Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Скопје, 21 мај 2026 (МИА) - Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески денеска во Загреб ќе се обрати на отворањето на меѓународната конференција „Општество и технологија – 2026“, манифестација на која Комората е еден од ко-организаторите заедно со Стопанската комора на Хрватска, Коморите на Индустрија и Трговија и на занаетчиство и мали бизнис на Словенија, Регионалните комори на Приморска, Словенија и Штаерска од Австрија, како и ...
Скопје, 21 мај 2026 (МИА) - Во април е регистриран годишен раст од 9,3 отсто на вкупните депозити и од 13,3 проценти на вкупната кредитна поддршка - Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 9,3 % поради повисоките депозити на двата сектори, со поголем придонес на депозитите на секторот домаќинства - се наведува во соопштението од Народната банка. На годишна основа, вкупните кредити, пак, забележале раст од 13,3 отсто ...
Охрид, 21 мај 2026 (МИА) - Германската компанија „Костал“ во Охрид е инвестиција што претставува инспирација за сите нас да продолжиме заедно и во годините што следуваат - да се надополнуваме, да се поддржуваме и заеднички да напредуваме - истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на прославата по повод 10-годишнината од работењето на „Костал“ во Македонија. Една деценија, според него, е доволно долг период за да можеме да се ...
Скопје, 21 мај 2026 (МИА) - Голем број станови и објекти, особено оние изградени пред 2000 година, имаат несогласувања меѓу реалната и катастарски евидентираната површина, а некои од недвижностите и натаму немаат уредени сопственички права - посочи денеска претседателот на Комората на друштвата за геодетски работи, Никола Рибарски, на промоцијата на општествено-економската кампања „Провери, потврди, поседувај - твојот имот, твоја сигурност“. ...
Охрид, 21 мај 2026 (МИА) - Германската компанија „Костал“ во Охрид е инвестиција што претставува инспирација за сите нас да продолжиме заедно и во годините што следуваат - да се надополнуваме, да се поддржуваме и заеднички да напредуваме - истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на прославата по повод 10-годишнината од работењето на „Костал“ во Македонија. Една деценија, според него, е доволно долг период за да можеме да се ...
Скопје, 21мај 2026 (МИА) - Ново интегрирано дигитално решение за следливост на свежо овошје и зеленчук од парцела до финален купувач е презентирано денеска од страна на ИНОФЕИТ - ЕДИХ и Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост - ИМЕ. Директорот на ИНОФЕИТ - ЕДИХ, професор д-р Димитар Ташковски објаснил дека дигиталното управување со земјоделското производство овозможува ефикасно следење и организација на клучните ...
Скопје, 21 мај 2026 (МИА) - Се работи забрзано на енергетско поврзување со регионот, а клучен приоритет е енергетската стабилност - порачала денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на ресорскиот состанок, на кој биле разгледани тековните активности во енергетскиот сектор. На состанокот, на кој присуствувале претставници од релевантните институции од енергетиката, се разговарало на повеќе теми во ...
Скопје, 21 мај 2026 (МИА) - „Тиквеш“ продолжува да ја испишува македонската винска приказна на светската сцена. Компанијата освои златен медал за своето врвно вино „Babuna Red 2023“, но и низа други високи признанија, на годинешното издание на International Wine Challenge (IWC) 2026 во Лондон, еден од највлијателните и најценети вински натпревари во светот, информира компанијата во соопштение што МИА го пренесува интегрално. Со импресивни 95 ...
Скопје, 21 мај 2026 (МИА) - Во Стокхолм, Шведска, денеска се одржа бизнис форум во организација на Шведско-македонска стопанска комора и Македонија 2025, со поддршка на владите на двете држави, посветен на унапредување на економската соработка, трговската размена и инвестициските можности меѓу Република Северна Македонија и Кралство Шведска. На Форумот поздравно обраќање имаше заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, ...
Скопје, 21 мај 2026 (МИА) - СДСМ бега од дебатата за заемот што треба да помине во собраниската Комисија за финансирање и буџет бидејќи немаат аргументи, а тоа е јасен показател дека ним не може да им се верува - рече на денешната прес-конференција во Собранието пратеникот од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. - Кога станува збор за лаги и инсинуации, во моментот кога треба аргументите да се соочат таму каде што им е местото, ...
Скопје, 21 мај 2026 (МИА) - Новата транша во износ од 65,7 милиони евра за Република Северна Македонија во рамките на планот за раст за Западен Балкан и механизмот за реформи и раст е резултат на координирана работа на институциите, на посветеноста на администрацијата, на политичката одговорност и на решителноста реформите да не останат само на хартија, туку да донесат конкретни резултати за граѓаните - истакна на денешната прес-конференција ...
Скопје, 21 мај 2026 (МИА) - За земјите кандидати за членство во Европската Унија има прозорец со можности, но за тоа треба храброст, политичка волја, обединетост и многу реформи. Тоа вреди да се направи - порача денеска амбасадорот на Шведска во земјата, Ола Сулстром. Сулстром на панел дискусијата „Геополитичката димензија на проширувањето на ЕУ и импликации на Западен Балкан“ рече дека земјава припаѓа на Европската унија и дека вреди да се ...
Охрид, 21 мај 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека интензивно се работи на сите портфолија за претстојниот период од реформската агенда и нагласи оти очекува позицијата први во регионот Западен Балкан - 6 во јануарскиот извештај да се потврди и во јунскиот извештај за Македонија. Премиерот, одговарајќи на новинарско прашање да даде коментар за новата транша за земјата од 65,7 милиони евра во рамките на планот за раст ...
Охрид, 21 мај 2026 (МИА) - ЕСМ вложи жалба на одлуката на Основото јавно обвинителство за гонење организиран криминал за прекинување на истрагата за случајот „Мазут“ - информира премиерот Христијан Мицкоски, кој очекува Вишото јавно обвинителство правилно да одлучи. Одговарајќи на новинарски прашања по обраќањето по повод 10-годишнината од своето присуство и работење во Македонија на германската компанија „Костал“ во Охрид, премиерот рече ...
Скопје, 21 мај 2026 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во изјава за МИА во врска со пишувањата во медиумите за наводна шпионска афера во нејзиниот Кабинет рече дека треба да се почитуваат одредбите од Законот за кривичната постапка и во поглед на пресумцијата на невиност, но и во поглед на собирање податоци и евентуално отворање кривична постапка. - Прво, квалификацијата шпионска афера и слично не сакам да ја коментирам. ...
Скопје, 21 мај 2026 (МИА) - Проширувањето е стратегиски одговор во услови на новата геополитичка реалност и инвестиција во стабилноста и економскиот раст - рече на денешното обраќање на панел-дискусијата на Националниот совет за евроинтеграции, Владимир Дробњак, поранешен главен преговарач за пристапните преговори на Хрватска со Европската Унија и експерт на УНОПС. Тој пред присутните членови на Советот, претставници од академската заедница и ...
Скопје, 21 мај 2026 (МИА) - Никогаш и никаде јас не сум ја претставила државата на начин каков што не прилега. Секогаш сум ги бранела националните интереси - изјави за МИА претседателката Гордана Сиљановска-Давкова коментирајќи ги обвинувањата на опозицискиот СДСМ дека со нејзините ставови изразени за време на посетата на Словенија „паднала на испитот“. - Не знам дали да коментирам вакви изјави. Никогаш не сум паднала на испит ни на факултет, ...
Скопје, 21 мај 2026 (МИА) - Образовниот и научно-истражувачкиот систем во Македонија продолжуваат интензивно да се трансформираат во насока на прифаќање европски стандарди, подобар квалитет и посилна институционална поставеност. Приоритет се реформите кои произлегуваат од Реформската агенда 2024-2027, Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан и стратешките приоритети на Владата во областа на човечкиот капитал. Ова го нагласи ...
Скопје, 21 мај 2026 (МИА) - Постапувањето на претседателот на Собранието, Африм Гаши е целосно во согласност со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија и во рамки на неговите уставни и деловнички надлежности, се вели во реакцијата на Кабинетот на законодавниот дом во врска со изнесените наводи од страна на претседателот на СДСМ, Венко Филипче дека го прекршил Деловникот со закажувањето на денешната седница на собраниската ...
Скопје, 21 мај 2026 (МИА) - Работната група за реформи во Изборното законодавство денеска на седница разгледала повеќе клучни прашања поврзани со усогласување на Изборниот законик со препораките на ОБСЕ/ОДИХР и како што соопшти Министерството за правда најголем дел од препораките се прифатливи и наскоро ќе има законско решение. На седницата биле усвоени повеќе предлози за измени на одредби од Изборниот законик, додека за дел од прашањата била ...
Подгорица, 20. мај 2026 (МИА) – Во Подгорица денеска беше направен значаен исчекор за иднината на регионалниот ракомет со потпишувањето на Договорот за формирање на регионални лиги во машка и женска конкуренција. Договорот го потпишаа ракометните федерации на Црна Гора, Србија и Македонија, потврдувајќи ја заедничката определба кон зајакнување на квалитетот на натпреварувањето, развојот на играчите и унапредување на севкупниот ракометен ...
Копенхаген, 20 мај 2026 (МИА) – Синот на норвешката престолонаследничка принцеза, Мариус Борг Хеиби, мора да го одлежи остатокот од својот притвор зад решетки, пренесе ДПА. Весникот „Нетависен“ денеска објави дека Највисокиот суд на Норвешка ја одбил жалбата на 29-годишникот против одлуката со која му се ускратува дозволата да ја чека пресудата дома под електронски надзор. Пресудата од судењето се очекува на 15 јуни. Хеиби, кој е обвинет за ...
Тирана, 20 мај 2026 (МИА) – Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за естонскиот медиум „Postimees“, меѓу другото ја критикува стратегијата на Европската Унија во надворешните работи и безбедноста на глобалните интереси. Тој нагласува дека било грешка што Европа им дозволила на САД да ги водат преговорите со Русија. - Не беше само обична грешка. Според мене, ова е став што не е соодветен за голема сила како Европа, бидејќи историјата на ...
Скопје, 20 мај 2026 Левица не е поканета – ниту ќе биде поканета, во Фронтот на вистина и правда нема место за ВМРО сателити, стои во соопштението од СДСМ што МИА ви го пренесува во целост. Не сте поканети, ниту ќе ве поканиме. Фронтот на вистина и правда не е за приврзоци на ВМРО и сателити од типот на ЗНАМ и Левица – ЗНАМ верзија 2.0. Знаеме дека ве ангажира Мицкоски сега кога се распадна ЗНАМ и нивниот предводник, бугарскиот стопанственик ...
Скопје, 20 мај 2026 Во една ваква сериозна состојба, додека институциите, пожарникарите и јавното претпријатие деноноќно се борат со пожарот на депонијата, за што граѓаните се редовно информирани и се сведоци на активностите, СДС Радовиш наместо конструктивен пристап, се обидува да ја претвори состојбата во инструмент за дневнополитички напади и собирање ситни политички поени, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната ...
Скопје, 20 мај 2026 Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во своето обраќање на панел-дискусијата во рамки на конференцијата „Седум децении подоцна: Од визијата на Шуман до новите геополитички предизвици на Европа“, рече дека без европско правосудство не може да се врати довербата на граѓаните во државата и дека системските слабости и партизацијата ја разградуваат довербата во институциите, стои во соопштението на СДСМ што МИА го објавува ...
Ресен, 20 мај 2026 (МИА) - Денот на македонските пожарникари Општина Ресен го одбележа со промоција на ново противпожарно возило, донација од Обединетото Кралство. Според востановената традиција, низ улиците на Ресен и градскиот плоштад со креативна програма и активност на пожарникарите беше одбележан празникот, а градоначалникот Јован Тозиевски на најдобрите пожарникари им додели признанија. - Во рамки на прославата беше промовирано новото ...
Прилеп, 20 мај 2026 (МИА) - Економската струка не значи кадри за седење во канцеларија и работење административни работи, туку е струка која е двигател на општеството. Ова беше констатирано на денешниот прв форум во земјава на средните училишта од економската струка. Со учесници од економската заедница во Прилеп, Економскиот факултет и претставници од средни економски училишта од Македонија и соседна Србија, за првпат во Македонија, во Прилеп ...
Скопје, 20 мај 2026 (МИА) - МВР соопшти дека доцна синоќа е лишен од слобода Т.Х.(51) од Гостивар, со живеалиште во Скопје, зашто придружувал група турски државјани при обид илегално да ја преминат границата од Македонија кон Грција. Турските државјани се сместени во прифатен центар. -На 19.05.2026 во 22:30 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица го лишија од слобода Т.Х.(51) од ...
Скопје, 20 мај 2026 (МИА) - Европската комисија ја одобри новата транша во износ од 65,7 милиони евра за Република Северна Македонија во рамките на Планот за раст за Западен Балкан и Механизмот за реформи и раст. Како што соопшти Министерството за европски прашања, оваа поддршка претставува силна потврда дека државата успешно ги спроведува реформите и ги реализира клучните приоритети во областа на дигитализацијата, образованието и ...