Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Никозија, 24 мај 2026 (МИА) – На 105-годишна возраст Аргири Ахилеа од градот Пафос е најстариот гласач во Република Кипар и за време на денешните избори, го оствари своето право на глас, а според кипарските медиуми, прв пат гласала на првите претседателски избори во 1959 година, јави дописничката на МИА од Атина. За кипарската новинска агенција ЦНА, ја повторила нејзината желба изразена на претходните избори, да може да гласа и за изборот на ...
Слаткото од јагоди е еден од најомилените домашни деликатеси, кој го носи вкусот на пролетта затворен во тегла. Со својот богат сируп и сочни, цели плодови, ова слатко е неизоставен дел од традиционалното послужување – кога на гостите им се нуди лажичка слатко и чаша ладна вода, како знак на гостопримство. Состојки: 1 кг јагоди 1 кг шеќер вода (колку да ги покрие јагодите) 1 лимон Подготовка: Јагодите измијте ги темелно и исчистете ги од ...
Скопје, 24 мај 2026 (МИА) - Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, од кои осум управувале возило без возачка дозвола, тројца под дејство на алкохол, еден со активна забрана за управување, еден со брзина поголема од дозволената и едно лице без дозвола и под дејство на алкохол. -Во Скопје тројца управувале возило без возачка дозвола, ...
Скопје, 24 мај 2026 (МИА) - Вкупно 34.965 евра, кои не биле пријавени се пронајдени денеска во автобус, кој сообраќал на релација Германија - Македонија, соопшти МВР. Полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција на подрачје на СВР Тетово денеска сопреле автобус "мерцедес" сопственост на туристичка агенција, управуван од Р.Ф.(37) од с.Доброште, Тетовско кој се обраќал на релација ...
Радовиш, 24 мај 2026 (МИА) - Голем пожар избувна вечерва во Радовиш во кругот на поранешен „Декортекс“. Според информациите оттаму горат погони и машини, а пожарот избувнал доцна попладне. Пожарот го гаснат пожарникари од ТППЕ Радовиш, а на помош се повикани пожарникари од Струмица, како и од доброволните против пожарни друштва од Злеово и Конче. Гаснењето на големиот пожар е во тек, но и покрај големите напори кои ги вложуваат пожарникарите ...
Радовиш, 25 мај 2026 (МИА)-По повеќе од шест часови изгаснат е големиот пожар кој избувна синоќа во Радовиш во кругот на поранешен „Декортекс“, каде изгореа магацин и машини, соопштија од ТППЕ Радовиш. Според информацијата од радовишките пожарникари, при гаснењето неколку пожарникари вдишале чад и се здобиле со полесни изгореници, но сите кои учествувале во гаснењето се чувствуваат добро. Пожарот го гаснеа пожарникари од ТППЕ Радовиш, а на ...
Скопје, 25 мај 2026 (МИА) - Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против В.Д.(30) од с.Подмоље, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 18.11.2025 во с.Велешта, струшко, полициски службеници го забележале пријавениот како фрлил пакување со кокаин, кој бил ...
Скопје, 25 мај 2026 (МИА) - На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство вчера е донесена малолетничка со породилни болки. По пријава од Клиниката приведена е нејзината мајка, а со таткото е извршен службен разговор и известен е јавен обвинител. - На 24.05.2026 во 15:50 часот во ЈЗУ УК „Гинекологија и акушерство“ при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода 38-годишната ...
Велес 25 мај 2026 (МИА) - Во СВР Велес било пријавено дека вчера попладне околу 16:45 часот, на регионалниот пат езеро „Младост“-Велес, во близина на крстосница на улица „Академик Пенчо Давчев“ со улица „Димитар Андонов Папрадишки“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управуван од 35 годишниот Т.К. од Велес и патничко возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 45 годишниот ...
Скопје, 25 мај 2026 (МИА) - Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во последното деноноќие има вкупно пет пријави за семејно насилство, додека четири лица се лишени од слобода. Во тетовско село, вчера во 12:40 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.А. (36) од истото село. Претходно, во 12:00 часот во просториите на Одделението за криминалистичка полиција Тетово, неговата 57- годишна мајка, пријави ...
Скопје, 25 мај 2026 (МИА) - Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, од кои деветмина управувале возило без возачка дозвола (тројца во прилепско и по еден во Желино, Гостивар, кичевско, Куманово, Скопје и Делчево), двајца под дејство на алкохол (Гевгелија и Скопје) и тројца со активна забрана за управување (Кичево, Куманово и Велес) - ...
Скопје, 25 мај 2026 (МИА) - Пожар кој избувна синоќа во Радовиш во кругот на поранешен „Декортекс“, настанал во една од халите на фабрика за текстил, во која биле сместени машини и репроматеријали. Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека вчера во 20:08 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека настанал пожар во една од халите на фабрика за текстил во Радовиш, во која биле сместени машини и репроматеријали. По ...
Скопје, 26 мај 2026 (МИА) - Подмладоците на политичките партии во земјата денеска ќе потпишат декларација за европски вредности и кохезија на настан во Скопје во организација на Институтот за економски стратегии и меѓународни односи - Охрид, а поддржан од Европската Унија. Целта на оваа иницијатива, соопшти организаторот, е да се создаде редок и значаен јавен момент, во кој младите политички лидери ќе застанат зад заеднички вредности што се ...
Охрид, 26 мај 2026 (МИА) - Македонскиот премиер Христијан Мицкоски и неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ денеска потпишаа договор за стратешка соработка помеѓу двете земји, што претставува нова етапа во билатералните односи. Исто така, беше потпишан и договор за соработка меѓу Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и хрватското Министерство за економија. На прес-конференцијата по потпишувањето на договорите, ...
Охрид, 26 мај 2026 (МИА) - Денешната посета не претставува само дипломатска средба меѓу две влади, туку и потврда на едно пријателство што со години се градело - односи темелени на меѓусебна почит, разбирање, соработка и искрена поддршка. Тоа го истакна претседателот на владата, Христијан Мицкоски, на заедничката прес-конференција со хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, по денешната средба во Охрид. Како што рече, Хрватска е близок партнер ...
Охрид, 26 мај 2026 (МИА) - Нашата статегија е да ги завршиме реформите дома бидејќи тие ни требаат нам. Втора работа која што исто така сме спремни да ја испорачаме е Акцискиот план за малцинства, што го работевме заедно со Брисел и експерти препорачани од ЕК. Се додека билатералните спорови и т.н. булинг кон нас од една земја - членка на ЕУ се наша препрека, ова што одамна го залуживме ќе се одалечува, но ние не губиме надеж и енергија, туку ...
Вашингтон, 24 мај 2026 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп го уверил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие, соопшти израелски претставник. Според него, за време на синоќешниот телефонски разговор на Трамп со израелскиот премиер, американскиот претседател јасно посочил дека останува цврст во преговорите во однос на своето барање за долгорочен прекин на ...
Москва, 23 мај 2026 (МИА) – Спасувачите од под урнатините извлекоа тела на уште две лица загинати во нападот на украинските вооружени сили врз студентски дом во Старобелск во самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР), со што бројот на жртвите порасна на 18, соопшти денеска прес-службата на руското Министерство за вонредни ситуации. „Уште две тела се извлечени од под урнатините. Вкупниот број на загинати е 18, а ранети се 60 лица. ...
Копенхаген, 23 мај 2026 (МИА) – Речиси два месеци по парламентарните избори во Данска, в.д. премиерката Мете Фредериксен уште еднаш ја доби задачата да формира влада. Фредериксен беше избрана денеска по таканаречениот „Кралски круг“, кој се одржа откако десничарскиот либерал Троелс Лунд Поулсен претходно не успеа во коалициските преговори. Во „Кралскиот круг“, сите парламентарни партии се појавуваат пред кралот Фредерик X и соопштуваат кого ...
Никозија, 23 мај 2026 (МИА) – Патеката на јавниот долг на Европската Унија би можела да „експлодира“, што би и нанело штета на економијата на Унијата доколку не се преземат мерки за решавање на фискалните притисоци, им беше речено денеска од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) на министрите за финансии на ЕУ. „Доколку не се контролира, јавниот долг ќе се најде на неодржлива патека. Со непроменета политика, долгот на просечна европска земја би ...
Берлин, 23 мај 2026 (МИА) – Во шумата Бухер (Bucher Forst) во близина на Берлин се пронајдени 59 гранати на руската армија од Втората светска војна, а полицијата соопшти дека нема опасност за населението, пренесоа денеска германските медиуми. Гранатите биле пронајдени од човек кој трагал по заостанати предмети од Втората светска војна со помош на детектор за метал, пренесе „Билд“. Човекот за пронајдокот ја известил полицијата, а властите по ...
Киев, 24 мај 2026 (МИА) – Силни експлозии го потресоа Киев во првите часови од денешниот ден, веднаш по предупредувањето на локалните власти за масовен руски напад со балистички ракети. Пред самиот напад, во градот беше прогласена воздушна тревога. Раководителот на воената администрација на Киев, Тимур Ткаченко, преку апликацијата Телеграм апелираше до граѓаните да останат во засолништата поради ризик од нови удари, информирајќи дека се ...
Варшава, 24 мај 2026 (МИА) – Полската војска утринава ја активираше својата воена авијација во националниот воздушен простор како превентивна мерка за заштита на границите по масовните руски ракетни напади врз соседна Украина. Од воената команда на Полска нагласуваат дека целта е да се осигура безбедноста на полското небо, особено во подрачјата кои граничат со загрозените украински региони. Истовремено, во Киев одекнаа нови силни експлозии. ...
Варшава, 24 мај 2026 (МИА) – Лажна дојава за пожар во домот на полскиот претседател Карол Навроцки довела до интервенција на пожарникари, кои насилно влегле во неговиот стан во Гдањск, пренесоа денеска полските медиуми. Портпаролот на полскиот претседател, Рафал Лешкјевич, на социјалните мрежи соопшти дека вчера повторно бил упатен лажен повик на бројот за итни случаи 112, а овојпат бил поврзан со куќата на претседателот Навроцки. „Денеска ...
Киев, 24 мај 2026 (МИА) – Најмалку четири лица загинаа при синоќешниот масовен руски напад со ракети и беспилотни летала врз Киев и неговата околина, соопштија локалните украински власти. Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко потврди дека две од жртвите се регистрирани во самата престолнина, додека началникот на Киевската обласна воена администрација, Микола Калашник, информираше за уште двајца загинати во поширокиот регион на Киев. Кличко ...
Берлин, 24 мај 2026 (МИА) - Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска ја осуди руската употреба на новата балистичка ракета „Орешник“ во напад врз Украина. „Германската влада најостро ја осудува оваа непромислена ескалација“, напиша Мерц на Х, експлицитно упатувајќи на ракетата „Орешник“. „Германија продолжува да стои цврсто на страната на Украина“, додаде тој. Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, го нарече ...
Париз, 24 мај 2026 (МИА) – Употребата на балистичка ракета „Орешник“ во синоќешните руски напади против Украина ја покажува безизлезната состојба на руската воена агресија, напиша на Х францускиот претседател Емануел Макрон. „Орешник“ е ракета со среден дострел која може да носи нуклеарни боеви глави. Нејзината исклучително голема брзина од до 12.000 километри на час, со дострел до 5.000 километри, ја прави потенцијална закана за целиот ...
Рим, 24 мај 2026 (МИА) – Италијанската премиерка Џорџа Мелони силно го осуди рускиот напад врз Украина, во кој беше употребена ракета „Орешник“. „Силно го осудувам тешкиот руски напад кој повторно ја погоди цивилната инфраструктура во Украина, во услови на континуирана ескалација на употребеното оружје. Остануваме солидарни со украинскиот народ, кој веќе повеќе од четири години ги поднесува драматичните последици од оваа агресивна војна“, се ...
Москва/Киев, 24 мај 2026 (МИА) – Русија по третпат ја употреби својата нова балистичка ракета со среден дострел „Орешник“ за таргетирање на Украина, извршувајќи масовни напади врз Киевската област во текот на ноќта, потврди денеска Москва. Руското Министерство за одбрана соопшти дека ракетата била лансирана како одговор на украинските „терористички напади“ врз руски цивилни цели, пренесе ДПА. Украинските власти соопштија дека „Орешник“ го ...
Белград, 23 мај 2026 (МИА) - Во Белград попладнево се одржува голем мирен протест на кој повикаа студентите во блокада под мотото „Ти и јас, Славија, затоа што студентите победуваат“ во обид да обноват повиците за предвремени избори. Илјадници граѓани на Белград и од други градови во Србија се на плоштадот Славија каде протестот почна по 18 часот и ќе трае, според организаторите, до 20 часот. Студентите во блокада имаа собири на четири ...