Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Охрид, 28. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 26 степени. – Во петок и во сабота времето ќе биде стабилно со пониски температури. Од недела температурите повторно ќе бидат во пораст, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од ...
Охрид, 28. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...
Охрид, 27. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на месец мај успешно беше реализиран проектот „Класични тонови во бои и зборови преку детските очи“, поддржан од Општина Охрид, во рамки на Програмата за култура за 2026 година. Проектот беше реализиран со деца на возраст од 8 и 9 години, кои преку слушање класична музика, цртање и креативно пишување имаа можност да ја доживеат уметноста на еден поинаков, интерактивен и инспиративен начин. Во рамки ...
Охрид, 27. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Граѓаните со возачка дозвола од Б категорија за автомобил, од денеска имаат право да управуваат мотоцикли со автоматски менувач од категоријата А1 со зафатнина на моторот од 125 кубици и чија сила на моторот не е поголема од 11 KW, откако стапија во сила измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Законските измени беа подготвени и поднесени од пратеничичката група на Движење ЗНАМ со ...
Скопје/Охрид, 27. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Националното здружение за мултипла склероза (МС) денес го одбележа Светскиот ден на мултипла склероза, настан кој послужи како платформа за обединување на пациентите, здравствените работници, здравствените власти и соработниците на здружението со заедничка цел – редефинирање на иднината на здравствената заштита, подобрување на квалитетот на живот и овозможување соодветна, современа и децентрализирана ...
Охрид, 27. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Согласно Правилникот, од утре, 28 мај 2026 година, стапува на сила ограничениот режим за движење во стариот дел од Охрид. – Режимот и начинот како ограничениот режим на движење на моторните возила е регулиран е утврден со Правилник за издавање на картички за движење во стариот дел од градот, донесен на 11 мај 2023 година од страна на Управниот одбор на ЈП „Билјанини Извори“, информираат од претпријатието. Ги ...
Охрид, 27. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – И оваа година Охрид ја започна со негативен природен прираст. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) на Република Македонија, во месеците јануари, февруари и март се родиле 94, а починале 182 лица, односно се бележи прираст од -88. И соседната Општина Дебрца бележи негативен прираст, се родиле 8, а починале 15 лица. Во Струга во првиот квартал исто така се бележи негативен ...
Охрид, 27. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Facebook групата Охрид, слики од минатото, објавена е уште една фотографија од Охрид од пред многу години. – Синдикални во 1950-тите години, напиша во објавата на фотографијата Klime Belko, член на групата. И оваа фотографија е вистинска „временска машина“ и не враќа многу години наназад, во едно прекрасно и одамна поминато време во древниот Охрид. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид, слики од минатото ...
Охрид, 27. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во тајните на музиката уште од мали нозе го вовел неговиот татко Наум, а сега тој самиот им ја пренесува на неговите синови. Гоце Гавриловски досега учествувал на повеќе меѓународни семинари, фестивали и конференции по композиција и филмска музика во Македонија и странство, кај бројни реномирани светски композитори. Неговото имe стои зад бројни солистички, вокални, камерни, хорски, вокално – инструментални и ...
Охрид, 27. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 26 мај 2026 година, во 12.20 часот во СВР Охрид, од Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид е пријавено дека кај нив со повреда на ногата од дијабола од воздушна пушка е донесен 10-годишен малолетник од кичевско. – Извршени се службени разговори со таткото на малолетникот и нивниот сосед, кои изјавиле дека настанот се случил на 25 мај 2026 година, околу 19:00 часот во ...
Охрид, 27. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. – При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници од криминалистичката полиција пронајдоа и одзедоа повеќе пакувања со кокаин, информираат од СВР ...
Охрид, 27. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 26 мај 2026 година, во 16:35 часот во СВР Охрид е пријавено дека лице од Охрид во семејниот дом во Охрид физички го нападнало неговиот 64-годишен татко. – По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес Прочитано: 20 Охрид, 27. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 26 мај 2026 година, во 16:35 часот во СВР ...
Охрид, 27. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Полициски службеници од редовниот состав при Секторот за внатрешни работи Охрид, утре, на 28 мај 2026 година, со почеток од 08:00 часот, на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид ќе спроведат вежбовно гаѓање со боева муниција. – Пред почетокот на вежбовните активности, ќе бидат преземени соодветни безбедносни активности со теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето, со цел оневозможување ...
Охрид, 27. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со одличен и емотивен прием од белградската публика, македонската кантавторка Дина Јашари го одбележа настапот на платото пред Музејот на Југославија во Белград, како дел од 9. издание на манифестацијата „Leto u MuzeYU“ по повод Денот на младоста. Настапот се одржа точно една година по објавувањето на нејзиниот деби-албум „Растенија без корен“, а Дина симболично го одбележа моментот со трчање три круга околу ...
Охрид, 27. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со помош на модерните AI алатки, ве враќаме во едно старо и прекрасно време. Модерната технологија овозможува старите фотографии да „оживеат“, да им се даде нова димензија и да се вратат во живот. Погледнете како изгледа стара фотографија на која е прикажан дел од Градската чаршија во далечната 1970 година, сега во вид на кратко, AI генерирано видео. Следете не на Facebook и YouTube за повеќе вакви видеа. ...
Охрид, 27. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава мерка OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена кај паркот до пешачката патека, каналот „Студенчишта“ и Скејт паркот. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од ...
Охрид, 27. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – 19-годишниот Владимир Србиноски, пијанист при ДМУ „Тодор Скаловски“ од Струга, одржа маестрална вечер за паметење во црквата „Св. Софија“, каде неодамна го одржа својот матурски концерт. Во преполна сала, под сводовите на прекрасната црква, Владимир одржа концерт кој долго ќе се памети, со изведба која допре до секое срце. Публиката го награди со громогласен аплауз и стоечки овации кои одекнуваа низ вековните ...
Охрид, 27. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово со мотив од рибар на мостот кај плажата „Славија“. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 2 Охрид, 27. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува ...
Охрид, 27. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Една од најголемите македонски рок групи Ареа на 31. јули ќе го одржи својот голем летен концерт во живо, под отворено небо, на Античкиот театар во Охрид, а во рамки на концертната програма на годинешниот S.O.S. Festival 2026. Ружица, Ивица и екипата од бендот уште еднаш ќе ги отворат своите „Врати на имагинација“ за нивната многубројна публика и ќе ги изведат најпознатите хитови од својот богат музички опус ...
Охрид, 27. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во петок, на 29 мај 2026 година, со посебен настан ќе се одбележат 300 години од градењето на познатата Саат кула, на Дебој, во стариот дел на Охрид. Настанот е во организација на Lions club Lyhnidos и ќе започне во 12:00 часот. Во насока на максимална промоција на настанот, познатиот охридски историчар и архивист Никола Митровиќ- Бабе најави дека секојдневно ќе постира одредени значајни и интересни факти за ...
Охрид, 27. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Верниците од исламска вероисповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам. На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Како курбан најчесто се принесуваат овни или телиња. Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност, а тие кои ...
Охрид, 27. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 28 степени. – Денеска ќе има изолирана појава на нестабилност, а во четврток на повеќе места нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално утре и во четврток процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, ...
Охрид, 27. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...
Охрид, 27. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат споменот на Свети маченик Исидор. Во времето на царот Декиј, Исидор беше насила земен во војска од островот Хиос. Од малечок се држеше за Христовата вера и животот го минуваше во пост, во молитва и во добри дела. Во војската штом се прокажа како христијанин, војводата му побара отчет и го советуваше да се одрече од Христа и да им принесе жртва на идолите. ...
Охрид/Бања Лука, 26. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Универзитетот во Бања Лука, на 21 и 22 мај 2026 година, се одржа првата меѓународна научно-стручна конференција „Библиотекарство во 21. век: меѓу културниот дијалог и дигиталната доминација“, посветена на современите предизвици во библиотекарството, дигитализацијата и улогата на библиотеките во современото општество. Конференцијата обедини учесници од Република Српска, Босна и ...
Охрид, 26. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Потребни сме му на нашиот Петар, за кого охридската, македонската, но и јавноста од многу пошироко се мобилизираше за да му помогне. Неговата мајка, Гордана Попоска, преку допис до редакцијата на OhridPress апелира до сите хумани луѓе од Охрид, Македонија и странство да му помогнат на Петар. – Петар е во Охрид, се вративме од Германија и очекуваме да се соберат средствата за операцијата во јуни. Но ни ...
Охрид, 26. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Охрид го остави зад себе празничниот, продолжен викенд, во чест на 24 мај, деност на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј. Пред нас е уште еден продолжен викенд, односно, петок, 29 мај 2026 година, Духовден, односно петокот пред Духовден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија, што секако ќе помогне туристички Охрид уште подобро да се подготви за новата ...
Охрид, 26. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Германскиот Dj и продуцент Robin Alexander Schulz, има нов сингл, „Better Times“, заедно со грчката пејачка Barbz, односно Varvara Argiru. Песната беше објавена на 22 мај 2026 година и веќе добива позитивни критики од фановите на dance и pop музичката сцена. Станува збор за динамична песна со силни електронски елементи и текст кој функционира како порака за оптимизам и отпорност во услови на тешкотии, ...
Охрид, 26. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Градските советници денеска ја одржаа 10 седница на советот на Општина Охрид, на која беше усвоен Дневниот ред од претходната седница со 52 точки. Советниците ја изгласаа и дополнителната точка односно Предлог програмата за измени и дополнување на програмата, „Други комунални услуги“ за 2026 година што ја предложи Секретарот Александар Китески. Изгласани беа Предлог-одлуките за усвојување на извештајот за ...
Охрид, 26. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Користењето и временските прилики предизвикаа оштетувања на делот за кошарка на повеќенаменското игралиште кај Спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“. Дел од опремата е оштетена, посебно во делот на обрачите, а има поголеми дупки и оштетувања и на самата ограда. Во септември 2026 година, на оваа локација беа свечено пуштени во употреба три тениски терени и едно повеќенаменско игралиште, кои се ...