Братислава, 23 мај 2026 (МИА) - Словачкиот премиер Роберт Фицо им порача на европските политичари да престанат јавно да ги осудуваат неговите средби со рускиот претседател Владимир Путин, додека, како што тврди тој, приватно од него бараат информации за содржината на тие разговори, пренесува ТАСС. Говорејќи на средба со словачки студенти, Фицо оцени дека во рамките на Европската Унија мора итно да се обнови директната комуникација со Москва, ...

Рига, 23 мај 2026 (МИА) – Уште еден дрон се урна во Летонија во услови на нагло зголемување на тензиите поради слични инциденти во балтичкиот регион, при што растат стравовите дека војната во Украина би можела да се прелие во соседните земји на НАТО. Како што пренесе ДПА, дронот се урнал во езерото Дридзис во општината Краслава, на околу 20 километри од белоруската граница, и експлодирало при удар со површината на водата, соопшти денеска ...

Париз, 23 мај 2026 (МИА) – Франција одлучи да му забрани пристап на израелскиот министер за внатрешна безбедност Итамар Бен-Гвир до своја територија, соопшти францускиот министер за Европа и надворешни работи, Жан-Ноел Баро. Баро истакна дека одлуката го одразува гневот поради односот на Бен-Гвир кон активистите од меѓународната хуманитарна флотила за Појасот Газа „Глобал Сумуд“. „Сметано од денеска, Итамар Бен-Гвир нема право да стапне на ...

Љубљана, 22 мај 2026 (МИА) - Премиерот во заминување на Словенија, Роберт Голоб, изјави дека парламентарните избори одржани на крајот на март се нелегитимни поради директно мешање на израелските разузнавачки служби - пренесува словенечката национална телевизија РТВ Сло. Ваквото обвинување на Голоб доаѓа во моментите кога официјално е формирана владината коалиција со Словенечката демократска партија (СДП) предводена од Јанез Јанша, чиј владин ...

Приштина, 22 мај 2026 (МИА) – Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) на денешната седница го потврди избирачкиот список за предвремените парламентарни избори, што ќе се одржат на 7 јуни. Според избирачкиот список право на глас имаат 2.092.174 граѓани, што е за 15.884 повеќе во однос на предвремените парламентарни избори што се одржаа на 28 декември минатата година. Во Косово право на глас имаат 1.959.962 граѓани, додека 132.212 граѓани ...

Белград, 22 мај 2026 (МИА) - Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ денеска во Прага изјави дека не ја разбира стратегијата на Европската Унија, тактиките и погледот кон Западен Балкан. Таа нагласи дека се постојано се менува и дека имало голем број празни и неисполнети ветувања, и верува дека многу отворени прашања во регионот би можеле да се решат многу полесно доколку тој беше дел од ЕУ, пренесоа белградските медиуми. „Моето ...

Тирана, 22 мај 2026 (МИА) - Најновите податоци на Евростат покажуваат дека во 2024 година на секои 1.000 жители, населението на Албанија се намалило за 12 лица, докажувајќи дека земјата поминува низ невидена депопулација во мирно време. - Оваа бројка значи дека само во 2024 година, Албанија изгубила околу 29.000 жители како резултат на емиграцијата, што е невообичаено за земја која не е во војна. Споредбата со Европската Унија е шокантна. ...

Белград, 22 мај 2026 (МИА) - Првата заедничка мултинационална тактичка воена вежба на српската армија и НАТО се одржа на полигонот „Боровац“ во близина на Бујановац, во присуство на високи функционери, соопшти Министерството за одбрана на Србија. Околу 600 припадници на армијата на Србија и вооружените сили на Италија, Романија и Турција учествуваа на воената вежба организирана од Командата на армијата и Командата на здружените сили од ...

Атина, 22 мај 2026 (МИА) – Со 17.727 пожарникари, што дополнително ќе се зголемат за уште 1000 лица, со 4.299 возила, 100 дронови и 80-85 воздушни средства, Грција оваа година е подготвена за сезоната на пожари, како што било информирано на денешниот состанок што го одржа грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Според информациите од кабинетот на грчкиот премиер, на состанокот, министерот за климатска криза и ...

Белград, 23 мај 2026 (МИА) – Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните на Србија на денешниот голем протестен митинг во Белград под мотото – „Ти и јас, Славија“, како дел од кампањата „Студентите победуваат“, од каде ќе побараат одржување вонредни парламентарни избори и демократизација на земјата. Студентите најавија дека собирањето ќе започне во 13:00 часот на четири локации во Белград, а протестот на Славија е планиран од 18:00 ...

Белград, 23 мај 2026 (МИА) - Во изминатите две години двојно е зголемен бројот на пациенти на Клиниката за онкологија на Универзитетскиот клинички центар во Ниш, наведе синоќа Ана Цветановиќ, директорка на таа здравствена установа на Националната конференција за онкологија NOK 2026. Taa додаде дека зголемениот број пациенти не е само поради зголемениот број на новодијагностицирани случаи туку и затоа што пациентите со рак се лекуваат подолго ...

Тирана, 23 мај 2026 (МИА) - Советот на Европската Унија го одобри третиот пакет помош за Албанија во рамките на „Европскиот мировен фонд“, (European Peace Facility) во вредност од 21 милион евра, со што вкупната поддршка достигна 49 милиони евра. Веста ја објави министерот за одбрана Ермал Нуфи, кој информираше дека пакетот вклучува лесни оклопни возила, тактички и инженерски возила, како и обука и оперативна поддршка за албанските вооружени ...

Белград, 23 мај 2026 (МИА) - Железничкиот сообраќај во Србија е прекинат од рано утрово без да наведат од „Србијавоз“ причина за тој потег. На веб-страницата е објавено дека „Србијавоз“ а.д. ги информира корисниците на услугите дека од денеска во 4:15 часот наутро „Српска железничка инфраструктура“ а.д. го прекина до понатамошно известување сообраќајот на сите возови на железничката мрежа на Република Србија. Студентите во блокада во Србија ...

Приштина, 23 мај 2026 (МИА) - На предвремените парламентарни избори, што ќе се одржат на 7 јуни на Косово со своја кандидатска листа ќе учествува и „Единствена горанска партија“. На кандидатската листа на оваа партија се наоѓаат 21 кандидат од разни делови на областa Гора. -На листата се вредни луѓе, кои се залагаат за подобрување на положбата на Горанците во Косово, за зачувување и активно претставување на нашите културни вредности, обичаи и ...

Прага, 23 мај 2026 (МИА) – Претседателката на Собранието на Србија Ана Брнабиќ на денешната меѓународна безбедносна конференција ГЛОБСЕК во Прага предупреди дека пристапот на Европската Унија кон Северна Македонија – која дури го промени и своето име, а сè уште нема датум за почеток на преговорите – е крајно неправеден и сериозно го поткопува кредибилитетот на ЕУ. - Тоа што се случува околу Северна Македонија едноставно не е праведно. Тоа е ...

Прага, 23 мај 2026 (МИА) – Претседателката на Народното собрание на Србија Ана Брнабиќ денеска изјави дека со евентуалното членство во Европската Унија, односно со влезот во Шенген зоната, Србија би станала економски многу поконкурентна, а нејзините граѓани би патувале далеку полесно. Одговарајќи на прашањето што претставува постепената интеграција во Шенген за Западен Балкан по панелот во рамките на безбедносниот форум „ГЛОБСЕК 2026“ во ...

Сараево, 23 мај 2026 (МИА) – Високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина Кристијан Шмит изјави дека бил изложен на огромен и изненадувачки притисок од страна на САД, поради што заминува од функцијата порано отколку што планирал, со цел да се избегне нанесување штета на самата меѓународна институција. Во интервју за денешното издание на социјално-политичкиот весник „Аугсбургер алгемајне“, прашан за информациите дека ...

Охрид, 21 мај 2026 (МИА) - Уште од доаѓањето на „Костал“ во Охрид знаевме дека компанија со такво реноме ќе го трансформира индустрискиот профил на нашиот град. Денес, со гордост можеме да потврдиме дека „Костал“ не е само производствена единица, туку еден од виталните столбови на локалната економија и место каде што стотици наши сограѓани ја проектираат својата професионална иднина. Тоа го истакна градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, ...

Скопје, 22 мај 2026 (МИА) - Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува со процесот на собирање податоци за изработка на Националниот инвентар на јавни згради, се наведува во соопштението од Министерството што МИА го пренесува во интегрална форма. Досега се собрани податоци за 2000 јавни објекти, кои беа обработени низ призма на енергетска ефикасност. Фото: Министерство за енергетика Скопје, 22 мај 2026 (МИА) - ...

22 мај 2026 - СДС и Венко Филипче се откриени во намерите и политиките на сервилност. Случајот со оставката на Земон е доказ дека дури и Филипче сфати дека претера, па Земон мораше да даде оставка за да не го уништел угледот на партијата - се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го објавува интегрално. Погубната политика која ја води уценетиот Филипче, го доведе да има рејтинг од 3%, партијата му се распаѓа и луѓе му бегаат. Дали Венко ...

Скопје, 23 мај 2026 (МИА) - ДУИ сè уште не може да се помири со новата политичка реалност и со губењето на поддршката кај Албанците. Во недостаток на резултати и доверба од граѓаните, оваа партија избра напади, пропаганда и етикетирања кон секој политички противник, стои во соопштението на ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално. Нападите кон медиумите, анкетите и јавноста јасно го покажуваат растечката нервоза во редовите на ДУИ поради ...

Скопје, 23 мај 2026 (МИА) - Филипче да каже дали е дел од мрежата на бугарските мисии во Скопје за кои говори Петрова Чамова? Венко Филипче е најгласен во одбрана на бугарските позиции во Македонија, Филипче отворено ги промовира бугарските позиции и има ист став по однос на Уставните измени со бугарските власти, предводени од Румен Радев, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Филипче и СДС немаат против да ...

Скопје, 23 мај 2026 (МИА) - Лагите на Филипче и СДС се повторни демантирани, Филипче и СДС лажеа за мигранти, лажеа дека државата ќе банкротира, лажеа дека е празен Буџетот, лажеа за ИПАРД фондовите, а лажеа и за Реформската агенда и изјавите на Вајц, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Филипче и СДС ширеа лаги и го манипулираа народот, но веднаш се демантирани и тоа од релевантните институции. Токму затоа ...

Скопје, 23 мај 2026 (МИА) - Уште само 8 дена остануваат до 1 јуни, рокот што самиот Христијан Мицкоски го постави за исполнување на сите точки од Реформската агенда, стои во соопштението на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. 8 дена до уште едно големо неисполнето ветување. 8 дена до нов доказ дека организираната криминална група ВМРО не сака Македонија да стане членка на ЕУ. Мицкоски ветуваше дека до 1 јуни ќе ги заврши сите точки од ...

Скопје, 23 мај 2026 (МИА) - Пет години ВМРО-ДПМНЕ ги манипулира скопјани со приказни за „еко автобуси“, „модерен транспорт“ и „бесплатен јавен превоз“. Од бомбастичните ветувања на Данела Арсовска, до помпезните најави на Христијан Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски – резултатот денес е ист: Скопје нема нови автобуси, а состојбата со возниот ред е покатастрофална и од претходно, се вели во соопштението на Левица кое МИА го објавува интегрално. Поради ...

Скопје, 23 мај 2026 (МИА) - Денеска објавуваме нови информации, како продолжение на изминатите соопштенија поврзани со директорот на НОМАГАС, Недим Рама. Ова што денеска го презентираме отвора сериозни прашања и претставува повод надлежните институции да постапат и да го испитуваат потеклото на капиталот и имотот, се вели во соопштението на Демократската унија за интеграција кое МИА го објавува интегрално. Станува збор за компанијата ЛИНЕ ЛТД ...

Скопје, 23 мај 2026 (МИА) - Стигна потврда за она што веќе со недели го говориме, а тоа е соработката на Венко Филипче и СДС со бугарските власти, со единствена цел – внесување на Бугарите во Уставот, што ќе биде првото од многуте барања кои потоа ќе ги има Бугарија, а се однесуваат на идентитетот, јазикот, културата и историјата, истакна на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, стои во партиското ...

Скопје, 23 мај 2026 (МИА) - Левица алармира дека македонската коцкарска индустрија е длабоко поврзана со меѓународни компании чии сопственици се гонат за корупција и поткуп на политичари. Односно, најголем удел во македонскиот бизнис со коцкање има австриската компанија ,,Novomatic AG", која преку низа фирми контролира значителен дел од автомат клубовите во државата, се вели во соопштението на Левица кое МИА го објавува интегрално. Додека ...

Скопје, 23 мај 2026 (МИА) - Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција изјави дека Буџетот е пред колапс, а Владата е фокусирана да најде нови извори за задолжувања, при што, како што рече, генериран е нов долг од 2,5 милијарди евра. -Јавниот долг е зголемен за само две години, генериран е нов долг од 2,5 милијарди евра, пари коишто ќе ги враќаат којзнае колку следни генерации. Последното задолжување на коешто сакам да ...

Скопје, 23 мај 2026 (МИА) - Филипче пак на прес-конференција изнесе невистини и глупости кои се далеку од реалноста, а не кажа за неговата соработка со човекот на кој му е забранет влезот во Македонија, Виктор Стојанов, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на претседателот на СДСМ, која МИА ја објавува интегрално. Филипче требаше денес да излезе на прес и да се извини на македонските граѓани за неговите антимакедонски ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
1.09
47%
1021
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
1.27
70%
1020
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
0.5
68%
1021
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
0.22
51%
1021
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
1.42
66%
1020
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.34
84%
1022
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
5.36
40%
1014
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.81
53%
1018
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.14
53%
1020
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.92
57%
1020
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 24ᴼ
1.34
51%
1021
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 23ᴼ
5.49
100%
1018
Currency

61.6417

Currency

54.1365

Currency

71.4605

Currency

37.2964

Currency

38.2416

Currency

67.0584

Currency

7.97756

Currency

0.72176

Currency

0.33588

Currency

0.52583

Currency

1.16429

Currency

0.57326

Платина

52341.42

Бакар

12.34

Иридиум

233896.68

Калај

50.34

Злато

131629.35

Алуминиум

3.17

Кобалт

56.29

Сребро

1907.42

Родиум

249168.29

Рутениум

49029.89

Паладиум

38420.14

Цинк

0.00