Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Вашингтон, 20 мај 2026 (МИА) – Реномираната американска телевизија ЕСПН го ажурираше свој прогнозиран драфт за НБА во 2026 година. Најзначајната промена беше додавањето на 21-годишниот Адај Мара во првите 10. „Големиот човек“ скокна директно на 8. место, истиснувајќи го бекот Брејден Бурис од првите 10. Топ 10 на „ESPN“: 1.Еј Џеј Дибанза (Бригам Јанг) – Вашингтон 2. Дарин Петерсон (Канзас) – Јута 3. Камерон Бузер (Дјук) – Мемфис 4. Кејлеб ...
Брисел, 20 мај 2026 (МИА) – Единствениот пазар на Европската Унија треба да се прилагоди на предизвиците на денешницата – трката во развојот на вештачката интелигенција, итните климатски акции и геополитичкиот натпревар - изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен пред Европскиот парламент. – Единствениот пазар останува нашата најефикасна алатка, не само за просперитет, туку и за стратешко влијание. Со 450 ...
Братислава, 20 мај 2026 (МИА) – Пет земји членки на Европската Унија предложија „активна и систематска“ постепена интеграција на земјите од Западен Балкан во главните сектори на единствениот пазар на ЕУ пред нивното полноправно членство, врз основа на постигнатите резултати во усогласувањето со европското законодавство и владеењето на правото, со цел да се одржи динамиката на проширувањето, да се забрзаат реформите и да се спречи влијанието ...
Варшава, 20 мај 2026 (МИА) – Новиот унгарски премиер Петер Маѓар, заедно со полскиот премиер Доналд Туск, денеска од Варшава испрати порака дека е време да се обнови старото влијание и сјај на Вишеградската група (В4), при што Маѓар предложи нејзино проширување и со земјите од Западен Балкан кои сè уште не се дел од Европската Унија. – Подготвен сум да ја прошириме соработката на Вишеградската четворка и на други земји – можеби скандинавските ...
Атина, 20 мај 2026 (МИА) – Грчките државјани кои учествуваат во мисијата на флотилата „Global Sumud Flotilla“, според информациите од израелските власти, во текот на следните часови постепено ќе пристигнат во Израел, поточно на пристаништето Ашдод, каде што ќе следуваат процедурите за нивна регистрација и идентификација, информираше портпаролката на грчкото МНР Лана Зохиу на денешниот редовен брифинг со новинарите. Како што јави дописничката ...
Белград, 20 мај 2026 (МИА) - Србија е изоставени во новата рунда исплати од Европската комисија за Западен Балкан од Планот за раст, бидејќи се уште не ги исполнила целосно реформските чекори што беа предуслов за исплата на тие средства. Освен Србија нема исплата и за БиХ, соопштија од Брисел. Србија моментално чека на втората транша во износ од 163,1 милиони евра и третата од 265 милиони. Средствата за Србија не се трајно изгубени, туку се ...
Битола, 20 мај 2026 (МИА) Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица на Битола денеска го одбележаа 20-ти мај - Денот на македонските пожарникари. На свеченоста која што се одржа пред зградата на противпожарната единица цвеќе на спомен плочата положија градоначалникот Тони Коњановски, делегација на Советот на Општина Битола предводена од претседателот Бојан Бојкоски, советници и други делегации, како и градоначалниците од Новаци и ...
Штип, 20 мај 2026 (МИА) – Пет години и шест месеци е изречената затворска казна за П.С од Охрид, кој во јануари годинава успеал да измами осум повозрасни граѓани од Штип и Виница, со приказната за лажниот доктор, односно дека се потребни пари за операции на нивните деца или внуци поради скршеници. За само еден месец на граѓаните успеал да им земе 56.000 евра. Портпаролот на Основниот суд-Штип, воедно и претседател на Кривичниот совет, ...
Разловци, 20 мај 2026 (МИА) Валери СПАСЕВСКИ Слободан ИВАНОВ Разловечкото востание e кренато на 20 мај 1876 година (нов стил) и важи за едно од првите организирани вооружени востанија на македонскиот народ против отоманската власт во втората половина на XIX век. Избувнало во селото Разловци (денес во општина Делчево, источна Македонија) во време на силните политичко-револуционерни превирања на Балканот кога народите во Отоманска Турција сè ...
Скопје, 20 мај 2026 (МИА) - Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска со воена свеченост беше одбележан Денот на Логистичката база (ЛБ), единица која претставува носечки столб на логистичката поддршка во Армијата. Како што соопштуваат од АРМ, на свеченоста присуствуваа министерот за одбрана Владо Мисајловски, заменик-министерот за одбрана Адмир Шабани, заменикот на началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин, команданти, генерали, ...
Скопје, 20 мај 2026 (МИА) - МВР соопшти дека е поднесена кривична пријава против двајца полициски службеници, зашто употребиле прекумерна физичка сила врз приведено лице. Станува збор за Д.С. и М.С. од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје. - Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава ...
Скопје, 20 мај 2026 (МИА) - Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) го официјализираа своето партнерство во насока на поддршка на праведна, сигурна и достапна енергетска транзиција во земјата. Двете институции денеска потпишаа заедничка декларација со која УНДП и официјално беше поздравена како партнер на Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција (Just ...
Скопје, 20 мај 2026 (МИА) - На одбележувањето на Денот на Европа 2026, претседателот на Собранието, Африм Гаши, испрати порака дека иднината на земјата и нејзиниот европски пат не зависат само од Брисел, туку пред сѐ од личната и општествената заложба на секој граѓанин. - Европскиот пат што ние сме го избрале не зависи само од Брисел. Најбитниот елемент зависи од нас самите. Ние треба да одлучиме да одиме по овој пат, но не само формално, не ...
Скопје, 20 мај 2026 (МИА) - Европската комисија соопшти дека става на располагање 65,7 милиони евра за нашата држава во рамките на Инструментот за реформи и раст, што претставува највисок износ во регионот во споредба со 49 милиони евра за Албанија и 44,2 милиони евра за Црна Гора - објави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на социјалните мрежи. Ова, како што наведува Муцунски, е јасна потврда за силната ...
Будимпешта, 20 мај 2026 (МИА) – Унгарија и Украина ги започнаа експертските консултации, соопшти унгарската министерка за надворешни работи Анита Орбан, која ги оцени разговорите како важен чекор кон обновување на билатералните односи. Орбан потсети дека минатата недела се одржаа прелиминарни преговори со учество на украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха и украинскиот вицепремиер Тарас Качка. – Овие консултации се важен чекор ...
Софија, 20 мај 2026 (МИА) – Административната реформа во Бугарија има две јасни цели – зголемување на ефикасноста и кратење на трошоците, но притоа нема да има масовни отпуштања кои би довеле до губење на административниот капацитет и правни ризици, изјави премиерот Румен Радев на почетокот на денешната владина седница. Како што пренесува БТА, Радев потенцираше дека нема да има кратења и преструктурирање пред да се изврши прелиминарен преглед ...
Скопје, 20 мај 2026 (МИА) - Со изведување докази на обвинителите денеска продолжи судењето за пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. На судењето обвинителите приложија докази - видеоснимки и фотографии поврзани со објектот - клубот „Пулс“ - од критичната вечер, па и во текот на годините во минатото кога работел. - Ќе може да видите дека постојат ...
Скопје, 20 мај 2026 (МИА) - Мекотелните политики на Филипче и СДС ѝ даваат на Бугарија можност да ги продолжат политиките на негирање на македонскиот идентитет. Филипче и СДС немаат против ние да бидеме „Северномакедонци“, напротив, тие ја потврдуваат и шират оваа терминологија заедно со нивната теза дека уставните измени се последниот чекор за влез во ЕУ - рече портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција во ...
Цирих, 20 мај 2026 (МИА) – Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) е во контакт со Фудбалската федерација на ДР Конго (ФЕКОФА) и го информира тимот за безбедносните препораки поради епидемијата на ебола, објави Ројтерс, повикувајќи се на соопштение од федерацијата. - ФИФА е свесна за ситуацијата околу епидемијата на ебола и ја следи внимателно со ФЕКОФА за да се осигури дека тимот е информиран за сите безбедносни препораки. ФИФА продолжува да ...
Рим, 20 мај 2026 (МИА) - Рикардо Пјати зборуваше за работата со Јаник Синер. Италијанецот го тренираше светскиот број еден од неговите тинејџерски години до 2022 година. - Моравме сè да изградиме од нула бидејќи беше физички мал - требаше да му дадеме време да се развива. Исто така, требаше да го разбере својот стил на играње, бидејќи играше многу малку. До 14-годишна возраст, тренираше три пати неделно. Нашиот пристап беше да работиме многу ...
Лондон, 20 мај 2026 (МИА) - Челзи е заинтересиран да го ангажира фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, објави „Ел Насионал“. Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, кој ја презеде функцијата менаџер на Челзи на 17 мај, сака да го привлече Французинот во тимот од Лондон. Раководството на Челзи наводно веќе контактирало со мајката и агент на Мбапе, Фајза Ламари. Договорот на 27-годишниот Французин со Реал Мадрид е до летото 2029 ...
Москва, 20 мај 2026 (МИА) - Министерството за одбрана на Русија соопшти дека неговите сили испорачале нуклеарни бојни глави за мобилните лансирни системи „Искандер-М“, ги наполниле и вежбале нивно преместување до неодредени локации како дел од голема нуклеарна вежба. „Обезбедена е испорака на нуклеарна муниција до теренските пунктови за складирање во позициските сојузни реони на ракетните бригади. Персоналот од ракетните единици извршува ...
Софија, 20 мај 2026 (МИА) - Бугарскиот премиер Румен Радев очекува американската страна да побара продолжување на престојот на воените авиони и цистерни на Военовоздухопловните сили на САД на аеродромот „Васил Левски“ во Софија. Како што истакна на почетокот на денешната владина седница, оваа воена техника е стационирана на софискиот аеродром врз основа на одлука на Министерскиот совет на кабинетот на Росен Жељазков, со рок на престој до ...
Тирана, 20 мај 2026 (МИА) - Земјите членки на ЕУ се блиску до постигнување консензус за нацрт-заедничкиот став на ЕУ поврзан со привремениот извештај за процена на референтните вредности на Албанија (ИБАР) - објави „Јуропиен Вестерн Балканс“ (European Western Balkans) повикувајќи се на извори во Советот, а пренесоа албанските медиуми. Дискусиите во рамките на работната група на Советот за проширување и земји што преговараат за пристапување ...
Белград, 20 мај 2026 (МИА) - Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го назначи Жегож Зелински за извршен директор за Југоисточна Европа (ЈИЕ) почнувајќи од 1 јуни 2026 година и активностите ќе ги извршува од седиштето во Белград - соопшти ЕБОР. „На својата нова улога Зелински ќе биде со седиште во Банката за Југоисточна Европа во Белград и ќе ги води активностите во шест земји од Западен Балкан, Романија, Бугарија и Грција. Тој ја ...
Белград, 20 мај 2026 (МИА) - Дваесет и три отсто од околу 900 компании со германски капитал што работат во Србија, и кои вработуваат околу 80.000 луѓе велат дека повеќе не би инвестирале во Србија, и тој процент е двојно повеќе од лани. Тоа се наведува во резултатите од истражувањето на Германско-српската стопанска комора за условите за работење во 2026 година. Во 2026 година, поголем број компании ја оцениле моменталната економска состојба ...
Кочани, 20 мај 2026 (МИА) - Во присуство на пожарникари, доброволци и претставници на локалните самоуправи од регионот, денеска во кругот на Територијалната противпожарна единица во Кочани беше одбележан 20 Мај – Денот на пожарникарите. По повод празникот, ЕВН Македонија донираше четирицикл наменет за интервенции и гасење шумски пожари, со што дополнително ќе се зајакнат капацитетите на кочанските пожарникари. Традиционалната награда за ...
Скопје, 20 мај 2026 (МИА) - На граничниот премин Табановце е спречен обид за нелегален пренос на кеш пари во износ од половина милион евра, соопшти денеска директорот на Царинската управа, Бобан Николовски. Како што информира Николовски, парите се пронајдени во специјално конструиран бункер во минибус, спакувани во ќеси. Според директорот, чии се еврата ќе треба да утврдат другите надлежни институции, но извесно е дека ќе се влеат во ...
Скопје, 20 мај 2026 (МИА) - Вредноста на синдикалната минимална кошница за мај годинава изнесува 68.743 денари и во споредба со вредноста од април кога изнесуваше 68.797 денари е намалена за 54 денари - соопшти денеска Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Со изнајмен стан од 60 квадрати синдикалната минимална кошница за мај изнесува 84.117 денари. За храна и пијалаци во мај биле потребни 25.475 денари, за образование 7.192, за облека и ...
Скопје, 20 мај 2026 (МИА) - Загубите на вода на национално ниво во 2025 година изнесувале 63,05 проценти и се помали за 0,16 проценти во споредба со 2024 година - покажуваат податоците од годишниот извештај за 2025 година за работата на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Намалување од 0,33 кубни метри има и кај просечната месечна потрошувачка на домаќинствата на вода, која во ...