На 01.10.2025 во 01:00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишија од слобода М.А.К.(18) и М.Ј.(19), двајцата од Република Турција со привремен престој во Гостивар, затоа што кај е пронајдена и одземена марихуана. Потоа, во периодот од 03:30 до 04:10 часот, со судска наредба извршен е претрес во домот во кој живеат , при што е пронајдена и одземена ќеса со марихуана. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ...

Како одговор на неодамнешните упади на беспилотни летала што го нарушија воздушниот сообраќај во Копенхаген и во данскиот град Алборг, Данска ги собира европските лидери во главниот град на 1 и 2 октомври на два самити за безбедност и одбрана. Шведска и Германија обезбедуваат дополнителна заштита од беспилотни летала за својот сосед пред состаноците, од кои првиот ќе се фокусира на градењето на европската одбрана заедно со Украина и ќе ги ...

Инспиративна средба денес остварив заедно со Митрополитот на Дебарско – кичевската епархија господин Георгиј, претседателка на Здружението за вмрежување на жени, едуцирање и истражување „Јас Сум Жена“, Ана Дукоска и Кимберли Флечер, претседателка на движењето „Мајки од Америка“ заедно со претставници од движењето. На средбата ја потенцирав нашата визија за родова еднаквост во функционирањето на Локалната самоуправа и Советот на Општина Охрид и ...

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од 12 октомври 2025 година, Европската Унија ќе започне со постепено воведување на Системот за влез/излез (EES), кој ќе биде целосно имплементиран до април 2026 година. Овој нов дигитален систем претставува една од најзначајните реформи во областа на граничното управување на ЕУ, заменувајќи го досегашното ставање печати во пасошите со електронска евиденција на биометриски ...

Под влијание на Средоземен циклон кој секундарно ќе се формира и ќе влијае на времето во нашата Република Македонија и тоа уште од денес (среда 1 октомври) почнувајќи од вечерните часови и ноќта кон утрешниот ден (четврток 2 октомври) и во текот на целиот утрешен ден четврток како и во петок (2 и 3 октомври) условувајќи облачно време со обилни врнежи од дожд насекаде во нашата Република Македонија. Во најголем дел од нашата Македонија ќе наврне ...

Спорот меѓу републиканците и демократите околу здравствената заштита и трошењето се заканува да предизвика прво затворање на владата на САД по речиси седум години, при што демократите и републиканците во Конгресот не можат да најдат договор дури и додека илјадници федерални работници се соочуваат со можност за отпуштање или отсуство од работа, јавува новинската агенција Асошиетет прес. Владата ќе се затвори во среда во 12:01 часот ако Сенатот ...

Русија значително профитира од продажбата на течен природен гас на компании во Европската Унија, покажува студијата на еколошката организација „Гринпис“ објавена на 30 септември. Увозот на нафта и јаглен од Русија е практично забранет со санкциите на ЕУ поради инвазијата на Москва во Украина, додека увозот на гас од цевковод нагло се намали по уништувањето на „Северен тек“ во септември 2022 година. Сепак, увозот на течен природен гас во ...

На Скопје му треба силна трансформација, градски воз, нови еколошки автобуси, нова инфраструктура! Градски воз, тоа е нешто што го ветивме и ќе го реализираме. Избран е Изведувач и потпишан е договор за првата делница од Зелениково, преку Драчево, помеѓу населбите Кисела Вода и Аеродром и завршува на новата железничка станица. ЈСП треба да има целосна промена на флотата, набавуваме 120 еколошки автобуси, 80 за Град Скопје и 40 за другите ...

Ако се оди како што треба на двете страни, во 2031, 2032 година треба да може да се патува со воз од Скопје до Бургас, најави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој во одговор на новинарско прашање на промотивен настан на Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје на претстојните Локални избори, потврди дека на 4 ноември, кога ќе завршат сите ограничувања заради изборите, ќе се ...

САРАЕВО (АА) – ВЕСНА БЕШИЌ Огњен Марковиќ, 24-годишен српски активист на Глобалната флотила „Сумуд“, изјави дека се на оддалеченост од 3 до 4 дена од Газа, известува Анадолу. Марковиќ, кој по професија е сликар, разговараше со новинарот на Агенција Анадолу (АА) за моменталната состојба на Глобалната флотила „Сумуд“, која тргна кон Газа за да ја пробие израелската блокада и да достави хуманитарна помош. Марковиќ рече дека се „лудост“ обидите за ...

Со оглед на тоа што Соединетите Држави укажуваат дека можеби нема да бидат подготвени да ги финансираат одбранбените потреби на Украина уште долго, Европската Унија разгледува различни начини за покривање на поголем дел од сметката во 2026 и 2027 година, претпоставувајќи – како што мислат повеќето луѓе во Брисел – дека војната ќе продолжи. Најочигледната индикација за ова дојде за време на годишното политичко обраќање на претседателката на ...

Драматично влошување на еколошките услови со сериозни последици за населението во Северна Македонија, покажува извештајот на Европската агенција за заштита на животната средина. Енергетската сиромаштија погодува 23,85% од домаќинствата, што е значително над просекот на земјите- членки на ЕУ од 7,5%. Екстремно загаден воздух, изразена енергетска сиромаштија, неефикасно управување со отпад и бавен напредок во енергетска транзиција нотира ...

На 29.09.2025 околу 10:45 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Р.Р.К.(52) од Сојузна Република Германија. При гранични проверки и преглед во возилото „мерцедес“ со германска национални ознаки, кое го управувал, пронајдени и одземени се марихуана, кафеава растителна материја и други предмети. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе ...

Властите во Авганистан започнаа со исклучување на брзите интернет врски во некои провинции уште на почетокот на месецот, по наредба на таинствениот врховен лидер Хибатула Ахунџада, со цел да се спречи „неморал“. Во понеделник навечер, сигналот за мобилна телефонија и интернет постепено ослабна низ целата земја, сè додека поврзаноста не падна под еден процент од вообичаеното ниво, според интернет- организација Нетблокс. Ова е првпат од победата ...

Хамас изјави дека ќе го испита планот на американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на војната во Газа „со добра намера“ и потоа ќе одговори. Извори во рамките на терористичката организација изјавија дека го добиле предлогот од катарски и египетски посредници. Според соопштението, исламистите имаат намера „внимателно да го испитаат“ планот пред да издадат официјален одговор. Германскиот канцелар Фридрих Мерц ги пофали мировните ...

Формирањето семејство, формирањето многудетно семејство е највисок патриотски чин на еден народ за сопствената татковина, без разлика на етничката припадност, на верската припадност. Многудетното семејство значи иднина. Ако сакаме да имаме иднина, ако сакаме да имаме држава – тогаш семејството е одговорот на овој предизвик, порача премиерот Христијан Мицкоски на настанот за демографски трендови којшто се одржа во Владата. Станува збор за ...

На настанот Демографски трендови – Заедничка акција за инвестирање и искористување на човечкиот капитал преку петгодишната програма на Владата и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА), учество зема и министерот за транспорт, Александар Николоски кој рече дека ова е тема број еден и таа е прашање на животни одлуки, стил на живот и културолошки проблем. Тој посочи на низа мерки што ги презема Владата. Многу значајно за секоја брачна ...

Денес во македонската Влада се одржа настан Демографски трендови – Заедничка акција за инвестирање и искористување на човечкиот капитал преку петгодишната програма на Владата и Фондот за население на Обединетите нации. Премиерот Христијан Мицкоски посочи дека оваа програма не е само документ или формалност, туку е план за дејствување, визија и стратегија која ќе се реализира со конкретни активности насочени кон иднината на нашата држава и ...

На 29.09.2025 во 18:40 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, во координација со јавен обвинител, ги лишија од слобода Е.О.(29) и Е.А.(22), двајцата од Република Турција. Тие се затекнати при примање 40.000 евра од Х.Џ.Ч.(26) од Република Турција, со привремен престој во Скопје, кои претходно се кримтехнички обработени. Имено, претходно ...

Недоверба по изборот на судии Иако Бундестагот сега избра тројца нови судии за Сојузниот уставен суд со потребното двотретинско мнозинство, тоа се случи дури во вториот обид. Во јули изборот пропадна, откако во конзервативната фракција на Унијата (ЦДУ и ЦСУ) се појавија резерви кон кандидатката номинирана од СПД, Фрауке Брозиус-Герздорф. Оттогаш, изборот се сметаше и за тест за функционалноста на коалицијата. Недовербата меѓу партнерите остана. ...

На 2 и на 3 октовмври (четврток и петок) територијата на нашата Република Македонија ќе биде зафатена од голем влажен и многу поладен воздушен бран кој доаѓа од истокот и од североистокот на Европскиот Континент, односно од Русија. Токму ова ќе услови да имаме обилни врнежи од дожд , засилен ветер од северен правец и исклучително ладно време за самиот почеток на месец октомври. Температурите ќе бидат потпросечни дури и за околу 15 степени, што ...

Соединетите Американски Држави (САД) ќе воведат 100 отсто царина на сите филмови произведени во странство, кои потоа се испраќаат во САД, рече американскиот претседател Доналд Трамп, повторувајќи ја заканата од мај дека ќе го наруши глобалниот бизнис модел на Холивуд, јави Ројтерс. Овој чекор ја сигнализира подготвеноста на Трамп да ги прошири протекционистичките трговски политики во културните индустрии, зголемувајќи ја неизвесноста за ...

Ценам дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе има поголем број на градоначалници споредено со 2021та година. Нашите анализи се дека нема да бидеме изненадени ако имаме повеќе од 50 градоначалници, но очекуваната бројка е помеѓу 45 и 50, плус Градот Скопје, ако 2021 имавме 42 општини, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“. На прашањето дали СДСМ ќе освои ...

Доаѓајќи наваму, се присетив на сите наши битки, на сите наши предизвици, успони и падови кои заедно ги изодевме. Поздравувајќи се со вас, мојот народ, морам да кажам: иако можеби не ги познавам сите имиња, ги познавам вашите ликови, ги препознавам вашите надежи и срдечни дланки. Тие не се разликуваат од надежите и лицата на сите наши луѓе низ убавата Македонија. Тоа се лица полни со искуство, но и со доза разочараност од сè она што со години ѝ ...

На 29.9.2025 година, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, претседаваше со годишната седница на Управниот одбор при Македонското библиско здружение. На седницата беа претставени досегашните, но и тековните проекти на Библиското здружение, а воедно, беа разменети и повеќе мислења и предлози за одредени прашања кои ќе бидат корисни за неговата успешна и делотворна работа во иднина. Притоа, за нов генерален секретар ...

Доаѓајќи наваму, се присетив на сите наши битки, на сите наши предизвици, успони и падови кои заедно ги изодевме. Поздравувајќи се со вас, морам да кажам: иако можеби не можам да се сетам на сите имиња, ги познавам вашите ликови, ги препознавам вашите надежи и по допир вашите срдечни дланки. Тие не се разликуваат од надежите и лицата на сите наши луѓе низ нашата преубавата татковина Македонија. Тоа се лица полни со искуство, но и со доза ...

Скопјани на локалните избори ќе имаат можност да избираат градоначалник на Град Скопје меѓу 16 кандидати. За 45 советнички места на изборниот натпревар има 19 листи со 855 кандидати. Кандидати за градоначалник на Скопје се Орце Ѓеорѓиевски поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Каја Шукова, поддржана од СДСМ и коалицијата, Драган Николовски, поддржан од група избирачи, како и Сашо Маневски, Зоран Јованоски од Единствена Македонија, Амар ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваниот амбасадорот на Шведска, Ола Солстром. На средбата Николоски го запозна амбасадорот со владината програма во делот на капиталните проекти и вклученоста на Македонија во регионалните инфраструктурни проекти со што сe дава придонес во развој и промоција на регионалната соработка, информираат од Министерството за транспорт. Соговорниците ...

Основниот кривичен суд Скопје, информира дека на 3 октомври, в петок истекуваат сите законски рокови за прием и достава на приговор на обвинителниот акт поврзан со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со што се исполнуваат сите услови за оцена, па се очекува актот до крајот на неделата да биде оценет, за што јавноста и странките ќе бидат навремено известени. Судот, посочува дека во целост го разбира и почитува јавниот интерес во однос на ...

Септемвриската пензија пензионерите ќе ја добијат со покачен износ за 1.000 денари. Исплатата ќе почне задутре, на 1. октомври. „Од 1 октомври е првичната корекција на пензиите, она линеарно зголемување, а потоа ќе има и напролет, со што ќе се заокружи оној инвестициски циклус и зголемување на пензиите за пензионерите линеарно со вкупен износ за пензионер од 7.000 денари. Тоа практично ги надминува оние 5.000 денари што ги зборувавме за време ...

weather icon

Белград

11ᴼ / 11ᴼ
7.2
72%
1011
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
89%
1014
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
0.51
81%
1010
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
9.8
84%
1013
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
95%
1015
weather icon

Атина

14ᴼ / 13ᴼ
3.13
86%
1001
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1004
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
100%
1005
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
10.29
87%
1016
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
2.06
94%
1014
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
77%
1008
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
100%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Паладиум

45879.12

Родиум

255598.44

Сребро

1837.41

Никел

471972.96

Кобалт

55.67

Цинк

3.24

Рутениум

29192.88

Платина

53106.37

Алуминиум

2.89

Калај

40.11

Иридиум

145787.60

Бакар

10.76