Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Охрид, 29. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – James McCartney го објави видеото за новата песна „I’ll Say What I Want To“, како сериозно продолжение на неговото присуство на современата инди и алтернативна рок сцена. Синот на сер Paul McCartney последниве години следи личен уметнички пат, избирајќи понезависен и потивок музички стил, подалеку од интензивните комерцијални продукции. Музичкото видео е едноставно и директно, со нагласување на ...
Охрид, 29. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на охриѓанецот Љупчо Паункоски, синоќа во Куќата на Робевци во Охрид, свечено беше отворена изложбата „Малесија низ старите фотографии“. – Низ ретки и вредни фотографии, се раскажа приказната за традицијата, животот и духот на Малесија, информираат организаторите. Настанот беше под покровителство на Завод за заштита на спомениците и Музеј Охрид, Фото клуб „Охрид“ и Општина Охридм како уште ...
Охрид, 29. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Под менторство на професорите Маја Цветанова Терзиоска и Андријана Паскали, а во соработка со Општина Охрид и Општина Дебрца, утре во манастирот „Св. Недела“ во селото Оровник, со почеток во 19:00 часот ќе биде промовиран филмот „Приказна за една охридска свадба“, како и промоција на проектот „Светлина на верата“. Проектот „Светлина на верата“ претставува изработка на веб страна за црквите и манастирите во ...
Охрид, 29. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Идната сабота започнува полагањето на екстерните испити од државната матура за повеќе од 14.500 матуранти во учебната 2025/2026 година. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), пријавени се вкупно 14.587 ученици, од кои 12.184 за државна матура, 2.276 за државна стручна матура и 127 за државна уметничка матура. Првиот екстерен испит ќе се полага на 6 јуни од 09:00 часот, а учениците ќе избираат ...
Охрид, 29. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово од плажата „Горица 1“, со мотив од стариот дел на градот. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 13 Охрид, 29. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav ...
Охрид, 29. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава мерка OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај плажата „Горица 1“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните дејства на ...
Охрид, 29. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани, вечерва, со почеток во 20:00 часот, во Национална установа Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид, ќе имаат можност да ја погледнат театарската претстава „Марта“, која е силна приказна за тивката борба со анорексијата. Претставата „Марта” е работена според делото „Марта пред огледалото“ и претставува интимен театарски запис, односно покана за влез во дневникот на една млада тинејџерка која се соочува ...
Охрид, 29. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...
Охрид, 29. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат споменот на Преподобен Теодор Осветен. Ученик на свети Пахомиј. Роден и воспитан како незнабожец, но како млад дојде до познание на вистинската вера, се крсти и кога чу за свети Пахомиј, побегна во манастирот тајно од своите родители. Свети Пахомиј го замонаши и го засака заради неговата необична ревност и послушност. Кога дојде мајка му да го вика да се врати ...
Охрид, 29. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден во 1879 година, во Охрид е роден Коста Абраш (Абрашевиќ). Бил македонски пролетерски поет, автор на само една постхумно објавена книга социјална лирика („Песни“) во 1903 година. Абраш книжевната историја го евидентира како еден од предвесниците на литературниот правец што вообичаено се именува како социјална литература. Почина во Шабац на 20 јануари 1898 година. (Крај) извор: ОхридПрес фото: ...
Охрид, 29. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 22 степени. – Во сабота ќе се задржи стабилно времето. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Од недела во попладневните часови повторно ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за ...
Охрид, 28. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Младите и талентирани Стефан Таштаноски и Михаил Стојаноски, ученици во ООМУ „Методи Патче“ од Охрид, се враќаат со вредни награди од Akordeon Art – Plus натпреварот, кој се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина. Со особена чест и гордост им честитаме на нашите ученици по хармоника. Учествуваа на интернационалниот натпревар „Akordeon Art – Plus“ во Источно Сараево, еден од најреномираните и најпрестижни ...
Охрид, 28. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во популарната Facebook група Муабети од Охрид и околината, од 2020 година, кога е отворена, секојдневно се споделуваат прекрасни приказни за Охрид и околината, вистински спомени од едно минато време, некогашниот начин на живот, но и спомени за луѓе и настани кои оставиле сериозен печат во времето. Со одобрение од администраторот, на OhridPress ќе споделуваме дел од најубавите приказни, се’ во насока да не се ...
Охрид, 28. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Наместо конструктивна дебата за развојот на Охрид и објективно согледување на постигнатите резултати, за жал, сведоци сме на политички наративи кои имаат за цел да го минимизираат сработеното, стои во реакцијата на Општина Охрид на изнесеното во денешниот допис до медиумите на ОО на СДСМ од Охрид. – Тврдењата за наводно отсуство на отчетност се во директен конфликт со фактичката состојба на терен. Состојба ...
Охрид, 28. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Од Министерството за труд и социјална политика соопштуваат дека согласно со Законот за празниците на РM („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07), петок, 29 мај 2026 година, Духовден, петок пред Духовден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија. Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православна вероисповед им го честита празникот. (Крај) извор: ...
Охрид, 28. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 38-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „бегство“. – На 13 мај 2026 година, пријавениот физички нападнал полициски службеници кои го лишиле од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“ во близина на верски ...
Охрид, 28. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 27 мај 2026 година, во 16:45 часот во СВР Охрид, 37-годишна жена од Охрид пријавила дека околу 14:00 часот во семејниот дом, нејзиниот 37-годишен сопруг од Охрид, физички ја нападнал. – По преземени мерки, полициски службеници од СВР Охрид извршија службен разговор со пријавениот и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: СВР Охрид фото: ...
Охрид, 28. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со ретроспективна изложба и премиера на претставата „Оркестар Титаник”, Народен театар Охрид на 3 јуни ќе ја одбележи 15 годишнината од основањето на театарот. 46 премиера „Оркестар Титаник” е по текст на Христо Бојчев, а во режија на Андреј Цветаноvски, еден од оние режисери кои со секое ново гостување во Народен Tеатар Охрид, остава зад себе впечатливи и незаборавни постановки, кои одлично резонираат со ...
Охрид, 28. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Nelly Furtado се враќа на сцената со новиот сингл „Electric Circus“, во соработка со наградуваниот продуцент Boi-1da и Canada Soccer што ја поврзува музиката со пулсот на фудбалот и културниот идентитет на Канада. Песната беше објавена на 10 април 2026 година и е првиот сингл од проектот „What If It All Goes Right?“, кој беше создаден како дел од иницијативата „Perfect Pitch“ на Canada Soccer Foundation. ...
Охрид, 28. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Германскиот бенд Tokio Hotel ја објави својата нова песна „Memory Lane“, која беше објавена на 22 мај 2026 година и е водечки сингл од нивниот претстоен, седми студиски албум. Синглот означува уште еден нов уметнички период за бендот, кој продолжува да го развива својот звук и тема, останувајќи активен на меѓународната поп-рок сцена речиси две децении по глобалниот успех на „Durch den Monsun“. „Memory Lane“ е ...
Охрид, 28. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Нејзиното име е Elena Alexandra Apostoleanu, таа е млада и супер талентирана дама родена во градот Мангалија во Романија. Студиите по политички науки на Ovidius University ги заменува со членство во романското трио Play & Win, каде ја започнува музичката кариера. Нејзината последна песна „Dream Out Loud“ е креирана во соработка со норвешкиот Dj и продуцент Matoma. Очекувано, станува збор за dance-pop ...
Охрид, 28. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Меѓународно признатиот house артист Hugel има нов сингл „Movin’ To The Sun“, во соработка со house легендата Ultra Naté и вокалистката во подем Imael Angel. Песната беше објавена преку неговата издавачка куќа Make The Girls Dance и е првиот официјален сингл од претстојниот деби албум „Twenty One“. Со „Movin’ To The Sun“, Hugel се обидува да обедини различни генерации и музички влијанија преку звук што ...
Охрид, 28. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава мерка OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово во стариот дел на градот, на потегор од Античкиот тетар до црквата „Света Софија“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, ...
Охрид, 28. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово со мотив од над црквата „Света Софија“, во стариот дел на градот, кај „Долни Сарај“. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 2 Охрид, 28. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид ...
Охрид, 28. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Чувствуваме обврска да Ве известиме за активностите и дејностите, квази проектите, популистичките импровизации и дневнополитичките објави на Градоначалникот и локалната самоуправа на 200тиот ден од нивното владеење со Охрид, стои во дописот до медиумите од ОО на СДСМ од Охрид. – Додека колегите од другите градови се одважија со извештај за 100 дена работа од именувањето на функцијата, нашиот градоначалник ...
Охрид, 28. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат споменот на Преподобен Гаврил Велички. Мијалче (подоцна Гаврил Светогорец, Епископ Велички) се родил на 10 март 1926 година, во Штип, од православни родители Методиј (подоцна монах Кирил) и Гора Парнаџиеви. Основно образование, а потоа и гимназија завршил во родниот град. Уште како млад се одликувал со посебна кроткост и послушност. Потоа се запишал на ...
Охрид, 28. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Полициски службеници од редовниот состав при Секторот за внатрешни работи Охрид, денеска, со почеток од 08:00 часот, на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид ќе спроведат вежбовно гаѓање со боева муниција. – Пред почетокот на вежбовните активности, ќе бидат преземени соодветни безбедносни активности со теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето, со цел оневозможување влез на граѓани во ...
Охрид, 28. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на охриѓанецот Љупчо Паункоски, во Куќата на Робевци во Охрид, вечерва ќе биде отворена изложбата „Малесија низ старите фотографии“. – Низ ретки и вредни фотографии, ќе се раскаже приказната за традицијата, животот и духот на Малесија, информираат организаторите. Настанот, кој ќе започне во 19:30 часот, е под покровителство на Завод за заштита на спомениците и Музеј Охрид, Фото Клуб Охрид и ...
Охрид, 28. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Согласно Правилникот, од денеска, 28 мај 2026 година, стапува на сила ограничениот режим за движење во стариот дел од Охрид. – Режимот и начинот како ограничениот режим на движење на моторните возила е регулиран е утврден со Правилник за издавање на картички за движење во стариот дел од градот, донесен на 11 мај 2023 година од страна на Управниот одбор на ЈП „Билјанини Извори“, информираат од претпријатието. ...
Охрид, 28. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) на Република Македонија, во месеците јануари, февруари и март 2026 година, во Охрид биле склучени 44 бракови, но и поразителни 20 разводи. Во Струга во анализираниот период се склучиле 59 бракови, а евидентирани се 13 разводи. Во Дебрца се евидентирани два склучени бракови и нема разводи. Бројките се поразителни и јасно покажуваат дека ...