Белград
11ᴼ /
10ᴼ
Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Црвенот крст на денеска (13.09.2025) во градскиот парк кај фонтаната “Лотусов цвет”, реализираше превентивно едукативна активност во рамки на одбележувањето на јубилејните 80 години од формирањето на Црвенот крст. За време на кампањата во непосредна комуникација со посетителите беа презентирани кампањите “Внимавај, телефонски измами”, “Превенција од имотни деликти”, “Пожар 2025”, при што ...
Денеска (13.09.2025) во 13:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека кај шталскиот пат во с.Трубарево, скопско, настанал пожар и гори пластика. Полициски службеници од СВР Скоје излегле на местото и констатирано е дека се опожарени магацини на фабрика рециклажа на електричен отпад и пластика. Бригадата за противпожарна заштита Скопје, хеликоптер на МВР, Ер трактор, Пинц и БТР на Дирекцијата за заштита и спасување преземаат мерки за гасење и ...
Федералната трговска комисија на САД (FTC) денес започна истрага за седум компании што обезбедуваат чет-ботови со вештачка интелигенција, вклучително и Google Gemini, ChatGPT и Grok, известува Анадолу. Агенцијата бара информации за тоа како фирмите ги мерат, тестираат и следат потенцијално негативните ефекти од технологијата врз децата и тинејџерите. Чет-ботовите со вештачка интелигенција може да користат генеративна технологија со вештачка ...
Пред три децении САД и Република Северна Македонија формализираа партнерство засновано на доверба и заедничко почитување на демократските вредности. Оттогаш заедно му покажавме на светот што може да се постигне со волја, компромис и трпелива решителност. И покажавме како изгледа пријателството и соработката. Преку напорна работа, соработка и заемно почитување, билатералните односи се проширија низ владините институции и приватниот сектор. ...
НАТО, предводен од европските членки, соопшти дека ја зајакнува одбраната на својот источен дел по упадот на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор, што ги зголеми тензиите. НАТО на 12 септември соопшти дека започнал нова „активност“, наречена „Источна стража“, со која ќе се распореди дополнителна воена опрема од Велика Британија, Данска, Франција и Германија за да се одврати потенцијална руска агресија. „Активноста во повеќе ...
Сите оние кои што сакаат да се кандидираат на Локалните избори 2025 година закажани за 19 октомври, своите кандидатури за градоначалници и листите на кандидати за членови на советите во 80 општини и Градот Скопје тоа ќе можат да го направат преку своите овластени предлагачи до полноќ во просториите на Општинските изборни комисии (ОИК) и Изборната комисија на Град Скопје (ИКГС). ОИК по приемот на листата на кандидати, утврдува дали таа е ...
Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР денеска положувајќи свежо цвеќе на спомен обележјето, оддаде почит на загинатиот бранител и македонски херој Бобан Трпков, кој загина 2001 година во тетовско извршувајќи ja својата полициска должност. „Бобан не беше само име и спомен, тој беше човек што го познавав лично. Наш колега, пријател, човек со големо срце и со идеал за служба кон народот и татковината. Како и многумина, ја носеше ...
На 13.09.2025 во 02:25 часот на улица „Благоја Тоска” во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Е.А.(20) од Тетово затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана. На 13.09.2025 во 00:30 часот на улица „Живко Брајковски” во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода З.Н.(34) од Гостивар затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана. На 13.09.2025 во 00.30 часот во с. Калник, ...
Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро е осуден на повеќе од 27 години затвор за обид за државен удар, објави Врховниот федерален суд на земјата. Четворица од петте судии гласаа за осуда на Болсонаро. Според обвинителите и судиите, поранешниот претседател планирал државен удар со воени претставници и сојузници против владата на неговиот левичарски наследник, Луиз Инасио Лула да Силва, по неговиот пораз на изборите во 2022 година. ...
Пратеничките групи Патриоти за Европа (ПФЕ) и Левица поднесоа одвоени предлози до Европскиот парламент за изгласување недоверба на Европската комисија на Урсула фон дер Лајен. Потпретседателката на десничарската ПФЕ, унгарската европратеничка Кинга Гал од партијата Фидес, информира дека нивната иницијатива ја потпишале сите 85 пратеници на групата, со што е надминат потребниот минимум од 72 потписи за поднесување предлог за гласање недоверба на ...
Инспектори за криминалистичка полиција ги истражуваат сомнежите за подметнат пожар во Јавното претпријатие „Дрисла“. Тие вршат службени разговори со вработени во Јавното претпријатие „Дрисла“ за да утврдат евентуално учество од внатре во подметнување на пожарот на депонијата. Ова го соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување и раководител на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов, на денешната прес-конференција во ...
Данска планира да купи системи за воздушна одбрана за 7,67 милијарди евра, што е нејзина најголема набавка на оружје досега, изјави во петок (12 септември) министерот за одбрана на земјата, Троелс Лунд Поулсен. Во февруари, премиерката Мете Фредериксен ѝ нареди на војската да „купува, купува, купува“ како подготовка за потенцијална идна руска агресија во Европа, објави Ројтерс. „Нема сомнение дека безбедносната ситуација е загрозена. Видовме ...
Под влијание на атмосферсаки форнт од север и од северозапад но и на влажна и на нестабилна воздушна маса, во недела (14 септември) во попладневните и во вечерните часови како и во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник особено претпладнето во Македонија времето ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работни посети на Одделението за внатрешни работи Струга и Полициската станица за гранични проверки Ќафасан. Од страна на раководствата на СВР Охрид и ОВР Струга министерот беше информиран за безбедносната состојба во регионот, со забележителни резултати во справувањето со насилниот криминал и видлив напредок во подобрувањето на сообраќајната безбедност – област во која и понатаму ќе ...
Во рамки на манифестацијата „Денови на литература за деца – Охрид 2025“, денеска напладне на мини плоштадот „Вангел Наумоски“ се одржа промоција на четвртата книга од едицијата „Тие доаѓаат“, во која се поместени творби на ученици од основното и средното образование од Охрид. Во името на Општина Охрид свое обраќање пред присутните имаше Ана Крстеска, заменик градоначалник. -Со особена радост и гордост денеска сум тука заедно со вас на овој ...
Градоначалникот Кирил Пецаков денес го прими амбасадорот на Полска во Македонија, Н. Е. Мариуш Бримора кој е во прва официјална посета на Општина Охрид. Високиот гостин од Полска го изрази своето воодушевување од Охрид како главна туристичка дестинација во регионот. Двете страни ги разгледуваа можностите за поголема туристичка соработка меѓу Македонија и Полска. Заеднички беше заклучено дека двете нови авио линии кои од од март 2026 година ќе ...
Претседателот на Владата и лидер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска ја формализираше Коалицијата „Твоја Македонија“ која заеднички ќе настапи на претстојните локални избори. Мицкоски на прес-конференција пред партиското седиште, истакна дека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е најголемата коалиција, составена од 25 партии од различен карактер, кои според него, во голема мера го претставуваат колоритот во македонското ...
Загинатите патници во утринската сообраќајна несреќа кај Балталиска река на патот Штип – Радовиш се работници на Страбаг кои биле превезувани на работа, пренесува штипската ТВ Стар. Според први и неофицијални сознанија, комбето од секојдневната вообичаена рута денес излетало од патот и од мостот се срушило најверојатно поради неприлагодена брзина или пукање на гума. Трета варијанта е и невнимателност, што треба да го утврдат увидните екипи кои ...
Денес и утре (петок и сабота 12/13 септември) во нашата Република Македонија ќе имаме краткотрајно стабилизирање на времето, додека во недела (14 септември) во попладневните и во вечерните часови, како и во текот на ноќта кон понеделник (15 септември) под влијание на Атмосферски фронт од север ќе дојде до поголема дестабилизација на атмосферата и создавање на влажни и нестабилни воздушни бранови. Тоа значи дека во недела (14 септември) во ...
Како многу други работи што решивме во овие 15 месеци, ќе го решиме и овој проблем, а со новиот градоначалник во Скопје, јас сум убеден дека овој проблем трајно ќе се реши. Затоа што тука е потребна фабрика за отпад, тука е потребна производна единица која што метанот ќе го користи за електрична енергија и имаме планови за трајно решение на овој проблем за Скопје, но и на целата територија на Македонија, изјави премиерот Христијан Мицкоски. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во среда дека конзервативниот активист и коментатор Чарли Кирк починал откако бил застрелан за време на настан на универзитетски кампус во Јута. „Големиот, дури и легендарниот Чарли Кирк е мртов. Никој не го разбираше или немаше срце на младите од Соединетите Американски Држави подобро од Чарли“, рече Трамп на Truth Social. Кирк, 31, беше застрелан во вратот во среда на настан на Универзитетот во ...
„Во ниту еден момент нема да дозволам да се поткопаат темелите на внатрешната и надворешната безбедност на Македонија, затоа што довербата во безбедносниот систем е темел на секоја држава“, порача претседателката Гордана Сиљановска Давкова, којашто будно ја следи „аферата за незаконското прислушување и следење од страна на група вработени во АНБ на личности од опозицијата, премиерот и неговото семејство, други политичари, обвинители, новинари, ...
Британскиот амбасадор во Соединетите Држави, Питер Манделсон, е разрешен поради неговите врски со покојниот американски сексуален престапник Џефри Епштајн, објави британското Министерство за надворешни работи во четврток (11 септември), само неколку дена пред официјалната посета на Доналд Трамп на Лондон. Електронската пошта помеѓу 71-годишниот ветеран од Лабуристичката партија и американскиот финансиер кој, како осомничен за сексуална ...
На децата под 15 години во Франција треба целосно да им се забрани користењето на социјалните медиуми, а оние на возраст меѓу 15 и 18 години треба да се соочат со ноќен „дигитален полициски час“, побара во четврток (11 септември) францускиот парламентарен комитет. Препораките беа изнесени во извештај од пратениците на комитетот по месеци сведочења од семејства, раководители на социјалните медиуми и од инфлуенсери. Канцеларијата на претседателот ...
Владата на Република Словенија му забрани влез на Милорад Додик. Причината не беше објавена, но беше кажано дека станува збор за „тајна“. Ова го објави вицепремиерот на Словенија, Матеј Арчон, по владината седница. Додик повеќе не е претседател на босанскиот ентитет Република Српска (РС), по пресудата на Судот на Босна и Херцеговина и одлуката на Централната изборна комисија (ЦИК) со која му беше одземен мандатот. На почетокот на август, Додик ...
ЕУ од следниот месец го стартува новиот систем за влез – биометрија наместо печати. Очекувањата се патувањето да биде олеснето на аеродромите, но предизвици се можни на границите со Грција и Бугарија поради простор и технички услови за земање податоци. Системот ETIAS или електронската регистрација ќе стартува на крајот на 2026. На 12 октомври 2025 година за сите патници од земји надвор од Европската Унија и Шенген-зоната, меѓу кои е и Северна ...
Дождот што заврна утрово (11 септември) во Скопје нема да помогне многу за гаснење на пожарите на депонијата Дрисла и на Вардариште, што траат веќе неколу дена, оценува директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Тој вели дека во претходните денови биле фрлени тони и тони вода, но чадењето продолжува. Бидејќи гаснењето со вода не давало резултати, се пристапило кон затрупување на најкритичниот дел од депонијата. Ангелов ...
Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денес во Генералштабот на Армијата оствари работна средба со Началникот на генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски. „Разговаравме за унапредување на соработката меѓу Бирото за јавна безбедност и Армијата, со акцент на градењето институционална отпорност, поддршка на НАТО капацитетите, како и заедничките активности во областа на граничната безбедност, управувањето со кризи и обуките.“, ...
Дождот не помогна многу во гаснењето на огнот, а мирисот начад и изгорена пластика сè уште се чувствува во неколку скопски населби по пожарот којшто ја зафати депонијата Дрисла. Жителите на скопските населби Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Драчево алармираат за големо загадување на воздухот коешто се чувствуваше особено во вечерните часови. Штипење и солзење на очите, како и отежнато дишење, се само дел од симптомите на коишто се пожалија ...
Ученик отворил оган во средно училиште во предградие на Денвер, Колорадо, повредувајќи двајца тинејџери пред да го насочи пиштолот кон себе, соопштија локалните власти, цитирани од американските медиуми. Властите подоцна соопштија дека момчето кое отворило оган починало. Инцидентот бил пријавен околу 12:30 часот (локално време) во средното училиште „Евергрин“ во Евергрин, Колорадо, околу 30 милји западно од Денвер. Истрелите биле испукани и ...