Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Токио, 21 мај 2026 (МИА) - Според истражувањето спроведено од компанијата за истражување на пазарот „Никеи рисрч“ (Nikkei Research), третина од јапонските компании користат или размислуваат за воведување роботи со вештачка интелигенција, при што транспортниот сектор се издвојува како најнапреден. Во анкетата биле опфатени голем број компании во Јапонија, од кои четири проценти веќе активно користат ВИ, а други пет проценти од фирмите ...
Њујорк, 21 мај 2026 (МИА) - Американската компанија „Спејс икс“ (SpaceX) официјално ги потврди плановите за својата прва понуда за тргување со акции. Плановите беа објавени во поднесокот за хартии од вредност, што е неопходен за секоја компанија што планира да излезе на берза. Првичната јавна понуда, според познавачите, би го направила извршниот директор на „Спејс икс“, Илон Маск, уште побогат и воедно прв трилионер во светот, што според ...
Вашингтон, 22 мај 2026 (МИА) - Компанијата Волт Дизни се соочува со колективна тужба поради користење технологија за препознавање лица во своите забавни паркови, откако група посетители обвини дека компанијата не обезбедува доволно јасни известувања за скенирањето на лицата при влез во парковите. Во тужбата се наведува дека Дизни користи системи за препознавање лица на влезовите во Дизниленд и „Калифорнија Адвенчер“, без посетителите да бидат ...
Подгорица, 22 мај 2026 (МИА) - На синоќешниот концерт на порториканскиот пејач Рики Мартин во Подгорица, организиран по повод 20 години од независноста на Црна Гора, бил фрлен солзавец, поради што настапот накратко беше прекинат. Според објавите на социјалните мрежи, граѓаните во паника почнале да бегаат од плоштадот веднаш по инцидентот. Очевидци сведочат дека дел од присутните во првиот момент помислиле дека станува збор за експлозивна ...
Вашингтон, 22 мај 2026 (МИА) - Компанијата „Спејс икс“ синоќа го прекина тест-лансирањето на својата најнова и најголема ракета „Старшип“ на само триесетина секунди пред планираното полетување поради серија технички проблеми во завршната фаза од одбројувањето. Ракетата, висока 124 метри, требаше да полета од лансирниот комплекс „Старбејс“ во Тексас и да изведе суборбитален лет на траекторија која се протега околу половина од Земјината топка. ...
Нгерулмуд, 22 мај 2026 (МИА) - „Држава со 21.000 жители распоредени на 500 острови ја забрани кремата за сончање и на секој турист му наплаќа 100 американски долари. Архипелагот со нешто повеќе од 500 острови во западниот дел на Тихи Океан, во регионот Микронезија, има усвоено низа политики за заштита на морската средина какви што ретко која држава во светот ги спроведува во толкава мера. Државата во 2009 година стана првата земја во светот ...
Скопје, 22 мај 2026, (МИА) Роза ШУЛЕВА - Ќе бидам многу јасен и концизен. Секоја автоимуна болест кај која ќе утврдиме дефицит на витамин Д, може да се сопре со надополнување на овој витамин и доведување на витаминот Д на задоволително ниво и бидејќи така се стопира и таа аберантна (абнормална) ТХ17-реакција. Значи, можеме да ја стопираме. Затоа треба што порано да се реагира, веднаш по утврдувањето, бидејќи автоимуниот процес секојдневно ги ...
Скопје, 21 мај 2026 (МИА) - СВР Велес поднесе известување против Б.А.(19) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 17.12.2025 кај Спомен костурницата во Неготино, пријавениот под клупа оставил марихуана и амфетамин, кои се пронајдени и одземени. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево ...
Куманово, 21 мај 2026 (МИА) - Кумановската полиција поднесе кривична пријава против шеесет и едногодишен кумановец кој подолго време психички ја малтретирал и ѝ се закананувал, соопшти денеска СВР Куманово. По предлог на СВР Куманово, Основен суд Куманово донесе решение за итна мерка отстранување од домот во времетраење од 30 дена. -СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Л.(61) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека ...
Скопје, 21 мај 2026 (МИА) - Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во последното деноноќие има вкупно четири пријави за семејно насилство, додека две лица се лишени од слобода. Вчера во 13:40 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода К.Д.(33) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека околу 03:00 часот по расправија во семејниот дом, физички ја нападнал неговата 32-годишна сопруга. Во 11:00 ...
Скопје, 22 мај 2026 (МИА) - Сообраќајна несреќа синоќа предизвика пренасочување на сообраќајот на обиколницата во Скопје. Дел од медиумите објавија дека доцна синоќа сообраќајна несреќа се случила на обиколницата, по која избувнал пожар, а на лице место биле пристигнати и противпожарна екипа и итна медицинска помош. ЈП Македонија пат синоќа соопшти дека од 23:30 часот се врши пренасочување на сообраќајот на патниот правец Велес –Тетово од ...
Скопје, 22 мај 2026 (МИА) - Четири лица загинаа во сообраќајната несреќа, која се случила синоќа на обиколница на Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци. Министерството за внатрешни работи информира дека синоќа во 23 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на Град Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци, Б.Б.(76) од Косово, управувајќи товарно возило - влекач „ман“ со полуприколка со косовски национални ...
Скопје, 22 мај 2026 (МИА) - Еден од водечките македонски баритони, Ристе Велков е меѓу загинатите во тешката сообраќајна несреќа, што се случи синоќа на скопската обиколница, потврдија од Национална опера и балет. Претходно Министерството за внатрешни работи информира дека четири лица загинале во сообраќајната несреќа, која се случила синоќа на обиколница на Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци. МВР информира дека синоќа во 23 ...
Скопје, 22 мај 2026 (МИА) - На 21.05.2026 во 23:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на Град Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци, Б.Б.(76) од Косово, управувајќи товарно возило - влекач „ман“ со полуприколка со косовски национални ознаки, изгубил контрола над возилото и со него преминал преку металната ограда во спротивната насока на автопатот при што се судрил со патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ...
Скопје, 22 мај 2026 (МИА) - По вчерашниот состанок на претставници на коалицијата „Менуваме“ со заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, на денешната прес- конференција изразуваме задоволство затоа што беше најдено решение, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, за нашиот проблем по незаконското намалување на поддршката за лични асистенти - изјави Суарет Алишан, координатор на коалицијата. На состанокот ...
Скопје, 22 мај 2026 (МИА) - Средствата што Европската Унија ќе ги додели по признанието од Европската комисија за исполнетите реформи ќе се слеат главно во државниот буџет, а распределбата за Министерството за образование и наука ќе ја утврди Министерството за финансии - изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска пред почетокот на одбележувањето 77 години постоење на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. ...
Скопје, 22 мај 2026 (МИА) - По повод Меѓународниот ден на биодиверзитетот, денеска во Зоолошката градина во Скопје беше потпишан меморандум помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и зоолошките градини во Скопје и Битола со цел овие установи да се модернизираат и усогласат со европските стандарди. Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа нагласи дека денешното потпишување на маморандумот за ...
Скопје, 22 мај 2026 (МИА) - Педесет и еден годишниот првенец на Македонската опера и балет, баритонот Ристе Велков, неговиот 20 годишен син и уште две 20-годишни момчиња, загинаа во сообраќајната несреќа, која се случи синоќа на обиколница на Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци. МВР попладнево соопшти дека е потврден идентитетот и на четвртата жртва во катастрофалната несреќа и оти исто така станува збор за 20-годишно момче. ...
Скопје, 22 мај 2026 (МИА) - УКИМ не треба да биде само институција што реагира на промените, туку институција што ги предвидува и ги насочува - порача денеска ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Билјана Ангелова, на свеченоста по повод 77 години од постоењето на Универзитетот истакнувајќи дека иднината на УКИМ треба да се темели на европски модел на управување, дигитализација, интернационализација и зајакнување на автономијата ...
Скопје, 22 мај 2026 (МИА) - Трансформација на Скопје што ќе остави траен белег и ќе го трасира патот за натамошен развој на градот, на неговите културни споменици и обележја, како Калето, акведуктот, зградата на „Пошта“ и парковите - најавува градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во пресрет на 2028 година кога Скопје ќе биде европска престолнина на културата. Експертите, пак, порачуваат да се создаде нова динамика во Скопје со културното наследство ...
Скопје, 22 мај 2026 (МИА) - Втората генерација социјални ментори за работна интеграција денеска во Скопје беше сертифицирана по едногодишната работа со корисници на социјална помош, на кои им овозможувале поддршка за подобрување на нивната вработливост, ги насочувале кон пазарот на труд и ги поддржувале во процесот на вработување. Како што информираат од „Паблик“, вкупно 53 лица биле вработени во текот на минатата година, на 67 им биле ...
Скопје, 22 мај 2026 (МИА) - Амбасадата на Јапонија денеска организира мастер-клас за јапонска кујна во Средното училиште „Лазар Танев“ во Скопје, наменет за младите и идни готвачи. Како што сооштуваат од Амбасадата, идните готвачи и нивните наставници имаа можност да се запознаат со вашоку. Вашоку е традиционална јапонска култура на исхрана, која се темели на хармонична рамнотежа помеѓу сезонските состојки, нутритивната вредност и визуелната ...
Скопје, 22 мај 2026 (МИА) - Државната комисија по жалби за јавни набавки по службена должност донесе решение за поништување на јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи - информира Министерството за транспорт. - Министерството за транспорт, во согласност со своите надлежности, предметната јавна набавка повторно ќе ја објави во согласност со законските прописи во најбрз можен рок - посочуваат од Министерството за транспорт. ...
Скопје, 22 мај 2026 (МИА) - Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, идната недела ќе има завршен состанок со министерот за здравство Азир Алиу, на кој, како што информира денеска, заеднички ќе објават кога ќе биде спроведена тендерската постапка за монтажните гаражи во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. По завршувањето на тендерската постапка, нагласи Ѓорѓиевски, веднаш ќе почнеме изградбата на гаражите. - Динамиката ја одредуваме според ...
Скопје, 22 мај 2026 (МИА) - Осум децении Филолошки факултет „Блаже Конески“, 25 години Културно-едукативен центар (КЕЦ) „Небрегово“ и 20 години Спомен-дом „Блаже Конески“ во Небрегово, беа одбележани денеска на овој Факултет во Скопје, во организација на едукативниот центар и на оваа високообразовна институција. - Можам со огромна чест да го најавам денешниот настан со што ни се заокружува прекрасниот семестар преполн со значајни настани ...
Скопје, 22 мај 2026 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска потпиша Меморандум за соработка со Фондацијата „Фросина Кулакова“, формирана во чест на Фросина Кулакова, која загина на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“, поминувајќи на зелено светло. Со Меморандумот, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, се утврдува рамка за заедничка соработка во насока на унапредување на безбедноста во ...
Скопје, 21 мај 2026 (МИА) - Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го одржа кварталниот координативен состанок на Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција (JETIP), на кој беше претставен напредокот на платформата. На состанокот беше официјализирано приклучувањето на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) кон платформата преку потпишување на Аранжманот за пристап кон Заедничката декларација, ...
Скопје, 22 мај 2026 (МИА) - Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата, во рамки на своите законски надлежности согласно Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи, изврши увид кај неколку откупни центри кои вршат откуп на овошје и зеленчук од индивидуални земјоделци и правни лица. При извршените контроли, Комисијата констатираше повеќе ...
Скопје, 22 мај 2026 (МИА) - Банкарскиот систем во регионот е со значително подобрени показатели и поголема отпорност во споредба со периодот пред пандемијата, но силниот кредитен раст и растот на цените на недвижностите наметнуваат засилена претпазливост и потребно е постојано следење на ризиците- порача вицегувернерката на Народната банка Ана Митреска. Овие пораки, информираат од Народната банка, беа упатени на 24. состанок на Работната ...
Скопје, 22 мај 2026 (МИА) - Европската организација на потрошувачите (BEUC), заедно со 30 членки од 27 земји, вчера поднесе жалба до Европската комисија и надлежните национални органи против „Мета“, „Тик-ток“ и „Гугл“ поради недоволно справување со ширењето измамнички финансиски реклами на своите платформи, спротивно на обврските утврдени со Законот за дигиталните услуги на ЕУ (DSA) - информира Организацијата на потрошувачите на Македонија ...