Белград
12ᴼ /
11ᴼ
Хонг Конг, 26 ноември 2025 (МИА) - Бројот на жртви од огромниот пожар што зафати станбен комплекс од облакодери во Хонг Конг досега се зголеми на 36, соопшти вечерва градоначланикот Џон Ли. Најмалку 279 лица сè уште се сметаат за исчезнати, додаде тој, додека неколку десетици се хоспитализирани. „До овој момент, пожарот предизвика смрт на 36 лица, а 279 се сметаат за исчезнати. Уште 29 лица се хоспитализирани, од кои седум се во критична ...
Прага, 26 ноември 2025 (МИА) - Чешката популистичка партија АНО денеска го предложи десничарскиот евроскептик Филип Турек, кој беше критикуван за јавно користење на нацистичкиот поздрав, за министер во новата влада на мандатарот Андриј Бабиш. Кандидатурата на Турек ги комплицира напорите за формирање на новата влада на Бабиш, кој беше победник на парламентарните избори минатиот месец, јавуваат британските медиуми. Бабиш се стреми да формира ...
Скопје, 26 ноември 2025 (МИА) - Комисијата за финансирање и буџет попладнево ја продолжи амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година. Беа прифатени неколку амандмани поднесени од опозицијата со кои ќе се обезбедат финансиски средства за доопремување на службите за Брза помош. Во попладневниот дел од расправата главно се разгледуваа амандмани со кои се бараше опремување или реконструкции на здравствени установи. Амандманската ...
Стразбур, 26 ноември 2025 (МИА) – Ние како држава остануваме посветени на спроведувањето на своите меѓународни обврски и ќе продолжиме да бидеме конструктивен и предвидлив партнер во регионот, но прашањата за македонскиот јазик и идентитет и достоинството на нашиот народ не се и не можат да бидат предмет на преговори, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во обраќањето на 24-от состанок на Мешовитиот ...
Белград, 26.ноември 2025 (МИА) – Прославениот српски тренер Жељко Обрадовиќ не е повеќе тренер на Партизан. Тоа го потврди клубот откако го објави писмото на трофејниот европски тренер, упатено до јавноста и навивачите. Почитувани навивачи на Партизан, Пред 4,5 години се вратив во мојот сакан клуб и ѝ заедно со Вас почнав да го живеам најубавиот сон. Имав желба и цел нашиот Партизан по 10 години да биде дел од Евролигата, заеднички успеавме во ...
Рамала, 26 ноември 2025 (МИА) - Израелските безбедносни сили (ИДФ) денеска зазедоа позиции во градот Тубас, на Западниот Брег, и им наредија на некои палестински жители да ги напуштат своите домови, што е најнов напад во повеќемесечната кампања против градовите на северниот дел од Западниот Брег. Гувернерот на Тубас, Ахмед Ал-Асаад, за британските медиуми изјави дека израелските сили, поддржани од хеликоптери, го опкружуваат градот и ...
Бразилија, 26 ноември 2025 (МИА) - Бразил „му одржа лекција за демократија на светот“ со судењето и апсењето на поранешниот претседател Жаир Болсонаро, кој беше осуден на 27 години затвор за обид за државен удар, изјави денеска актуелниот претседател на земјата, Луиз Инасио Лула да Силва. Лула изјави во Бразилија дека апсењето на Болсонаро е „првпат некој да биде затворен за обид за државен удар во последните 500 години“. Болсонаро беше обвинет ...
Стразбур, 26 ноември 2025 (МИА) – Пред повеќе од две децении во Солун беше дадено ветување дека иднината на Западен Балкан е во европското семејство и тоа ветување мора да продолжи да живее не само преку зборови, туку и преку дела, изјави министерот за министерот за европски прашања Орхан Муртезани во обраќањето на 24-от состанок на Мешовитиот парламентарен комитет што започна попладнево во седиштето на Европскиот парламент во Стразбур. - За ...
Абу Даби, 26.ноември 2025 (МИА) – Македонскиот репрезентативец Бобан Илиоски обезбеди бронза на Светското сениорско првенство во кикбокс во Абу Даби, ОАЕ. Тој ја оствари првичната цел откако обезбеди најмалку бронза со победата со 2:1 во четвртфиналето против Раул Сунара од Хрватска. Во првата рунда од борбата Илиоски заработи повреда (скина препона), тоа не го спречи да стигне до победата, но не му дозволи да настап во полуфиналето против ...
Бисао, 26 ноември 2025 (МИА) - Војската во западноафриканската земја Гвинеја-Бисао попладнево објави дека ја презема „целосната контрола врз земјата“, „го суспендира изборниот процес“ и ги затвора границите, додека земјата ги чека резултатите од претседателските и парламентарните избори организирани во неделата. Претходнно денеска, во близина на претседателската палата се слушнаа истрели, а мажи во воени униформи ја презедоа контролата врз ...
Вашингтон, 26 ноември 2025 (МИА) – Обвинителот од Џорџија, Пит Скандалакис, се откажа од кривичната постапка против американскиот претседател Доналд Трамп во случајот на наводно мешање во изборите во 2020 година. Скандалакис поднесе барање за отфрлање на обвинението во кое се обвинуваат Трамп и неговите соработници за заговор за поништување на резултатите од изборите во таа федерална држава, пишува Би-Би-Си. Со овој потег, исто така, се заврши и ...
Брисел, 26 ноември 2025 (МИА) – Во Белгија денеска се одржува 24-часовен генерален штрајк, со кој ќе заврши серијата на штрајкови во организацијата на трите најголеми белгиски синдикати што започна во понеделникот. За разлика од вообичаената пракса, на денешниот генерален штрајк не беше организиран протестен марш на работниците од цела Белгија низ улиците на Брисел, но сепак ширум земјата се одржаа собири и блокади на институции и патни правци. ...
Белград, 26 ноември 2025 (МИА) - Министерот за внатрешни работи на Република Србија, Ивица Дачиќ, денеска, на маргините на 93-то Генерално собрание на Интерпол во Маракеш, имаше средба со директорот на Бирото за јавна безбедност на Република Северна Македонија, Александар Јанев. Како што се наведува во информацијата од српското Министерство за внатрешни работи, двете страни се согласиле дека постои одлична полициска соработка меѓу Република ...
Скопје, 26 ноември 2025 (МИА) - Познатиот албански поп пејач Шпат Касапи почина ненадејно утрово во Италија. Неговиот брат Аљбин во изјава за албански медиуми посочува дека засега се сомневаат дека причина за смртта е срцев удар. Шпат Касапи е роден на 1 мај 1985 година во Тетово. Касапи е син на екс пратеничката од СДСМ, Ѓилумсер Касапи. Тој пораснал во семејство со музичка традиција, која силно влијаела врз неговото уметничко оформување. ...
Бисао, 26 ноември 2025 (МИА) - Претседателот на Гвинеја-Бисао, Умару Сисоко Ембало, изјави дека денеска околу пладне бил уапсен во неговата канцеларија во претседателската палата, тврдејќи дека е во тек обид за државен удар во земјата. Како што изјави за локалниот весник „Жене Африк“, заедно со него биле уапсени началникот на Генералштабот, генерал Биаге На Нтан, заменик-началникот на Генералштабот, генерал Мамаду Туре, како и министерот за ...
Белград, 26.ноември 2025 (МИА) – Тренерот на КК Партизан Жељко Обрадовиќ понуди оставка на тренерската позиција на КК Партизан по серијата порази на тимот во Евролигата пренесуваат медиумите од Србија. Ова е втор пат Обрадовиќ да биде на клупата на Партизан, а тренерската функција ја презеде во јуни 2021 година. Неуспехот на Партизан во Атина против Панатинаикос е седми во серијата од осум натпревари. Екипата делува безидејно и притоа му ...
Шангај, 26 ноември 2025 (МИА) – Авиокомпанијата „China Eastern Airline“ од следната недела ќе го вклучи во својата понуда најдолгиот комерцијален лет во светот, од кинеската економска метропола Шангај до аргентинската престолнина Буенос Аирес, објавија денеска кинеските медиуми. Линијата што ги поврзува градовите оддалечени 20.000 километри ќе биде во функција од 4 декември. Шангај и Буенос Аирес се наоѓаат на речиси спротивни страни од ...
Белград, 26 ноември 2025 (МИА) - Србија ќе аплицира за отворање Регионалното биро на Интерпол за Југоисточна Европа со седиште во Белград, соопшти денеска српското Министерство за внатрешни работи. „Заинтересирани сме Регионалното биро за Југоисточна Европа да биде во Белград и официјално ќе аплицираме“, рече Дачиќ, кој ја предводеше српската делегација на 93-та седница на Генералното собрание на Интерпол во Маракеш. Тој додаде дека разговарал ...
Скопје, 26 ноември 2025 (МИА) - Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ја затвори кујната во Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае, откако голем број ученици се пожалиле на стомачни болки. ДСЗИ нареди и вонредно чистење и здравствени прегледи на вработените во училиштето, а земени се и мостри од работните површини. Од Институтот за јавно здравје најавија дека првичните информации за тоа што се случило и ...
Скопје, 26 ноември 2025 (МИА) - Во Коалицијата Вреди се усогласени новите министерски позиции, по изборот на Изет Меџити за градоначалник во Чаир, посочуваат извори од коалицијата за МИА. Од Владата пак за МИА велат дека до нив Вреди се уште нема доставено предлог и очекуваат како што денеска кажа премиерот Христијан Мицкоски тоа да се случи најдоцна до понеделник. Според извори во коалицијата Вреди, Беким Сали ќе биде кандидат за функцијата прв ...
Скопје, 26. ноември 2025 (МИА) – Женскиот одбојкарски првак Јанта Волеј Кисела Вода настапот во европските клупски купови го продолжува вечерва (20 часот). Во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје гостува хрватскиот тим Младост Загреб во рамки на 1/16 финалето од ЦЕВ купот. Одбојкарките на Јанта Волеј КВ испишаа историски успех, кој не е само клупски, туку ќе остане запаметен и како еден од највисоките успеси во македонската женска клупска историја во ...
Скопје, 26 ноември 2025 (МИА) - ЕУ-финансираната програма ЕУ за економски раст (EU4EG) денеска го одбележа своето официјално затворање со саем на претпријатија кој обедини повеќе од педесет микро, мали и средни претпријатија, стартапи, акцелератори, креатори на политики и партнери. Од своето започнување, EU4EG поддржа над сто мали и средни претпријатија, стартапи од Полошкиот, Североисточниот, Југозападниот регион, како и од Ресен, овозможувајќи ...
Сао Паоло, 26.ноември 2025 (МИА) – Бразилскиот фудбалер Нејмар повторно е повреден и го очекува нова пауза. Ова е нов проблем за 33-годишниот фудбалер, кој очекува повик во бразилската репрезентација за Светското првенство, но повредата може да го спречи да настапи на Мундијалот. Во следните три дуели „сите финалиња“ Сантос игра против Спорт Ресифе, Хувентуде и Крузеиро). Нејмар има повреда на менискусот, а на истото колено имаше и операција ...
Брисел, 26 ноември 2025 (МИА) – Ако не сакаме нова руска агресија и ако сакаме сегашната да запре, тогаш ни треба постигнување праведен и траен мир за Украина, порача денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас на прес-конференцијата по неформалниот онлајн состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Унијата посветен на најновиот мировен план за Украина. - Ќе се борам за тоа колку што ...
Сан Хозе, 26 ноември 2025 (МИА) – Компанијата HP планира да укине до 6.000 работни места во текот на следните три години преку зголемена употреба на вештачка интелигенција (ВИ), соопшти денеска компанијата, при што првичните трошоци за реструктурирање се проценуваат на 650 милиони долари. Овие намалувања на работните места доаѓаат откако производителот на компјутери и печатачи, кој имаше околу 58.000 вработени на крајот на октомври минатата ...
Атина, 26 ноември 2025 (МИА) – Договор за разграничување на Ексклузивната економска зона (ЕЕЗ) потпишаа во Бејрут претседателите на Кипар и Либан, Никос Христодулидис и Џозеф Аун, а паралелно се согласиле да ја унапредат можноста за електрично поврзување меѓу двете земји преку формирање технички тимови и изработка на студија за одржливост, јави дописничката на МИА од Атина. Според кипарските медиуми, со договорот за Ексклузивната економска зона ...
Скопје, 26 ноември 2025 (МИА) - Започнуваме процес што ќе треба да ја обезбеди далекупосакуваната децентрализација, регионализација на услугите, услуги поблиску до граѓаните, нови услуги, поодговорно трошење на здравствениот денар. Ова го изјави попладнево директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, пред Средбата за договорни надомести 2026 година, каде е предвидено да им се презентира на сите јавни здравствени установи, што ...
Битола, 26 ноември 2025 (МИА) - Јавната администрација е „темелот и крвотокот на државата“ и нејзината професионализација претставува еден од најважните приоритети на Владата, истакна министерот за јавна администрација Горан Минчев на четвртата серија од Генеричките обуки за административни службеници „Инвестицијата во административните службеници е инвестиција во иднината на јавниот сектор”. На јавен настан во Битола, Министерството ја продолжи ...
Скопје, 26 ноември 2025 (МИА) - Состојбата со врнежи во земјава во моментот е стабилна, но според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи се очекува зголемување на водостојот во горниот дел од сливот на реките Вардар, Треска, Радика, Сатеска, Коселска, како и на водотеците во Охридско-Преспанскиот регион. Зголемување на водостојот се очекува и на реката Лепенец, на водотеците и суводолиците кои доаѓаат од Шар Планина, како и во ...
Скопје, 26 ноември 2025 (МИА) - Комисијата за избор на кандидат на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур предложи тројца кандидати кои ќе бидат испратени на разгледување до експертскиот панел на Советот на Европа. Станува збор за адвокатите Јордан Апостолски и Наташа Бошковска и професорот Сашо Георгиевски. Како што информираше претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски на денешната ...