Скопје, 24 мај 2026 (МИА) - Денес го чествуваме делото на светите браќа Кирил и Методиј, чии заслуги се трајно врежани во светската историја, во духовната меморија на народите и во темелите на нашата писменост, култура и идентитет, нагласува градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски во честитката по повод Денот на светите браќа Кирил и Методиј. Нека е за многу години Денот на светите Кирил и Методиј, македонските и сесловенски ...

Скопје, 24 мај 2026 (МИА) - Основното јавно обвинителство - Битола поведе постапка против 40-годишен битолчанец, за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело - „телесна повреда“ и „противправно лишување од слобода“. - Осомничениот на 23 мај во раните утрински часови, противправно ја затворил, ја држел затворена и телесно ја повредил 18-годишната девојка со која биле во блиски лични односи. Додека оштетената се враќала од ...

Скопје, 24 мај 2026 (МИА) - Основното јавно обвинителство - Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело - „насилство врз дете“ според член 201-а од Кривичниот законик. Осомничениот 49-годишник, на 22 мај, во дворот на основно училиште во Илинден, извршил физичко и психичко насилство спрема дете родено 2013 година, соопштија попладнево од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. - Во училишниот двор, синот на ...

Скопје, 24 мај 2026 (МИА) - По повод 24 Мај - Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, изразуваме длабока почит кон делото на браќата кои ја поставија основата на словенската писменост, образование и духовна традиција. Нивната визија и просветителска мисија претставуваат трајна вредност и силен темел врз што се гради културниот и националниот идентитет на македонскиот народ и на сите словенски народи, напиша министерката за ...

Скопје, 24 мај 2026 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево го честиташе 24 Мај, нагласувајќи дека трајно цивилизациско наследство е делото на светите браќа Кирил и Методиј. - Со својата просветителска и мисионерска дејност, светите браќа ја отворија можноста, словенските народи да читаат, учат и творат на свој мајчин јазик. Нивното дело претставува трајно цивилизациско наследство и темел на ...

Скопје, 23 мај 2026 (МИА) - Министерството за транспорт и врски попладнево реагираше на обвинувањата изнесени на денешната прес-конференција на СДСМ за наместен тендер за набавката на електричните автобуси. Обвинувањата од СДСМ, според Министерството, се паушални. - Министерството за транспорт ја водеше постапката за набавка на 150 електрични автобуси и електрични полначи во целосно транспарентен процес и целосно согласно Законот за јавни ...

Скопје, 23 мај 2026 (МИА) - Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска го повика економскиот тим на СДСМ на средба на која, како што вели, ќе зборуваат за економијата преку бројки. - Да седнеме и убаво да ги објасниме работите, затоа што деновиве гледаме хистерични прес-конференции, полни со невистини, погрешни толкувања и крајно очајни политички конструкции. За економијата не се зборува со паника. За економијата зборуваат бројките. ...

Скопје, 23 мај 2026 (МИА) - Министерката Кочовска нè повикува на средба за „убаво да ги објасниме работите“. Добро. Доаѓаме. Но, да дојдат и медиумите со камери, ја пренесе вечерва СДСМ изјавата од претседателот на партијата Венко Филипче што МИА ја пренесува интегрално. Отворете ги вратите широко, нека слушаат и нека гледаат граѓаните. Нека ни објасни како 1 + 2 = 5, како што објаснуваше дека половина Европа ќе банкротира, а Македонија ќе ...

Скопје, 24 мај 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска по повод Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“ ќе се обрати на свечената академија насловена „Од слово до вечност“ што ќе се одржи во црковниот храм „Св. Софија“ во Охрид. Претходно, премиерот Мицкоски ќе положи цвеќе пред споменикот на светите браќа Кирил и Методиј на кејот во Охрид. бак/ Фото: МИА архива Скопје, 24 мај 2026 (МИА) - Премиерот Христијан ...

Скопје, 24 мај 2026 (МИА) - Со особена почит и благодарност денес се сеќаваме на делото на Светите Кирил и Методиј, основоположници на словенската писменост, просветителството и духовноста. Нивната мисија не претставува само историско наследство, туку и трајна вредност што не обврзува да продолжиме да го негуваме знаењето, образованието и културниот развој како темели на современото општество, вели министерот за јавна администрација Горан ...

Скопје, 24 мај 2026 (МИА) - Кирил и Методиј го изградија и се вградија во темелот на духовниот и културниот идентитет на словенските народи, меѓу кои и на македонскиот. Нивниот подвиг не се состои само во создавањето на азбуката, туку и во отворањето на можноста човекот да ги артикулира својата мисла, вера и културна самосвест на јазикот што го разбира, нагласува претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова во честитката по повод ...

Скопје, 24 мај 2026 (МИА) - Наследството на Светите Кирил и Методиј останува трајна инспирација за зачувување на универзалните вредности на знаењето, дијалогот и почитувањето меѓу народите, пишува во денешната честитка на собранискиот претседател Африм Гаши. - По повод 24 мај - Денот на Светите Кирил и Методиј, изразувам почит и благодарност кон двајцата просветители, кои со својата мисија ги поставија темелите на писменоста, образованието и ...

Охрид, 24 мај 2026 (МИА) - Браќата Кирил и Методиј испратиле порака која и денес е современа и моќна - секој народ има право на образование, култура, духовен израз и свој јазик. Народ кој не ја познава својата писменост и култура лесно станува туѓ во сопствената историја, порача премиерот Христијан Мицкоски од свечената академија што се одржува во Охрид по повод Денот на сесловенските просветители. Од црквата „Света Софија“ каде се одржува ...

Скопје, 24 мај 2026 (МИА) - Македонија се соочува со сериозна и неправедна блокада во нејзините интеграции. Мора да влеземе во Европската Унија, но притоа да останеме сочувани и достоинствени, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски од свечената академија што по повод Денот на сесловенските просветители се одржа во црквата Свети Софија во Охрид. - Нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина. Ако се држиме цврсто и обединето, без оглед на ...

Скопје, 24 мај 2026 (МИА) - Направив сè за да подадам рака кон опозицијата, да се обединиме. Тие секоја шанса ја испуштија и нема постојано да чекаме тие да се одоброволат за да делуваме заедно за националните интереси, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски од свечената академија што по повод Денот на сесловенските просветители се одржа во црквата Свети Софија во Охрид. - Затоа јас повикувам на народно и интелектуално обединување на ...

Охрид, 24 мај 2026 (МИА) – Кога Константин Филозоф – Свети Кирил ја создавал глаголицата, а заедно со својот брат Методиј ја ширел просветителската мисија меѓу Словените, тие не создавале само писмо. Тие создавале можност цели народи да станат рамноправен дел од духовната и културната историја на Европа. Во едно време кога знаењето било привилегија на малкумина, тие испратиле порака која и денес е современа и моќна – дека секој народ има ...

Скопје, 24 мај 2026 (МИА) - Нашата обврска е јасна: да го чуваме македонскиот јазик, да вложуваме во образованието, да веруваме во младите и да се обединиме околу прашањата што се поважни од дневната политика - нагласува министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во честитката по повод Денот на светите браќа Кирил и Методиј. -Денеска, во лулката на македонската писменост и духовност - Охрид, со почит и пиетет го чествуваме ...

Скопје, 24 мај 2026 (МИА) - Свети Кирил и Методиј оставија неизбришлива трага во историјата, а ние продолжуваме со нивната мисија да вложуваме во образованието и младите генерации како двигатели на идниот развој на Македонија - нагласува вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во честитката по повод Денот на светите браќа Кирил и Методиј. -Честит 24 Мај – Денот на светите браќа Свети Кирил и Методиј. Се поклонуваме со почит ...

Скопје, 24 мај 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска на свечената академија „Од слово до вечност“ на одбележувањето на Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј во „Света Софија“ во Охрид во својот говор се осврна и на борбата против корупцијата, порачувајќи дека ги разбира граѓаните кои губат трпение во однос на испораката на правдата. -Сакам да се осврнам и на уште една важна тема. Тоа е борбата против ...

Москва, 23 мај 2026 (МИА) – Руските истражни органи распишаа меѓународна потерница по поранешниот светски шампион во шах Гари Каспаров, под обвинение за јавно оправдување на тероризмот и за два случаи на кршење на правилата за дејствување на странски агенти. Каспаров, кој веќе е прогласен за странски агент во својата татковина и внесен во официјалниот регистар на терористи, претходно се соочи со одлука на Окружен суд во Москва, кој на 22 ...

Киев, 23 мај 2026 (МИА) – Илјадници граѓани излегоа синоќа на масовни протести во украинскиот главен град Киев, упатувајќи итен апел до Владата да го поништи неодамна донесениот закон за кој семејствата на исчезнатите војници тврдат дека овозможува нивните блиски предвреме да бидат прогласени за мртви. Спорниот закон, кој беше усвоен во февруари годинава, го регулира правниот статус на исчезнатите лица. Критичарите на овој нормативен акт ...

Киев, 23 мај 2026 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати официјално писмо до лидерите на Европската Унија, во кое го оцени германскиот предлог за доделување „асоцијативно“ членство на Украина како „неправедно“, бидејќи со тоа Киев би останал без право на глас во блокот. Претходно, германскиот канцелар Фридрих Мерц, исто така во писмо до европските лидери, предложи Украина да добие нов статус на „асоцијативен член“ на ЕУ. Тоа ...

Лондон, 23 мај 2026 (МИА) – Владата на Велика Британија упати официјален предлог до Европската Унија за создавање единствен пазар за стоки, но официјален Брисел ја отфрли оваа идеја, пренесуваат британските медиуми. Според информациите на весникот „Гардијан“, ЕУ наместо тоа предложила Велика Британија да се приклучи кон царинската унија или да прифати подлабоко економско усогласување преку Европскиот економски простор. Ова, пак, од ...

Неапол, 23 мај 2026 (МИА) – Папата Лав Четиринаесетти денеска престојува во посета на јужноиталијанскиот регион познат како „Земја на огновите“, каде што локалната мафија со децении вршела нелегално исфрлање и палење на токсичен отпад. Посетата се реализира во пресрет на 11-тата годишнина од објавувањето на големата еколошка енциклика на претходниот папа Франциск под наслов „Слава тебе“ (Laudato si'). Со овој чекор, новиот поглавар на ...

Братислава, 23 мај 2026 (МИА) - Словачкиот премиер Роберт Фицо им порача на европските политичари да престанат јавно да ги осудуваат неговите средби со рускиот претседател Владимир Путин, додека, како што тврди тој, приватно од него бараат информации за содржината на тие разговори, пренесува ТАСС. Говорејќи на средба со словачки студенти, Фицо оцени дека во рамките на Европската Унија мора итно да се обнови директната комуникација со Москва, ...

Рига, 23 мај 2026 (МИА) – Уште еден дрон се урна во Летонија во услови на нагло зголемување на тензиите поради слични инциденти во балтичкиот регион, при што растат стравовите дека војната во Украина би можела да се прелие во соседните земји на НАТО. Како што пренесе ДПА, дронот се урнал во езерото Дридзис во општината Краслава, на околу 20 километри од белоруската граница, и експлодирало при удар со површината на водата, соопшти денеска ...

Париз, 23 мај 2026 (МИА) – Франција одлучи да му забрани пристап на израелскиот министер за внатрешна безбедност Итамар Бен-Гвир до своја територија, соопшти францускиот министер за Европа и надворешни работи, Жан-Ноел Баро. Баро истакна дека одлуката го одразува гневот поради односот на Бен-Гвир кон активистите од меѓународната хуманитарна флотила за Појасот Газа „Глобал Сумуд“. „Сметано од денеска, Итамар Бен-Гвир нема право да стапне на ...

Љубљана, 22 мај 2026 (МИА) - Премиерот во заминување на Словенија, Роберт Голоб, изјави дека парламентарните избори одржани на крајот на март се нелегитимни поради директно мешање на израелските разузнавачки служби - пренесува словенечката национална телевизија РТВ Сло. Ваквото обвинување на Голоб доаѓа во моментите кога официјално е формирана владината коалиција со Словенечката демократска партија (СДП) предводена од Јанез Јанша, чиј владин ...

Приштина, 22 мај 2026 (МИА) – Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) на денешната седница го потврди избирачкиот список за предвремените парламентарни избори, што ќе се одржат на 7 јуни. Според избирачкиот список право на глас имаат 2.092.174 граѓани, што е за 15.884 повеќе во однос на предвремените парламентарни избори што се одржаа на 28 декември минатата година. Во Косово право на глас имаат 1.959.962 граѓани, додека 132.212 граѓани ...

Белград, 22 мај 2026 (МИА) - Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ денеска во Прага изјави дека не ја разбира стратегијата на Европската Унија, тактиките и погледот кон Западен Балкан. Таа нагласи дека се постојано се менува и дека имало голем број празни и неисполнети ветувања, и верува дека многу отворени прашања во регионот би можеле да се решат многу полесно доколку тој беше дел од ЕУ, пренесоа белградските медиуми. „Моето ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
2.64
33%
1019
weather icon

Белград

33ᴼ / 32ᴼ
2.68
55%
1020
weather icon

Загреб

34ᴼ / 34ᴼ
1.82
44%
1019
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
4.52
33%
1022
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
3.83
39%
1021
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 29ᴼ
0.45
63%
1020
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
6.26
40%
1016
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
1.89
35%
1017
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
1.43
33%
1018
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 28ᴼ
1.34
37%
1021
weather icon

Будимпешта

37ᴼ / 33ᴼ
1.34
37%
1019
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 25ᴼ
8.25
100%
1019
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4463

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Паладиум

38195.09

Калај

50.56

Кобалт

56.29

Злато

131072.82

Рутениум

49029.89

Платина

51923.46

Родиум

249168.29

Иридиум

233896.68

Цинк

0.00

Алуминиум

3.20

Бакар

12.33

Сребро

1902.84