Скопје, 13 март 2025 (МИА) - Законот за високо образование веќе е во крајна фаза и за релативно краток период ќе биде пуштен во владина постапка. Многу од забелешките за кои сметавме дека се конструктивни и кои го подобруваат текстот на законот ќе бидат прифатени и тие веќе се внесуваат во самиот текст - изјави денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Таа посочи дека некои од забелешките навистина не се оправдани. - На ...

Скопје, 13 март 2026 (МИА) - Професорот од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“, против кого имаше пријава за сексуално вознемирување ученичка, е суспендиран. Ова денеска го изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска. - Државниот просветен инспекторат постапува. Пријавен е во полицијата - истакна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање по презентацијата на резултатите од истражувањето „Анализа на финансиската ...

Скопје, 13 март 2026 (МИА) - Романот „Три Марии“ на писателката Оливера Ќорвезироска во издание на „Арс либрис“ е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2025 година - беше соопштено на денешниот настан, што се одржа во просториите на Друштвото на писателите на Македонија во Скопје. Наградата ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ и се состои од плакета, оригинална статуетка и ...

Скопје, 13 март 2026 (МИА) - Со цел зајакнување на системската заштита на жените жртви на насилство и подобрување на законската рамка, денеска се одржа првиот состанок на работната група за следење, анализирање и давање препораки за подобрување на националната легислатива за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, како и за подготовка на итни предлог-измени на законодавството. Како што соопшти Министерство за ...

0Скопје, 13 март 2026 (МИА) - Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ претставува еден од клучните столбови во безбедносната структура на Министерството за внатрешни работи. Оваа високоспецијализирана единица мора во секој момент да биде целосно подготвена, технички, професионално и човечки, за да одговори на најсложените задачи и операции - порача денеска министерот Тошковски на одбележувањето на јубилејот 45 години од формирањето на ...

Скопје, 13 март 2026 (МИА) - Фондот за здравствено осигурување соопшти дека во координација со Министерството за социјална политика, демографија и млад воспоставено е преодно решение за евидентирање на правото на ослободување од плаќање партиципација за лицата со попреченост со цел да се обезбеди непречено остварување на нивните права од здравственото осигурување. Во согласност со воспоставениот систем, како што посочуваат од Фондот, ...

Скопје, 13 март 2026 (МИА) - Нови информации поврзани со снабдувањето и цените на нафтените деривати на домашниот пазар ќе бидат соопштени денеска на настанот, кој го организира Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Изјави во врска со состојбите ќе дадат министерката за енергетика, рударство и минерални суровин, Сања Божиновска и главниот извршен директор на ОКТА АД - Скопје, Димитрис Пасхос. ац/са/ Фото: МИА архива ...

Скопје, 13 март 2026 (МИА) - Извозот на информациски, компјутерски и телекомуникациски услуги во 2025 година достигнал 676 милиони евра, што претставува раст од 7 проценти во однос на 2024 година. - Убави вести денеска - македонската ИКТ-индустрија продолжува да соборува рекорди во економијата. Според податоците на Народната банка, извозот на информациски, компјутерски и телекомуникациски услуги во 2025 година достигна 676 милиони евра, што ...

Скопје, 13 март 2026 (МИА) - Буџетот е ликвиден, пари се обезбедени навреме и има простор за мерки доколку се потребни - истакна вчера министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, во гостување во „Само интерву“ на ТВ „Канал 5“. - Работевме посветено во изминатиот период и испорачуваме како што сме испланирале. Граѓаните може да бидат спокојни. Пари обезбедивме навреме. Условоите по кои ги обезбедивме беа многу поповолни. Издадовме ...

Скопје, 13 март 2026 (МИА) - Во услови кога цените на нафтата растат на светските пазари и целиот регион и светот се соочуваат со ценовен притисок, снабдувањето со гориво во Македонија е стабилно, компаниите располагаат со обезбедени резерви, дополнително снабдувањето е зајакнато преку продуктоводот „Вардакс“, а Владата внимателно ја следи состојбата. Доколку глобалните ценовни притисоци продолжат, подготвени сме да ги искористиме сите ...

Скопје, 13 март 2026 Исплатени се над 260 милиони денари кон над 1.600 корисници за мерки од растително и сточарско производство од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година. • 1.7. - Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети - 136.450.639,00 денари кон 276 корисници; • 1.10. - Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за овошје предадено во ...

13 март 2026 Извозот на информациски, компјутерски и телекомуникациски услуги (ИКТ) од Северна Македонија во 2025 година достигна 676 милиони евра, што претставува раст од 7 проценти во однос на 2024 година, покажуваат податоците на Народната банка. ИКТ индустријата останува една од ретките македонски индустрии што бележи континуиран раст на извозот и остварува значителен суфицит во трговската размена со светот. Во 2025 година увозот на ИКТ ...

Кочани, 13 март 2026 (МИА) - Решението за транспортерите ќе биде во насока на издавање на долгорочни работни визи, коишто треба да значат регулиран престој на сите наши превозници кои влегуваат во Шенген зоната без разлика дали се работи за камионски превоз или автобуски превоз, изјави денеска од Кочани вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, одговарајќи на новинарски прашања. -Швајцарија веќе издава такви визи за ...

Кочани, 13 март 2026 (МИА) - За околу 2,5 денари по литар се очекува да бидат намалени цените на нафтените деривати во земјата, откако Владата и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини договорија попуст со најголемиот снабдувач, компанијата ОКТА, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Кочани, тој истакна дека разговарал и со голем дел од сопствениците на бензински ...

Скопје, 13 март 2026 (МИА) - Истражувањето „Анализа на финансиската писменост во основното образование“, спроведено од Бирото за развој на образованието, покажува дека учениците имаат познавање за базичните поими, но немаат доволно познавање за она што би требало да се нарече применување на познатите поими во животот, односно применување на таа финансиска писменост. За жал, и според ОЕЦД, речиси 56 отсто од населението е финансиски писмено, ...

Скопје, 13 март 2026 (МИА) - Компанијата „Окта“ донесе одлука, со која, почнувајќи од денеска до крајот на март, за два денара ги намалува цените на дизелот и на бензините за трговците што набавуваат горива од компанијата овозможувајќи им на тој начин на трговците на големо и мало оваа придобивка да ја рефлектираат во крајните цени за потрошувачите. Главниот извршен директор на „Окта“, Димитриос Пасхос, денеска на прес-конференција со ...

Скопје, 13 март 2026 (МИА) - Нордиските земји нудат огромни економски можности, но за да се навлезе на нивните пазари, потребно е разбирање на стандардите, очекувањата и деловната култура. Како што беше речено на денешниот настан што го организира Шведско-македонската стопанска комора, постои интерес за интензивирање на бизнис-соработката со Македонија, а потенцијал има во повеќе сектори. Во земјата се присутни 30-ина шведски компании, кои ...

Скопје, 12 март 2026 (МИА) - Граѓаните не треба да се грижат. Имаме стабилно снабдување со нафта и нафтени деривати на пазарот. Ги следиме состојбите. Имаме механизми да реагираме доколку кризата продолжи, уверува премиерот Христијан Мицкоски. Во интервју за Ора24 тв, премиерот рече дека во понеделникот бил забележан историски најголем пик на потрошувачка на нафта и нафтени деривати во земјава што се должи на зголемената потрошувачка на нафта ...

Скопје, 12 март 2026 (МИА) - Премирот Христијан Мицкоски вечерва порача дека фокусот на Владата е на консолидирањето и економскиот раст, како и на редовни парламентарни избори, кои ќе се одржат во 2028 година. Мицкоски во интервју за Ора24.тв. на прашањето дали ќе има предвремени избори, нешто што опозицијата го споменува во повеќе наврати, нагласи дека приоритет на Владата се реформите и нивно испорачување за граѓаните. - Граѓаните, ...

Скопје, 12 март 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на почеток на изградба на дел од собирни улици „Никола Карев“ и дел од градската магистрална улица „Новопланирана 1“ во општина Кочани каде ќе даде изјава за медиуми. Сектор за односи со јавноста на Владата соопшти дека потоа премиерот ќе изврши увид во градежни работи на мост на Кочанска Река за поврзување на улица „Лазар Андонов“ со улица „Вера Которка“, како и ...

Скопје, 13 март 2026 (МИА) - Добрата вест за македонската економија и за граѓаните е што растеме, 2025 година ја завршивме во првите пет во Европа, и тоа се факти, веднаш по Ирска, Малта, Кипар и заедно со Полска. И тоа се бројки од Евростат. Исто таква беше и 2024 година. Пред шест-седум години бевме на дното во регионот, сега сме лидери и сме во првите пет во Европа според процентот на раст на бруто-домашниот производ - истакна премиерот ...

Скопје, 13 март 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Ора 24 вчера истакна дека Владата нема никаков проблем со употребата на јазиците, но посочи дека во однос на барањата за полагање на правосудниот испит на албански јазик, треба да се земе предвид мислењето на Венецијанската комисија, која бара напуштање на билингвалност во правосудниот систем, но и да се внимава на видовите на правните акти, со оглед на тоа што ...

Скопје, 13 март 2026 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими учесниците на регионалната Конференција на австриски амбасадори од Југоисточна Европа, чиј домаќин е Амбасадата на Република Австрија во земјава и амбасадорот Мартин Памер, на која, како што информираат од нејзиниот кабинет, сите амбасадори отворено го поддржале македонскиот пат кон Европската Унија, потенцирајќи дека европската перспектива на земјите од ...

Скопје, 16 март 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски вели дека минатата година Македонија забележала раст на бруто домашниот производ кој ја вбројува во првите пет земји во Европа. Ако продолжат трендовите од почетокот на оваа година, вели тој, не би се изненадил да бидеме меѓу првите три земји по раст на БДП во Европа. Тоа, според него, би значело дека растот ќе може да почнат да го чувствуваат граѓаните преку раст на животниот стандард ...

Скопје, 13 март 2026 (МИА) - Не постои проблем кој во дијалог и искрени разговори и договори не може да биде решен, што е случај и фер однесувањето на трговците во земјата во последниот период - вели премиерот Христијан Мицкоски. - Јас не би се изразил толку строго со реториката во делот на покажување мускули или покажување сила од страна на државата. Мислам дека преку еден конструктивен дијалог не постои проблем што нема да биде решен, како ...

Скопје, 13 март 2026 Болеста во нашето општество се вика криминал и корупција, а историјата на болеста датира од времето на Груевски, па до денес, посочува претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервјуто за неделникот „Фокус“. Филипче укажува дека политиките на премиерот Мицкоски и неговата „тендер-коалиција“ се опасни за општеството, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го објавува интегрално. „Би можел да направам анамнеза на ...

Кочани, 13 март 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски денеска во Кочани присуствува на отпочнувањето на изградбата на јужниот булевар и на активности за изградба на нов мост на Кочанска Река кој ќе ги поврзува улиците „Лазар Андонов“ и „Вера Которка“. -Ова се инфраструктурни освежувања за Кочани. Јужниот булевар е клучна колатерала која ќе не поврза со експресниот пат Штип -Делчево. ...

Скопје, 12 март 2026 (МИА) - Економиите не можат да остварат свој полн потенцијал ако половина од популацијата е ограничена во можностите за учество, беше порачано на главниот настан на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) по повод Меѓународниот ден на жената, под мотото „No Economy Wins Running at Half Capacity: The Economic Power of Gender Equality“ на кој учестуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања ...

Лондон, 12 март 2026 (МИА) - Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, објави дека нема планови наскоро да се пензионира од Формула 1, и покрај бројните навестувања за спротивното. - Навистина не сакам да се пензионирам. Секако, би сакал трките да бидат малку позабавни. Но, правам и многу други интересни работи. Во наредните години, можеби ќе се тркам во Спа и, се надевам, во Ле Ман. Значи, ги комбинирам трките со други многу возбудливи работи. Тоа ...

Скопје, 12 март 2026 Уставниот суд е пред клучна одлука – ќе ја заштити ли уставно гарантираната самостојност на Јавното обвинителство или ќе дозволи да се наруши принципот на поделба и контрола на власта? Вчерашната одлука и поделеното гласање на уставните судии, кои не успеаја да заземат конкретен став дали да се поведе постапка за оценување на Законот за изменување на Законот за платите на јавните обвинители, претставува основ за сериозна ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
41%
1014
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
6.17
56%
1016
weather icon

Загреб

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
38%
1015
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
3.6
54%
1018
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
5.15
79%
1018
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
2.68
48%
1015
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
4.63
62%
1011
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
22%
1012
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
31%
1013
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
7.2
70%
1017
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
5.14
43%
1017
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
4.12
100%
1012
Currency

61.6238

Currency

53.1629

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.63227

Currency

0.33549

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Бакар

10.65

Алуминиум

3.19

Цинк

0.00

Сребро

2179.44

Иридиум

258288.78

Паладиум

44753.84

Родиум

353658.21

Калај

43.91

Кобалт

3.86

Платина

61858.04

Рутениум

56199.51

Злато

144593.23