Охрид, 2. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Летото е во полн ек, метеоролозите и за денес најавија високи температури, во Охрид над 33 степени, што значи мора да се придржуваме на општите препораки за заштита, како на копно, така и во вода. Носење светла и лесна облека, заштитни очила и капа, престој во затворени, климатизирани простории или почести одмори под сенка доколку се излегува надвор, внесување помало количество храна, претежно овошје и ...

Охрид, 2. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Денеска, на празникот Илинден, по традиција ќе се одржи 47. Куп во далечинско пливање „Илинден 2026“, во организација на пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008″ од Oхрид. Стартот на маратонот ќе биде од плажата „Горица 1“ („К’ј Дивоно”), а целта е кај Градското пристаниште (пред хотел „Нова Ривиера“). Патеката е во должина од 2,5 километри. Пливачите се поделени во две категории: постари од 16 години ...

Охрид, 2. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Свети Илија или Илија Громовник како што е познат помеѓу народот секогаш се паѓа на ист датум во најсушниот и најтоплиот дел од годината. Се верува дека токму Илија е тој кој одредува кога и каде ќе падне дожд, а кога ќе биде суша. Поради тоа и до ден денешен во селата се задржал обичајот на Св. Илија да не се работи на поле, за да не се навлече гневот на светителот. Народот вели дека по празникот Св. Илија ...

Охрид, 2. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Секоја недела на Вашиот Број 1 локален информатор, интернет порталот OhridPress Ви нудиме избор од ТОП вестите кои ја одбележаа неделата која е зад нас. Од нив, најголемиот дел се авторски вести на нашата редакција, но поместен е и избор од останатите настани кои оставија белег на седмицата која е зад нас. Високите температури и неодговорноста си го прават своето: Депонијата „Буково“ гори и понатаму На ...

Охрид, 2. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Граѓаните на Република Македонија денес го слават Денот на Републиката 2 Август, споменот на двата историски Илиндена, 123 години од Илинденското востание и 82 години од Првото заседание на АСНОМ. Денес, илинденската традиција е испреплетена со патриотски, фолкорни и религиски симболи, што го прави Илинден еден од најважните празници во Македонија. Покрај тоа верниците денес го слават и големиот православен ...

Охрид/Лактиње, 2. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денеска го празнуваат и слават споменот на светиот славен пророк Илија. По тој повод во храмот „Св. пророк Илија“ во село Лактиње, Општина Дебрца, со почеток во 08:45 часот, ќе биде извршен чин на преосветување на храмот, по што ќе биде отслужена и света архиерејска Литургија. – Со голема духовна радост ги покануваме сите благочестиви верници со своето присуство да земат ...

Охрид, 2. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила, на Граничниот премин „Табановце“ за влез во земјата се чека повеќе од еден час, а на „Богородица“ за излез од земјата, околу 15 минути. На останатите ...

Охрид, 2. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денес го одбележуваат празникот посветен на Светиот пророк Илија – Илинден. Боговидец, чудотворец, ревнител за Божјата вера. Родум од племето Ароново, од градот Тесвит и затоа е наречен Тесвитјанин. Кога се роди Илија, неговиот татко Савах виде ангели Божји околу детето како го повиваат во оган и му даваат да јаде пламен. Ова беше предзнак за неговиот пламенен карактер и за ...

Охрид, 2. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се искачи до 33 степени. – Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 33°C, а на ...

Охрид, 1. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Големиот македонски празник Илинден, кој во свеста на македонскиот народ најмногу асоцира на славното Илинденско востание, сепак, во својата основа го има свети Илија, лик од христијанската вера, кој има значајно место и во народните верувања. Пророкот Илија живеел околу 900 години пред Исус Христос (поточно, роден е во 816 година пред новата ера) во местото Тесвит, поради што во Библијата се среќава како ...

Охрид, 1. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 31 јули 2026 година, во 15:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на булевар „Туристичка“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило марка „Пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 65-годишна жена и електричен мопед, управуван од 28-годишник, двајцата од Скопје. – Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило лицето на електричниот мопед, констатирани во Специјалната ...

Охрид, 1. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 31 јули 2026 година, во 17:00 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид била донесена 38-годишна жена од Шведска, со тешки телесни повреди, здобиени при слетување со параглајдер, што го управувало лице од охридска параглајдинг компанија. – Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ќе следи соодветен поднесок, ...

Охрид/Струга, 1. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 31 јули 2026 година, во 07:30 часот, во СВР Охрид приведени се 42-годишно лице од струшкото село Калишта, 45-годишна жена од Лесковац, Република Србија и уште една 30-годишна жена од Крушевац, Република Србија, по претходна пријава дека пред угостителски објект во Охрид, во алкохолизирана состојба го нарушиле јавниот ред и мир. – Од преземените мерки, констатирано е дека помеѓу двете српски ...

Охрид, 1. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Работите на патниот правец Елбасан-Ќафасан продолжуваат со брзо темпо, приближувајќи не секој ден до завршувањето на една од најважните инфраструктурни инвестиции во земјата, објави премиерот на соседна Албанија Еди Рама на неговиот профил на Facebook. – Овој проект значително ќе го подобри сообраќајот, ќе ја зголеми безбедноста на патиштата и ќе создаде повеќе можности за економски и туристички развој на ...

Охрид, 1. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 31 јули 2026 година, во автокамп лоциран на охридското крајбрежје, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид лишија од слобода 39-годишно лице од Скопје. – При претрес во камп приколка и во дворното место, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа шест кеси со марихуана, фолија со бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од марихуана и други ...

Охрид, 1. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Легендарниот Tom Waits се враќа со сосема нова песна, која нема музика, туку само неговиот глас и е насловена „The Fly“. Песната е B-страна на синглот „Boots On The Ground“, неговата неодамнешна соработка со Massive Attack. Стариот мајстор го користи својот препознатлив саркастичен стил за да раскаже хумористична приказна за една обична домашна мува. Со иронија и неочекувана нежност, тој изразува необично ...

Охрид, 1. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Летото е во полн ек, градот е преполн со гости од целиот свет, а продолжуваат и летните промотивни активности, меѓу кои секако, едно од омилените е и бесплатното летно Plazma TAXI. Ова е само продолжување на соработката на OhridPress и Супер радио со најголемите компании во државата и регионот. Основната идеја на Plazma TAXI е да им овозможиме на охриѓани и гостите бесплатно возење до саканата дестинација ...

Охрид, 1. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Висока делегација на Управата на полицијата при МВР на Република Србија во престојува во тридневна работна посета на СВР Охрид. – Во рамки на Протоколот за соработка меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Министерството за внатрешни работи на Србија за ангажирање полициски службеници во текот на летната и зимската туристичка сезона, во Охрид беше реализирана тридневна работна ...

Охрид, 1. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва започнува манифестацијата „Културно лето Пештани 2026“, која ќе трае до четврток, 6 август. Овој настан веќе осум години ги негува културните вредности, традицијата и уметноста во Пештани. Свеченото отворање е на песочната плажа, во центарот на Пештани, со почеток во 20:30 часот. Според програмата, ќе бидат претставени традиционалните вредности и обичаи на Пештани, проткаено со музика, песни, читање ...

Охрид, 1. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Selena Gomez, Benny Blanco и Becky G ги здружија силите на новиот сингл „Te Olvido (La La)“, кој беше објавен вчера како една од најочекуваните латино поп соработки ова лето. Откако тројцата уметници почнаа да објавуваат делови од песната на социјалните мрежи, јавниот интерес драстично се зголеми. Првите семплови открија многу зависна латино поп мелодија и рефрен кој се чини дека ќе стане еден од ...

Охрид, 1. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Новозеландскиот уметник, креатор и продуцент Lance Savali за прв пат соработува со Rita Ora на новиот сингл „Higher“, кој беше објавен на 31 јули 2026 година, само еден ден пред концертот кој е закажан за вечерва во нашиот Охрид. Соработката беше најавена претходните недели преку заеднички објави на двајцата уметници на социјалните мрежи, но и преку пренос во живо што им овозможи на фановите да ѕирнат и зад ...

Охрид, 1. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово во старата охридска чаршија. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните дејства на ...

Охрид, 1. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Британскиот продуцент на електронска музика Octaveeго го претстави својот модерен пристап кон класиката „Mi Mujer“, трансформирајќи ја оваа underground музичка сензација во новп и фасцинантно Afro House патување. Задржувајќи го емотивното јадро на оригиналната композиција, новиот ремикс додава свежа енергија и современа естетика, која е привлечна и за љубителите на оригиналната композиција и за оние кои ја ...

Охрид, 1. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Популарната Karol G отвори ново поглавје во својата кариера, со издавањето на шестиот албум „No Me Arrepiento de Sentir Tanto“, кој ќе биде достапен во музичките продавници веќе од 7 август. Колумбиската суперѕвезда го најави со синглот „Matadora“ за време на нејзиниот концерт на Rogers Stadium во Торонто, како дел од светската турнеја „Viajando Por El Mundo“. Обраќајќи и’ се на публиката на шпански јазик, ...

Охрид, 1. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Исполнет со гости од целиот свет, меѓу кои доминираат најмладите, Охрид го живее шпицот на сезоната, односно продолжениот, Илинденски викенд. Рано утрово, службите го чистеа централното градско подрачје од ѓубре, а видливи беа бројни групи млади луѓе, од кои некои легнале, некои не легнале ноќеска. Дел спиеја и одмараа по клупите во паркот, дел се кај малото пристаниште, Светилникот и по целиот Градски кеј. ...

Охрид, 1. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово, пред Илинден, во центарот на градот, кај малиот парк до Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 3 Охрид, 1. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – ...

Охрид, 1. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Преподобна Макрина. Најстарата сeстра на свети Василиј Вeлики и на свети Григoриј Ниски. Какo девојка ранo беше свршeна за нeкoe благoрoднo мoмчe. Нo, кoга нeјзиниoт свршeник умрe, Макрина сe завeти никoгаш да нe стапи вo брак вeлeјќи: „Нe e правo дeвoјката, свршeна за eднo мoмчe, да oтидe за друг; пo прирoдниoт закoн трeба да има eднo сoпружништвo ...

Охрид, 1. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се бележи зголемена фреквенција на возила на Граничниот премин „Богородица“ за излез и на „Табановце“ за влез во државата, каде времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични ...

Охрид, 1. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се искачи до 33 степени. – Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 32°C, а во ...

Охрид, 31. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во сабота, на 8 август, во кампот „Љубаништа“, гитаристот Владимир Четкар со својот музички ансамбл ќе одржи авторски концерт, настан кој ќе биде збогатен и со сетови на DJ Face и DJ Chvare. Билети по цена од 400 денари може да се купат online или во охридската чаршија кај тезга „Аждер“. Од тимот на Четкар информираат дека за искуството на публиката да биде уште поегзотично, организиран е и бродски превоз на ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.58
42%
1016
weather icon

Белград

22ᴼ / 22ᴼ
2.68
67%
1014
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
0.71
52%
1014
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
55%
1017
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.12
49%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.64
92%
1016
weather icon

Атина

27ᴼ / 26ᴼ
0.45
49%
1011
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.9
32%
1014
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
2.94
33%
1015
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 24ᴼ
0.45
63%
1015
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
0.89
45%
1015
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
3.02
100%
1013
Currency

61.525

Currency

53.2455

Currency

71.7618

Currency

37.5744

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Калај

55.95

Кобалт

56.29

Иридиум

252383.36

Родиум

269262.50

Сребро

1954.91

Алуминиум

3.23

Платина

56295.96

Цинк

0.00

Паладиум

43242.75

Рутениум

53852.50

Бакар

13.37

Злато

133030.14