Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Охрид, 18. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се искачи до 34 степени. – До понеделник времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Особено топло ќе биде во деновите од викендов кога дневната температура локално ќе достигне 40 степени. Во вторник се очекува нестабилно ...
Охрид, 18. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На Граничниот премин „Богородица“ се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, ...
Охрид, 18. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Преподобен Атанасиј Атонски. Беше роден во Трапезунт, од богобојазливи родители. Рано остана сираче, а по Божја Промисла го зеде некој војвода, го одведе во Цариград и го даде да ги изучува науките. Заради својата кроткост и смиреност им беше миленик на врсниците. Во детските игри тие ќе го избереа овој за цар, оној за војвода, а Атанасиј за игумен. ...
Охрид, 17. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Познатиот охридски адвокат Александар Карали, кој е овластен правен застапник за интелектуална сопственост, за OhridPress и Супер радио со детално објаснување до граѓаните на Охрид кои деновиве добиле фактури од ЗАМП и бараат да се оспорат истите. Тој, во интерес на запознавање на јавноста, посочува на неколку сериозни процесни и материјални неправилности во дејствувањето на ЗАМП, кои резултираат со ...
Охрид, 17. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Издавачката куќа „Светулка“, во петок, на 24 јули 2026 година, со почеток во 19:30 часот, во The Harbour Club во Охрид ќе се одржи промоцијата на романот „Само уште еден скок“ од охриѓанката Енис Хилми. За книгата ќе зборуваат Ана Јовковска и Весна Мојсова-Чепишевска, кои ќе се осврнат на книжевните, етичките и општествените теми што ги отвора романот. Раскажан од перспектива на кучето ...
Охрид, 17. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 17 јули 2026 година, во 00:05 часот, на улицата „15-ти Корпус“ во Охрид, од слобода бил лишен 69-годишник од Скопје, по претходна пријава дека бил агресивен кон член на неговото семејство. – По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај) извор: МВР фото: ОхридПрес Прочитано: 3 Охрид, 17. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 17 јули 2026 година, ...
Охрид, 17. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Талентираната Mari Froes го претстави новиот сингл „Rio Lua“, песна која е прв сингл од нејзиниот претстоен, прв соло албум „Esquina do Sol“. Новото издание означува важен чекор во краетивниот пат на бразилската креаторка, која продолжува да го гради својот музички идентитет, балансирајќи помеѓу традицијата и современиот звук. Музички, „Rio Lua“ останува песна која е верна на влијанијата врз музичарката од ...
Охрид, 17. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Од почетокот на годинава до денес охридската Територијална противпожарна единица (ТППЕ) има извршено вкупно 223 интервенции, информира за OhridPress и Супер радио командирот Борко Јанкулоски. Од анализата на податоците во однос на пожарите има благо намалување во однос на лани за шестмесечниот период, а има мал раст во бројот на техничките интервенции и други активности и услуги кои ги извршува службата. – ...
Охрид, 17. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Goo Goo Dolls го објавија официјалниот музички спот за нивната нова песна „Ocean“, продолжувајќи ја промоцијата на нивното EP „Summer Anthem“. Црно-белото видео комбинира снимки од бендот како ја изведува песната со кинематографски слики од жена што се движи под вода, создавајќи емоционално наполнета визуелна нарација. Музичкото видео е режирано од Alex Chaloff, кој избра едноставна црно-бела естетика што ги ...
Охрид, 17. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Добитничката на Grammy награда, Meshell Ndegeocello го сними еден од најамбициозните проекти во нејзината повеќегодишна кариера, третиот албум за Blue Note Records, насловен „Synonym“. Новиот материјал ќе биде објавен на 2 октомври и ќе е достапен на винил во боја, на CD и во дигитален формат. Најава за албумот е синглот „I Knew You Were Waiting (For Me)“, нов пристап кон класичниот дует помеѓу George ...
Охрид, 17. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – По неколкумесечна адаптација утре од 11:00 часот симболично ќе биде отворена обновената Прличева одаја во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид. Обновениот мултифункционален простор како и досега и во иднина ќе биде место за промоции на книги и други настани сврзани со културата, но и секојдневието на граѓаните. – Во него умешно е вграден и континуитетот на библиотеката од изработената реплика на најстариот ...
Охрид, 17. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово, панорама од стар град. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 9 Охрид, 17. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од ...
Охрид, 17. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај црквата Свети Јован Богослов Канео. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните ...
Охрид, 17. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Легендарниот Боб Дилан ќе настапи во љубљанската арената „Stožice“ на 9 ноември 2026 година, единаесет години по неговиот последен настап во Словенија. Dylan настапувал во Љубљана четири пати, во 1991, 1999, 2010 и последниот пат во 2015 година, исто така во „Stožice“, кога го претстави албумот „Shadows in the Night“. Овој пат тој доаѓа со материјал од албумот „Rough and Rowdy Ways“ од 2020 година, по кој е ...
Охрид, 17. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – И ова лето, 2026-то, продолжува супер-успешната соработка на водечките медиуми во регионот, охридското Супер радио и порталот OhridPress, со најголемите компании во државата и многу пошироко. Зад нас е првото издание на уште една супер активност, односно незаборавно крстарење со прекрасниот брод „Армада“ до една од најубавите и најатрактивните локации, манастирскиот комплекс „Св. Наум“ во близина на Охрид. ...
Охрид, 17. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Голем број сопственици на приватни апартмани во Охрид деновиве добија фактури од Здружението за заштита на авторските музички права (ЗАМП) за плаќање авторски надоместок за туристичката сезона 2025 година, односно за периодот од 1 април до 30 септември. Во еден од случаите до кој дојде редакцијата, фактурата изнесува 16.500 денари, јави порталот А1Он. Станува збор за авторски надоместок што, според ЗАМП, се ...
Охрид, 17. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Утревечер во Куќата на Робевци од 20:00 часот, ќе биде отворена првата самостојна изложба „Дијаграми на отелотворување“ на мултидисциплинарниот уметник Иванчо Талевски. Почнувајќи од 2015 година, за време на честите патувања на релација Битола – Филаделфија, Талевски преку своите цртежи ги бележи времето и просторот, реагирајќи на различни искуства, општествени процеси, настани и локации. Цртежите ...
Охрид, 17. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури со оглед на високите температури кои во делови од државата искачуваат и близу 40. степени. Носење светла и лесна облека, заштитни очила и капа, престој во затворени, климатизирани простории или почести одмори под сенка доколку се излегува надвор, внесување помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку маснотии, ...
Охрид, 17. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Пливачкиот клуб „Акваспирит“ од Охрид, во сабота ќе се одржи пливачкиот митинг „Охрид ОПЕН 2026“. Станува збор за шестото издание на овој меѓународен пливачки настан, кој во сабота на 25 јули 20926 година ќе се одржи на градскиот пливачки базен „Атина Бојаџи“, при СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид. Натпреварот ќе се одржи според правилата на WA (FINA), EA (LEN) и Националната пливачка ...
Поградец, 17. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – На социјалните мрежи деновиве се обајвени прекрасни фотографии од фламинга во водите на Охридското Езеро, на брегот на албанскиот град Поградец. Станува збор за дел од група која брои повеќе од 20 птици, кои најверојатно застанале за краток одмор. Фламингата не се гнездат на територијата на Република Македонија, но се забележани повеќе пати на прелет преку нашата територија. Прв податок за нивно присуство ...
Охрид, 17. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид го објави списокот на граѓани кои остварија право на субвенција за набавка на модерен систем за затоплување – инвертер клима уред, согласно Програмата за заштита на животната средина и природата за 2026 година. Комплетниот список можете да го погледнете ОВДЕ. (Крај) извор: ОхридПрес фото: архива Прочитано: 40 Охрид, 17. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид го објави списокот на граѓани кои ...
Охрид, 17. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – На пригоден настан што на пладне се одржа во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, беа одбележани 80 години од раѓањето на познатиот македонски писател, драматург, афорист и сатиричар Иван Карадак. Настанот е дел од годишната програма за култура на Општина Охрид, а пред присутните се обрати Претседателот на Совет, Перчо Божиноски. – Кога зборуваме за него не зборуваме само за писател и драматург ...
Охрид, 17. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Информацијата дека автопатот Кичево-Охрид ќе биде готов до мај 2027 година, а вкупната вредност ќе достигне околу 800 милиони евра, е помеѓу најкоментираните деновиве на Facebook профилот на OhridPress. Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Коце Трајановски, најави дека изградбата на автопатот Кичево-Охрид ќе заврши до мај следната година. Тој истакна дека од 2024 година е постигнат ...
Охрид, 17. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...
Охрид, 17. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Свети Андреј, архиепископ Критски. Роден е во Дамаск од родители христијани. Се роди нем и така остана до неговата седма година. Кога родителите го одведоа во црква и го причестија, тој проговори. Толкава е силата на Божествената Причест! Во својата четиринаесетта година отиде во Јерусалим и прими монашки потстриг во лаврата на Свети Сава Осветен. Со ...
Охрид, 17. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 31 степени. – До понеделник времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Особено топло ќе биде утре и во деновите од викендот кога дневната температура насекаде ќе биде над 31 степен. Во вторник се очекува нестабилно време со пороен ...
Охрид, 16. јули 2026 (ОХРИПРЕС) – Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Коце Трајановски, најави дека изградбата на автопатот Кичево-Охрид ќе заврши до мај следната година. Во гостување во емисијата „Тема на денот“ на Тв Сител, Трајановски истакна дека од 2024 година е постигнат значителен напредок на автопатот Кичево-Охрид. – Од вкупно 57 километри, во употреба се пуштени околу 37 до 38 километри. Интензивно се работи ...
Охрид, 16. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Култниот бенд Dead Can Dance има нова песна „The Cicadas“, композиција инспирирана од античкиот грчки мит раскажан од Платон во дијалогот „Phaedrus“. Синглот беше објавен на 15 јули 2026 година и е придружен со дигитална брошура од текстот и оригиналниот визуелен материјал од Brendan Perry. „The Cicadas“ е сингл заснован на добро познатата филозофска приказна на Сократ, според која цикадите некогаш биле луѓе ...
Охрид, 16. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Nickelback го најавуваат новиот албум „Everything Under The Sun“, кој ќе биде издаден на 30 октомври со првиот сингл „Rattle The Cage“, на кој се појавува и гитаристот John 5. „Everything Under The Sun“ е првиот целосен албум на Nickelback по „Get Rollin’“ од 2022 година и доаѓа во особено креативно време за бендот. Успехот на документарецот „Hate to Love: Nickelback“, во комбинација со исклучително ...
Охрид, 16. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 15 јули 2026 година во Охрид, од слобода е лишено 61-годишно лице од Охрид, по претходна пријава дека, во семејниот дом во Охрид со остар предмет се заканувал кон членови на неговото семејство. – По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес Прочитано: 61 Охрид, 16. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 15 ...