Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Осудениот воен злосторник и поранешен генерал на босанските Срби – Ратко Младиќ (84), доживеа мозочен удар. Тој е во сериозна состојба, тврди неговиот син Дарко Младиќ. Младиќ отслужува доживотна казна затвор во Хаг, каде што е осуден за низа воени злосторства, меѓу кои најтежок е геноцидот во Сребреница. Неговиот син изјави дека доживеал мозочен удар во петокот, 10 април, но дека семејството сè уште не ја добило медицинската документација. ...
Гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ја предводат делегацијата од нашата земја којашто учествува на Пролетните средби на групацијата на Светскатa банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон, САД. Како дел од делегацијата на Народната банка, на овие средби, ќе земат учество и вицегувернерите Ана Митреска и Фадил Бајрами. Предвидено е делегацијата да оствари ...
Утврден е идентитетот на напаѓачот кој изврши вооружен напад во средно училиште во турскиот град Кахраманмарас. Станува збор за Иса Арас Мерсини, ученик од осмо одделение во ова училиште. Таткото на напаѓачот, Угур Мерсини, исто така е приведен. Гувернерот на Кахраманмарас, Мукерем Унлуер, објави дека во пукањето се убиени четири лица, меѓу кои еден наставник и тројца ученици, додека други 20 лица се ранети. На социјалните мрежи се појави ...
Во обид да се зголеми притисокот врз Иран пред разговорите, најверојатно повторно во Пакистан, Пентагон испраќа нови шест илјади трупи на Блискиот Исток на веќе постоечките 50 илјади, пишува Вашингтон Пост. Додека Иран уверува дека нема да подлегнат на притисоци, последните информации велат дека Трамп настојува на финален договор пред да го пречека британскиот крал Чарлс кон крајот на месецов во Вашингтон. -Дали оваа војна е завршена? Мислам ...
Во периодот од 2020 до 2026 година, Управата за јавни приходи евидентирала десетици илјади случаи на приливи од странство кај физички лица, при што за 2020 година биле испратени 11.527 известувања за можен оданочив доход, а за 2025 година биле регистрирани 70.869 лица со приливи од странство во вкупен износ од 577 милиони евра, беше истакнато на денешниот брифинг со новинарите што го одржа директорката на УЈП Елена Петрова. Како што беше ...
Членот на Шкаљарскиот клан – Крсто Вујиќ е тешко ранет во Барселона, потврди Подгорица Вијести. Шпанските медиуми објавија дека едно лице е тешко повредено во пукотницата што се случила непосредно пред 16:00 часот во населбата Дијагонал Мар во Барселона. Полицијата ги истражува мотивите на нападот, како и бројот на луѓе што учествувале во него, според шпанските медиуми. Досега никој не е уапсен. Беше објаснето дека мажот бил на терасата на ...
Најмалку четири лица се убиени, а 20 се повредени во пукотница во училиште во Турција. Ова е втора пукотница за само два дена во земјата. Вооружениот напаѓач отворил оган во средното училиште „Ајсер Чалик“ во Караманмараш, објавува „Дејли меил“. A gunman has opened fire at a school in Kahramanmaraş, Turkey, in a fresh attack that comes just two days after another school‑shooting incident in southeastern Turkey. Reports so far indicate ...
„Пошта на Република Македонија“ доби 100 нови возила, инвестиција што треба да ја подобри ефикасноста на поштенските услуги. Од нив, 90 се мали комерцијални возила или популарно наречени пикапи, а 10 се големи комерцијални возила или комби. На денешната промоција на новите возила присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на „Пошта“, Орхан Куртиши. Заедно посочија дека ...
Немам информации, но имам чувство дека високи функционери од претходната влада на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), како поранешни премиери и нивни блиски од семејствата, ќе бидат опфатени со одредени прогони. Ова денеска го рече премиерот Христијан Мицкоски на промоцијата на новиот возен парк на „Пошта“ како одговор на новинарско прашање за ставовите на опозициската СДСМ во врска со одговорноста на поранешниот премиер Никола Груевски, кој ...
Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети од Тирана ги повика властите во Скопјe да ги почитуваат постигнатите договори што ги гарантираат правата на Албанците во земјата. Ахмети учествуваше на отворањето на четвртиот Самит на албанската дијаспора во албанската престолнина Тирана. На настанот присуствуваа и Фатмир Лимани, министер за труд и социјална политика, како и претседателот на Собранието на Северна Македонија Африм ...
На свечена церемонија во Скопје, претседателката Гордана Сиљановска – Давкова постхумно го одликува д-р Анастас Коцарев со Орденот „Илинден 1903“ за неговиот исклучителен придонес во медицината и борбата за независна Македонија. Коцарев, роден во Охрид во 1890 година, бил еден од пионерите на радиотерапијата и радиографијата, соработувал со нобеловката Марија Кири и истовремено активно се залагал за македонската кауза преку студентските и ...
Американскиот медиум „Си-ен-ен“ пишува за Македонија, како европска туристичка дестинација, што, според медиумот, е една од оние кои неправедно остануваат во сенка на најпопуларните туристички центри. Во најновото издание на туристичкиот билтен на „Си-ен-ен Травел“, Македонија е опишана како „драматично планинска дестинација“, со природни пејзажи што комбинираат зелени долини и врвови покриени со снег, со сончева клима и разновидна ...
Поради скината цевка во сегмент од котел, ТЕ Битола 3 е исклучен од електроенергетската мрежа. Од АД ЕСМ информираа дека термоблокот Битола 3 бил исклучен вчера во 18 часот, и преземени се активности за вклучување на термоблокот Битола 1, што се очекува да биде синхронизиран на мрежа во текот на денов. Поради поволната хидролошка состојба и намалениот конзум, РЕК Битола и во изминатиот период работеше со еден блок, а истиот режим на работа ќе ...
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува загриженост во однос на изјавата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во која беа изнесени обвинувања и квалификации за политичка и финансиска зависност на ТВ Алфа. -Јавното етикетирање и инструментализација на медиумите во политички конфронтации не е во согласност со демократските принципи, ниту со гарантираната слобода на изразување. Апсолутно е недозволиво носител на јавна ...
ЖЕНА која се бореше со три опасни по живот автоимуни болести повеќе од една деценија се врати во речиси нормален живот откако клеточната терапија го „ресетираше“ нејзиниот нарушен имунолошки систем. Научниците истакнуваат дека ова е прв ваков случај во светот, а третманот покажа извонредни резултати во рок од неколку недели, пишува The Guardian, а пренесува Index.hr Пред да добие третман во Универзитетската болница Ерланген во Германија ...
Распаѓањето на Европската Унија само ќе се забрза по поразот на партијата Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан на парламентарните избори, изјави Кирил Дмитриев, раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции и специјален претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странски земји. „Ова само ќе го забрза распаѓањето на ЕУ. Проверете за четири месеци ако сум во право“, напиша Дмитриев на социјалната мрежа X, ...
Зголемените трошоци за енергија и работна сила во Германија и зголемениот економски притисок ги туркаат многу компании на работ на колапс. Ова го предупредија канцеларот Фридрих Мерц неколку здруженија на транспортната индустрија во отворено писмо објавено во саботата. Тие го повикаа Мерц брзо да дејствува во врска со кризата со трошоците, истакнувајќи дека шпедитерите, логистичките компании, патниот транспорт на стоки, како и операторите за ...
Според астролошките толкувања, следните десет години ќе им донесат на Јарците силен напредок во областа на парите, кариерата и општественото влијание. Јарците се познати по својата упорност, дисциплина и трпение. Со години, тие се подготвени да работат тивко и без многу помпа, фокусирани на целта. Токму овој пристап сега би можел да им донесе сериозни резултати. Наместо бавниот напредок на кој се навикнати, тие влегуваат во фаза во која ...
По повеќе од 10 години без ниту една трага, редок вид јагуар повторно е забележан во планинскиот венец Сиера дел Мерендон во Хондурас, предизвикувајќи возбуда и внимание меѓу заштитниците на природата ширум светот. Според најновите податоци, присуството на големата мачка е потврдено благодарение на фотостапици поставени длабоко во планините, каде што човечкиот пристап е речиси никаков. Снимката е прв доказ за присуството на јагуарот во ...
Министерството за економија и труд соопштува дека во соработка со Државниот пазарен инспекторат, изработи компаративна анализа на цените на основните прехранбени и непрехранбени производи, која покажува дека во периодот од 1 февруари до 1 април годинава е регистриран минимален пораст на продажните цени, додека дел од притисокот од зголемените набавни цени е апсорбиран од трговците. Анализата ги опфаќа цените на 55 најпродавани производи, ...
Според соопштението на Централната команда на САД (CENTCOM), повеќе од 10.000 американски морнари, маринци и пилоти учествуваат во поморската блокада на Ормутскиот теснец, поддржани од повеќе од десетина воени бродови и десетици авиони. „Повеќе од 10.000 американски морнари, маринци и пилоти, заедно со повеќе од 12 воени бродови и стотина авиони, спроведуваат мисија за блокирање на бродовите што влегуваат и излегуваат од иранските ...
Македонските ракометни судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов официјално се суспендирани на две години од Европската асоцијација (ЕХФ). Покрај суспензијата македонските судии ќе треба да платат и парична казна од по 5.000 евра за сторениот прекршок пред стартот на последното Европско првенство. -Пред машкото Европско првенство годинава, ЕХФ ја повлече номинацијата на двајцата судии од Македонија поради наводна манипулација со прикачените видео ...
Федерација на италијански медиуми организира нов штрајк на 16 април поради тоа што националниот колективен договор во областа на новинарството истече пред 10 години, а сè уште не е склучен нов. Новинарите исто така бараат поголема заштита на нивните права и подобрени услови за работа. – Во време кога вештачката интелигенција влегува во светот на медиумите, не може да недостасува колективен договор, што би регулирал, како да се користи ...
Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денеска пред судот рече дека ја разбира содржината и не го признава делото и не се чувствува виновна за кривичното дело за кое се товари – одавање службена тајна и компјутерски фалсификат. „Сметам дека не сум сторила ништо за што сум обвинета“,рече Димитровска. Димитровска при произнесувањето пред судот рече дека сега е вработена во ...
Еден од осомничените во случајот „Сараево Сафари“ даде исказ пред истражителите на судот во Милано и негираше дека учествувал во „викенд снајперистството“ на граѓаните на Сараево, и покрај неговите претходни изјави за спротивното. Испитувањето на 64-годишникот од покраината Александрија, поранешен ловџија, еден од четворицата осомничени во случајот „викенд снајперист“, се одржа вчера. Неговиот адвокат, Личија Сардо од Адвокатската комора на ...
Претседателот на словенечкиот парламент, Зоран Стевановиќ, изјави дека неговата партија Ресница ќе инсистира на организирање референдум за излгување на Словенија од НАТО додавајќи дека ќе го исполни ова предизборно ветување, јави националното радио РТВ Сло. Во интервјуто, Стевановиќ најави и можна скорешна посета на Москва со цел, како што рече, „обнова на мостовите меѓу Истокот и Западот“. „Ресница“, чиј лидер е Стевановиќ, има пет ...
Во Шанлиурфа, во јужна Турција, утрово се случи вооружен инцидент во средно стручно училиште во округот Сиверек, а првите детали од местото на настанот ги откри гувернерот Хасам Шилдак, кој потврди дека напаѓачот извршил самоубиство. Напаѓачот е поранешен ученик во училиштето. Тој посетувал само 9-то одделение, по што се префрлил на отворено (воннаставно) образование. Роден е во 2007 година. Откако бил опкружен со интервенција на училиштето и ...
Новоименуваниот претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Ацо Ристов, денеска официјално ја презеде функцијата од досегашниот заменик-претседател Лирим Сулејмани. На чинот на примопредавање, Ристов беше детално информиран за клучните процеси во секторите енергетика, водни услуги и новиот сектор – управување со комунален отпад. На првиот работен состанок со членовите на комисијата, во центарот на вниманието беше справувањето ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја коментираше победата на Петар Маѓар во Унгарија, и зборуваше за евентуална екстрадиција на екс премиерот Никола Груевски кој е во Унгарија, а Маѓар најави дека ќе го екстрадира. Најпрво сакам да му честитам на Петар Маѓар. Ние имавме блиска соработка со Орбан, но граѓаните јасно ја дадоа поддршката на Маѓар. Очекувам да води про-европски политики, про-интегративни и очекувам поддршка за членство во ЕУ ...
На југот на Турција, утрово се случи вооружен инцидент во средно стручно училиште во округот Сиверек, кога вооружен маж наводно влегол во училишната зграда и отворил оган со пушка. Според „Дејли меил“, најмалку 18 лица се повредени, вклучувајќи и ученици. #SONDAKİKA | Şanlıurfa’da bir liseye silahlı saldırı düzenlendiği bildirildi. ⚫ Olay sırasında bazı öğrencilerin panik halinde kaçmak için camdan atladığı belirtilirken, yaralanma olduğu da ...