„Србијо, ајде заедно да го дефинираме ‘нормалното’“, го започнаа студентите во блокада на Факултетот за драмски уметности во Белград својот повик за протест на плоштадот Славија денеска, сабота (23 мај). Од студентските акции кои во последните недели се засилија, најголемо внимание предизвика лепењето налепници со натпис „Студентите победуваат“, како и објавувањето на нивниот „Меморандум за Косово и Метохија“. Кој е клучниот мотив на ...

Апликациите за траен престој во САД, според волјата на американската влада, во иднина пред сѐ треба да се поднесуваат од странство. Секој што сака да аплицира за таканаречената „Зелена карта“ и со тоа за траен престој треба, по правило, да ја користи конзуларната постапка во матичната земја, се наведува во упатство на надлежната имиграциска служба. „Отсега, странец кој привремено престојува во САД и сака зелена карта, мора за аплицирање да ...

На 23.5.2026 година, во предвечерието на празникот на сесловенските просветители – светите рамноапостолни браќа Кирил и Методиј, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со Митрополитите: Европски г. Пимен и Дебарско-кичевски г. Георгиј, отслужи Молебен во криптата при базиликата „Свети Климент“ (Сан Клементе) во Рим, каде што почиваат моштите на св. Кирил. На овој свечен чин, како претставници на ...

Според извештаите на државните медиуми во Кина, за спасувачките операции биле ангажирани околу 750 припадници на службите. Се стравува дека во рудникот сѐ уште има заробени рудари. Според тоа, бројот на загинати може дополнително да се зголеми. Несреќата се случила во петокот вечерта (22.05) во рудникот за јаглен „Лиушену“ во округот Чинјуан. Според досегашните сознанија, во моментот на експлозијата под земја се наоѓале 247 лица. Државната ...

Лишени од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без дозвола, од кои пет малолетници, четворица под дејство на алкохол и двајца возеле без дозвола и под дејство на алкохол Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без дозвола, од кои пет малолетници, четворица под дејство на алкохол и двајца возеле без ...

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска најави дека се подготвуваат законски измени со цел привлекување нови инвеститори и развој на дигиталната инфраструктура во државата. Николоски посочи дека во завршна фаза се измените на Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење, кои директно ќе ја олеснат и стимулираат изградбата на големи Дата центри. Според Николоски, ваквите објекти се клучни ...

Циклон југоисточно од нас за време на овој викенд во Македонија ќе ни донесе многу променливо и нестабилно време со чести врнежи, грмежи, засилен ветер и локална појава на невреме. Сепак и покрај многу променливото и нестабилно време кое ќе го имаме во Македонија за време на овој викенд, температурите остануваат релативно високи и ќе биде топло времето. Во моето најново видео можете да се информирате што точно може да очекуваме од времето во ...

Аферата со наводно шпионирање во претседателскиот кабинет и натаму ја бранува јавноста иако интензитетот се пресели од јавната сфера во политичките и безбедносните кулоари. Обвинителството, и покрај прозивките, продолжува да го истражува случајот. „Обвинителството не се впушта во коментирање на изјави на политички актери, носители на јавни функции или други институции“, изјавија за ДВ од Обвинителството за гонење на организиран криминал по ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска потпиша Меморандум за соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и Фондацијата „Фросина Кулакова“, формирана во чест на Фросина Кулакова, која трагично го загуби животот на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“, поминувајќи на зелено светло. Со меморандумот се утврдува рамка за заедничка соработка во насока на унапредување на безбедноста во сообраќајот, подигнување на ...

На маргините на министерскиот состанок на НАТО во Хелсингборг, Кралството Шведска, остварив средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Велислава Петрова. Разменивме мислења за билатералните односи, регионалната соработка и европската интеграција на државата. Ја нагласив потребата од изнаоѓање решение за билатералното прашање, кое го кочи процесот на отворање на преговорите со Европската Унија, реафирмирајќи ги ...

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на биолошката разновидност под мотото „Делување локално за глобално влијание“, беше потпишан трипартитен Меморандум за соработка помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и зоолошките градини во Скопје и Битола. Овој стратешки документ е клучниот чекор од денешниот настан, со кој се дефинира петгодишната рамка за воведување на европските стандарди. Во своето обраќање, ...

На 20.05.2026 во 17:30 часот во СВР Скопје, 37-годишна жена од Скопје пријавила дека на 17.05.2026 околу 02:00 часот во стан на подрачјето на општина Аеродром во Скопје била физички нападната од нејзиниот партнер Б.И.(29) од Скопје. На 21.05.2026 во 12:10 часот во ОВР Прилеп, прилепчанка пријавила дека во нејзиниот семеен дом била физички нападната од нејзиното момче АМ.од Прилеп. На 21.05.2026 во 12:40 часот, полициски службеници од СВР ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, четворица возеле без возачка дозвола и еден под дејство на алкохол. Четири возачи во Скопје (меѓу кои двајца малолетници) управувале возило без возачка дозвола, додека, еден возач во Кичево управувал возило под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени ...

На 21.05.2026 во 15:00 часот на улица „Беличица“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода С.М.(20) од Шуто Оризари, Скопје, со привремен престој во Гостивар. Тој бил баран по потерница врз осноа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување на казна затвор во траење од една година и четири месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“. Исто така, тој се сомничи и за други кривични дела „тешка кражба“ ...

Општина Маврово и Ростуше продолжува со континуираните инвестиции во локалната патна инфраструктура. Во моментов, активно се спроведува втората фаза од проектот за рехабилитација, санирање и асфалтирање на локалниот пат кој ги поврзува селата Велебрдо и Требиште. Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, М-р Онер Јакупоски, заедно со членот на Советот на општината Адмир Арслани ја истакнаа важноста на овој проект и посветеноста на ...

Баритонот Ристе Велков од Македонската опера и балет е возачот на „бмв“-то во кое загинаа четворица во тешката сообраќајна несреќа што синоќа се случи на скопската обиколница. Меѓу жртвите е и неговиот 20-годишен син. За истражните органи до овој момент познати се идентитетите на тројца од жртвите, а се утврдува идентитетот на четвртото лице. Станува збор за 51-годишниот баритон Ристе Велков како и две лица на возраст од 20 години со ...

Денес Петок 22 Мај 2026 особено во попладневните и во раните вечерни часови во Македонија ќе дојде до поголема дестабилизација на атмосферата и тоа поради влијанието на циклонската активност која се наоѓа југоисточно од нас. Во ваква ситуација времето ќе биде многу нестабилно на повеќе места со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер од северен и од североисточен правец. Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни во форма на ...

Република Северна Македонија обезбеди 65,7 милиони евра во рамки на Планот за раст за Западен Балкан и Инструментот за реформи и раст, како резултат на реализираните реформи и конкретниот напредок постигнат во изминатиот период. Овој резултат претставува силна потврда за институционалната посветеност, меѓуинституционалната координација и сериозниот пристап во спроведувањето на Реформската агенда. Во третиот извештаен период државата пријави ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ЕСМ ќе вложи жалба за скандалот со мазутот во РЕК и Васко Ковачевски, изјави: „Да, ЕСМ поранешно ЕЛЕМ, веќе вложи жалба на скандалозната одлука на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и очекуваме сега Вишото јавно обвинителство правилно да ги разгледа сите факти и да одлучи ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на фактот што Македонија доби највеќе средства од ЕУ за реформската агенда и ставот на опозицијата, изјави: „Па видете, мислам дека тоа што го говори опозицијата и не заслужува коментар. Така што тој дел ќе го прескокнам. Но, сакам само да ги предупредам македонските граѓани дека, претпоставувам атмосферата во ...

Во шведскиот град Хелсингборг започнаа дводневни разговори на министрите за надворешни работи на НАТО. Намерата е да се подготви самитот на НАТО на почетокот на јули во Анкара, но во услови на војната против Иран и планираното делумно повлекување на американските трупи од Европа, дневниот ред би можел да биде нарушен. САД бараат противуслуги На почетокот на средбата САД не беа претставени на највисоко ниво, но шефот на дипломатијата Марко ...

Четири лица го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случила на скопската обиколница, во близина на Радишани. Според првичните информации, патничко возило марка „бмв“ директно се судрило со камион, по што автомобилот се запалил. Несреќата се случила околу половина час пред полноќ, а на местото веднаш интервенирале екипи на полицијата, противпожарната служба и Итната медицинска помош. Од силината на ударот, возилото ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, според медиумски извештаи, во разговор се судриле во врска со натамошниот пристап кон Иран. Причината биле различните ставови за тоа како да се постапи со нов предлог за завршување на војната со Иран, пренесуваат порталот „Aксиос“ и „Волстрит журнал“, повикувајќи се на неименувани извори. Еден од изворите за „Аксиос“ изјавил дека Нетанјаху бил вознемирен по ...

Ши Џинпинг, Владимир Путин и нивните преведувачи евоцираат спомени. Двајцата државници во посета на една изложба во Пекинг гледаат фотографии од нив двајца од претходни средби наменети да покажат дека меѓу нив има долгогодишно и блиско партнерство. Според Путин, релациите сега се подобри од кога било претходно. Ши за време на посетата рече дека кинеско-руските односи се влезени во нова фаза обележана од поголеми успеси и брз, но стабилен ...

Селекторот на германската фудбалска репрезентација Јулијан Нагелсман го повика 40-годишниот Мануел Нојер во составот од 26 играчи за Светското првенство што ќе се одржи во САД, Мексико и Канада. Нојер треба да биде голман број еден на репрезентацијата. „Да, така планирам“, нагласи 38-годишниот селектор при претставувањето на тимот за Мундијалот, одговарајќи на новинарско прашање. „Секој знае каква аура има Ману. Планираме да биде број еден. ...

Денеска, 21 мај, Црна Гора одбележува две децении од историскиот референдум кој го поплочи патот за нејзино отцепување од државната заедница со Србија. Прославата се одржува во атмосфера на големи достигнувања на земјата меѓу државите од Западен Балкан во процесот на евроинтеграциите. Во текот на изминатите неколку години, Подгорица успеа да ги реактивира заглавените преговори за пристапување кон ЕУ, да ги забрза реформите и да се ...

Денес, заедно со Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, менаџментот и вработените, одбележавме значаен јубилеј на компанијата која го позиционираше Охрид на мапата на глобалната автомобилска индустрија. Германскиот гигант докажа дека македонскиот работник поседува врвен квалитет и потенцијал. Но, успехот е најголем кога се споделува со заедницата. Општина Охрид и охриѓани изминатава деценија беа најлојалниот партнер на „Костал“. Како ...

На 20.05.2026 во 13:40 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода К.Д.(33) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека околу 03:00 часот по расправија во семејниот дом, физички ја нападнал неговата 32-годишна сопруга. На 20.05.2026 во 11:00 часот во СВР Скопје, 38-годишен маж од Скопје пријавил дека на 18.05.2026 околу 17:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Драчево му биле упатувани закани од неговата ...

Денес имав чест да остварам протоколарна средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во нашата земја, Петра Дрекслер. ‎ ‎На средбата разговаравме за досегашната успешна соработка, како и за можностите за нејзино унапредување. Посебен акцент ставивме на значајните инфраструктурни и капитални проекти на кои во моментов работи Општина Охрид. ‎ ‎Ја информирав амбасадорката и за функционирањето на општинските јавни претпријатија како и ...

Охрид денес танцуваше и се радуваше на младоста и успесите на годинешните матуранти кои ја одржаа традиционалната манифестација Матурска парада. Точно на пладне на штраусовата опера „Лилјакот“ на плоштадот „Св. Климент Охридски“, тие го одиграа танцот Квадрил. На почетокот на настанот матурантите ги поздрави Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски кој посака да бидат добри и одговорни луѓе. -Денеска ја испишавте последната ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.97
37%
1013
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
2.68
61%
1013
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
2.31
39%
1012
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
0.63
37%
1013
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
2.44
53%
1012
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 21ᴼ
1.37
54%
1014
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
1.79
44%
1010
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.22
46%
1013
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
2.77
49%
1013
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
0.45
47%
1012
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 31ᴼ
3.13
32%
1012
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
5.03
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Цинк

0.00

Калај

56.46

Родиум

274085.11

Сребро

1994.05

Паладиум

43499.96

Платина

56135.20

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.25

Бакар

13.51

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Злато

136962.18