Премиерот Христијан Мицкоски им се извини на жителите на Скопје, затоа што пред четири години ја поддржал Данела Арсовска за градоначалничка на главниот град и најави одговорност за сегашната состојба во која скопските општини се затрупани со ѓубре. „Да, чуствувам и сум се извинил најмалку 10 пати. И еве повторно ќе кажам, се извинувам што тогаш застанав позади независниот кандидат Данела Арсвоска. И затоа сум го кажал тоа најмалку 10 пати дека ...

„За ѓубрето во Скопје ќе има одговорност со име и презиме“, порача премиерот Христијан Мицкоски, по хаосот којшто му се случува на главниот град кој со денови е затрупан во отпад. Во пресрет на локалните избори во октомври, тој повторно се извини што го поддржал изборот на актуелната градоначалничка Данела Арсовска и порача дека „на 19 октомври Орце Ѓорѓиевски ќе биде избран за градоначалник на Град Скопје и првите 72 часа ќе има генералка од ...

Особено сум горд што од презадолжена и блокирана општина, после 4 години имаме раздолжена и одблокирана општина. За 4 години се реализираа проекти кои во изминатите 50 години само се разговарале, како нова училишна зграда на ООУ “Кочо Рацин” и спортска сала во село Лескоец. Започнува реализацијата на капиталните проекти, катна гаража кај градскиот пазар во Охрид и пречистителна станица во Трпејца. Охрид не запира повеќе! Продолжуваме со работа ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека земјите од НАТО треба да соборат руски авиони ако влезат во воздушниот простор на алијансата, додека ја започнуваше средбата со својот украински колега, Володимир Зеленски, кој бара поголем притисок врз Москва да ја прекине војната против Украина. Зборувајќи со новинарите собрани околу двајцата лидери, кои се состанаа на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк на 23 ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во својот говор на Генералното собрание на Обединетите Нации(ОН) во Њујорк во вторникот ги повика европските сојузници веднаш да престанат да купуваат нафта од Русија и ги обвини Кина и Индија дека ја финансираат војната на Москва против Украина преку купувањето руска нафта. Зборувајќи пред светските лидери на отворањето на Генералното собрание на Обединетите нации на 23 септември, Трамп, кој подоцна во ...

Под влијание на циклонска активност со центар над Џенова, во петок (26 септември) како и за време на викендот, но и во почетокот на следната седмица времето во нашата Република Македонија ќе биде претежно облачно, многу посвежо со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни и поројни и проследени со локална појава на грмежи. Ќе дува умерен, а особено долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во Скопје и околината ...

Совет на Општина Тирана по говорите на лидерите на советничките групи на состанокот за разрешување на градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, го стави на гласање предлогот за негово разрешување. Советниците гласаа за негово разрешување како мнозинство и опозиција со 55 гласа „за“. Три члена на градскиот совет отсуствуваат од состанокот, Ануела Ристани, вршител на должноста градоначалник, и левичарските советници Газменд Паја и Јолеза Кока. Во ...

Бележиме раст од 6,1 % во секторот транспорт, што говори дека оваа индустрија се развива, но исто така говори дека се уште има простор за раст и развој. Преземаме краткорочни и долгорочни мерки што ја олеснуваат вашата работа, но реализираме и големи крупни капитални проекти кои директно влијаат врз развој на транспортниот сектор, рече во своето обраќање министерот за транспорт Александар Николоски, на денешниот состанок со транспортерите. ...

Mинистерката за внатрешни работи на Албанија, Албана Кочиу, донесе одлука да го разреши својот заменик, Анди Махила, поради непочитување на забраната за пушење во угостителски објект. Во Фејсбук објава на својата официјална страница, таа истакна дека до ваквата мерка дошло откако добила претставка од албански државјанин кој живее во Њујорк. Според жалбата, Махила за време на службен престој во САД пушел цигари во ресторан, што предизвикало ...

Министерството за здравство заедно со Универзитетската клиника за пулмологија на 24 и 25 септември организира скрининг за граѓаните коишто живеат во Трубарево и во околните места. – Замолувам сите граѓани коишто ценат дека треба да посетат доктор, на 24 и 25 септември, да се пријават на овој скрининг. Дополнително, ако има потреба, истите граѓани ќе можат да продолжат со екземинација на клиничкиот центар „Мајка Тереза“ – рече министерот за ...

Совентикот во Град Скопје, Стефан Кирков во Фејсбук објава вели дека има информации кои се однесуваат на Скопската зоолошка градина за тоа дека навотно последните угниати животни во зоолошката угинале поради тоа што биле заболени од туберколоза. „Би сакал за жал да ги споделам информациите кој ги имам, а се однесуваат на нашата Зоолошка градина и тоа по основ на последните случувања со смртта на повеќе животни. Неодамна починаа Лами за кој се ...

Атентатот врз десничарскиот политички активист Чарли Кирк и натаму предизвикува бранувања во САД. Откако Кирк беше застрелан на кампусот на Универзитетот во Охајо, Доналд Трамп и неговите следбеници сè повеќе создаваат расположение против „радикалната левица“, за која веруваат дека е одговорна за неговата смрт. Американскиот претседател сега официјално го означи движењето Антифа како терористичка организација. Според Белата куќа, Трамп потпишал ...

Францускиот претседател Емануел Макрон официјално објави дека и Франција ќе ја признае државата Палестина, како што беше претходно најавено, на конференцијата за решението за две држави пред дебатата на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, што беше проследено со голем аплауз. Пред состанокот, Канада и Велика Британија, меѓу другите, веќе го објавија своето формално признавање на палестинската држава. „Некои може да кажат дека е ...

Во пресрет на зимата, Владата ја разгледува можноста за воведување на нови субвенции за поставување филтри на оџаците со цел да се спречи загадувањето. Првично се размислува дека со мерката би можеле да бидат опфатени пет до 10 илјади домаќинства, коишто користат фосилни горива или дрва за затоплување. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата на седница ќе ја разгледа ваквата можност за воведување нови субвенции. Тој посочи дека ...

Секој петти граѓанин во Македонија живее во сиромаштија. Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), кој ги објави резултатите од Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската Унија. Според оваа анкета, 22.2 проценти од граѓаните во Македонија во 2023 година биле сиромашни. Најпогодени се семејствата со три и повеќе деца, но и самохраните родители. ...

Во пресрет на локалните избори во октомври, Државната изборна комисија информираше дека досега филтерот го поминале вкупно 303 кандидатски листи за градоначалници на општините и Градот Скопје, додека за членови на општинските совети и Советот на Град Скопје се потврдени 558 листи. Во општините Куманово, Аеродром, Карпош и за Град Скопје, продолжува проверката на листите поради отстранување на утврдени неправилности. Во тек е процес на корекција ...

Данската разузнавачка служба на 23 септември соопшти дека Данска се соочува со „висока закана од саботажа“, откако големи беспилотни летала летале над аеродромот во Копенхаген со часови, предизвикувајќи негово затворање. „Се соочуваме со висок ризик од саботажа во Данска. Некој можеби не сака нужно да нè нападне, туку да ни предизвика стрес и да види како ќе реагираме“, изјави на прес-конференција Флеминг Дрејер, директор за операции во ...

Во рамки на тековните оперативни активности од областа на сузбивање на недозволената трговија со дрога, полициски службеници од различни полициски организациони единици во текот на изминатата недела, во десетина различни случаи лишија од слобода вкупно 40 лица, како и двајца малолетници, кај кои што при извршени лични прегледи и прегледи на возила, биле откриени и запленети марихуана и бела грутчеста и прашкаста материја. Исто така, врз основ ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска учествуваше на 16. Меѓународна научна конференција „Системската корупција – најголема безбедносна закана“ во организација на Факултетот за безбедност – Скопје. Министерот Тошковски на конференцијата на која се креираат безбедносни и стратешки пристапи за адресирање на сложените предизвици поврзани со корупцијата изрази сигурност дека оттука ќе произлезат идеи кои ќе ја унапредат научната ...

Продолжуваме и понатаму да инвестираме во спортот, затоа што, како велат, во здраво тело здрав дух. Ние би сакале да ги навикнеме младите уште од најрана возраст да спортуваат бидејќи на тој начин се градат во вистински личности, личности коишто витешки ќе се борат во својот живот и ќе напредуваат. Сакам да им честитам и на градоначалникот и на министерот за спорт, но и на пратениците во македонското Собрание од Штип, коишто навистина вложуваат ...

Министерството за внатрешни работи ве известува дека од 01.04.2025 до 23.09.2025 година, регистрирани се вкупно 2.012 пожари на отворен простор, при што приведени се вкупно 56 лица, а по преземени мерки поднесени се 32 кривични пријави. Најголемиот број на настанати пожари е утврдено дека се предизвикани од човечки фактор, со различни мотиви и се преземаат мерки и активности за расчистување на случаите и откривање на нивна евентуална меѓусебна ...

На 22.09.2025 во 19:13 часот во ОВР Дебар е примен повик за помош од страна на белгиски државјани кои планинареле во планинскиот појас над Дебар, но биле нападнати од кучиња. Констатирано е дека тие се наоѓаат во близина на селото Новак, општина Центар Жупа, по што полициски тим со теренско возило веднаш се упатил кон селото, каде заедно со ловочуварот од селото Новак ги пронашле тројцата планинари, белгиските државјани Л.М.(42), М.Л.К.(62) и ...

Како да се реагира на неодамнешните руски нарушувања на воздушниот простор над територијата на НАТО? Oдбранбената алијанса, како и Советот за безбедност на Обединетите Нации, свикаа посебни седници за ова прашање. Во своето инаугуративно обраќање пред Советот за безбедност во Њујорк, новиот амбасадор на САД во ОН, Мајкл Валц, ја нагласи обврската за пружање помош во НАТО – вклучително и на САД: „Сакам да ја искористам оваа прва можност да ...

По забележување на неколку дронови, воздушниот сообраќај на аеродромот во данската престолнина Копенхаген беше привремено прекинат. По околу четири часа, властите го укинаа затворањето, но одложувањата и откажувањата на летови ќе продолжат, објави аеродромот на платформата X. Полицијата претходно објави дека два или три големи дронови се забележани во близина на аеродромот. „Полицијата започна интензивна истрага за да се утврди видот на ...

Протестот како што во Франција често се случува, наликуваше на улична забава. Големи балони летаа од комбињата на синдикатите, музика трештеше од звучниците. Долж рутата за маршот низ источен Париз се продаваа колбаси и пијачки. Според властите, 55 илјади лица излегле на улиците во главниот град, а 500 илјади низ цела Франција. Синдикатите пак наведуваат дека имало околу еден милион демонстранти. Веселиот протест го отслика растечкиот гнев на ...

Единицата за насилен криминал- Одделение за семејно насилство при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по итна постапка против И.С. (41) од Скопје, кој на 20.09.2025 и 21.09.2025 физички ја нападнал неговата 68-годишна мајка и оштетил и разни предмети во дворот од семејната куќа. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и И.С. е лишен од слобода, обезбедени се потребните докази и поднесена кривична ...

Под влијание на циклонска активност со центар над Џенова, во петок (26 септември) како и за време на викендот во Македонија времето ќе биде значително облачно и многу посвежо со повремени врнежи од дожд, повремено пообилни и поројни и проследени со локална појава на грмежи, особено локална појава на грмежи ќе има во петок (26 септември). За време на викендот пообилни врнежи од дожд ќе има во поголем дел од нашата Македонија. Ќе дува умерен а во ...

Од полноќ, горивата добиваат нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). Од 23.9.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,50 (денари/литар) Масло за горење ...

Почина девојче на седум години кое било на болничко лекување во Клиничката болница Тетово, информираат денес од тетовската јавна здравствена установа. Девојчето од тетовското село Челопек било примено на Одделението за педијатрија во саботата во 20:40 часот, а почина во неделата. „Пациентката беше примена на Одделението за педијатрија на датум 20.09.2025 во 20:40 часот навечер, и веднаш беа преземени сите неопходни мерки согласно важечките ...

Концентрациите на PM10 честички во зоната на Трубарево се безбедни и не ја надминуваат законската граница – информираше Министерството за животна средина по пожарот кој на 13 септември изби во складиштето за електронски отпад. Испитувањата и на воздухот и на почвата продолжуваат Според резултатите од Индикативните мерења на суспендирани цврсти честички – фракција PM10 во зоната на Трубарево, во периодот 14-18 септември 2025 година, што ги ...

weather icon

Белград

11ᴼ / 11ᴼ
7.2
72%
1011
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
89%
1014
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
0.51
81%
1010
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
9.8
84%
1013
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
95%
1015
weather icon

Атина

14ᴼ / 13ᴼ
3.13
86%
1001
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1004
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
100%
1005
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
10.29
87%
1016
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
2.06
94%
1014
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
77%
1008
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
100%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Калај

40.11

Никел

471972.96

Рутениум

29192.88

Паладиум

45879.12

Алуминиум

2.89

Бакар

10.76

Злато

135322.28

Сребро

1837.41

Платина

53106.37

Иридиум

145787.60

Цинк

3.24

Кобалт

55.67