Одлуката на Општина Тетово да воведе посебни термини за користење на Градскиот базен исклучиво за жени и девојки не е прашање што треба да се сведе на дневнополитичка полемика, ниту, пак, на дебата за нечии верски, културни или лични убедувања. Таквиот пристап би ја промашил суштината на проблемот. Прашањето што се отвора е многу подлабоко и има јасна уставноправна димензија. Во оваа анализа намерно не навлегувам во верските, културните или ...

Општина Тетово објави дека до почетокот на учебната година градскиот базен ќе има два термини кога ќе може да го користат само жени. Среда и сабота од 08:30 до 12:00 часот се периодите кога само лицата од женски пол ќе може да пливаат. И цената за користење е определена според пол, па за машките чини 150 денари, додека за жените 100. Невладините организации велат дека јавните објекти треба да бидат еднакво достапни за сите граѓани, а ...