Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Охрид, 16. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Култниот бенд Dead Can Dance има нова песна „The Cicadas“, композиција инспирирана од античкиот грчки мит раскажан од Платон во дијалогот „Phaedrus“. Синглот беше објавен на 15 јули 2026 година и е придружен со дигитална брошура од текстот и оригиналниот визуелен материјал од Brendan Perry. „The Cicadas“ е сингл заснован на добро познатата филозофска приказна на Сократ, според која цикадите некогаш биле луѓе ...
Охрид, 16. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Nickelback го најавуваат новиот албум „Everything Under The Sun“, кој ќе биде издаден на 30 октомври со првиот сингл „Rattle The Cage“, на кој се појавува и гитаристот John 5. „Everything Under The Sun“ е првиот целосен албум на Nickelback по „Get Rollin’“ од 2022 година и доаѓа во особено креативно време за бендот. Успехот на документарецот „Hate to Love: Nickelback“, во комбинација со исклучително ...
Охрид, 16. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 15 јули 2026 година во Охрид, од слобода е лишено 61-годишно лице од Охрид, по претходна пријава дека, во семејниот дом во Охрид со остар предмет се заканувал кон членови на неговото семејство. – По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес Прочитано: 61 Охрид, 16. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 15 ...
Охрид, 16. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 15 јули 2026 година во Охрид, во 17:55 часот во СВР Охрид е пријавено дека на плажата „Градиште“, на брегот на Охридското Езеро, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две лица од Охрид. – По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес Прочитано: 5 Охрид, 16. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 15 ...
Охрид, 16. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 15 јули 2026 година, околу 20:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар кај поранешните воени магацини во охридската населба „Бејбунар“. – Во пожарот нема повредени лица, а била зафатена поголема површина на борова шума и нискостеблеста вегетација. Пожарот е локализиран од Територијалната противпожарна единица Охрид, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес ...
Охрид, 16. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Охрид вчера беше домаќин на првиот координативен состанок во рамки на проектот „Adventour II – Accessible Adventure Across the Borders“, кој се реализира преку Interreg VI-A IPA Greece-Macedonia Programme 2021-2027. На состанокот, покрај претставниците на Општина Охрид, присуствуваа и претставници на сите проектни партнери: YMCA од Солун, Грција; Грчката национална туристичка организација; Мрежата за рурален ...
Охрид, 16. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Жители на селото, испраќаат апел до месната заедница во Елшани и одговорните да се среди сериозниот проблем со водоснабдувањето. – Како жители на село Елшани, јавно реагираме поради сериозниот проблем со водоснабдувањето. Во текот на денот голем дел од домаќинствата остануваат без вода, што создава услови кои не доликуваат на 21, туку нè враќаат во минатиот век. Бараме од Месната заедница Елшани итно да се ...
Охрид, 16. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Успешно реализирана Регионалната летна крводарителска акција во Охрид, која обедини крводарители од Охрид, Струга, Битола, Прилеп, Кичево, Демир Хисар и Ресен. На акцијата беа собрани 97 крвни единици, а особено радува податокот што 11 крводарители одлучија да го направат својот прв хуман чекор и да станат дел од големото крводарителско семејство. – Искрена благодарност до сите крводарители, волонтери, ...
Охрид, 16. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Michelle Branch слави 25 години од почетокот на нејзината музичка кариера и објавувањето на култниот албум „The Spirit Room“, најавувајќи го новото EP „Everywhere and Back Again“, кое ќе биде објавено на 6 ноември. Во исто време, американската кантавторка претстави нова верзија на големиот хит „The Game of Love“, овој пат со Gregg Alexander од групата New Radicals. Материјалот носи поинаков пристап кон ...
Охрид, 16. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 9 август ќе наврши една година од трагичниот настан во водите на Охридското Езеро, кога во близина на заливот кај селото Трпејца, исчезна 52-годишниот бугарски нуркач Илија Иванов Танчев. – Се претпоставува дека телото би требало да биде на длабочина од 80 до 100 метри, но никој не може да претпостави точно каде, изјави за Супер радио и OhridPress, еден месец по настанот, професионалниот нуркач Александар ...
Охрид, 16. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Fiona Apple ја претстави новата песна „Horns of a Bull“, која е главна музичка тема од новата мини-серија на Apple TV+ „Lucky“, во која глуми одличната Anya Taylor-Joy. Песната е дел од официјалниот албум на серијата, а покрај новата песна на Apple, носи и оригинална музика компонирана од Isabella Summers, позната и како Isa Machine од Florence + the Machine, која ја обезбеди целата музичка подлога за ...
Охрид, 16. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Љубомир Глигоров од Скопје е првиот македонец што се спушти 132 метри под површината на Охридското Езеро, овој национален рекорд го постигна лани, а деновиве успеа да се победи себеси. Кај Трпејца успеа да нурне на длабочина од 140 метри, со вкупно време од 173 минути и средна длабочина од 27,1 метри. Она по што Глигоров е уникатен е што нурка со водороден микс, гас кој сам го создава и практикува, ...
Охрид, 16. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во сабота на плоштадот „Долна порта“ ќе се одржи проектот „Креативност“, наменет за поттикнување на младите за креирање на авторски дела и нивна промотивна презентација. Како дел од програмата, од 21:00 до 24:00 часот микс сесија и Dj сет ќе има Никола Тони, паралелно со презентација на креативни ламби изработени од дрво. Јане Наумоски ќе се претстави со рачно изработени уникатни диорами инспирирани од ...
Охрид, 16. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај „Билјанини извори“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните дејства на ...
Охрид, 16. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово на кеј „Македонија“. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 15 Охрид, 16. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот ...
Охрид, 16. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва на плажата „Сараиште“, со почеток во 19:30 часот ќе се одржи годинашното издание на концертот „Пријателите во чест на Андреј Лаброски“, во организација на ВИС „Билјана“ од Охрид. – Како и секоја година имаме чест да ве поканиме на хуманитарниот концерт „Пријателите во чест на Андреј Лаброски“. Оваа година на самиот настан ќе се продава песнарката „Охридски музички бисерник“ напишана од Андреј по ...
Охрид, 16. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Д-р Емилија Цоцеска е орален хирург, имплантолог и специјалист по естетика на лице од Охрид. Таа стои зад силно зад брендот ORALUX – Dental & Aesthetics, кој од оваа сабота и официјално започнува со работа. Во интервју за OhridPress и Супер радио таа зборува за новата ординација, услугите кои ги нуди со најсовремена опрема и знаење стекнато по многу години стручно усовршување и вложување на време и ...
Охрид, 16. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Туристи забележале мечка во реонот над селото Горно Коњско, информираат од НП „Галичица“. Оттаму со апел до жителите, посетителите, планинарите кои гравитираат во овој дел за особена внимателност. – Ги повикуваме жителите, посетителите, планинарите, како и сите лица кои престојуваат или извршуваат активности во овој реон да бидат особено внимателни и да се придржуваат кон препораките за безбедно движење во ...
Охрид, 16. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Охрид одбележува 80 години од раѓањето на Иван Карадак, македонски писател, драматург, афорист и сатиричар. Предвидено е обраќање на неговата ќерка, поетесата Марта Маркоска, која ќе даде и осврт кон неговото творештво, ќе биде отворена меморијална поставка, а ќе има и специјално издание на легендарното „Хихириху 2026“ на актерот и комичар Марјан Георгиевски, инспирирано од афористичкото и сатирично ...
Охрид, 16. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Од 21 до 23 август ќе се одржи 38 издание на престижната манифестација „Поетска ноќ во Велестово“. – Учество ќе земат дваесетина поети, музичари и уметници од шест земји: Ирска, Хрватска, Србија, Црна Гора, Бугарија и домаќинот, Република Македонија. Автор на постерот е Андреј Павлов, информираат организаторите. „Поетска ноќ во Велестово“ е меѓународен културен фестивал кој се одржува секоја година кон ...
Охрид, 16. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават споменот на Светиот маченик Јакинт. Млад дворјанин на царот Трајан, потаен христијанин. Еднаш додека царот со сите свои дворјани свечено им принесуваше жртви на идолите, Јакинт изостана од оваа скверна свеченост. Затоа беше обвинет и изведен пред царот на суд. Царот го советуваше да се откаже од Христа и да им принесе жртви на идолите. Но Јакинт остана тврд како ...
Охрид, 16. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 31 степени. – Во следните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Особено топло ќе биде во петок и во деновите од ...
Охрид, 16. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...
Охрид, 15. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со брза интервенција на охридските пожарникари, ставен е под контрола, па потоа и целосно изгаснат пожарот кој попладнево избувна во близина на населбата „Гоце Делчев“ во Охрид. На лице место интервенираа екипи на охридската територијална противпожарна единица, со соодветен број возила и пожарникари. До овој момент нема потврдени информации за причините кои довеле до избувнување на пожарот. (Крај) извор: ...
Охрид, 15. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Комитетот за светско наследство на УНЕСКО повторно предложи Охридскиот регион да биде впишан на Листата светско наследство во опасност. Конечната одлука ќе се знае по престојната 48. сесија на Комитетот, што ќе се одржи од 19 до 29 јули во Бусан – Јужна Кореја. Во нацрт одлуката нотиран е ограничениот напредок во справувањето со идентификуваните и повторувачки закани. Сметаат дека впишувањето на листата може ...
Охрид, 15. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 14 јули 2026 година, во 16:10 часот, на улицата „Партизанска“ во Охрид, лишени се од слобода три лица од Босна и Херцеговина, на возраст од 22, 19 и 22 години, кои се сомничат за сторено кривично дело „кражба“. – По целосно расветлување на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес Прочитано: 2 Охрид, 15. јули 2026 ...
Охрид, 15. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Народен театар Охрид со претставата „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле, во адаптација и режија на Андреј Цветановски, вечерва ќе настапи на годинашното издание на „Вевчанско Лето 2026“. Во претставата играат актерите: Стрезо Стаматовски во улогата на Митре, Филип Кипровски е Анѓеле, Марија Новак е Мара, Адријана Билаловиќ- Тодороска е Ката, а Никола Тодороски ќе го игра Софре. „Парите се отепувачка“ е ...
Охрид, 15. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Gianna Nannini ја претстави новата верзија на нејзината песна „America“, овој пат насловена како „America Inc.“, заедно со италијанскиот рапер Marracash. Синглот е издаден од EMI / Universal Music Italia и претставува креативна реинтерпретација на една од најважните песни од долгата кариера на италијанската рок-кантавторка. Оригиналната „America“, која беше дел од албумот „California“ од 1979 година, беше ...
Охрид, 15. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со помош на модерните AI алатки, ве враќаме во едно старо и прекрасно време. Модерната технологија овозможува старите фотографии да „оживеат“, да им се даде нова димензија и да се вратат во живот. Погледнете како изгледа стара фотографија на која е прикажан дел од центарот на градот пред многу години, сега во вид на кратко, AI генерирано видео. – Лебарана (кај Матјана) во 1976 година, напишаа во објавата ...
Охрид, 15. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид се регистрирани 1.860 невработени лица, информира за OhridPress и Супер радио раководителот на Центарот за вработување Охрид, Мирјана Влаоска. Според евиденцијата на Центарот за вработување Охрид заклучно со 10 јули, од вкупниот број евидентирани, 977 се мажи, а 884 се жени. Обработените статистички податоци заклучно со месец април (кога вкупно биле евидентирани 1.724 лица) покажуваат дека ...