Вардар и Бадел 1862 продолжуваат со максимален ефект во „Шпаркасе Лајф“ Првата женска кошаркарска лига, откако во четвртото коло ги забележаа своите четврти победи. Актуелниот шампион Крива Паланка го доби дербито против Баскет Кам, додека натпреварот меѓу Гевгелија и МЗТ Скопје Аеродром беше одложен. Крива Паланка го надигра Баскет Кам во дербито на колото Актуелниот шампион Крива Паланка славеше убедлива победа од 81:66 над Баскет Кам од ...

Бадел 1862 и Вардар продолжуваат со максимален ефект во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига-жени. Двата тима ја запишаа четвртата победа во исто толку одиграни натпревари и остануваат на врвот на табелата. Баделки славеа на гостувањето кај Патриот 2016 со убедливи 65:41. Иако домашниот состав подобро го отвори натпреварот, клучна беше втората четвртина, во која избраничките на Дарко Димитријевиќ направија серија од 23:5 и на полувремето заминаа со ...

Таниа Гордон постигна 79 поени во првите три кола, а Сања Адамовска подели 29 асистенции. Двете кошаркарки што ги предводат овие статистички категории денеска, од 16:30 часот, ќе се сретнат во салата „Бранители 2001“. Крива Паланка ја бара втората победа во низа, а Баскет Кам сака да се врати на победничкиот пат по првиот сезонски пораз. Шампионот Крива Паланка почна со два пораза, па славеше со 86:57 на гостувањето во Гевгелија. Во таа ...

Дербито на четвртото коло од „Шпаркасе Лајф“ Првата лига-жени им припадна на кошаркарките на актуелниот шампион. Кошаркарките на Крива Паланка одиграа квалитетен натпревар и заслужено славеа убедлива победа над Баскет Кам (81-66), со која стигнаа до вториот триумф во новата сезона. Истиот биланс (2-2) го има и нивниот ривал од Македонска Каменица. Домашната екипа уште од почетокот ја презеде контролата врз резултатот. По првите десет минути ...