Првиот човек на македонскиот фудбал, Масар Омерагиќ, во своето обраќање изнесе сериозни обвинувања за работењето на претходното раководство на Федерацијата, откривајќи, како што рече, шокантни финансиски и организациски состојби што ги затекнал по преземањето на функцијата. Тој посочи дека во период од само еден месец – од ноември до декември 2024 година, непосредно пред новото раководство да стапи на должност – биле потрошени околу пет ...

Нема правна или политичка гаранција што може да и се даде на македонската влада дека нема да има нови блокади од Софија, вели во интервју за ТВ240 италијанскиот амбасадор во земјава, Паоло Палминтери. „Не постои правна или политичка гаранција која може да се даде бидејќи процесот на проширување е со кластери, поглавја и мерила за овие поглавја. Тоа е многу комплицирано и секој чекор бара едногласност од европската страна, што значи дека ...

На 81 година почина Роберт Милер, бившиот шеф на ФБИ, кој како специјален обвинител ја водеше истрагата за наводното руско мешање во претседателските избори во САД во 2016, што го обележа првиот мандат на Доналд Трамп во Белата куќа. „Добро, мило ми е што е мртов. Веќе нема да може да повредува невини луѓе“, кажа Трамп за смртта на Милер. Милер беше директор на ФБИ од 2001 до 2013, откако беше назначен само неколку дена пред терористичките ...

Војо Иванов, вработен во Зоолошката градина во Скопје, објави дека посетители украле дел од подароците наменети мајмунот Мики, кој ги добил по роденденска прослава. „Правевме роденден на мајмунот Мики. Повеќе од пола поклони му ги украдоа гости (луѓе!) – на мајмунот! Толку имам да кажам“, напиша Иванов на Фејсбук. Тој објасни дека посетители влегле внатре наводно по торта. „Евентот беше надвор и на неколку минути влегле внатре – кога излегле ...

Полскиот ланец на дисконтни малопродажни продавници „Пепко“ потврди дека влегува на македонскиот пазар во јуни годинава. Првите продавници компанијата ќе ги отвори во Скопје, најави таа во објава на официјалниот профил на социјалната мрежа „Линкдин“. „Пепко“ ова го гледа како уште една важна пресвртница во амбициозната стратегија за раст на Групацијата, насочена кон насочено проширување во регионот на Централна и Источна Европа, како и ...

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денес изјави дека германските власти, со одбивање на испораки на руски енергетски производи од идеолошки и геополитички причини, го водат својот народ „до работ на бездната“. Захарова изјави дека, и покрај влошувањето на германската економија, официјален Берлин продолжува да ги игнорира последиците од откажувањето од руската енергија, што, како што процени таа, ...

Прекините на пазарот на нафта во последните денови сè повеќе ги погодуваат европските возачи, а сликите од бензинските пумпи во Словенија и Велика Британија покажуваат колку брзо стравот од недостиг може да се претвори во секојдневен хаос, објавува Еуроњуз. Во Словенија, на некои пумпи им снема бензин, дизел и масло за греење, па граѓаните почнаа да се потпираат на апликацијата „Kje je goribo“ (Каде е горивото) за да не ги посетуваат ...

Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ обвини дека ПР активностите на СДС и министерот за здравство Венко Филипче се водат од страна на Зоран Башановиќ и Милјан Шчекиќ. Според него, Башановиќ, кум на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и поранешен советник на Зоран Заев, преку својата врска со СДС ги напаѓа претседателот Вучиќ и Владата на Србија. Манасиевски го опиша Башановиќ како контроверзна личност, кој бил вклучен во естрадниот ...

Иако млекото е познато како главен извор на калциум за здравјето на коските, постојат и други намирници кои можат да го обезбедат ова, но и други важни хранливи материи. Јачината на коските не зависи само од калциумот, туку од комбинацијата на неколку минерали и витамини, од кои многу се наоѓаат во еднакви или поголеми количини во намирници што не се млечни производи, пишува „Хелт“ (Health). Лиснат зелен зеленчук Одредени видови темен лиснат ...

Според астролозите, 2026 година носи исклучителни можности за Ракот и Јарецот. Тие ќе бидат наградени за вложениот труд и упорност во изминатите години. Судбината ќе им подготви изненадувања кои ќе им донесат финансиска и лична стабилност. За Раковите, ова може да значи зголемување на приходите, бонуси или нови деловни можности кои долго ги очекувале. Понатаму, нивната емоционална состојба ќе биде подобрена, а околината ќе им пружи поддршка. ...

Американскиот актер и мајстор на боречки вештини Чак Норис, запаметен по своите улоги во филмови како „Делта Форс“ и „Исчезнати во акција“, почина на 86-годишна возраст. Норис почина во четврток наутро на Хаваи, соопштија од семејството. „Со тешко срце нашето семејство ја споделува информацијата за ненадејната смрт на нашиот сакан Чак Норис. Иако сакаме околностите да ги задржиме во тајност, ве молиме знајте дека тој беше опкружен со ...

Комеморативна златна монета со ликот на американскиот претседател Доналд Трамп е одобрена од федералната комисија за уметност. 24-каратната златна монета е наменета за одбележување на 250-от роденден на Америка на 4 јули и го прикажува Трамп со тупаници притиснати на биро. По презентацијата од страна на американската ковница, Комисијата за ликовни уметности на САД едногласно гласаше за одобрување на дизајнот, и покрај прашањата за нејзината ...

Македонија е рангирана меѓу најдобрите земји во светот во намалување на неонаталната смртност и смртноста кај децата под пет години, соопшти министерот за здравство Азир Алиу, презентирајќи ги резултатите од извештајот на меѓуагенциската група на Обединетите нации за проценка на смртноста кај децата. За помалку од една деценија, неонаталната смртност е намалена за 87 проценти – од 8,1 на 1,1 смртен случај на 1.000 живородени деца, додека ...

Пари во плик или подарок, се најчестите форми на корупција во здравството покажува истражувањето на организацијата ЕССЕ. Дел од испитаниците во анкетата кажале дека сами се понудиле. Во други случаи им било побарано поткуп. „Здравствената заштита се сведува на трансакција во која тие што имаат пари ќе платат и ќе добијат, а оние што немаат ќе останат без навремена здраствена заштита што ја продлабочува нееднаквоста во пристапот до ...

Во двата воведни натпревари од 24. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Работнички попладнево го совлада Силекс со 2-0, додека Тиквеш ѝ нанесе висок пораз на АП Брера од 6-1. Работнички до својата четврта победа во последните пет прволигашки натпревари дојде со двата гола на Попзлатанов, во 13 и 34 минута. На дуелот во Кавадарци, домаќинот Тиквеш веќе по првото полувреме имаше убедливо водство од 4-0 со головите на Стојанов (10, ...

Цените на нафтата „Брент“ денеска пораснаа на повеќе од 114 долари за барел, а европските цени на гасот скокнаа за 30 отсто на тригодишен максимум откако Иран почна напади врз клучната енергетска инфраструктура низ Блискиот Исток. Цената на суровата нафта во 9:30 часот порасна на 97,189 долари за барел, а цената на нафтата „Брент“ за 6,45 отсто на 114,187 долари. Европските фјучерси на гас за април на отворањето на амстердамската берза ТТФ се ...

Новиот закон за заштита од пушење на 24 март треба да се најде на владина седница, по што ќе биде испратен во Собранието, а министерот за здравство Азир Алиу очекува постапката да заврши за еден до најмногу еден и пол месец. Законот првично беше најавен да почне да се применува од 1 март, но беше одложен по реакциите и забелешките од угостителите и тутунската индустрија. Една од главните новини што сега се најавуваат е обврската влезот во ...

Вредноста на синдикалната минимална кошница за март изнесува 67.818 денари, пресмета Сојузот на синдикати. Споредена со вредноста на кошницата за февруари која изнесува 67.382 денари, тоа е зголемување за 436 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати, мартовската кошница се зголемува на 83.193 денари. „Зголемувањето на вредноста на синдикална минимална кошница за трите месеци јануари, февруари и март 2026 година изнесува 2.326 денари“, велат од ...

Царинската управа започна со опсежни истраги на увози на автомобили во октомври 2024 година. Притоа во период од година ипол, Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе вкупно 51 кривична пријава против 110 правни и 396 физички лица за криминал поврзан со 180 употребувани возила. Станува збор за кривични дела извршени во периодот од 2022 до ...

Нецел месец по основањето во 2022 година, компанијата „АР Груп“ склучила преддоговор со „МКМ Експрес“ за купување на деловен простор од 637 квадратни метри, плус гаражни места, за вкупна цена од 1.451.393 евра. Меѓутоа, купувачот воопшто не го уплатил авансот, по што двете страни склучуваат анекс со нова динамика на плаќање, која повторно не ја почитува купувачот. Набргу потоа, тие склучуваат и втор анекс, по што „АР Груп“ врши две уплати од ...

Владата утре на вонредна седница во 12 часот ќе носи мерки со кои ќе се ублажи ценовниот раст на горивата. -Иако земјава има убедливо најевтини горива во регионот, се очекува во понеделник да има дополнителен раст на цените на дизелот и на бенизините. Заради тоа, Владата утре во 12 часот ќе има седница на која ќе се донесат вонредни мерки за борба против високите цени на бензините со кои ќе се ублажи ценовниот скок, велат од Владата. Со ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, јасно порача дека ќе го заштити единството на партијата и нема да дозволи ВМРО да ја руши од внатре. „Суштината на оваа партија е да се постигне консензус, да се изгради консензус, да се изградат политики врз основа на различни мислења на многу луѓе и јас и раководството го правиме сето тоа во изминатите повеќе од година ипол време. Така било, така е, и така ќе биде и тоа е суштината на градењето на добри ...

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција најави дека ќе поднесе предлог-закони со кои ќе се намалат акцизите на горивата, ДДВ-то на основните прехранбени производи и преполовување на цената на патарините. Тој упати апел власта да ги прифати законските решенија со цел, како што рече, да им се излезе во пресрет на потребите на граѓаните да се намалат цените на горивата и на храната. Според него, треба да се свикаат итни ...

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави синоќешната акција на МВР во која беше уапсен директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, кадар именуван на оваа функција во јуни 2024 година. Одговарајќи на новинарско прашање запрашан за коментар околу ова апсење, членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, потенцираше дека законот мора да важи подеднакво за сите, без разлика на партиската припадност. „Ова е определбата на ...

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, Зоран Башановиќ, екс советникот на Зоран Заев го води ПР тимот на СДС и Филипче, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Пред само неколку месеци, по препорака на Зоран Заев, Венко Филипче оди во Ниш, Србија и остварува средба со Милјан Счекич, човек кој сега е задолжен за штанцање на лажните соопштенија и прес-конференции на СДС. Станува збор за човек кој работи во српската ПР ...

Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) на денешната прес-конференција од седиштето на партијата упати потсетување до новиот државен јавен обвинител Ненад Савески за јавно објавените скандали и индиции од нивна страна, за криминал и за бизнис шемите на премиерот Христијан Мицкоски во енергетиката. „Антикорупцискиот тим на СДСМ ја разоткри целата бизнис мрежа на Христијан Мицкоски во енергетиката. Голем, ...

Војната на Блискиот исток и неизвесноста кога таа ќе заврши, ги принуди голем дел од бизнисмените своите фирми да ги префрлаат во Сингапур. Неколку влијателни медиуми и светски експерти пишуваат дека Сингапур станува новото Дубаи и дека голем број на банки, компании и инвестициски фондови го селат својот капитал во Сингапур. Бизнисмени од Македонија и од регионот имаат сериозни бизниси во Дубаи па и тие веројатно размислуваат своите ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја исклучи можноста за укинување на ветото на неговата влада за заемот од 90 милијарди евра (103 милијарди долари) за Киев и за новите санкции против Москва, сè додека не продолжат испораките на руска нафта преку Украина. – Никогаш нема да поддржам каква било одлука тука која е во корист на Украина – изјави Орбан при пристигнувањето на денешниот состанок на лидерите на Европската Унија во Брисел. – Унгарската ...

Брод е погоден од неидентификуван проектил рано утрово во Оманскиот Залив, источно од Обединетите Арапски Емирати, во близина на Ормускиот теснец. Инцидентот, кој се случил 11 наутички милји источно од Хор Факан, предизвикал пожар на бродот, според Центарот за Британска поморска трговија UKMTO WARNING 024-26 Click here to read the full Warning⤵️https://t.co/8cnsC5gjR0#MaritimeSecurity #MarSec pic.twitter.com/DrUjTAtIsz — UKMTO Operations ...

Полицијата во Абу Даби денеска соопшти дека уапсила 109 лица за снимање и ширење лажни информации за војната на Блискиот Исток. Полицијата го објави соопштението на социјалната мрежа „Икс“ откако земјите од Заливот ги зајакнаа контролите на местата поврзани со иранските напади. Приведените се од различни националности, наведува полицијата. Полицијата во Абу Даби денеска соопшти дека уапсила 109 лица за снимање и ширење лажни информации за ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
49%
1014
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
2.06
61%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
57%
1016
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
2.57
51%
1016
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.75
79%
1017
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 4ᴼ
0.45
65%
1016
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
4.12
69%
1011
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
58%
1012
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
40%
1013
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 7ᴼ
3.6
81%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
54%
1017
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1009
Currency

61.6238

Currency

53.1629

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.63227

Currency

0.33549

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Рутениум

56199.51

Иридиум

258288.78

Родиум

353658.21

Сребро

2179.44

Злато

144593.23

Алуминиум

3.19

Цинк

0.00

Паладиум

44753.84

Кобалт

3.86

Бакар

10.65

Платина

61858.04

Калај

43.91