Вашингтон, 25 ноември 2025 (МИА) - Главната цел на американскиот претседател, Доналд Трамп, е да ја заврши војната во Украина, без оглед на конечната форма на мировниот договор, изјави денес функционер на Белата куќа за „Политико“. Додека Украина и нејзините европски сојузници дебатираат за деталите од оригиналниот предлог на САД од 28 точки, со кој се бара Донбас да биде под руска контрола, извори велат дека Трамп нема „црвени линии“ под услов ...

Варшава, 25 ноември 2025 (МИА) - Полскиот министер за финансии Анджеј Домански ги пофали најновите податоци за малопродажбата и индустриското производство во земјата, најавувајќи дека земјата може да се пофали дека е најбрзорастечка економија во Европа, објави полската агенција ПАП. „Забрзуваме! По силните бројки за индустриско производство вчера, денеска имаме многу високи бројки за малопродажбата“, напиша Домански на платформата Х. „Платите ...

Абу Даби, 25 ноември 2025 (МИА) – Шестмина македонски кикбоксери обезбедија пласман во четвртфиналето на Светското првенство за сениори во Абу Даби. Откако со вчерашните борби, место во четвртфиналето обезбедија Петре Велков и Силвио Мировски, пласман во борбите за влез во полуфиналето во денешните борби обезбедија, и Лука Кипровски, Стефан Михајловски и Нелсон Узеир, на кои ќе им се приклучи и Бобан Илиоски. Пораз во борбата за влез во ...

Мелбурн, 25 ноември 2025 година (МИА) – Поранешниот финалист на Вимблдон, австралискиот тенисер Ник Кирјос, се обврза денеска да настапи на турнирот Кујонг во јануари во Мелбурн, што е знак оти се надева дека ќе може да учествува потоа и на Австралија опен. Кирјос е надвор од АТП турнирите од март и одигра само шест натпревари во поединечна конкуренција во последните три сезони поради операции на зглобот и коленото. Австралиецот, сепак, се ...

Берлин, 25 ноември 2025 (МИА) - Во тек се интензивни дипломатски напори за постигнување договор за прекин на војната во Украина, изјави денеска шефот на германската дипломатија Јохан Вадефул, нагласувајќи дека одговорноста за постигнување мир сега е на рускиот претседател Владимир Путин. „За да се постигне мир, тоа не зависи од никој друг освен од Путин. Тој ја започна оваа војна и сега мора да ја заврши. Ако сака мир, конечно мора да покаже ...

Киев, 25 ноември 2025 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски попладнево објави дека неговата земја е подготвена да продолжи со рамката на мировниот договор во соработка со САД и Европа, пренесоа британските медиуми. Повикувајќи се на текстот од говорот до кој имал увид, Ројтерс наведува дека украинскиот лидер попладнево ѝ соопштил на „Коалицијата на подготвените“ дека сите безбедносни одлуки што се однесуваат на Европа мора да ги ...

Скопје, 25 октомври 2025 (МИА) - Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити денеска во гостувањето во емисијата „Директно“ на Телма изјави дека меѓу него и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами ќе се избира идниот лидер на ВРЕДИ. -Тука некаде е. Тој е повеќе фактор во Тетово, јас во Скопје. Ова се два главни града каде се концентрирани Албанците и затоа работиме на креативни решенија. Има повеќе решенија низ партиите во Европа, разгледуваме модели ...

Скопје, 25 ноември 2025 (МИА) - Членовите на Собраниската Комисија за финансирање и буџет во попладневното продолжение во шестиот ден продолжија со расправата по предложените амандмани за Предлог-буџетот за 2026 година. Амандманите, кои беа разгледани се однесуваа на образованието, а не беше прифатен ниту еден од разгледаните. Во текот на расправата пратениците од власта и од опозицијата со меѓусебни препукувања за тоа кој повеќе сторил за ...

Вашингтон, 25 ноември 2025 (МИА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп, им кажал на соработниците дека планира директно да разговара со претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, објави денеска Аксиос, повикувајќи се на извори од американската администрација. Порталот наведува дека засега нема прецизни информации за тоа кога би можел да се одржи разговорот, освен дека е во тек неговото планирање. „Никој не планира да влезе во Венецуела, да ...

Париз, 25 ноември 2025 (МИА) - Францускиот претседател, Емануел Макрон, на почетокот на денешната видеоконференција на „Коалицијата на подготвените“ изјави дека „конечно има шанса да се постигне вистински напредок кон траен мир во Украина“. „Но, најважниот услов за вистински мир е серија многу робусни безбедносни гаранции, а не само гаранции на хартија“, предупреди францускиот претседател, пренесен од BFM TV. Макрон додаде дека американскиот ...

Вашингтон, 25 ноември 2025 (МИА) - САД постигнаа огромен напредок кон постигнување мировен договор меѓу Русија и Украина, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит. „Во текот на изминатата недела, САД постигнаа огромен напредок кон доведување и на Украина и на Русија на преговарачка маса“, изјави Ливит во објава на социјалната мрежа X. Според неа, постојат неколку деликатни, но не и непремостливи детали што треба да се решат и ...

Скопје, 25 ноември 2025 (МИА) - Фемицидот е последица на насилство коешто се случувало во континуитет, а не било превенирано или санкционирано, порача денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во обраќањето на панел-дискусијата насловена „Од пријавување на насилството до спречување на фемицид – системски одговор“, организирана од мисијата на ОБСЕ во Скопје. Таа, како што се наведува во соопштенето од претседателскиот Кабинет, истакнала ...

Луанда, 25 ноември 2025 (МИА) - Земјите од Европската Унија и Африканската Унија ја нагласија важноста на поблиската соработка меѓу двата континента на крајот од нивниот дводневен самит во главниот град на Ангола, Луанда. „Гледајќи напред, решени сме дополнително да го унапредиме нашето партнерство и да отвориме нови можности“, се наведува во заедничката декларација во која се истакна економската соработка, трговијата и инвестициите. Заедничката ...

Ерусалим, 25 ноември 2025 (МИА) – Возилото што папата Франциск го користеше за време на посетата на Витлеем во 2014 година е претворено во мобилна клиника за која христијанските лидери се надеваат дека ќе обезбеди нега за палестинските деца во Газа. Папата пред својата смрт во април го доверил возилото на католичката организација Каритас, која го надгледувала проектот за пренамена на возилото. Секретарот на Каритас, Алистер Датон, на ...

Женева, 25 ноември 2025 (МИА) – Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (УНКТАД) денеска соопшти дека двете години воени операции и многу ограничувања предизвикале „невиден колапс на економијата“ на палестинските територии. Во извештајот на УНКТАД се предупредува дека колапсот на палестинската економија се одвива во контекст на долготрајна економска и институционална нестабилност, со тешки општествени и еколошки последици. - ...

Киев/Берлин, 25 ноември 2025 (МИА) - Германскиот канцелар Фридрих Мерц и украинскиот претседател Володимир Зеленски остварија телефонски разговор за мировните напори за завршување на војната во Украина. Двајцата лидери, пренесува ДПА, „разговараа за најновите случувања и ги координираа следните чекори“, соопшти денеска кабинетот на Зеленски. Украинскиот претседател дополнително ја сподели својата „благодарност што Украина секогаш може да смета ...

Скопје, 25 ноември 2025 (МИА) - Клубот на пратенички во соработка со Меѓународната фондација за изборни системи (IFES) Канцеларија Скопје и Центарот за интернет, развој и добро управување IMPETUS денеска организираа работна средба и дискусија на тема „Насилство врз жените во политиката и изборите Линија „Биди безбедна“ локални избори 2025 – предизвици и понатамошни чекори“. Како што информираат од собраниската прес-служба, на средбата воведни ...

Струмица, 25 ноември 2025 (МИА) – Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години попладнево во Струмица ја совлада Грузија со 3-0 (1-0) во воведниот натпревар во групата 5 во Б дивизијата во Лигата на нации за пласман на Европското првенство 2026. Избраничките на селекторот Кирил Изов одиграа квалитетен натпревар на стадионот „Младост“и заслужено дојдоа до премиерната победа со головите на Митковска (31 минута), Грозданова (50) и ...

Женева, 25 ноември 2025 (МИА) – Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, денеска изјави дека нуклеарната централа Запорожје ќе има потреба од „посебен статус“ и договор за соработка меѓу Русија и Украина во случај на постигнување мировен договор. Неговите коментари доаѓаат во моментот кога администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп повторно интензивно настојува да стави крај на ...

Лондон, 25 ноември 2025 (МИА) – Велика Британија и понатаму планира да формира мултинационални сили во Украина откако ќе биде постигнат прекин на огнот, соопшти денеска портпаролот на британскиот премиер Кир Стармер. Стармер и украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска телефонски разговараа за „важноста од понатамошна работа на коалициските партнери во подготовките за распоредување на мултинационални сили по престанокот на ...

Атина, 25 ноември 2025 (МИА) – Секој месец имаме околу 450 пријави за насилство врз жени, една од три жени која пријавува насилство, во својот мобилен телефон ја инсталира специјалната апликација „Panic Button“, а годишно имаме околу 5.000 инсталирани вакви апликации, посочи министерот за заштита на граѓаните на Грција Михалис Хрисохоидис во интервјуто за грчката телевизија „Антена“, јави дописничката на МИА од Атина. По повод Меѓународниот ден ...

Скопје, 25 ноември 2025 (МИА) - Министерството за образование и наука известува дека од денеска е отворена можноста за пријавување на студенти за сместување во студентски домови каде што останале слободни места по завршувањето на првиот конкурс. Во објавата на веб-страницата на МОН е наведено дека слободни места има во државните студентски домови „Кочо Рацин“ во Битола, „Томе Стефановски - Сениќ“ и „Пелагoнија“ во Скопје, „Никола Карев“ во Охрид ...

Скопје, 25 ноември 2025 (МИА) - Под влијание на циклонска активност од утре до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Од УХМР најавуваат дека пообилни врнежи се очекуваат во текот на утрешниот ден и во четврток (над 25 l/m2 за 24 часа). Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во четврток на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а дневните температури ќе опаднат за 4-6 степени во споредба со ...

Скопје, 25 ноември 2025 (МИА) - Владата именува повереници за општините Маврово Ростуше, Гостивар, Центар Жупа и Врапчиште, општини во кои на локалните избори не беа избрани градоначалници. Онер Јакупоски е именуван за повереник за Општина Маврово Ростуше, Аријан Ибраим за повереник за Центар Жупа, Буњамин Кадриу за Врапчиште и Фадил Џелили за Гостивар. -Владата на денешната 131 седница постапи по известувањето на ДИК за завршување на локалните ...

Скопје, 25 ноември 2025 (МИА) - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши денеска оствари средбал со новоименуваниот амбасадор на Швајцарската Конфедерација во земјава, Н.Е. Кристоф Зомер. Гаши му упатил искрени честитки за стапувањето на должноста, посакувајќи му успешен и плодотворен мандат, како и продолжување на пријателската и конструктивна соработка меѓу двете држави. Како што информираат од собраниската ...

Скопје, 25 ноември 2025 (МИА) - Шпанија е наш важен партнер во НАТО, ООН и ОБСЕ и принципиелен поддржувач на македонските аспирации за членство во ЕУ, рекла претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на денешната средба со делегацијата на Комисијата за надворешна политика од Сенатот на Кралството Шпанија, во придружба на амбасадорот Рафаел Сориано Ортиз. Таа ја поздравила посетата, оценувајќи ја како пресвртница во шпанско-македонските односи ...

Вашингтон, 25 ноември 2025 (МИА) – Украинска делегација постигна договор со САД за условите на потенцијален мировен договор со Русија, пренесе БТА повикувајќи се на американските телевизиски мрежи ABC, CBS и CNN кои цитирале претставници на американската влада. Министерот за одбрана на САД, Ден Дрискол, вчера одржа тајни разговори со руска делегација во Абу Даби, ОАЕ, како продолжение на разговорите со Украина во Женева за време на викендот, кои ...

Амстердам, 25 ноември 2025 (МИА) – Министерството за одбрана на Холандија соопшти дека планира да потроши помеѓу 1,25 и три милијарди евра за зајакнување на анти-дрон системите, вклучувајќи дополнителни системи на анти-дрон топови, дронови за пресретнување, радари и противмерки за мали дронови. Исто така, ќе биде засилена и заштитата на бродовите од напади со дронови. Оваа одлука доаѓа поради тоа што постојано се забележуваат дронови над ...

Скопје, 25 ноември 2025 (МИА) - Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против пет лица поради основано сомневање дека како соизвршители сториле кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик. Како што соопшти ОЈО, осомничените ја злоупотребиле својата службена должност со неизвршување на својата службена положба и иако биле должни да ја известат ...

Скопје, 25 ноември 2025 (МИА) - Од вкупниот број новорегистрирани пациенти на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија минатата година, половина односно 2.540 пациенти се од машкиот пол, покажуваат статистичките податоци на Клиниката. Најчести малигни заболувања кај машкиот пол се канцерот на простата, на дигестивен систем и на белите дробови. Мината година завршивме со 494 новорегистрирани пациенти со рак на простата. Секоја ...

weather icon

Белград

11ᴼ / 11ᴼ
7.2
71%
1011
weather icon

Загреб

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
89%
1014
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
0.51
80%
1010
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
9.8
84%
1013
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.57
95%
1015
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
3.58
85%
1001
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.0
82%
1004
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
100%
1005
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
10.29
84%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
94%
1014
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
77%
1007
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
100%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Сребро

1837.41

Платина

53106.37

Цинк

3.24

Рутениум

29192.88

Алуминиум

2.89

Калај

40.11

Злато

135322.28

Бакар

10.76

Кобалт

55.67

Никел

471972.96

Иридиум

145787.60

Родиум

255598.44