колегите пратеници за патни трошоци, си инкасирала над 600 илјади денари за 4 години од Левица. Лицемерието на Мојсоска и Левица не престанува, тие се тотално демаскирани. Продаваат скромност и неподмитливост пред народот, а позади нивниот грб ги полнат сопствените џебови. Мојсоска додека во Собрание ги напаѓа колегите зошто ...

Царинските службеници на граничниот премин „Стење“ на македонско-албанската граница, заедно со граничната полиција, спречиле обид за шверц на златен накит во вредност од 346 000 денари (околу 5 600 евра). Како што информираат од Царинската управа, патникот, инаку македонски државјанин, се обидел да го внесе накитот, без да го пријави кај надлежните служби. „Поради сомневање, царинските службеници извршиле детална контрола на возилото со кое ...

Владата преку Министерството за транспорт реализира сет мерки за подобрување на инфраструктурта во општините со што ја подигнува безбедноста во сообраќајот и го унапредува квалитетот на живот. Во меѓувреме креираме и нов Правилник за проектирање и изградба на велосипедска инфраструктура во општините, истакна потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на конференцијата посветена на подобрување на урабниот транспорт. ...

Руските музичари не беа добредојдени на сцената на натпреварот за песна на Евровизија откако Москва ја започна својата инвазија на Украина во 2022 година, но Русија се осигурува дека тие имаат место каде што ќе го покажат својот талент во програма проткаена со носталгија по Студената војна. Русија го оживува „Интервижн“, натпревар за песни од советската ера, некогаш наменет да и се спротистави на Евровизија. Организаторите велат дека најмалку ...

Денес сме собрани со исклучително важна цел – да потврдиме дека реформите не се само зборови во програма, туку дела што се гледаат и чувствуваат. Нема модерна држава без модерна администрација. Нема напредна економија без функционален јавен сектор. Нема доверба во институциите без професионални, одговорни и мотивирани службеници. Претходната влада ја остави администрацијата демотивирана, со нарушена доверба, со луѓе кои се чувствуваа оставени ...

На 17.09.2025 во 18:30 часот на ул.„8 Септември” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија до слобода В.Г.(19) од Битола. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „сеат”со битолски регистарски ознаки, управувано од В.Г., при што е констатирано дека го управувал со брзина од 104 километри на час во населено место каде што брзината е ограничена на 50 километри на час. По документирање на ...

На 17.09.2025 во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода двајца малолетници на возраст од 12 години и еден 14-годишник, сите од Скопје. Околу 17.00 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар тие одзеле пари и побегнале, но набргу биле пристигнати од двајца вработени во објектот. Притоа, еден од малолетниците им се заканил и се обидел да ги нападне со остар предмет. Парите и ...

На 16.09.2025 во 14:00 часот на наплатна станица „Преод“ на автопатот Скопје-Штип, полициски службеници од ОВР Свети Николе и ОВР Кочани ги лишија од слобода А.М.(26) и Б.Д.(25), двајцата од Кочани: При преглед кај нив и во патничкото возило „сеат“ со винички регистарски ознаки, во кое се превезувале, пронајдени и одземени се бела грутчеста материја и пари во различни апоени. Известен е јавен обвинител и двајцата се изведенни пред судија на ...

weather icon

Белград

11ᴼ / 11ᴼ
7.2
72%
1011
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
89%
1014
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
0.51
81%
1010
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
9.8
84%
1013
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
95%
1015
weather icon

Атина

14ᴼ / 13ᴼ
3.13
86%
1001
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1004
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
100%
1005
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
10.29
87%
1016
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
2.06
94%
1014
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
77%
1008
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
100%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Родиум

255598.44

Цинк

3.24

Никел

471972.96

Калај

40.11

Иридиум

145787.60

Паладиум

45879.12

Бакар

10.76

Алуминиум

2.89

Кобалт

55.67

Рутениум

29192.88

Злато

135322.28

Сребро

1837.41