Туристичката комора при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) официјално упати барање до Министерството за туризам на Република Грција за привремено одложување на примената на новиот Entry/Exit System (EES) на граничните премини за македонските државјани во периодот од 1 јуни до 1 септември 2026 година. Иницијативата доаѓа по реакциите и укажувањата од туристичкиот сектор во земјава, кој предупредува дека евентуалната примена на ...

Македонците со своите платежни картички во странство потрошиле 427,8 милиони евра на онлајн трансакции и направиле 12,4 милиони трансакции, купувајќи производи и услуги најчесто поврзани со патувања (авиобилети и резервации на хотели), соопшти Асоцијацијата за е-трговија која ги анализираше објавените податоци од Народната банка за платежни трансакции со платежни картички според типот на уредот (географска поделба по земји) во 2025 година. Во ...

Опозициската СДСМ денес на прес конференција обвини дека зад проектот за изградба на рудник за антимон кај Крива Паланка стојат донатори на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и се кријат бизнис интереси. „Она што Христијан Мицкоски се обиде да му го продаде на народот како наводен ‘државен интерес’ и стратешки дијалог со САД, всушност е само уште еден бизнис план. Профит, пред здравје, бизнис пред народ“, изјави на прес конференција Богданка Кузеска – ...

Меѓународната референтна цена на суровата нафта од типот „Брент“ денес се искачи над 103 долари за барел. Порастот доаѓа по медиумските извештаи дека САД пресретнале најмалку три ирански танкери во азиските води, што дополнително ја зголеми неизвесноста на пазарите и стравувањата дека конфликтот на Блискиот Исток нема да заврши наскоро. Според податоците од берзите во 9:30 часот, цената на суровата нафта пораснала за 1,31 отсто на 94,213 ...

Објавен е тендерот за избор на надзор за третата фаза од пругата кон Бугарија, а за 10-ина дена треба да биде објавен и тендерот за избор на изведувач, со што во текот на летото ќе почнат работите на терен – изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски пред состанокот за активностите и плановите за проектите на Коридорот 8, кој се одржува во соработка со претставници на Делегацијата на Европската унија во Скопје. ...

Уапсен е Мухамед Мети Сејдини, поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Првичните информации до кои дојде Нетпрес велат дека се сомничи за проневера на околу 700.000 евра, пари од УЕФА доделени на ФФМ за поддршка и изградба на трибина на стадионот во Охрид. Акцијата ја спроведува МВР во соработка со Јавното Обвинителство. Неофицијално, со доаѓање на новото ракивидство на ФФМ, увидени се злоупотреби и истите се ...

Русија од мај повеќе нема да транспортира нафта од Казахстан до Германија преку нафтоводот „Дружба“, соопшти рускиот вицепремиер Александар Новак. Новак, кој е задолжен за енергетиката, изјави дека испораките на казахстанска нафта за Германија преку „Дружба“, која повеќепати е цел на напади за време на конфликтот во Украина, од 1 мај ќе бидат пренасочени поради „актуелните технички можности“. Тој додаде дека за ова ја информирал ...

Европската комисија ги повика земјите-членки на Европската Унија да бидат подготвени и координирано да дејствуваат за да се избегне недостиг на керозин во текот на претстојната летна сезона. Причината е зголемената ранливост на европскиот пазар на авионско гориво поради кризата на Блискиот Исток и неизвесноста околу Ормускиот Теснец. Според препораките на Комисијата, достапноста и оперативниот капацитет на европскиот сектор за рафинирање на ...

Милијардерот Ринат Ахметов, најбогатиот човек во Украина и газда на Шахтјот купи огромен, петкатен луксузен стан во најпрестижниот нов комплекс во Монако за неверојатни 471 милион евра (554 милиони долари), што го прави едно од најголемите поединечни купувања на имот во историјата. Први соседи му се Лепа Брена и Мадона. Имотот со 21 соба и поглед на море, купен од неговата холдинг компанија, се наоѓа во областа Маретера на кнежевството. ...

Во најновиот извештај на германскиот Федерален завод за статистика се наведува дека неколку години по завршувањето на пандемијата Ковид-19 една четвртина од вработените сè уште делумно или целосно работат дома. Пред пандемијата 13 отсто од вработените делумно работеле од дома. Најголем процент на вработени кои работата од далечина се во ИТ секторот, а најмалку се во угостителството и градежништвото. Исто така е забележано дека колку што е ...

Иран соопшти дека денеска запленил два контејнерски брода кои се обидувале да излезат од Персискиот Залив преку Ормуската Теснина, откако врз нив и врз уште едно пловило бил отворен оган. Ова се први заплени од почетокот на војната со САД и Израел во февруари. Иранската новинска агенција Тасним, блиска до Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), извести за заплените и пренесе предупредување од морнарицата дека секое нарушување на ...

Швајцарската влада денеска соопшти дека поддржува вонсудско решавање на случајот со пожарот во бар во ски-центарот Кран-Монтана, во кој загинаа десетици лица, претежно млади. Владата во Берн го назначи економистот и поранешен кантонален политичар Лоран Курт за претседател на тркалезна маса која треба да ги обедини жртвите, нивните семејства, осигурителните компании, потенцијално одговорните лица и институциите. „Курт има богато искуство во ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој е дел од владината делегација што ја предводи премиерот Христијан Мицкоски во Виена, на денешната средба со австрискиот канцелар Кристијан Штокер ги истакнал регионалните развојни проекти, со фокус на коридорите како инвестиции со најголем економски потенцијал. Николоски, како што информира преку својот фејсбук профил, се осврнал и на изградбата на брзата пруга на Коридорот 10. ...

Имаме чувство дека процесот се билатерализира, а ние сме жртва на булинг што го прави земја-членка на ЕУ по принципот – „ние сме внатре, вие сте надвор, ако сакате да бидете внатре, мора да ги прифатите нашите услови, во спротивно ќе останете надвор“. А тие услови немаат ништо заедничко со Копенхагеншките критериуми, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашање, што планира да направи Македонската влада за ...

Центарот на Сан Антонио спарс, Виктор Вембањама, доби дијагноза потрес на мозокот во вториот натпревар од осминафиналето на НБА против Портланд треилблејзерс, објави „ESPN“. Натпреварот се одигра ноќеска и заврши со победа на Портланд 106:103. Во втората четвртина, Вембањама по еден дуел со Џру Холидеј, ја изгуби рамнотежата и падна незгодно, удирајќи ја главата на подот. Дваесет и двегодишниот кошаркар не се врати на теренот после тоа. Во ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари годинава изнесувала 46.159 денари и во однос на февруари минатата година е повисока за 7,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 12,3 проценти, Рударство и вадење камен за 10,6 проценти и ...

Српските опозиционери Бранко Ружиќ и Јован Ратковиќ на средба со Димитријевиќ во Скопје за формирање на опозициски фронт, Зоран Заев и Зоран Башановиќ со директни насоки и упатства.Откако не добивме демант од страна на генералниот секретар на СДС, Александар Саша Димитријевиќ за средбата која се одржала во Скопје, денес го откриваме и вториот важен играч во целата оваа игра, објави ВМРО-ДПМНЕ. Станува збор за Јован Ратковиќ, за кој според ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Центарот за обука во Идризово присуствуваше на симулациска вежба на кандидатите за полицајци од генерацијата 2025/2026, кои во моментот се на теренско-тактичка обука во рамки на третиот модул од нивната основна обука. Вежбата започна со симулација на борбена тревога, по што кандидатите демонстрираа формации на движење, реакција, прифаќање и напад по контакт. Во завршниот дел беше ...

Со 67 гласа „за“, 13 „против“ и без ниту еден воздржан, Собранието на денешната седница ја утврди потребата од донесување по скратена постапка на Предлог-законот за изменување на Законот за Владата на Република Македонија. Со ова, законското решение ја мина првата и клучна фаза од собраниската процедура. Целта на предложените измени е суштинска – укинување на моделот на преодна, односно техничка влада, кој со години наназад беше воспоставуван ...

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека во моментов нема добиено официјална нотификација преку Системот за брзо известување за небезбедни производи на Европската унија (RASSF) дека на македонскиот пазар е дистрибуиран небезбеден производ од брендот HiPP. Станува збор за храна за бебиња во стаклена тегличка од 190 грама, со вкус на морков и компир, која е предмет на повлекување и истрага во Австрија и неколку европски земји. Од АХВ ...

Социјалдемократски сојуз на Македонија денеска го повтори своето барање за организирање локален референдум во Крива Паланка на кој граѓаните на овој град ќе се изјаснат дали се за отворање рудник за антимон. Првично социјалдемократите ова прашање го отворија во неделата, а во денешното писмено соопштение го прозиваат градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, кој доаѓа од нивните редови, посочувајќи дека тој не може сам да одлучува или ...

Премиерот Христијан Мицкоски во Виена остварил средба со нашите сограѓани од македонската дијаспора, со кои, како што објави, разговарале отворено за предизвиците, но и за можностите што ги имаме како држава. Мицкоски, како што објави на својот Фејсбук профил, на средбите повикал „да размислат за враќање, за инвестирање и за активно вклучување во развојот на државата“, посочувајќи дека „како Влада, работиме посветено да создадеме стабилна и ...

Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, гостуваше во Тема на денот на телевизија Сител, и кажа дека попладнево пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за пратеници, каде се предвидува еден дополнителен услов, односно, пратеник во Собранието да може да стане само лице кое има само македонско државјанство, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Тој вели дека ...

Тројно убиство се случи во населбата Стари Аеродром во Подгорица, Црна Гора, а полицијата објави дека се пронајдени безживотни тела на тројца мажи. Се верува дека злосторството се случило во текот на ноќта во изнајмен стан, пишува Vijesti.me. Полицијата интензивно трага по Вехид Муриќ од Рожаје, кој е осомничен дека ги извршил убиствата. Како што дознава Vijesti, меѓу убиените се браќата Денис Хот(28) и Незрин Хот(27), исто така од Рожаје. ...

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, денеска изјави дека тројца доктори кои примиле повисоки плати вратиле вкупно 25 илјади евра во буџетот на здравствениот систем, откако било утврдено дека им биле неправилно пресметани примањата, односно дека добиле повеќе средства од тоа што законски им следувало. Клековски прецизираше и дека не станува збор за лекарот кој претходно беше посочен од премиерот Христијан Мицкоски ...

Соединетите Американски Држави се подготвени за воена акција против Иран, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за телевизијата Си-ен-би-си. Тој нагласи дека не сака да го продолжи рокот на примирјето со Техеран, кој истекува утре во 20:00 часот по источноамериканско време (односно на 23 април во 03:00 часот по средноевропско време). Американскиот претседател додаде дека Вашингтон се наоѓа во силна преговарачка позиција, ...

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски истакнува дека системот во земјава е инклузивен, сеопфатен и насочен кон тоа ниту еден граѓанин да не остане без здравствено осигурување. Тој посочува дека државата, како социјална, обезбедува покривање и за лицата без приходи, додека истовремено се спроведуваат повеќе реформи за унапредување и модернизација на системот. „Системот на здравствено осигурување е вклучителен и ...

Десетина студенти со незавршени соодветни додипломски студии биле незаконски запишани на магистерски и докторски студии на Филозофскиот факултет. Скандалот го откри Просветниот инспекторат кој донел решенија за поништување на уписите поради неисполнување на законските услови. А го потврди и министерката за образование Весна Јаневска. Таа го чека извештајот на Факултетот за да донесе конечно решение. А студентите, поради прекинот во студиите ...

Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, се соочува со обвинение за кривично дело „компјутерски фалсификат“, откако, според обвинителството, две години по ред испитот за безбедносен сертификат го полагало друго лице во нејзино име. Станува збор за ревизорот во Државниот завод за ревизија, Миле Столевски, кој, според презентираните докази, користел нејзини пристапни податоци за да се ...

Здравствената состојба на Ратко Младиќ е сериозно нарушена, а според последните информации, неговата состојба е оценета како многу сериозна. Како што е потврдено, српските лекари треба да го прегледаат во Хаг, каде што моментално ја издржува казната. Според синот Дарко Младиќ, за состојбата на генералот се очекуваат по новите прегледи но прогнозите не се оптимистички. Хашкиот трибунал засега одбива да го пушти на слобода. Здравствената ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
26%
1012
weather icon

Белград

26ᴼ / 26ᴼ
3.13
34%
1010
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
64%
1010
weather icon

Софија

24ᴼ / 23ᴼ
2.06
29%
1013
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
2.13
37%
1012
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
2.06
92%
1010
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
5.66
38%
1015
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
73%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
52%
1017
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 24ᴼ
5.14
37%
1013
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
7.2
40%
1009
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
34%
1016
Currency

61.635

Currency

52.6778

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Рутениум

51376.89

Алуминиум

3.57

Злато

166450.52

Платина

64172.89

Бакар

12.06

Иридиум

253540.09

Сребро

2840.84

Кобалт

45.39

Родиум

319899.93

Цинк

3.35

Паладиум

48883.97

Калај

50.03