Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Скопје, 18 август 2026 (МИА) - Пожарот во прилепскиот дел на Мариово, кој синоќа зафати делови од селото Чаниште, денеска околу пладне повторно се активирал поради засилениот ветер. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов изјави дека огнената линија во моментов се протега на околу 20 километри, и тоа од течението на Црна Река до врвот Маргаро. На терен се прилепските пожарникари, тимови на Дирекцијата за заштита и ...
Тирана, 18 август 2026 (МИА) - До 31 јули годинава над 204 илјади даночни обврзници имаа корист од процесот на бришење на даночните обврски, со вкупна вредност од 410 милиони евра. Според Генералниот директорат за даноци, процесот продолжува автоматски за даночните обврзници, во согласност со одредбите од Законот „За отпишување и гаснење на даночни обврски кон централната и локалната даночна администрација и на давачки што треба да се платат ...
Париз, 18 август 2026 (МИА) - Министерството за буџет на Франција ќе користи алатки за вештачка интелигенција за тестирање на безбедносната ранливост во државните агенции, објави денеска министерот Давид Амиел. Тој потег следува по откривањето голем хакерски напад врз државната даночна администрација минатата недела. Министерството за финансии потврди минатиот четврток дека податоците за речиси 700.000 даночни обврзници биле компромитирани во ...
Скопје, 18 август 2026 (МИА) - До 18:00 часот денеска регистрирани се вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни, три се под контрола, а 13 се изгаснати - информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во: Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума). Општина Зелениково: с. Добрино и Тисовица (шума со даб и габер). Општина Сарај: с. Бојане (мешана шума). Општина ...
Торонто, 18 август 2028 (МИА) - Лидерот на сепаратистичката партија на Квебек, Пол Сен-Пјер Пламондон, денеска изјави дека ќе го одложи секој референдум за независност од Канада се додека Доналд Трамп е претседател на САД. Пламондон, лидер на Партијата Квебек - која моментално е надвор од власт, но би можела да победи на следните избори во Квебек, што мора да се одржат најдоцна до 5 октомври - рече дека владата предводена од неговата партија ...
Вашингтон, 18 август 2026 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својот профил на „Trut Social“ слика од мапа со Ормуската Теснина над кој има натпис „Нова територија на САД“. Тој објави мапа од регионот на која Ормуската Теснина е прикажана како голем син круг, а морскиот пат како „нова територија на САД. Ормуската Теснина се наоѓа во територијалните води на Иран и Оман. Трамп првпат ја изнесе идејата за анексија на ...
Охрид, 18. август 2026 (МИА) – Македонскиот првак Вардар со победа од 39:27 (21:11) над грчки Олимпијакос го стартуваше меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид. Ова беше втора победа на „црвено-црните“ во 24 часа откако вчера ја совладаа Војводина во дуел од Регионалната лига. Победникот беше решен во првиот дел кога во финишот ракометарите на Вардар веќе имаа двоцифрена предност. Во таква ситуација тренерот Иван Чупиќ ...
Киев, 18 август 2026 (МИА) - Украина учествуваше на вежбите на НАТО „Балтичка доверба 2026“, одржани од 3 до 14 август во Летонија, а се фокусираа на борбени операции против беспилотни летала, објави денеска на Телеграм Генералштабот на украинската армија. Тие маневри собраа околу 650 војници, експерти и претставници од индустријата од 24 земји за да ги тестираат новите технологии во услови слични на оние што се среќаваат на теренот во ...
Киев, 18 август 2026 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги достави до Врховната рада номинациите на Андриј Сибига за функцијата министер за надворешни работи на Украина и на Евген Хмара за функцијата министер за одбрана на Украина. Со одобрение на претседателот Зеленски, владата вчера го назначи Евген Хмара за вршител на должноста министер за одбрана.Хмара претходно беше началник на Безбедносната служба на Украина, додека ...
Рига, 18 август 2026 (МИА) - Податоците поврзани со 1,2 милиони луѓе и 200.000 компании се украдени во голем кибер напад, објавија денеска властите во Летонија. Податоците како што се имиња, детали за плаќање, регистарски таблички на возила и адреси наводно биле украдени во напад извршен минатата недела. Се уште не е јасно кој стои зад инцидентот. Премиерот Андрис Кулбергс изјави дека не може да се исклучи дека нападот е извршен од друга ...
Скопје, 18 август 2026 (МИА) - Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сопиште и Ѓорче Петров, соопшти РЦУК - Скопје. Во периодот од 08:30 до 13:00 часот, без снабдување со електрична енергија ќе бидат корисниците на улицата „Христо Татарчев“ во близина на автопералната во Општина Сопиште. Во периодот од 11:30 до 14:30 часот, без струја ќе останат ...
Рим, 18 август 2026 (МИА) - Италијанското Министерство за внатрешни работи објави нови бројки за нелегалната миграција. Според извештај, повеќе од половина од мигрантите кои стигнале до Италија со приватни спасувачки бродови биле донесени на брегот од германски невладини организации. Во дебатата за тоа како да се справи со нелегалната миграција во ЕУ, Италија го зголемува притисокот врз Германија. Владата во Рим презентираше нови бројки за ...
Охрид, 18.август 2026 (МИА) – Во најавата на меѓународниот ракометен турнир што денеска почнува во Охрид беше одржана и прес-конференција. На едно од прашањата за учеството на македонските екипи во ракометната регионална лига тренерот на ГРК Охрид, Борис Ројевиќ истакна: - Според мое мислење, ќе потенцирам тоа е мое мислење, не е став на клубот на македонските екипи не им треба учество во тоа регионално натпреварување. Македонската лига има ...
Мостар, 18.август 2026 (МИА) – По ноќното патување женската македонска одбојкарска репрезентација до 20 години од утринава е во Мостар, БиХ каде од утре до 23 август ќе игра во БВА Зонските квалификации за Европското првенство 2027. Кусо време за одмор имаа одбојкарките и стручниот штаб, кои го одработија и официјалниот тренинг во салата „Бијели Бријег“ во пресрет на натпреварувањето. - Најважно е дека сите сме здрави и дека екипата е ...
Велес, 18 август 2026 (МИА) - Седумнаесетгодишниот велешки кајакар Благој Гугинов, член на Кајак кану клубот „Арка-Борец“, постигна историски успех на Европското првенство за јуниори во кајак на диви води, што се одржа изминатиот викенд во Грандтули, Шкотска. Гугинов во конкуренција на 39 натпреварувачи од 19 европски земји обезбеди пласман во големото финале, каде што го освои деветтото место, со што се пласираше меѓу најдобрите десет ...
Скопје, 18 август 2026 (МИА) - Сите онколошки пациенти кои побарале финансиска помош и ги исполниле условите за поддршка се исплатени, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Тој информира дека на јавниот повик аплицирале повеќе од 1.200 онколошки пациенти, при што повикот сè уште е отворен и заинтересираните граѓани можат да аплицираат. -Заедно кога е најпотребно - сите онколошки пациенти кои побараа помош, се исплатени. ...
Скопје, 18 август 2026 Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Охрид, во Центарот за обука на вода, присуствуваше на централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата и 34 години од формирањето на современата македонска Армија - се вели во соопштението на МВР, што МИА го објавува интегрално. По повод Денот на Армијата, министерот Тошковски упати честитки до сите припадници на Армијата, истакнувајќи го нивниот ...
Мадрид, 18.август 2026 (МИА) – Тренерот на Атлетико Диего Симеоне пред дуелот на неговиот тим со Малага зборуваше и за ситуацијата со Хулијан Алварез. Фудбалерот по Светското првенство се врати, но сака трансфер во Барселона и постојано е во центарот на вниманието. Симеоне на прес конференцијата порача дека клубот смета на фудбалерот за оваа сезона. - Мигел Анхел е сопственик на клубот. Појасно од тоа нема. И кога судијата ќе донесе пресуда – ...
Москва, 18 август 2026 (МИА) - Москва ѝ се закани на Велика Британија со „последици“ по обвинувањата дека британски беспилотни летала биле употребени за првпат за напад врз цели на руска територија. Украина користела беспилотни летала произведени од две британски компании за напад врз цели длабоко во Русија, објави „Сандеј тајмс“. Руската амбасада во Велика Британија објави дека обвинувањата „потврдуваат дека Лондон свесно избира да ја ...
Брисел, 18 август 2026 (МИА) - Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, ја поздрави одлуката на осум европски земји што не се членки на ЕУ да се приклучат кон рестриктивните мерки на блокот против Белорусија. Тоа се Република Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Украина, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн. Минатиот месец, Советот на ЕУ воведе рестриктивни мерки ...
Анкара, 18 август 2026 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган потпиша закон со кој се воведува условно помилување за илјадници членови на милитантната Работничка партија на Курдистан (ПКК), како дел од мировниот процес меѓу турската држава и милитантите. Мерката беше објавена денеска во турскиот Службен весник и ќе стапи на сила дури откако турскиот Национален совет за безбедност ќе потврди дека ПКК е целосно распуштена и разоружана. ...
Тирана, 18 август 2026 (МИА) - Европската Унија (ЕУ) останува главен трговски партнер на Албанија, со учество од 53,6 проценти од вкупната трговија на земјата во јули, соопшти албанскиот институт за статистика (ИНСТАТ). Податоците, исто така, покажуваат дека 68,4 проценти од албанскиот извоз во јули бил наменет за земјите од ЕУ. Во исто време, увозот од земјите од ЕУ учествувал со 47,8 проценти од вкупниот увоз во Албанија. Меѓу ...
Тетово, 18 август 2026 (МИА) - Националниот парк „Шар Планина“ упати апел до возачите на моторни возила, особено на четирицикли, да ја намалат брзината при движење низ планинското подрачје и да ги почитуваат другите посетители. Од НП „Шар Планина“ на социјалните мрежи споделија видео на кое се гледаат несовесни возачи на четирицикли кои при движењето по сувите земјени патишта создаваат големи облаци прашина. Потсетуваат дека планината е ...
Охрид, 18 август 2026 (МИА) - Професорот д-р Кристоф Бенедиктер во Куќата на Уранија на МАНУ во Охрид одржа свечена беседа по повод доделувањето на Светската награда на хуманизмот за 2026 година, признание што веќе две децении го доделува Охридската академија на хуманизмот. Бенедиктер, кој годинава е добитник на престижното признание, во своето обраќање се осврнува на значењето на хуманизмот, духовното и интелектуалното наследство на Охрид, ...
Атина, 18 август 2026 (МИА) – Околу 100 чадори и лежалки, нелегално поставени, фиксирани и заклучени на плажата Геракини помеѓу првиот и вториот крак на Халкидики, утрово во акција на општина Полигирос биле отстранети и пренесени во погон за рециклирање, јави дописничката на МИА од Атина. Од општината информираа дека лежалките и чадорите зафаќале делови од плажата и го ограничувале слободниот пристап на капачите, а на акцијата ѝ претходело ...
Тирана, 18 август 2026 (МИА) - Албанската полиција го уапси во Леван, кај Фиер, осомничениот сторител на убиството, со повеќе убоди од нож, на 21-годишеното момче, кое утрово беше пронајдено мртво на лежалка во Ксамил. Полицијата соопшти дека осомничениот сторител е уапсен од оперативните служби на Управата за локална полиција во Валона, во соработка со службите на силите „Шќопоња“, на заедничкиот контролен пункт поставен на патниот правец ...
18 август 2026 Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, по повод Денот на Армијата, упати честитка до сите припадници на Армијата на Република Северна Македонија. Филипче порача дека Армијата е еден од столбовите на нашата безбедност и стабилност, а припадниците на Армијата имаат огромна заслуга во заштита на територијалниот интегритет и безбедноста на државата. -Честит 18 август - Денот на Армијата на Република Северна Македонија. Денес ...
18 август 2026 Министерот за спорт Борко Ристовски, денеска присуствуваше на одбележувањето на 34-годишнината од формирањето на Армијата на Република Македонија, на централната свеченост што се одржа во Кампот за обука на вода во Охрид, во присуство на највисокиот воен и државен врв. По повод 18 Август – Денот на Армијата, Ристовски упати честитка до припадниците на Армијата и до сите кои низ годините биле дел од македонскиот одбранбен ...
Милано, 18 август 2026 (МИА) – Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ во интервју за клупската веб-страница на Милан го спореди италијанскиот клуб со гигантот Реал Мадрид. - Играв за најголемиот клуб во светот, Реал Мадрид, но мислам дека Милан е на исто ниво. За Милан не се зборува како за другите клубови. И кога ќе стигнете тука, разбирате зошто. Тоа е еден од најважните клубови во светот, а сето тоа е благодарение на луѓето што работат тука и ...
18 август 2026 Претседателот на Собранието, Африм Гаши, присуствуваше на централната манифестација во Охрид по повод Денот на Армијата – 18 Август. Во рамки на одбележувањето, претседателот на Собранието, Гаши ја упати својата благодарност до сите припадници на Армијата за нивниот професионализам, посветеност и пожртвуваност во служба на државата и граѓаните. -Силна, професионална и модерна Армија е столб на демократската држава, ...