Меѓународниот ден на жената – 8 март се прославува секоја година во сеќавање на протестот на текстилните работнички во Њујорк со барање за поголеми права, одржан на овој датум во 1857 година. Обединетите нации почнаа да го чествуваат овој ден од 1975 година, а две години подоцна Генералното собрание на ОН ги повика земјите членки да го прогласат 8 март за официјален празник на Светската организација посветен на правата на жените и светскиот ...

Eвакуацијата на македонските државјани од земјите од Блискиот Исток, која ќе се реализира со комерцијални чартер-летови, ќе започне денеска, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Од Министерството информираа дека склучиле договор со авиокомпанија, согласно Законот за јавни набавки, по спроведена соодветна постапка. Согласно утврдениот план и предвидената динамика, се очекува до средината на следната недела да ...

Koj вели дека големите концерти се резервирани само за пејачите од регионот? Дека македонската публика сака домашни изведувачи доказ е вчерашниот концерт на Влатко Лозановски во „Борис Трајковски“. Полна сала пее македонски хитови. Лозано има глас, песни, а фановите му возвраќаат пеејќи заедно со него. Не се само песните, туку настапот беше збогатен со танчерки и неколку гости. Мики Јовановски-Џафер, Александра Јанева и Пере Нокаут. Јако ...

Откако беше слободен во првото коло, Новак Ѓоковиќ славеше во второто коло на Индијан Велс против Полјакот Камил Мајхшак со 2:1 во сетови. Почетокот на мечот воопшто не беше според планот на Ѓоковиќ. Првиот сет го загуби со 6-4.Ѓоковиќ го доби вториот сет со убедливи 6:1. Во третиот сет при резултат 2:2 во гемови, по голема борба Ѓоковиќ успеа да направи брејк и едноставно да го скрши отпорот на противникот. По тој освоен гем, Ѓоковиќ ...

Парите им се лепат за рацете на овие 2 хороскопски знака – од пролет живеат без да се грижат за парите. Овие два знака ќе уживаат во период на финансиски просперитет почнувајќи од пролетта. Ѕвездите укажуваат дека им се отвораат неочекувани можности за дополнителна заработка, а инвестициите и бизнисите што ги започнуваат сега можат да донесат значителен профит. Вистина е за нив – парите им се лепат за рацете и можат да планираат за иднината ...

Британскиот амбасадор во земјава Метју Лосон ги демантира тврдењата дека постојат и дека постоеле преговори меѓу Лондон и Скопје за прифаќање мигранти. Во интервју за емисијата „Европат“ на ТВ 24, Лосон истакнува дека британската влада ниту преговарала, ниту има намера да наметнува решенија што би биле неприфатливи за македонската влада. Нагласува дека таков договор не постои и никогаш не постоел. Во разговорот, амбасадорот се осврнува и на ...

Кипар би поднел апликација за членство во НАТО „уште утре“, но тоа во овој момент е политички невозможно – порака што претседателот Никос Христодулидис ја испрати на 7 март 2026, во време кога островот повторно се најде на безбедносна мапа поради нападите и ескалацијата во поширокиот регион. Оваа изјава звучи како дипломатски сигнал за подготвеност, но зад неа стои старо ограничување што Кипар не може да го „прескокне“: НАТО прима нови членки ...

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул предупреди на нов бран миграција кон Европа во светлината на регионалните последици од војната во Иран. „Ситуацијата создадена од војната е драматична во некои аспекти“, рече Вадефул на состанокот со неговиот холандски колега Том Берендсен во Берлин. Тој додаде дека затоа тие мора да обезбедат и многу внатрешно раселени лица да не станат нов бран бегалци. Германската влада сака да ја ...

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social објави дека Иран бил жестоко нападнат, тврдејќи дека Техеран бил принуден да попушти под притисокот на американските и израелските напади. Трамп вели Иран им се извинил на своите соседи на Блискиот Исток и ветил дека нема повторно да ги нападне. – Ова ветување е дадено само поради континуираните напади на САД и Израел, напиша Трамп. Тој додаде и дека Иран претходно ...

Б-1 Лансер, долг околу 44,5 метри, има распон на крилјата од околу 41,8 метри, тежи 86 тони и е најбрзиот бомбардер на американските воздухопловни сили, според Боинг, достигнувајќи брзина од повеќе од 1.450 километри на час. „Коската“ има напредни радарски и GPS системи за да му помогнат да ги таргетира целите, како и електронски блокирачи, радарски предупредувања и систем за мамка за да се избегне откривање од страна на непријателот. Б-1, ...

Бугарија му забранила влез во земјата на адвокатот Тони Менкиноски, до 2036 година, кој вели дека во официјалниот документ што го добил стоело дека наводно тој претставувал закана за националната безбедност на Република Бугарија. Менкиновски на денешната прес-конференција изрази сомневање дека ваквата мерка е директно поврзана со неговата работа како адвокат кој ги застапува Македонците во Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека деновиве се очекува да завршат консултациите и Владата да излезе со предлог-име за нов државен јавен обвинител. -Следнава недела очекуваме да финишираат консултациите и да излеземе со предлог име кое ќе го испратиме до Парламентот – рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на нов кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. Премиерот Христијан ...

Дубаи, градот што со години го продаваше луксузот како „безбедна рутина“, одеднаш доби поинаква мерна единица за ризик: денови свежа храна на полиците. Во јавноста излезе проценка дека залихите на свежи производи – овошје, зеленчук, млечни производи и билки – се доволни за околу десет дена, поради прекинати синџири на снабдување во услови на војна и нападната логистика во Заливот. Проценката е врзана за логистички мониторинг на глобален ...

Има доволо нафта и нафтени деривати, граѓаните треба да бидат спокојни, а Владата веднаш ќе интервенира ако има драматичен скок на цената, порача денеска премиерот Христијан Мискоски. Одговорајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на новиот кампус на Униветзитетот „Мајка Тереза“’, Мицкоски напомена дека не би ги коментирал одлуките на Регулаторната комисија за енергетика, зашто таа институција е, рече, независна и носи ...

Околу 200 ученици ќе се примаат во првата, односно 25 класа на новото државно Средно полициско училиште – Полициска академија, за кое јавниот повик за учебната 2026/2027 година се очекува околу 1 јули. Со него ќе се возобнови средното полициско образование по пауза од 26 години, односно од завршувањето на последната генерација (1996-2000) пред укинувањето на тогашниот Центар за образование на кадри од областа на безбедноста (ЦОКОБ) „Елисие ...

Форумот на жени на СДСМ најави протестен марш за утре (8 Март) со барање за оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, по трагедијата во Карпош и, како што велат, низа институционални пропусти во справувањето со семејното насилство. Маршот ќе се одржи во Богданци со почеток во 12 часот, а организацијата најави и поддршка за граѓанскиот марш во Скопје. Во обраќањето, претседателката на Форумот, Каја Шукова, порача дека јавноста ...

Нашата визија е јасна – образованието мора да биде темел на развојот на државата. Нема силна економија без силни универзитети, нема модерна држава без образовани и мотивирани млади луѓе, порача премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на поставувањето камен-темелник на нов кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. Како што истакна Мицкоски, кампусот ќе се гради на површина од 31.000 метри квадратни и ќе претставува современ ...

Пратеникот Битиќи призна дека СДС нема да бидат конкурентни на следните избори, рече Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција. -Поранешниот вицепремиер во Владата и потпретседател на СДС, Фатмир Битиќи, отворено кажува дека СДС немаат никакви шанси за добар резултат на следните избори кога и да бидат. Ве поканувам да го проследиме видеото. Почитувани, Додека од една страна, Филипче бара предвремени избори, Битиќи и останатите ...

Викендов би можел да донесе неочекувани пресврти, средби или вести за некои хороскопски знаци што ќе ги променат нивните планови. Додека некои ќе добијат можност што не ја очекувале, други би можеле да доживеат изненадување во љубовта, работата или врските со луѓе кои им се важни. Астрологијата често нагласува дека моменти како овие се резултат на низа мали околности што конечно се совпаѓаат – и токму тоа би можело да се случи за четири ...

Министерството за здравство (МЗ) и Град Скопје го потпишаа Договорот за изградба на паркинзи во рамки на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Договорот е на 15 години, со 10 отсто закупнина од вкупно остварениот промет. Во првата фаза е предвидена изградба на два современи монтажни паркинга, со најмалку 500 паркинг места, кои се очекува да бидат ставени во функција до втората половина на наредната година. Паркинзите ќе бидат, пред се, наменети ...

Иран негира дека целосно го затворил на Ормускиот теснец, витална глобална рута за извоз на сурова нафта, јави ДПА. Портпаролот на иранските вооружени сили, Аболфазл Шекарчи, синоќа на државната телевизија изјави дека Ормускиот теснец не е блокиран. Сите бродови имаат дозвола да поминат, освен американските и израелските бродови. Тие немаат работа таму, рече Шекарчи. Сепак, тој призна дека во време на војна е невозможно да се гарантира дека ...

Неколку експлозии одекнаа утрово во близина на меѓународниот аеродром Мехераб во Техеран, објави иранската новинска агенција Тасним. Инфраструктурата на аеродромот веќе беше погодена во американско-израелските напади во изминатите денови. Израелската војска најави „нов бран големи воздушни напади“ врз владини цели во Техеран, каде што голем број луѓе се собраа во петокот на првата молитва по смртта на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али ...

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави нов голем работнички протест кој ќе се одржи на 14 март во Скопје, со барање за зголемување на минималната и на останатите работнички плати. На прес-конференција во Работничкиот дом, претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, информираше дека протестот ќе започне во 12:05 часот и ќе се движи од пред Работничкиот дом кон Собранието, Стопанската комора и Владата. ССМ бара минималната плата да ...

По пет месеци пад, светските цени на храната се зголемија во февруари – објави Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Индексот на цените на храната на ФАО, која ги следи месечните промени во кошничката на меѓународно тргувани прехранбени производи, во просек изнесува 125,3 поени во февруари, што е зголемување од 124,2 поени во јануари. За 1,1 процент е зголемен индексот на цените на житарките во однос на јануари ...

Доколку војната на Блискиот Исток продолжи, многу светски економии би можеле да пропаднат, а сите извозници на енергија во регионот погоден од војна би можеле да бидат принудени целосно да го запрат производството во следните неколку недели, што би можело да ја зголеми цената на барел нафта на вртоглави 150 долари во истиот период. Катар е втор најголем производител на течен природен гас во светот, а по иранскиот напад врз постројките во Рас ...

Унгарија ќе ги протера сите седум украински државјани кои беа приведени во земјата додека превезувале готовина и злато од Австрија кон Украина, соопшти денеска унгарскиот владин портпарол Золтан Ковач. Тој додаде дека тимот што го пренесувал товарот бил „предводен од поранешен генерал на украинската служба за безбедност“, со поранешен мајор од украинските воздухопловни сили како негов заменик, а бил поддржан и од лица со воено искуство. ...

Апсолутно состојбата е во ред и ние ја следиме. Нема никаков проблем и нема потреба од создавање паника кај граѓаните дека нема да има нафта, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Одговорајќи на новинарски прашања по панелот за растот на економијата во Владата, Димитриеска-Кочоска информира дека вчера во Министерството се одржал состанок со нафтените компании и ниту една од нив не кажала, како што рече, дека има ...

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека сака целосна промена на иранската владејачка структура и дека веќе има неколку имиња на ум за „добар лидер“ што ќе ја преземе земјата. Коментарите на Трамп доаѓаат во услови на зголемени тензии и воени акции, а следеа по смртта на врховниот лидер на Иран, Хамнеи, минатиот викенд, објави Ен-Би-Си Њуз. Во телефонско интервју за Ен-Би-Си Њуз, Трамп беше директен. „Сакаме да влеземе и да ...

Цените на нафтата денес нагло пораснаа на меѓународните пазари и се приближија до 91 долар за барел, што е резултат на растечките стравувања меѓу инвеститорите дека војната меѓу САД, Израел и Иран може да се одолговлечи, додека снабдувањето со енергенси од Блискиот Исток е загрозено поради блокадата на Ормускиот Теснец. На лондонскиот пазар, барел нафта попладне се тргуваше по цена повисока за 5,45 долари во однос на вчерашното затворање и ...

Согласно законските измени во делот на управната постапка која се однесува на возачките дозволи и начинот на извршување на прекршочната санкција „Забрана за управување со моторно возило“, определена со правосилни судски пресуди, извршувањето на забраната повеќе не се врши со физичко впишување во возачката дозвола. Со ова се укинува потребата граѓаните дополнително да плаќаат за издавање нова возачка дозвола со впишана забрана, со ист рок на ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
2.57
61%
1015
weather icon

Белград

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
60%
1016
weather icon

Загреб

6ᴼ / 6ᴼ
3.6
57%
1015
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
0.51
52%
1017
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
4.53
88%
1017
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
81%
1015
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
5.14
72%
1011
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
62%
1012
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
46%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
76%
1016
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
58%
1018
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
3.6
92%
1010
Currency

61.6238

Currency

53.1629

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.63227

Currency

0.33549

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Иридиум

258288.78

Алуминиум

3.19

Калај

43.91

Цинк

0.00

Рутениум

56199.51

Злато

144593.23

Платина

61858.04

Бакар

10.65

Сребро

2179.44

Паладиум

44753.84

Родиум

353658.21

Кобалт

3.86