Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Светскиот рекет број 1, Карлос Алкараз, се осврна на неговата борба со Јаник Синер за тронот на АТП ранг-листата. Во моментов Алкараз е лидер со 12.690 поени, додека Синер има 12.500. – Јаник има неколку големи турнири пред себе каде што може да освои многу поени. Додека јас тешко да ги одбранам моите. Ќе биде тешко, но тоа е убавината на нашето соперништво. Тој повторно ќе стане број 1 во светот и ќе се залагам колку што можам за да ја врати ...
Косуке Јасухира е нов ракометар на ГРК Охрид. Јапонецот доаѓа на позајмица до крајот на оваа сезона да и помогне на екипата во остварување на што подобри резултати во историската сезона на клубот. – Пресреќен сум што се враќам во Македонија, во тимот има добри мои пријатели од Вардар, едвај чекам да заиграм за Охрид утре против Тиквеш, па потоа да можам да им помогнам на моите соиграчи за поуспешна сезона. Среќен сум за ваквиот пречек од ...
Собранието на Македонија ги изгласа измените во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со што се воведува долгоочекуваната новина за возачите. Со оваа законска измена, секој што поседува возачка дозвола од „Б“ категорија ќе може легално да управува мотоцикл со зафатнина до 125 см³, без потреба од целосно полагање за „А“ категорија. Сепак, за да го искористат ова право, возачите ќе мора да исполнат неколку клучни критериуми: – Да ...
Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископоот охридски и македонски, г.г. Стефан, и членовите на Светиот архијерејски синод, упатија пасхално послание по повод велигденските празнувања: „Возљубени празникољупци, Еве, и оваа година милостивиот Бог нè удостои да го дочекаме празникот над празниците – Велигден! Исполнети со веселие, кое извира од серадосниот восклик „Христос воскресе!“, ја исповедаме ...
Вицегувернерите на Народната банка, Ана Митреска и Игор Величковски, денеска дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши, со што официјално стапија на функциите. Собранието вчера ги избра Митреска и Величковски за вицегувернери на Народната банка со мандат од седум години, по предлог на гувернерот Трајко Славески. Ана Митреска е реизбрана за втор мандат на функцијата вицегувернер, откако првпат беше именувана во октомври ...
Израел го изврши најжестокиот бран воздушни напади врз Либан од почетокот на тековната војна, а според податоците на либанските служби за цивилна заштита, повеќе од 250 луѓе беа убиени, додека повеќе од 1.100 беа ранети, во текот на вчерашниот ден Нападите се случија само неколку часа откако беше објавено двонеделно примирје меѓу САД и Иран, што накратко разбуди надежи во Либан дека борбите би можеле да завршат. Израелската војска соопшти ...
Собранието, попладнево, во рамките на 97. седница, со 68 гласа „за“ и 15 „против“ го избра Ацо Ристов за претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). – Ацо Ристов е дипломиран електроинженер со долгогодишно работно и проектно искуство во секторите енергетика, хидроенергија, водоснабдување, третман на води, рударство и инфраструктурни системи. Искусен менаџер со докажана ...
Владите на Македонија и на САД објавија заедничка изјава по одржувањето на втората сесија на Стратешкиот дијалог во Вашингтон, предводена од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и заменик-државниот секретар Кристофер Ландау. Заедничката изјава е достапна на веб-страницата на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Според неа, договорот вклучува купување течен природен гас од САД, ...
Европската унија де факто ги смени критериумите за членство, оцени денес поранешниот претседател Стево Пендаровски во своето обраќање на дебатата „Навигација на европскиот пат: Можности и предизвици “, организирана во Скопје од претседателскиот кабинет и меѓународни организации. Според него од мировен ЕУ се обидува да стане безбедносен проект, аргументирајќи го тоа со актуелниот „моментум“ за проширувањето и фактот дека оддеднаш Украина и ...
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс денеска изјави дека по постигнатото примирје со Иран, судирот во Украина е „најтешката војна која треба да се реши“ и упати критика кон европските лидери дека „не прават доволно“ за тоа прашање. Венс, на предавањето пред студентите во Будимпешта, истакна дека примирјето со Иран е успех на „американската решителност“ и оти САД 14 месеци работат на постигнување на мировен договор помеѓу Москва и Киев и оти е ...
Полицијата уапси 11 лица во врска со пукањето пред израелскиот конзулат во Истанбул. Пукањето се случи вчера попладне во населбата Бешикташ кога тројца вооружени лица, за кои се верува дека имаат врски со Исламска држава, се судрија со полицијата пред израелскиот конзулат, објави НТВ. Еден напаѓач е убиен, а двајца други се ранети и уапсени. Во последователна операција на екипи од Одделот за борба против тероризмот на Полициската управа во ...
Во првиот квартал годинава становите во Скопје поскапеле за 16,7 проценти на годишно ниво, а за 0,1 процент на квартално, покажува индексот на цени на недвижности што го објавува Народната банка, врз основа на податоци кои се однесуваат на огласени станови за продажба на територијата на главниот град. Минатата година, во првиот квартал становите забележаа годишно поскапување за 19,5 проценти, во вториот за 19,9 проценти, во третиот од 25,1 ...
Австралијанец со потекло од Македонија е сопственикот на фирмата кој нашата делегација го однесе на стратешкиот дијалог со САД, за да потпише договор за финансиска поддршка во износ од пет милиони долари за истражување критични минерали во Македонија. Станува збор за Ник Јовановски, извршен директор на „Пела глобал лимитед“, фирма чија главна стратшка цел е наоѓање злато, сребро и антимон во Македонија, која веќе е инсталирана тука и длабоко ...
Цените на европскиот природен гас нагло паднаа во денес, намслувајќи се за речиси 20% од претходната сесија, бидејќи привременото прекинување на огнот меѓу САД и Иран ги намали стравувањата за снабдување поврзани со Ормутскиот теснец. Референтните цени во холандскиот центар за пренос на титули (TTF), најликвидниот гасен центар во Европа, се отворија на 42,9 евра (50,13 долари) за мегават-час, што е намалување од претходното затворање од 53,2 ...
Сериозни сомнежи за злоупотреба на видеонадзор и нарушување на приватноста се отвораат во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), каде што вработени протестираат дека директорот Оливер Миланов воспоставил систем за постојано следење на нивното движење – во живо, од својата канцеларија, објави порталот „А1он“. Како што пишува порталот, повикувајќи се на сведоштва од вработени, во Агенцијата е поставена мрежа од најмалку осум камери ...
Советот на јавните обвинители на денешната седница го усвои барањето на Ленче Ристоска за престанок на функцијата јавен обвинител во ОЈО Скопје. На 42-та седница на Советот на јавни обвинители, беше усвоено барањето на Ленче Ристоска за престанок на функцијата јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје, кое таа го поднела на 2 април 2026 година по сопствено барање. Претседателот на Советот, Башким Бесими, истакна дека Советот ...
Неколку арапски држави денеска го пофалија двонеделниот прекин на огнот помеѓу САД и Иран и го поздравија повторното отворање на Ормуската Теснина. Шефот на оманската дипломатија Бадр бин Хамад ал-Бусаидина, откако американскиот претседател Доналд Трамп објави привремено примирје, на „Икс“ објави дека „важноста од интензивирање на напорите за наоѓање решенија сега може да ја завршат кризата“. Министерството за надворешни работи на Египет ...
На предлог на гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески, Собранието ги избра Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народната банка, коишто ќе ја извршуваат оваа функција во наредните седум години. Ана Митреска е реизбрана за втор мандат на функцијата вицегувернер, откако првпат беше именувана во октомври 2018 година. Таа е магистер по монетарна економија и искусен професионалец во централнобанкарското работење со дваесет ...
Утре е Велики четврток, ден кога се вапсаат велигденските јајца. Сега се наоѓаме во средината на Страдалната седмица, седмица која е полна со важни настани за спасението на човекот. Главен обичај што се изведува на овој ден и со посебно внимание е вапцувањето на велигденските јајца. Според обичајот најпрвин се вапсувале три јајца, а потоа и другите. Се верува дека првото јајце било наменето на Господ и се викало Господово јајце, второто на ...
Глобалните пазари денеска добија силен здив на олеснување, откако цената на нафтата забележа најголем еднодневен пад од 2020 година, а берзанските индекси тргнаа нагоре. Повод за пресвртот беше договорениот двонеделен прекин на огнот меѓу САД и Иран, поврзан со отворање на Ормутскиот теснец за нафтен и гасен сообраќај. По деновите на паника, токму тој сигнал беше доволен пазарите нагло да ја сменат насоката. Брент нафтата падна за околу 16 ...
Иранските државни медиуми објавија соопштение од Револуционерната гарда во кое се вели дека гардата нема да се двоуми да одговори на ист начин доколку САД нападнат цивилни цели. Одговорот следеше по изјавата на американскиот претседател, кој се закани дека ќе ги нападне иранските електрани и мостови во рок од неколку часа доколку Иран не се согласи да го отвори Ормутскиот теснец. „Ќе им направиме на инфраструктурата на Америка и нејзините ...
Црвена Ѕвезда во Белград оствари важна победа совладувајќи го Париз со 94:81 во натпреварот од 36-то коло од Евролигата. Со овој триумф, црвено-белите ги задржаа шансите за пласман во плеј-инот а потенцијално и за директно учество во плејофот од елитното натпреварување. Најефикасен играч во редовите на Црвена Ѕвезда беше Чима Монеке со 21 поен, додека Огњен Добриќ додаде 19 поени, погодувајќи дури пет тројки. Коди Милер Мекинтајр се истакна ...
Оклахома Сити рано утрово ги победи Лос Анџелес лејкерс со 123:87 на гостински терен во натпревар од регуларната сезона на НБА. Најдобар стрелец на натпреварот беше гостинскиот плејмејкер Шеј Гилџус-Александар, кој постигна 25 поени и имаше осум асистенции. За Лејкерс не настапија Лука Дончиќ, Остин Ривс и Леброн Џејмс. Претходно беше објавено дека поради повреди, Дончиќ и Ривс веројатно ќе го пропуштат остатокот од регуларната сезона. ...
Инфлацијата во Македонија не стивнува, а најновите податоци на Државниот завод за статистика за март 2026 година покажуваат нов пораст на трошоците на животот. Во споредба со истиот месец минатата година, трошоците се зголемени за високи 4.9 %, додека цените на мало бележат скок од 3.4 %. Само во текот на изминатиот месец, инфлацијата пораснала за дополнителни 0.7 %, што потврдува дека бранот поскапувања продолжува да го јаде стандардот на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека осамна голем ден за светскиот мир, кој, како што изјави, го сакаше и Иран затоа што „му беше доста“ како и сите други, и рече дека САД ќе помогнат во развојот на сообраќајот во Ормуската Теснина и дека може да следи „златна ера на Блискиот Исток“. „Ќе има многу позитивни акции. Ќе се акумулираат големи пари. Иран може да го започне процесот на реконструкција. Ќе испорачуваме залихи од сите ...
Македонското образование се соочува со сериозни промени во бројноста на учениците. Најновите податоци за почетокот на учебната 2025/2026 година откриваат загрижувачки тренд во основните училишта, каде бројот на ученици се намалил за дури 3,6 % во споредба со минатата година. Во моментов, во 927-те основни училишта ширум државата учат вкупно 174.040 ученици, од кои само 17.921 се првачиња. За разлика од основното, во средното образование е ...
Астронаутката Кристина Кох, која денес стана првата жена во историјата што заврши лунарна орбита, му рече на администраторот на НАСА, Џаред Исакман, дека се прилагодува доста добро на животот во вселената. „Ќе кажам уште нешто – поминува толку брзо. Не сум подготвена да се вратам дома“, рече Кох. Таа, исто така, се воодушеви колку добро се покажа вселенското летало Орион кога имаше можност рачно да го лета возилото, истакнувајќи дека тоа е ...
Синот на актуелниот американски претседател, Доналд Трамп Помладиот при денешната посета на Бања Лука ја критикуваше Европа, но го пофали унгарскиот премиер Виктор Орбан. Доналд Трамп Помладиот беше главен говорник на состанокот со локални бизнисмени и политичари од Република Српска, организиран во седиштето на градската администрација на Бања Лука. Тој ги пофали тргувањето со криптовалути и бизнисот потпомогнат од вештачка интелигенција. – ...
Американската агенција за вселенскине истражувања – НАСА ги објави првите фотографии направени од астронаутите на „Артемис II“ за време на нивното прелетување покрај Месечината, пренесоа светските медиуми. На првата фотографија се гледа е она што се нарекува „заоѓање на Земјата“, односно момент кога астронаутите ја здогледуваат нашата планета зад лунарниот пејзаж со лузните од многубројните кратери. Втората фотографија што ја објави НАСА го ...
Кран кој носел метална конструкција тешка 350 тони се урнал на ново градилиште во близина на Бранков мост, при што загинало едно лице, а двајца работници се повредени, пренесува РТС. Службата за брза помош потврди за РТС дека едно лице загинало. На местото на настанот се наоѓаат две екипи на Итна помош. Кранот бил натоварен со метална конструкција тешка 350 тони Кран кој носел метална конструкција тешка 350 тони се урнал на ново градилиште ...