На граничниот премин „Богородица“ се создадени долги колони возила, а времето на чекање за влез во земјата достигнува и до четири часа, што предизвикува незадоволство кај патниците. Од вчера попладне се бележи значително зголемен сообраќаен метеж, при што илјадници возила – автомобили, автобуси, кампери и мотоцикли – чекаат за пасошка контрола. Според реакции на граѓани на социјалните мрежи, процесот се одвива бавно и создава дополнителен ...
Патот кон грчките плажи и овој викенд за многумина започна со чекање наместо со одмор. На граничниот премин Богородица кон Грција повторно се формираат долги колони возила, а дел од патниците пријавија задржувања што достигнувале и до четири часа за преминување на границата. Зголемениот број туристи, почетокот на летната сезона и засилената фреквенција на возила од Македонија и регионот создадоа сериозен притисок врз преминот ...

