Белград
11ᴼ /
10ᴼ
На 17.09.2025 во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода двајца малолетници на возраст од 12 години и еден 14-годишник, сите од Скопје. Околу 17.00 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар тие одзеле пари и побегнале, но набргу биле пристигнати од двајца вработени во објектот. Притоа, еден од малолетниците им се заканил и се обидел да ги нападне со остар предмет. Парите и ...
На 16.09.2025 во 14:00 часот на наплатна станица „Преод“ на автопатот Скопје-Штип, полициски службеници од ОВР Свети Николе и ОВР Кочани ги лишија од слобода А.М.(26) и Б.Д.(25), двајцата од Кочани: При преглед кај нив и во патничкото возило „сеат“ со винички регистарски ознаки, во кое се превезувале, пронајдени и одземени се бела грутчеста материја и пари во различни апоени. Известен е јавен обвинител и двајцата се изведенни пред судија на ...
На 17.09.2025 во 19:30 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници ги лишија од слобода К.С.Г.(40) и Ј.С.(32), двајцата од Сојузна Република Германија. Претходно, при гранични проверки извршени се и контроли во нивните возила, при што во возилото кампер „фиат капрон“ со швајцарски национлани ознаки, кое го управувал К.С.Г., пронајдени и одземени се марихуана, 36 таблети, 189 капсули и дробилка. Додека, во возилото „фолксваген ...
Европската Унија во среда го откри својот најстрог план досега за притисок врз Израел да ја прекине војната во Појасот Газа, каде што Палестинците се принудени да бегаат од тенкови, беспилотни летала и израелски трупи кои напредуваат подлабоко во крајбрежната енклава разорена од војна. Каја Калас, шефицата за надворешна политика на ЕУ, ги повика 27-те земји-членки да ги зголемат царините за одредени израелски производи и да воведат санкции врз ...
Невообичани ладни утра за овој период од годината со потпросечни температури на воздухот се пред нас, а преку денот ќе имаме многу сонце и ведро време без никаква облачност. Наутро температурите во најголем дел од Македонија ќе се спуштаат под 10 степени, локално и под 5 степени а на високите и на планинските места температурите ќе се спуштаат близу 0 степени, со што е можна појава на слаб мраз и на слана. Токму ова е поради влијанието на ...
Сопругата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, Јулија изјави дека лабораториската анализа на шверцувани биолошки примероци покажала дека тој бил убиен со труење додека бил затворен во арктичкиот затвор во февруари 2024 година. Навални, најголемиот критичар на претседателот Владимир Путин со години, почина во мистериозни околности додека отслужуваше 19-годишна затворска казна по низа обвиненија што се сметаат за одмазда за неговата ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја предупреди палестинската милитантна организација Хамас да не ги повредува заложниците што ги киднапираше. САД и ЕУ ја прогласија Хамас за терористичка организација. „Ако повредат барем влакно од главата на еден заложник, ќе ги ловиме со поголема сила до крајот на нивниот живот и тој крај ќе дојде многу побрзо отколку што мислат“, го цитираa Нетанјаху, израелските медиуми. Според медиумските извештаи, ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, пристигна во Велика Британија на својата втора државна посета, која започна со формален пречек во замокот Виндзор. Посетата е обележана со раскошни церемонии, најстроги безбедносни мерки и протести. Трамп и првата дама Меланија беа пречекани во Виндзор од кралот Чарлс и кралицата Камила. Во поворката со кочии низ кралскиот имот, со нив се возеа принцот Вилијам и принцезата Катерина, ...
По години кратења на својот воен буџет, Данска ќе набави прецизно оружје со долг дострел, за да се спротивстави на заканата што ја претставува Русија за Европа, дури и кога немаше непосреден ризик од напад врз нордиската земја, изјави премиерката Мете Фредериксен. Данска оваа година го зголеми својот воен буџет за да се справи со акутните недостатоци по целосната инвазија на Украина од страна на Русија во 2022 година. „Нема сомнение дека Русија ...
Основното јавно обвинителство Струга денеска поднесе обвинителен предлог против струшкиот градоначалник Рамис Мерко. Тој е осомничен дека од 1 април 2021 година до 27 јуни 2022 година како градоначалник ги пречекорил службените овластувања и склучил договор за изведување на осветлувањето на дел од речното корито на Црн Дрим, без претходно да обезбеди водостопанска согласност од Министерството за животна средина и просторно планирање. „Со тоа ...
На 16.09.2025 на регионален пат помеѓу селата Сарај и Петралинци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода С.В.(59) од село Дабиле, струмичко. Тој се сомничи дека околу 19:00 часот подметнал пожар на арско ѓубре во нива помеѓу селата Дабиле и Петралинци, сопственост на В.С.. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. С.В. е задржан во Полициската станица ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја најави иницијативата за побрзо прекинување на целиот европски увоз на нафта и гас од Русија, по разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп. „Руската воена економија го финансира крвопролевањето во Украина и се одржува со приходите од продажбата на фосилни горива“, напиша Фон дер Лајен на социјалните мрежи. За да се заврши ова, Европската комисија ќе предложи да се ...
Ако има еден збор што ви паѓа на ум кога ќе чуете „државна посета“, тоа веројатно е „протокол“. Особено кога станува збор за Виндзорската куќа, чиј истоимен замок е местото каде што кралот Чарлс Трети ќе го угости американскиот претседател Доналд Трамп за време на неговата втора државна посета на Обединетото Кралство. Поради реновирање, овојпат позлатените сали на Бакингемската палата се затворени. Вообичаено, на американските претседатели кои ...
Поради брз продор на ладен воздух од север, утре и задутре (среда и четврток 17/18 септември) во нашата Република Македонија ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Времето ќе биде претежно стабилно и суво, а само утре (среда 17 септември) ќе има малку повеќе облачност и ќе има услови за сосема слаб локален дожд. И во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе дува ...
Европската Унија (ЕУ) останува загрижена за владеењето на правото во земјите-кандидатки, иако има опиплив напредок во оваа област, изјави европската комесарка за проширување Марта Кос на 16 септември. „Продолжува мешањето во судските постапки, притисокот врз службените лица кои истражуваат корупција и политизацијата на медиумските регулаторни тела, што е неприфатливо“, рече Кос пред новинарите на конференцијата на Советот за општи работи на ЕУ, ...
Институтот за јавно здравје изврши вонредно испитување во засегнатото подрачје и во неделата (14.09.25) беа земени примероци, мостри од страна на професионален експертски тим од ИЈЗ за испитување на радиоактивност во вода, почва и воздух како и примероци за испитување на тешки метали во почва, земја и испитување на тешки метали во вода. „Во текот на вчерашниот ден (15.09.25) ИЈЗ извести дека според резултатите и направените анализи, во земените ...
Во Шпанија проектот за електрични автобуси без возач во јавниот превоз за првпат започна во главниот град Мадрид, известува Анадолу. Првото тест-возење на електрични автобуси без возач се одржа во паркинг-зоната Каса де Кампо во градот, како дел од проектот што го започна автономната влада на Мадрид за поддршка на нови еколошки и одржливи мерки за јавен превоз за време на „Европската недела на мобилност“, што се одржува од 16 до 22 септември. ...
Убиената Росица Коцева од Велес, во Основното јавно обвинителство во Велес, неколку дена пред да биде убиена дала исказ во која ја опишала последната средба со насилниот Илија Стефановски. Таа изјавила дека кога сакала да излезе од неговото возило тој и се заканил со зборовите: „Или ќе бидеш моја, или ќе бидеш мртва“. Кога пристигнале во Скопје тој продолжил да ја малтретира Коцева, ја удирал по телото, па и се заканувал. Како што е познато во ...
На 16.09.2025 околу 12:30 часот во с.Ајватовци, скопско, полициски службеници Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Д.С.(47) од с.Ајватовци поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. Имено, по претходно добиени оперативни сознанија, полициските службеници го затекнаа лицето во близина на полуотворена фолија за одгледување на растенија во која се гледаа насадени повеке стебла од ...
Идентификувани се дваесетина лица за кои постојат основани сомневања дека стојат позади пожарите, потврди премиерот Христијан Мицкоски. Тој го повтори ставот дека постојат центри на моќ кои се обидуваат да внесат страв и паника кај граѓаните, пред изборите. „Додека сум јас во Јегуновце заседаваат врвот на структурите на МВР, идентификувани се од прилика дваесетина лица за кои постојат основани сомневања дека стојат позади овој процес. ...
Холивуд и светската кинематографија тагуваат поради загубата на еден од великаните, Роберт Редфорд. Магнетичниот актер, режисер и визионер почина на 89-годишна возраст, во неговиот дом во Санденс, Јута, опкружен со најблиските. Веста за смртта ја соопшти неговиот публицист: „Роберт Редфорд почина на 16 септември 2025 година во неговиот дом во Санденс во планините на Јута – место кое го сакаше, опкружен со оние кои ги сакаше. Многу ќе недостига. ...
САД и Кина постигнаа рамковен договор за сопственост на ТикТок, изјави американскиот министер за финансии Скот Бесент во Мадрид, на прес-конференција по завршувањето на последната рунда трговски разговори меѓу двете најголеми економии во светот.Според него, американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Ши Џинпинг во петок (19.09) ќе разговараат за евентуално финализирање на договорот. Тој рече дека целта е сопственоста на ...
Свет Синод- Благодатниот синод на Албанската автокефална православна црква, под водство на Неговото Блаженство, Патријархот Антиохиски, г.г Јоан денес, 16 септември 2025 година, во седиштето на Синодалниот центар на Благодатната архиепископија Тирана, во согласност со Статутот на Црквата, и ги спроведе следните избори: 1. Со полно гласање е избран за митрополит на Ѓирокастро Неговото Блаженство, поранешниот митрополит Амантиски, Неговото ...
Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање ја информирале претседателката Гордана Сиљановска-Давкова дека пристапиле кон темелна проверка на наводите за хибридни напади во земјава во рамките на својата законски утврдена надлежност, велат од Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за Радио Слободна Европа. На прашањето дали Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова располага со информации за хибридни ...
Рано утринава беше подметнат пожар во сервис за автомобили во Стаклара, населба Пинтија во општина Кисела Вода, при што биле опожарени поголем број на возила. Пожарот избувнал над Стаклара во метстото наречено Каменик, а во сервисот имало повеќе автомобили, уље и други запаливи предмети. БППЗ Скопје веднаш излезе на лице место и со 8 возила после тешка борба со огнот, пожарот беше изгаснат пред 6.00 часот – велат од Дирекцијата за заштита и ...
САД повторно нападнале брод за кој се претпоставува дека бил натоварен со дрога, при што загинале тројца луѓе од Венецуела, објави претседателот Доналд Трамп. Жртвите се „тројца машки терористи“ кои биле на пат кон САД, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут Соушл. Нападот се случил во меѓународни води. Нападот бил извршен утрото по негова наредба, напиша Трамп. Притоа нема повредени меѓу американските сили. „Ве ловиме“, им се закани ...
Полските безбедносни служби неутрализираа беспилотно летало над главниот град Варшава. Според објавата на премиерот Туск на социјалните мрежи, беспилотното летало летало над владини згради и палатата Белведере. Бронтот не бил соборен, туку бил соборен откако биле пронајдени неговите осомничени оператори. Уапсени се двајца Белоруси. Полицијата продолжува да истражува присуство на беспилотното летало. Операција Источна стража Атмосферата во ...
Силните ветрови предизвикаа проблеми на неколку локации низ земјата. На пример, неколку контејнери беа превртени во пристаништето во Ротердам, при што слетаа врз неколку автомобили. Нема пријавени повредени, според регионалниот радиодифузер Ријнмонд. Фоторепортерите му кажаа на радиодифузерот дека најмалку четири автомобили се оштетени. Патот е затворен; според противпожарната служба, би можеле да се превртат повеќе купишта контејнери. ...
Американскиот претседател Трамп повторно испраќа војници во град, тврдејќи дека се бори против криминалот. По Лос Анџелес и главниот град Вашингтон, сега е ред на Мемфис. Во Белата куќа, Трамп потпиша наредба за испраќање на Националната гарда во градот во Тенеси. Тој не прецизираше кога ќе одат војниците или колку. Покрај Националната гарда, во Мемфис се испраќаат и членови на Службата за внатрешна безбедност, ФБИ и ICE (Имиграција и царинска ...
Голем дел од холандските гласачи имаат мала доверба во политиката. Тие исто така не очекуваат работите да се подобрат по претстојните избори. Ова е очигледно од анкетата за Денот на буџетот на Ipsos I&O, нарачана од NOS. По оживувањето пред една година, довербата во националната политика се врати на просечното ниво од последните години: 29 проценти имаат малку до многу доверба во политиката, 68 проценти имаат малку до многу мала доверба. ...